|
Фан клуб Барселона |
Внеси реплика | страница <1 56789 10> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Барса го има најскапиот состав во светот
Европскиот шампион Барселона го има најскапиот состав во светот според класификацијата на интернет порталот трансфермаркт.де. Вкупната вредност на фудбалерите на каталонскиот гигант изнесува 514 милиони евра, а само аргентинската супер-ѕвезда е проценето дека вреди 80 милиони. Веднаш зад Барселона се наоѓа другиот шпански гигант Реал Мадрид чии ѕвезди се проценети на 473,5 милиони евра. Разбирливо, најскапиот од нив е Кристијано Роналдо кој експертите на трансфермаркт.де го проценуваат на 75 милиони. На листата се најдоа 47 клубови кои ја преминуваат границата од 100 милиони евра. Третото место го зазеде Челзи, а четврти е Манчестер Јунајтед. Доминантни на оваа листа се Англија и Италија со по 10 клубови, осум се од Германија, шест од Шпанија, а по три од Франција и Португалија, по два од Русија и Турција, а по еден од Холандија, Украина и Грција. 10-ТЕ НАЈСКАПИ СОСТАВИ ВО СВЕТОТ 1. Барселона Шпанија 514 мил. евра 2. Реал Мадрид Шпанија 473,5 3. Челзи Англија 436,25 4. Манчестер Ј. Англија 374,25 5. Интер Италија 354,5 6. Ливерпул Англија 321,5 7. Арсенал Англија 304 8. Јувентус Италија 266,55 9. Милан Италија 259,8 10. Манчестер С. Англија 255 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Александар Хлеб: шансот ни против Барселона е 10%
Полузащитникот на Штутгарт Александар Хлеб не смета дека имаат особено големи шанси да отстранат Барселона во Лига на шампиони. Како што е познато двата тима се соочат во вторник во прва средба од осминафиналете на "Мерцедес Бенц Арина", но Хлеб, кој игра една сезона во Барса е на мислење дека шпанскиот тим е значително по-класен од нив. Тој смета дека шансите за крајна победа не се повеќе од 10%, но ќе направат се што е можно за да стојат достојно на теренот. "Не знам, сепак што ќе се случи во вториот натпревар на" Камп Ноу ". Тоа е друга историја, рече Хлеб пред каталонски весник "Спорт". |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Меси е најдобар во историјата на фудбалот
Претседателот на Барселона Лапорта, беше до толку воодушевен од изведбата на најголемата ѕвезда на каталонскиот фудбалски клуб Лионел Меси по средбата од 27-то коло во Примера па му ги додаде сите комплименти. "Тој е најдобриот играч на Светот во историјата на фудбалот, заедно со боговите Кројф и Марадона" изјави Лапорта за медиумите по мечот кој Барселона го доби со 4:2 на гостувањето кај Сарагоса, а во кој 22-годишниот Аргентинец постигна три погодоци. "Одигра одличен меч. Тој е фудбалски гениј кој игра за тимот. Меси е прав лидер за Барселона и на крајот му го препушти изведувањето на пеналот на Златан Ибрахимовиќ да постигне гол" додаде претседателот на Барселона. |
|
computer
Сениор Патриот Регистриран: 25.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 504 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Барса е мојот тим
|
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Меси е ѕвер бе.
Барса е исто мој тим. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дресите на Барселона за сезон 2010-2011.Прави впечаток резервниот дрес-зелен
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гвардиола денеска ќе стави потпис на нов договор
Барселона преку соопштение на својата официјална веб страна потврди дека Пеп Гвардиола денеска (среда) ќе стави потпис на нов договор Медиумите блиски до раководството на Каталонците уште вчера објавија дека е постигната согласност помеѓу новото раководство на Барса и Пеп Гвардиола за новиот договор на стратегот. Ваквите шпекулации ги потврди портпаролот на бордот на директори, Тони Фреикса кој за официјалната веб страна на Барселона рече дека Пеп Гвардиола ќе стави потпис на новиот договор во среда. Фреикса соопштениети го даде веднаш по крајот на состанокот на бордот што се одржа во вторник навечер. Барселона на својата официјална веб страна вели дека со ваквиот потег стратегот ќе го испочитува дадениот збор на клубот. На 20ти јануари оваа година Гвардиола, на сега веќе екс раководството предводено од претседателот Хуан Лапорта и техничкиот секретар Чики Бегиристан, вети дека ќе продолжи да биде на кормилото на Барса барем уште една година најмалку. Гвардиола има одлична кариера како тренер откако во 2008 беше промовиран од тренер на вториот тим како наследник на Франк Рајкард на кормилото на првиот тим. Во својата прва година стигна до историската тројна круна со триумф во Ла Лига, Копа Дел Реј и Лигата на Шампионите. Во втората сезона на Камп Ноу тој донесе уште четири титули: Шпанскиот Суперкуп, Европскиот Суперкуп, Светското Клубско Првенство и Ла Лига. |
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Барса се откажа од Фабрегас, сега го „брка“ АртетаКако што информираат англиските медиуми актуелниот шампион во Примера Барселона е на пат да се откаже од намерата за ангажман на Цеск Фабрегас. Според „Дејли Ливерпул Пост“, каталонците наместо шпанскиот репрезентативец ќе се обидат да доведат уште еден млад и доста талентиран играч - Микел Артета од Евертон. Шпанецот успеа да се промовира како еден од најдобрите фудбалери на „карамелите“ во изминатите неколку години па според тоа Пеп Гвардиола со задоволство би сакал да го види на Камп Ноу. Раководството на Барса се разочара поради фактот дека преговорите со Арсенал околу Фабрегас не бележат никаков прогрес со оглед на тоа дека „топџиите“ немаат намера да се откажат од услугите на шпанецот, па тоа најверојатно ќе го принуди тимот од Каталуња да се откаже од трансферот, и да се насочи кон ангажирањето на Артета. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кркиќ се израдувал на заминувањето на Ибрахимовиќ во Милан
се надева дека сега ќе му се отвори поголема можност за игра во клубот и повеќе минути нормално...Бојан Кркиќ во наредната сезона ќе игра со број 9... Го обожавам овој клуб... |
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БАРСА
|
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто Афелај е суперзасилување за Барселона?!Фудбалерот на ПСВ Ајндховен, Ибрахим Афелај, заедно со Герет Бејл од Тотенхем, моментално се едни од најталентираните млади фудбалери во Европа, а тоа ги прави и едни од најбараните на фудбалскиот пазар. Според вчерашните информации, Барселона веќе го договорила трансферот на холандскиот репрезентативец во јануари следната година. Афелај е седмиот играч на ПСВ кој направил трансфер на „Камп Ноу“, а во продолжение ви даваме неколку причини зошто овој трансфер е добар за шпанскиот шампион. 1. Замена за Иниеста
Ибрахим Афелај игра на позициите полушпиц и лево крило, нешто слично како и Андрес Иниеста. Тешко е за верување дека Гвардиола веднаш ќе го уфрли Холанѓанецот во првиот тим, но со оглед на тоа дека Иниеста често е цел на противничките фудбалери може да се случи Афелај да добие поголема минутажа од очекуваното.
2. Роден лидер Откако во 2006 година Марк ван Бомел го напушти ПСВ и премина во Барселона, холандскиот тим остана без својот лидер, но затоа тука беше Афелај да ја преземе улогата. Со само 20 години Афелај покажа дека поседува квалитет да го води тимот до титули во холандскиот шампионат. Четири сезони подоцна тој прерасна во најдобриот играч во земјата на лалињата, капитен на ПСВ и стандарден член на репрезентацијата. Нема да биде изненадување ако Афелај за две до три години ја преземе и капитенската лента во националната селекција.
3. Фантастична техника
Познато е дека екипата на Барселона негува напаѓачки стил на игра. Каталонците секогаш инсистираат на перфекција во изведувањето на акциите. Афелај е крајно атрактивен фудбалер со специфична техника што би била од голема помош за „блауграна“. Афелај има одлична пас-игра, а чувството да постигне гол од далечина го прави одлично засилување за тимот на Гвардиола.
4. Гвардиола ја признава грешката
На почетокот на трансфер-периодот ова лето Барселона доведе само едно засилување во средниот ред, што во текот на оваа полусезона се покажа како недоволно. Гвардиола направи лоша проценка со трансферот на извиканиот Маскерано и сега со доведувањето на Афелај конечно ја признава грешката, што ја направи со неангажирањето на Мезут Озил. Иако Маскерано и Афелај не играат на истата позиција во средниот ред, многу лесно може да се забележи дека во отсуство на Чави или Иниеста, Гвардиола нема многу опции и останува само со класични деструктивци Кеита, Бускетс и Маскерано. Афелај би бил вистинско освежување во тимот и енигма за противниците.
5. Евтиниот трансфер Договорот на Холанѓанецот со ПСВ му истекува на лето. Тоа ги натера челниците на тимот од Ајндховен да го продадат својот дијамант уште во јануари за колку-толку да успеат да заработат некое евро. Барселона имаше жестока конк*ренција во Арсенал и Јувентус, но Афелај си го оствари детскиот сон и потпиша за шпанскиот шампион. Изменето од емил - 16.Ноември.2010 во 14:47 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Актуелниот шпански фудбалски владетел ја победи Алмерија на гостински терен со фантастични 8:0, како најава за големото дерби против Реал Мадрид следниот викенд на „Ноу Камп“.Меси погоди трипати, Кркиќ двапати, Иниеста и Педро по еднаш плус автоголот Акасиете во најубедливата победа на „каталонците“ сезонава од 8:0. Блескавата игра надополнета со перфектната реализација треба да претставува само предупредување за Реал Мадрид пред „Ел Класико“. Пред голеадата на Барса, колото викендов во шпанската Примера беше отворено со натпреварот Виљареал – Валенсија, кој заврши 1:1. По победата на Барса, вечерва на мегдан ќе излезе и конк*рентот Реал Мадрид, кој од 22 часот на домашен терен го стартува натпреварот со Атлетик Билбао |
|
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
5:0
кутрите реал, не дадоа ниту еден гол
|
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
Внеси реплика | страница <1 56789 10> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |