|
Препорака за основно училиште |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И да сака човек да препорача некое основно училиште ќе излезе дека препораката има одредена фалинка. Читајки го написот во Дневник
Училишните дворови на постојан распуст се подзамислив и искрено во главата си направив една блиц слика за училишните дворови кои сум ги видела. Навистина ако се споредат со дворовите на градинките или недај боже со училишните дворови на западните училишта ќе излези дека ние сме на нула. Фактички децата најмалку може да си играат безбедно во училиштата бидејки и нема што да играат. Едно време на бетонираните дворови имаше нацртано разни игри како што се плочка, броенки, кругови и што ли не за кои треба само добра воља и малку боја. Чудно е како родителите критикуваат а малку се ангажираат. Минатата пролет присуствував на отворање детска игротека на отворено-во дворот на една градинка средена со иницијатива и ангажман на вработените со родителите.Сега пред некоја седмица видов исто така една таква уредена парцела во двор исто така со донација од родители Многу малку средства а преубаво место. Каде се родителите со такви иницијативи во училиштата каде им учат децата? Каде е локалната самоуправа да ги анимира родителите да се вклучат со работа? Изменето од mamamd - 31.Мај.2010 во 13:41 |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секој од нас мора да биде претпазлив во давање препорака и за училиште (и за учителка). искуство на моја пријателка
Дала препорака за едно скопско училиште за конкретна учителка. И сега ги зигубила пријателите затоа што и се налутиле за дадената препорака. наиме учителката која тие ја препорачале и незнаејки за нејзините амбиции излезе дека многу повеќе е надвор од училиште отколку во училиште и со децата во училница. Типката повеќе била на семинари како обучувач а децата биле препуштени на замени на разни наставници. Колку што знам порано се водеше сметка сите наставници да бидат во нешто распоредени за да не губат децата од настава. Очигледно дека препоракава на мојата пријателка открила златен рудник па одела на сите кои се вотек така да децата повеке биле распоредувани кај други учителки отколку да имаат редовни часови. Ме прашуваа колку смее една учителка да биде отсутна од настава низ годината. Искрено за ваков случај не знам. Знам дека за боледување се одредува замена со нов наставник ама за вакви случаи задолжително се делат децата по другите паралелки за деновите кога нивната е отсутна. Никој од останатите не сакаат да останат цел ден и да работат без пари за некој кој заработува ем дневници ем плата. Знам само дека тешко на децата, а тешко и на оној кој дал препорака |
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |