IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Православни Христијански беседи (проповеди)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Православни Христијански беседи (проповеди)

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Православни Христијански беседи (проповеди)
    Испратена: 10.Мај.2010 во 06:29
Бидејќи некои од форумџиите се прашуваа како МПЦ и Православната Црква воопшто ги пренесува верата и Словото Божјо до народот, ја отворив оваа тема на која ќе може да се разгледува и прочита мисијата на Црквата меѓу народот и проповедите искажани на Богослужбите или часовите по веронаука (синаксис).





Беседа на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј на празникот на свети Георгиј – Ѓурговден во манастирот во Рајчица (06.05.2010)



Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!



            Христос воскресе!



            Драги браќа и сестри,



„Сè она што сакате да ви прават луѓето, правете им го вие;

зашто тоа е Законот и Пророците” (Мат. 7, 12)




            Ова се кратки и јасни евангелски зборови преку кои Христос ни ја објаснува суштината на сите останати евангелски поуки. Во нив е законот и пророците - вели Христос и заповедува во своите зборови љубов кон луѓето, љубов еден кон друг во сите нивни пројавувања. И секој што ќе го исполни ова евенгелско правило, тој постигнува висина во духовното совршенство, затоа што го исполнува најголемото барање на заповедта на христијанскиот живот - заповедта за љубовта.

            Колку е едноставен и мудар зборот Христов! Во него Господ не бара никакви особени подвизи од наша страна. Тоа јасно ни го вели: „Тоа што сакате да постапуваат луѓето со вас, така и вие постапувајте со нив”. А за тоа како сме ние должни да постапуваме со луѓето и како сакаме со нас да постапуваат луѓето, секогаш ни зборува нашата совест, нашето срце и нашиот разум.

            Силата на оваа христијанска заповед не се содржи во тоа што ние не сакаме и не го правиме тоа што го бараат луѓето, туку ние баарме и правиме тоа што го бараат, и правиме тоа што го посакуваат, тоа што и самите на себе си го посакуваме.

            Ти сакаш никој да не се потсмева и подигрува со твоите слабости и недостатоци. Тоа ти е непријатно на тебе и тоа ти преставува тежина. Така и самиот ти, како што вели апостол Павле: „Воздржувај го својот јазик од злото” (1 Петр, 3, 10). Така ни вели Словото Божјо, искажано преку Господа Исуса Христа: „А оној што ќе го нарече брата си празноглав, виновен е пред Синедрионот; оној, пак, што ќе рече будала, виновен е за во пеколот” (Мат. 5, 22). Господ Исус Христос од нас бара да се воздржуваме од груби и лоши зборови.

            Ти сакаш никој да не ги осудува твоите намери и твоите постапки. На тебе ти станува тешко да ги преживуваш осудувањата од страна на другите. Тогаш и самиот не осудувај никого. Ете колку тоа е практично, јасно и поучно.

            О колкава голема сила се содржи во добродетелноста на неосудувањето, ако ние почесто се потсетуваме на големите зборови на Христа за тоа! А тие се: „Не судете и нема да бидете судени, и не осудувајте, за да не бидете осудени; проштевајте и ќе ви биде простено” (Лк. 6, 37). Господ ни возвраќа за сè, што ние самите го даваме на нашите ближни и наложува на нашето срце да им помагаме, и ќе ни помогне кога ние имаме потреба од било каква помош. Господ ни возвраќа со вечни дарови ако ние бидеме милостиви. Тој ни ветува дека ќе бидеме помилувани ако пројавуваме добродетел на милосрдието во нашиот земен живот. А вечното помилување - тоа е што го носи секој честит човек и тежнее секој вистински христијанин, и за тоа со огнена љубов моли и мисли за смртта и отчет по смртта за сите свои дела направени за време на земниот живот.

            Ти сакаш луѓето да бидат учтиви и да ти помогнат со нивните совети и со нивните услуги. И самиот биди услужлив и оди во пресрет кон секој еден што има потреба од твојата подршка, со кого ти можеш и си должен да ги поделиш твоите духовни искуства.

            Секој еден од нас очекува и посакува неговите деца да бидат послушни како во семејството би владеела љубов. Пред сè исполни ја и самиот заповедта што Господ ја заповедал и на тебе да ја исполнуваш: „Почитувај ги таткото свој и мајката своја...” (Исход 20, 12). Секој еден од нас има мајка и татко. Ако се тие живи, самиот биди кон нив со почит, укажувај им ја својата синовска благодарна љубов. Во колку тие не се меѓу живите, не оставај ја својата љубов кон нив во своите молитви. Тие имаат потреба од нив, тие очекуваат од тебе додека си жив на земјата да се молиш за себе и за нив. Тие очекуваат да се молиш за нив на нивните вечни почивалишта, да не се испуштаат задушниците кога треба да ги посетуваме нашите родители, во колку се преселени во вечниот живот, како и да ги спомнуваме во нашата домашна молитва.

            Така ни вели Господ да постапуваме. Тој ни вели посакувај и прави му на другиот, тоа што самиот сакаш и на тебе другите да ти прават и да се однесуваат кон тебе.

            Нека срцето од секој од нас биде извор само на доброто, светлото и чистото; така луѓето што нè опкружуваат или со кои се сретнуваме, на кои непосредно можеме да им покажеме и тоа добро да го видат и да препознаат во нас вистински следбеници на Христа. А тие кои што се упокоиле пред Господа да се утешат со нашите молитви упатени за нив. Молитвата никогаш не умира на оној што љуби кон тие што живееле на земјата, кои ние ги знаеме - сме ги љубеле и може да ни бидат од поголема услуга и од поголемо дело.

            И денеска кога го прославуваме светиот великомаченик Георги Победоносец, кој својата вера, својата надеж и својата припадност кон Христа ја запечатил и со сопствената крв, пострадувајќи за светата црква, нè учи како да се угледаме на него и како тој сите овие прописи и закони што ги бара од нас светата православна црква ги исполнувал, живеел и посведочил со својот сопствен живот. Да се обратиме со искрена молитва кон него тој да биде наш молитвеник, за да ни ја закрепи и умножи љубовта кон Господа, но и кон нашите блиски и познати, за да можеме да го сведочиме Христа на секое место каде што се движиме и работиме. По молитвите на свети Георги, Господ нека ни ги услиши молитвите и ни подари сè што е спасоносно за нашите души и вечен живот.



06.05.2010 година, свети Горги - Ѓурговден, манастир Рајчица

            Митрополит Тимотеј







      

Изменето од Maran Ata - 10.Мај.2010 во 06:33
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2010 во 13:28
Пасхално слово на свети Јован Златоуст


Кој е побожен и богољубив, нека се насладува со оваа чудесно и светла слава. Кој е благоразумен слуга, радувајќи се, нека влезе во радоста на својот Господ. Кој се намачил постејќи, сега нека ја прими својата плата. Кој работел од првиот час, денес нека го прими праведниот долг. Кој дошол по третиот час, нека празнува со благодарност. Кој стигнал по шестиот час, ни најмалку нека не се сомнева, зашто со ништо нема да биде оштетен. Кој го пропуштил и деветиот час, нека пристапи не колебајќи се. Кој стигнал дури во единаесеттиот час, нека не се плаши поради доцнењето: зашто овој прекрасен Господар го прима последниот како и првиот, го одмара оној кој дошол во единаесеттиот час исто како и оној кој работел од првиот час. И последниот го милува и првиот го вселува; и на оној му дава и на овој му дарува; и делата ги прима и намерата ја целива; и трудот го цени и приносот го фали. Затоа, влезете сите верни во радоста на својот Господ; и првите и другите плата примете; богати и сиромаси, еден со друг ликувајте; кои се воздржувавте, кои сте биле мрзливи, почитувајте го денот; вие кои постевте и кои не постевте, веселете се денес! Трпезата е преполна, сите насладувајте се богато! Телето е угоено, никој нека не излезе гладен, сите насладете се со гозбата на верата, уживајте во богатството на добрината! Никој нека не ја оплакува сиромаштијата, зашто се јави општо царство. Никој нека не тагува заради гревовите, зашто прошка заблеска од гробот. Никој нека не се бои од смртта, зашто смртта на Спасителот нè ослободи, ја изгасна Оној Кого таа Го држеше, го заплени адот Оној Кој слезе во него, се огорчи адот вкусувајќи го Телото Негово. И, предвидувајќи го тоа, Исаија воскликна: АДОТ СЕ ОГОРЧИ, кога долу Те сретна, АДОТ СЕ ОГОРЧИ, зашто опустоши, АДОТ СЕ ОГОРЧИ, зашто беше исмеан, АДОТ СЕ ОГОРЧИ, зашто беше умртвен, АДОТ СЕ ОГОРЧИ, зашто беше срушен, АДОТ СЕ ОГОРЧИ, зашто беше окован; го прими телото Христово, а Го најде Бог, прими земја, а сретна небо, го прими она што го гледаше, а падна во она што не го гледаше. Каде ти е, смрт, бодилото? Каде ти е, аде, победата? ВОСКРЕСНА ХРИСТОС и ти се струполи. ВОСКРЕСНА ХРИСТОС и паднаа демоните. ВОСКРЕСНА ХРИСТОС и се радуваат ангелите. ВОСКРЕСНА ХРИСТОС и ниту еден мртов во гробот. Зашто, Христос, воскреснувајќи од мртвите, стана првина меѓу умрените. Нему слава и чест низ сите векови. Амин.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!






Денеска е последен ден од овој период како Христијаните се поздравуваат со воскликот Христос воскресе!!! Утре го празнуваме Вознесението Христово.


Изменето од Maran Ata - 12.Мај.2010 во 13:32
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2010 во 13:39
Оваа проповед од Св.Јован Златоуст секогаш ја читаат во манастирот великомаченик Свети Ѓорги(криви дол) пред да се даде евхаристијата на верниот народ на Пасха и секогаш без исклучок ме трогнува!
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2010 во 07:39





Сè Мое е Твое - Гаврил, Игумен на манастирот на св. Прохор Пчински


Во ова зачало од Светото Eвангелие ќе се задржиме на два момента кои во суштина преставуваат еден, а тоа е восинoвувањето наше на Бога како наш Отец, т.е нашето спасение и обожение.

“Оче дојде гласот: прослави Го Својот Син, за да те прослави Синот Твој“.

Интересно е овде прашањето за славата. Исус го моли Својот Отец да Го прослави за време на страдања на Крстот. Збунувачко е и за паднатото човештво, и за паднатите ангели и ѓаволот. Во моментот кога сатаната мислел дека конечно се ослободил од Бога, конечно го симнал Бог од Небото за Тој да се зацари и загосподари, токму тогаш тој и го доживувал најголемиот пораз. Заради домостројот на спасението на светот, Бог т.е Словото Божјо се воплоти и стана човек пострада, претрпе исмејување, шамарање и плукање; беше распнат, ја доживеа смрта и со душата слегна во адот и по три дни воскресна од мртвите, извојувајќи тројна победа над гревот, смртта и ѓаволот.

Со тоа нашиот спасител Исус Христос ни го покажа патот на спасението. Заради тоа нема вистинско прославување без понижување и смирение, нема просветление на умот без негово слегнување во адот на душата, т.е срцето; нема преображение и воскресение без страдание и смрт; нема Тавор без Голгота.

И вториот момент се состои во зборовите Исусови кон Својот Отец: Се Мое е Твое и Твоето мое.

Црквата е икона светотроична. Соборот, пак, светотроичен нам ни го откри вистинскиот начин на живеење.

Љубовта во Исусовите зборови кон својот Отец и наш Бог ни го открива со битието на Св.Троица, но и вистинскиот однос на човекот кон Бога и на човек кон човек. Меѓу лицата на Света Троица постои совршена љубов. Бог Отец толку го љуби Својот Син и Светиот Дух, така што целосно им се предава и сè што е Негово е и нивно. Исто така е и меѓу останатите лица. Се додека ние во полнота не ги исполниме на дело овие зборови, нема да можеме да се нарекуваме вистински Христијани. Нашите срца сеуште се затворени за Бога. Можеби во многу нешта и ги исполнуваме овие зборови, но и во тоа малку наше неисполнување му оставаме простор на ѓаволот да владее над нас и да ни го попречува патот и да ја помрачува љубовта кон Бога т.е секој човек. Во моментот кога со чиста совест и слободно ќе можеме да кажеме Се Мое е Твое и Твоето Мое тогаш и Он ќе нè прослави. Тогаш, вистински сме го отвориле срцето за Бога и тогаш не живееме веќе за себе, туку Христос живее во нас. Тогаш сме синови Божји и љубовта Божја е единстенеото мерило за нас каде (кои) сме ние. Амин.




Изменето од Maran Ata - 26.Мај.2010 во 07:40
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2010 во 03:40
БЕСЕДА ЗА МОЛИТВАТА - МИТРОПОЛИТ ПЕТАР


Молитвата е беседа на човечкото срце со Бога низ која, представувајќи Го невидливо Бога пред себе, човекот ги излива чувствата на својата душа пред Него. Таа е издигнување на умот и срцето кон Бога, најсигурен мост за премин преку искушенијата на животот, нескршлива карпа на сите кои што веруваат, мирно пристаниште, божествени алишта што ја облекуваат душата со добрина и убавина. Молитвата е мајка на сите добри дела, чуварка на чистотата на телото, невиноста, сигурен бранител од сите итрини на нашиот вечен непријател – ѓаволот, најсилно оружје за одбрана на Христовото име од Неговите непријатели. Таа е просветување на умот, прочистување на душата и срцето, разбивање на очајот и тагата, раѓање на надежта, ублажување на гневот. Застапник на оние на кои им се суди, радост на оние кои се во темнина, спасение на оние кои гинат.

Нема ништо повредно во човечкот живот од молитвата. Таа и неможното го прави можно, тешкото-лесно, непријатното-пријатно. Таа и е толку потребна на човечката душа колку што му е потребен воздухот на дишењето. Оној кој не се моли, се оддалечува од Бога и станува сличен на суво и неплодно дрво кое се сече и во оган се фрла.

„Молете се постојано“, вели Свети Апостол Павле, а Господ Исус Христос ни заповеда: „Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение“ (Мт.26,41). Постојаната молитва не се состои само во непрекинато изговарање на молитвени зборови, туку и во нашата постојана свесност и чувство дека секогаш стоиме пред Бога, дека Господ Бог ги гледа и ги знае нашите дела, намери, помисли и желби.

„Кога ги насочуваш умот и мислите кон Небото, - вели Свети Макарије Велики, - и сакаш да се соединиш со Господа, тогаш монаштво од зли духови како црн облак се надвиснува над тебе за да ти го попречи патот кон Небесата. Но, како што старите ѕидови на Ерихон паднаа под силата Божја, така и сега карпите на злото, кои што го спречуваат твојот ум, ќе бидат соборени од силата Божја. Кога се молиш, сети се пред Кого стоиш. Биди глув и нем за се што те опкружува, повикувај Го Господа на помош и Тој ќе ти помогне. Искорени го секое чувство на гнев и целосно исчисти го убиственото чувство за телесна желба, кон што и да е таа насочена“.

Да се молиме не само кога чувствуваме расположение за молитва, туку и кога мрзеливоста, сонот, заборавеноста и се друго не оддалечуваат од неа. Да се молиме и кога сме радосни и кога сме во жал, кога сме здрави и кога сме болни, во немаштија и во изобилсвто, кога сме силни и кога сме немоќни, кога примаме и кога даваме. Во таква молитва ѓаволот со голема сила и искушенија ги напаѓа оние кои се молат создавајќи им страв и несигурност. Но тогаш и Божјата благодат се умножува поради духовна помош. Затоа Свети Апостол Павле ќе рече: „Силата Твоја (Боже) во немоќта моја (се покажува)“, како и тоа дека „Господ нема да допушти поголеми искушенија од оние што можеме да ги поднесеме“.

За да се запазиме од расеаност на умот, светите отци препорачуваат разумот да се врзува за зборовите на молитвата. Затоа, подобро е молитвите да се читат и од молитвеникот, а не да се кажуваат напамет. Вака вдлабочениот ум во милитвени зборови не бега така лесно на разни страни.

Во молитвата не треба премногу да се напрегнуваат нервите, ни премногу да се воздивнува и вовлекува воздух, ниту пак главата да се држи премногу исправена. Напротив, треба да се молиме со длабоки, но незабележливи воздишки, со вземи наведната глава, со смирено и повремено фрлање поглед врз светите икони – како оние кои навистина се чувствуваат грешни и недостојни пред Бога.

За човекот нема поголема утеха во тагата, од молитвата. „Се мачи ли некој меѓу вас, нека му се моли на Бога“ (Јк.5,13).

Болестите и несреќите наши се последица на гревот. Гладот, војните, сушите, поројните и прекоумерени дождови, земјотресите и останатите непогоди доаѓаат поради гревот на народот. Коренот на сите несреќи лежи во нас самите. Оттаму се јавува и потребата да Му се молиме на Бога и за простување на гревовите и ослободување и избавување од сите зла. Ако пак некогаш упатените кон Бога молби Бог не ги исполни, тоа е за да го пакажеме нашето трпение, или поради тоа што во молитвата сме барале зло, а не добро за нашите души.

Молитвата кога сме сами, по Божја наредба (Мт.6,16), не смееме да ја сметаме за доволна. Највозвишена и најсилна молитва е заедничкатаsh молитва на Божествената Литургија, кога постигнуваме единство со Бога, според Неговото ветување: „Таму каде што се двајца или тројца собрани во Мое име, таму, помеѓу нив, Сум и Јас“.

Во молитвата не смее да се бара земна слава, материјални богатства, суетни и преодни нешта, туку, како што вели Господ Исус Христос, „Најнапред барајте Го Царството Небесно и Славата Негова, а останатото ќе ви се додаде“.

Внатрешното молитвено чувство го изразуваме осенувајќи се себеси со Крстниот Знак.

Според Светото Предание наследно од Апостолите и Светите Отци, православниот христијан треба да се осенува со знакот на Светиот Крст. Тоа треба да го прави со посебно внимание и правилно на следниот начин: Најпрво, ги составува палецот, показалецот и средниот прст од денста рака, како симбол на Светата Троица. Така составени, ги става на челото, велејќи: „Во името на Отца“, па под градите, изговарајќи ги зборовите „и Сина“, и на крајот на десното и левото рамено, велејќи „и Светиот Дух. Амин“. Потоа, спуштајќи ја раката, благо се поклонува.

Соединетите три прста ја означуваат нашата вера во Пресветата Троица: Бог Отец, Бог Син и Бог Свети Дух, а двата свиткани прста ја означуваат нашата вера во Синот Божји Исус Христос, односно верата во Неговата двојна природа – дека е Он и Бог и Човек, и дека заради нашето спасение слезе од Небесата на земјата.

Крстниот знак го ставаме на челото за да го просвети нашиот ум и да ги освети нашите мисли; на градите – за да ни го освети срцето и ни ги облагороди чувствата; на рамената – за да ни ги зацврсти и освети телесните сили и да го повикаме благословението врз делата на нашите раце.

Крстниот знак го символизира повикувањето на Божјото име и славословувањето на Бога. Затоа тој се извршува секогаш при влегување и излегување од светиот храм; кога свештеникот возгласува: „Благословен е нашоит Бог…“, при секој возглас со кој се оддава слава на Пресвета Троица; при зборовите: „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“ и при секој друг почеток на молитва; при зборовите: „Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух“ и при било кое славословие кон крајот на молитвата.

Како што не треба да го повикуваме Божјото име напразно, без неопходност и ненабожност, така и крстниот знак не треба да го правиме често и брзо, и притоа небржно претворајќи го во бессмислено движење на раката.

Невнимателното осенување со крстот Го жалости Господа и грев прави оној кој неправилно се крсти. Таквото крстење не само што нема никаква сила, туку напротив, претставува радост за нечестивиот (ѓаволот), зашто тоа не е веќе оружје против бесовите. Со силата на крстот светителите лекувале болни, воскреснувале мртви, и им помагале на луѓето правејќи секакви чуда.

Црковната песна го восфалува Чесниот Крст со зборовите: „Крстот е чувар на вселената, Крстот е украс на Црквата, Крстот е сила на владетелеите, Крстот е слава на ангелите и пропаст на демоните“.

Со поклоните пак, ја изразуваме нашата набожност и особено стравопочитување кон Бога, како и нашето покајно чувство. Земните поклони, кои често се препорачуваат во деновите на покајание и пост, особено во текот на Велигденскот пост, не е дозволено да се извршуваат во деновите на општа духовна радост, и во неделните денови и Саботите, во големите празници, од Велигден до Духовден и од Божик до Богојавление вклучително. Исто така, и по причестувањето со Светите Христови тајни, тој ден, не треба да се прават земни поклони.

Коленопреклонувањето, т.е. стоењето на колена во храмот се прави при читање на особени коленопреклони молитви.

На почетокот на секо молитвено правило, поклонувајќи се, треба да се изговараат следниве молитви:

Боже, биди милостив кон мене грешниот!

Боже, очисти ги моите гревови и помилуј ме!

Господи, Кој си ме создал, помилуј ме!

Безмерно згрешив, Господи прости ми!

Владичице моја, Пресвета Богородице Дево, спаси ме грешниот!




Изменето од Maran Ata - 08.Јуни.2010 во 03:40
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2010 во 15:11
ПРОВЕРКАТА ЗА ПРАВИЛНОСТА НА ВЕРАТА И НА ПРОПОВЕДНИЦИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ВРШИ САМО ПРЕКУ ЗАПИШАНОТО ВО СВЕТОТО ПИСМО

Секогаш, па и денес, постои опасност лековерно да прифаќаме учења, догми или ставови кои се искажани или промовирани од луѓе кои ги сметаме за авторитети.
За жал, не ретко таквите луѓе ја користат позицијата на авторитет за да промовираат учења кои не произлегуваат од Господ, од Христос, од апостолите, од Светото Писмо.
         Какви се христијанските корени на Балканот во тој поглед? Повторно ќе се навратиме на првата генерација христијани, овојпат оние од градот Верија, кој денес се наоѓа во Егејска Македонија (Грција).
"Евреите од Верија беа многу поблагородни од оние во Солун и со одушевување го примаа она што им го проповедаше Павле. Секојдневно го проучуваа Светото Писмо, за да проверат дали она што тој им го проповеда е вистина."
(Дела ап. 17:11)

Тие со одушевување го примаа она што им го проповедаше Павле. Секојдневно го проучуваа Светото Писмо за да проверат дали она што им го проповеда е вистина” - ст. 11.
         Замислете си, тие го проверувале проповедањето на светиот апостол! Но тоа е, всушност, многу зрело од нивна страна! Обрнете внимание дека според Светото Писмо ја проверувале вистинитоста на она што им го проповедал апостолот Павле. Повеќе од јасно е дека Светото Писмо го сметале за единствен и за целосен извор на вистината, кога е во прашање верата.
Тоа значи, дека, ако им се проповедало нешто што го нема во Светото Писмо, поради што веродостојноста не би можела да се провери, тие очигледно не го прифаќале, па макар да доаѓало и од врвни црковни авторитети!

         Драги браќа и сестри во Господа! Ако сакаме нашите христијански корени да ни бидат продуктивни, а не контрапродуктивни, и ние треба да го практицираме овој став. Го правиме ли тоа? Ја проверуваме ли според Светото Писмо секоја верска догма, обичај, активност и се друго што ни се нуди од црковни авторитети на нашите простори? Или, да кажам подиректно, треба категорично да ги отфрлиме сите учења, обичаи, традиции, обожавања и т.н., кои не биле дел од учењето на Христос и апостолите запишано во Новиот завет. Ако не го правиме тоа, ќе бидеме соучесници со оние кои подмолно го уриваат изворното христијанство.
Од друга страна, нашите христијански корени можат да ни бидат предност, ако продолжиме се и секого да проверуваме според запишаното во Светото Писмо.
         Во времето на Христос и апостолите, мнозинството од Божјиот избран народ, предводено од свештенството, повеќе не се раководел според Божјите објави и уредби запишани во Светото Писмо. Тоа го правеле толку долго, што загубиле секаков слух за Божјиот глас, уредби и пророштва. Поради тоа, не само што не Го препознале Божјиот Месија што Бог им го испратил, туку активно Му се противставувале, ковајќи планови да Го убијат, што на крајот и го сториле.
Токму оттука произлегува овој втор услов што треба да го задоволиме, ако сакаме нашите религиозни корени да ни бидат помагало, а не пречка во христијанскиот живот: Имено, нашите религиозни корени можат да бидат корисни и продуктивни, ако Светото Писмо, особено Новиот завет се наш стандард и репер за вистината.
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2010 во 15:20
Temata e "Православни Христијански беседи (проповеди)".

Mozhebi nekoi nema da se slozhat so ovie besedi, no tie se Pravoslavni Hristijanski besedi koi se vo duhot so doktrinata na Pravoslavnoto Hristijanstvo.













Изменето од Messenger - 09.Јуни.2010 во 15:21
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2010 во 11:53
Насловот убаво се си кажува за тоа какви се проповедите на оваа тема од форумов.

Додека за текстот "падобранец" на темава неколку коментари:



Originally posted by izvoren izvoren напиша:


(Дела ап. 17:11)
Замислете си, тие го проверувале проповедањето на светиот
апостол! Но тоа е, всушност, многу зрело од нивна страна! Обрнете
внимание дека според Светото Писмо ја проверувале вистинитоста на она
што им го проповедал апостолот Павле. Повеќе од јасно е дека Светото
Писмо го сметале за единствен и за целосен извор на вистината, кога е во прашање верата..



Ајде малку пак историја..Изворен се надевам дека си свесен дека терминот ПИСМО кој се споменува во новиот завет се користел во значење МНОГУ ПООРАЗЛИЧНО од тоа што ти го користиш сега.
Значи СТАРИОТ ЗАВЕТ не бил канонизиран во оваа форма која сега ја имаме.Се користела септугианата но тој канон не ист со оној на евреите кои го прифатиле дури 300 години по ХРИСТА.
Ако евреите според тебе во Верија имале свето писмо зашто тогаш стариот завет кој ти го користиш не е ист со нивниот?!

А да не правиме муабет дека НОВИОТ ЗАВЕТ НЕ ПОСТОЕЛ ДОДЕКА АПОСТОЛОТ ПАВЛЕ БИЛ ВО ВЕРИЈА!!

Сега значи ли тоа дека свето писмо е само стариот завет???(пардон НЕКОИ ОД книгите кои ги користеле евреите во верија).

Додека ако се гледа во историска перспектива евреите од верија ги препрочитувале ПРОРОЦИТЕ,ПСАЛМИТЕ И ТОРАТА за да се уверат во пророштват дека се исполниле како што ги поучувал апостолот.




Originally posted by izvoren izvoren напиша:

треба категорично да ги отфрлиме сите учења, обичаи,
традиции, обожавања и т.н., кои не биле дел од учењето на Христос и апостолите запишано во Новиот завет.
Имено, нашите религиозни корени можат да бидат
корисни и продуктивни, ако Светото Писмо, особено Новиот завет се наш
стандард и репер за вистината.


НОВИОТ ЗАВЕТ за прв пат е употребен како термин од Тертулијан и тоа 200 години по ХРИСТА!!

Значи сега дека христијаните(значи и апсотолите!!) до 200 година по Христа уствари и не биле христијани бидејќи не го следеле тоа што е запишано во новиот завет,бидејќи и го немале на крај краева?!


зар не гледаш во каква духовна провалија ве носи СОЛА СКРИПТУМ во желбата да се отфрли Црквата(како што ние правоверните ја подразбираме)?

Првин затварате очи за очигледните историски факти кои не коренсподираат со вашата теологија (од таму нелогичностите во вашите ставови).

Како второ ја издигате библијата (како што вие ја викате) на ниво на самодоволно нешто кое се подразбира само по себе(нешто како идол).

Еве ако не заради нас заради самата вистина истражувајте и читајте ја историјата на Црквата и раното христијанство.
Вака со сола скриптум само може да ви се смеаат неверниците зашто на ниеден универзитет кој се занимава со историјат на новиот завет (освен нели на вашите протеснатски теолошки семинарии) воопшто не се праи муабет(!!) за методолошката(и би додал и теолошката) утка на сола скриптум.






Изменето од ahmar1 - 10.Јуни.2010 во 14:09
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2010 во 14:16
А зошто оваа „падобранска“ беседа е анонимна? Кој е проповедникот?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.