|
Проблем со замрзнување на сликата |
Внеси реплика |
Автор | |
Morfeus
Нов член Регистриран: 21.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 34 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 04.Јуни.2010 во 16:28 |
Ја имам следнава конфигурација:
ECS P4XASD2+ Intel Celeron 1.7GHz nVidia GeForce 4 MX 512MB SDRAM Maxtor 30GB ExcelStor 160GB Samsung DVD-ROM Се беше во ред, но процесорот го заменив со друг Intel Pentium 4 - 2.8GHz, LGA 478. И сега во игри сликата мрзне на неколку минути. Така замрзната стои минута-две, се пушта и по неколку минути повторно замрзнува... проблем имам само во игри, инаку при нормална работа Office, Auto CAD .... немам никаков проблем. Користам Windows XP Service Pack 2... Дали процесорот е неисправен или можеби треба нешто дополнително да подесам во биос и сл. Со предходниот процесор немав ваков проблем... Изменето од Morfeus - 04.Јуни.2010 во 16:30 |
|
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Процесорот не би требало да прави никаков проблем. Јас мислам дека ти е до графичката, или пак windows-от ти прави некаков проблем. Најдобро е да го форматираш и да видиш дали ќе го има истиот проблем, ама стави windows 7 ако можеш. Ако се уште го има истиот проблем, најверојатно е графичката.
Изменето од Anarchy - 04.Јуни.2010 во 16:34 |
|
Morfeus
Нов член Регистриран: 21.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 34 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не би требало да е до графичката затоа што со другиот процесор немав ваков проблем. А проблемот се јавува кај сите игри, дури и кај наједноставни од типот на Zuma и сл.
Инаку за windows 7 дали може без проблем да работи на мојот компјутер? |
|
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не сум сигурен. Најдобро е да ставиш проверен windows нека е и Xp и да видиш како ќе биде. Јас имав слични проблеми со сликата кога играв некои игри, за месец дена ми цркна графичката.
|
|
vlad0
Сениор Титула нема поради неплатени сметки Регистриран: 18.Ноември.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 2263 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
@Morfeus не се филмај процесор ова она ко графичката ти е заебана.
знам јас имам проблеми со графичкава понекогаш се закочува до толку шо рестарт му мавам. значи вака направи: преинсталирај ги драјверите за графичка зошто ако не се правилно инсталирани може да дојде до таков проблем. ако не мавни му формат па и тоа ако не помага собирај си пари за друг компјутер зошо графичка за таа матична нема да најдеш. |
|
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
|
Morfeus
Нов член Регистриран: 21.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 34 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, сепак на крај излезе графичката... Иако сеуште не ми е јасно зошто со Целеронот игрите работеа нормално.
Тестирав со Video Card Stability Test и се појавија артефакти, а компјутерот се блокира и морав да го рестартирам. Потоа открив дека вентилаторот на графичката не работи, така да изгледа доаѓа до прегревање на графичката... Но ни Everest ни HWMonitor не ја прикажуваат температурата. Можно ли е воопшто да нема сензор кој што ја мери? |
|
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што ќе ти е температура, кога графичката ти е цркната.
Чаре немат, само ново компутере. И ако земаш нов компјутер, два пати годишно е препорачливо да го отвараш и да ги чистиш тие кулерите на графичката и другиот, од прашини, за да не ти цркне пак некој дел. Најбитно вината е до тебе, што не си ги исчистил вентилаторите. |
|
Morfeus
Нов член Регистриран: 21.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 34 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Готово, цркна графичката... И сега пишувам од интернет кафе...
Ја извадив за да го исчистам вентилаторот и откако ја вратив немам воопшто слика. Односно кога ќе го вклучам само пушта некои звуци , нема слика не можам да дојдам ни до биосот... Сега прво мислам да земам нова графичка, а нов компјутер можеби дури наредната година Гледав нешто по огласите на pazar3 и ги најдов следниве графички: VGA/AGP GeForce MX440 http://www.pazar3.mk/ViewItem.aspx?itemId=726691 Или можеби оваа варијанта VGA 128Mb Nvidia GeForce FX5200 http://www.pazar3.mk/ViewItem.aspx?itemId=718599 |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |