|
Државна администрација |
Внеси реплика | страница <1 45678 9> |
Автор | ||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Лелеее, што толку против предлогот за Академија?
Токму заради овие причини кои ги наведовте и мамамд и марсовец: учени недоучени државни службеници, со несоодветно образование, непрофесионална услуга, немање систематизација, партиски кадри... нам ни е потребно нешто вакво, со кое поефикасно ќе се реорганизира државниот апарат. Вака како сега со некои обуки-необуки, стихијно, неплански, како муви без глава ништо не правиме, само се крпат дупки. Не знам како е замислен овој предлог за Академија, ама би било добро на пример да се организира како еден центар каде ќе се вршат континуирано дообучувања за постоечките кадри во администрацијата, од страна на стручни, професионални обучувачи со искуство од областа и сите потребни квалификации. Така ќе се обезбеди професионалност и рез на сите оние кадри кои нема да ги поминат обуките. Ова може (ако добро се организира) да го прочисти државниот апарат од неквалитетниот кадар. Само ако се има политичка волја навистина да се почне со решавање на проблемот. И се разбира треба време, ама па ние и онака ништо конкретно не правиме за подобрување на ситуацијата. Радикална реформа е неопходна, а по мое мислење ова може да има позитивни ефекти. |
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А што со оние што го имаат потребното искуство и знаење а се потиснати од оние што со никакво искуство а со партиска книшка ги држат раководните или одговорните места.....
Мислам дека во државава имаме и школуван и обучен кадар за речиси сите насоки од државната администрација....и убаво кажа еден од учесниците во дебатата (ја следев целата).. : "Семинарите и академиите кои моментално се организираат, служат само за партиските миленичиња , заедно со своите семејства да тркнат и утепаат неколку дена во Охрид на државен трошок"...
И тоа за жал е вистина....
Можеби е потребна реформа и дообразование, за да се биде во чекор со постојните светски модели на администрација, ама што фајде кога и таа Академија за обука, ќе биде формирана од Владата и ќе се врши селекција на веќе познатиот балкански начин....
|
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е па баш заради тие што ги спомнуваш со партиските книшки, најмногу поради нив. Тие го спуштаат нивото на стручност на администрацијата на најниско можно. Како и поради оние да речам “застарени модели“ (да не се навреди некој, не мислам по возраст, туку по ментален склоп) кои не можат да се вклопат во модерните текови и барањата на работното место кое го држат.
Инаку имаме стручни кадри, како не. И токму поради праксата со семинарите, тркни 2-3 дена до Охрид... Не така, туку со испити, тестирања после извршена обука, па кој не го бива нека си бара друго работно место. Академијата ја предлагаат експерти-правници. Ако се најде начин и основното - политичка волја, да им се дадат одврзани раце на експертите да направат нешто. Во постапка преку Собрание, преку комисиите и телата, што знам како... а да не биде Владата пак таа што ќе меша прсти. |
||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Problemot e potpolno ist i vo javnite pretprijatija, i tamu se prima se i sesto, vazna e samo partiskata pripadnost.Ima kvalifikacii koi nemaat aber so organizacijata i rabotnoto mesto. Na toj nacin ce se rasturat site javni pretprijatija isto kako i drzavnata administracija.Znaci ne e do akademii i sl. tuku do partizacijata i nepotizmot koi zemale golem zamav.Vakvo nesto nemalo nitu vo socijalizmot. |
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Никој не е против Академија, ама Академија на која ке се прекфалификуваат кадри од еден во друг домен. Но да го тераш да оди на Академија некој кој завршил факултет за струката (правник, лекар, професор...и да не набројувам) работи на струката барем 15 години, што значи ја испекол и праксата и сега наеднаш го обучува некој партиски кадар- ( кој по некоја случајност е кадар на сите партии-јагула, лизга не се држи) кој со 10 дневна обука ваму, таму, во овој проект, во оној проект популарно - Бранче е срце...Лупче е срце...Грујо е срце...) се смета себе си за компетентен и да му кажува како треба, ама не дека има потреба туку дека ова го праеле таму едикојси и дека и ние треба да го правиме ( иако можеби сме го правеле) Тука фер е да се спомне -секоја чест на исклучоците има таму луѓе со кои може разумно да се разговара и да се најде компромис- кој отворено кауваат дека знаат дека ова е работено ама ете нека помине и ова кога поминале толку работи. И што е најтрагично, на тие обуки заради неукост на некои кутри обучувачи (кои досега не се сретнале со тоа што го обучуваат оти се од друг домен) се држат до наученото и чим бидуваат нешто прашани веднаш се збунуваат и почнуваат да се лутат -демек се опструирани. Изменето од mamamd - 13.Јуни.2010 во 08:46 |
||
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Селекцијата на кадарот (заостанат буквално се..) мора да се одвива не-прекинато.
И кој нема да „може„ да си издржи..и не мора да си работи „таму„..каде се е мало..од платите преку вложеното..па се до крајниот резултат..
Секако..чест на исклучоците , а кои (мора да) ги има
|
||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Администрација е толку зголемена да едни на други си пречат.Тоа ни ги кажуваат експертите и од надвор и од државата, но партиските интереси се НАД ДРЖАВНИТЕ. |
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Премногу си оптеретен бре марсовец...од шалабајзерите преставувани како „мили гости„ одваму и одтаму...а ете и ни „делат„ ум..а кој и самите не го поседуваат во доволни количина..мислам ...само за нивна лична (зло)употреба.
|
||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ДА НЕ СЕ СМЕТАШ И ТИ ВО СМЕТАЏИИТЕ ВО ДРЖАВАВА? Инаку ги има секако над 50 000.Или пак во нововработените , кои сега ќе бидат згрижени? Најмногу викачи се од неправедно привилегираните и тоа е тоа. Кој не сака да го признае, не мора, но не значи дека не постои. Изменето од Анастеа - 14.Јуни.2010 во 10:20 |
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Оф леле... Ај подобро да не се навраќаме на минатиот систем, знаеме барем повозрасните членови кои тука дискутираме на кој начин се напредуваше во кариера тогаш: колку попослушен партиски член, толку подобро работно место. Рецидиви од таквиот систем имаме и денес, начинот е ист само партиите се различни. Подобро да не идеализираме нешто што не било идеално, туку да се најде начин како да се реши сегашната ситуација. |
||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Pred se da se namali administracijata za 50%, i benefitite da se izednacat so onie od stopanstvoto. Kontrola na rabotenjeto na vlasta da bide od strana na opozicijata, komisiite vo parlamentot i sl..Taka da popoleka stasame do kakva takva demokratija. Inaku ova vaka ne odi...Celiot partiski kadar ke se pretoci vo administracijata i rakovodniot kadar? Изменето од marsovec - 14.Јуни.2010 во 10:36 |
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
mimicria
Сениор magnet za defekti Регистриран: 27.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3444 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
zs nema sex vo drzavna administracija???
INCEST, site se rodnini
|
||
Dajem ti verse i note, sve moje sarene perle na dar, jos te mogu pjesmom kupiti, lukavo i slatkorjecivo, jos uvjek mogu ti podvaliti ljubav...
|
||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Vo vladata e FAMILIJATA.KUM 4? |
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па затоа бе мамамд, потребен е еден друг начин на пристап и организирање на обуките: со професионален стручен кадар, кој ќе биде со неопходно искуство од областа и со сите неопходни квалификации и најважно - непартиски кадар. И не само за преквалификација од еден во друг домен, туку за доусовршување или обука за нови методи и начин на работа кои се имплементираат на работните места, а вработените слабо или воопшто не ги познаваат. И да има некој тест или испит, сметам дека не е проблем за еден службеник со соодветно образование, стручни квалификации и неопходно искуство да ја помине проверката. Ова е повеќе за прочистување на апаратот од несоодветните и нестручни кадри, кои преку валоризација на знаења и квалификации постепено ќе се отстрануваат од администрацијата и ќе се упатуваат да си бараат друго работно место. |
||
Внеси реплика | страница <1 45678 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |