IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - kejt-d-grejt
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

kejt-d-grejt

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 40>
Автор
Порака
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2010 во 16:10

  Ponekad cujem da je svijet pozornica
  i da svatko dobiva po zasluzi



Видов светлина!
Се стрчав кон неа
немав друга ни мисла, ни здив
дур не го искачив врвот.
А сепак беше недостижна.
Затоа завивав!

Видов светлина!
Летнав кон неа
ја досигнав, ја бакнав
ми ги спржи... и усните... и крилата
Сега лежам залепена за неа...
и мртва.







Изменето од kejt-d-grejt - 05.Март.2010 во 16:30
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 16:11

Ги сакам луѓето!
не обавезно и не сите
само оние кои ќе ми пратат
тајни сигнали
дека умеат да заклучат тишина во срцето.
Чувствувам
како им осцилира низ вените
сублимат од насмевки и плач
и тврда закоравена тага.

Пробувам, ама не успевам
да ставам два прста во уста
и да ја исповратам
сета нежност што ја чувам за нив
во длапката под вратот...
оти ја сакам,
ама проклето ми тежи





Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 14:16


Се врзавме во чвор еден за друг
ако викнеме помош, ќе се заврти залудноста.
Посадивме семе кое не сакаме да никне.
не бидува тоа така!
Диламе со емоции, занемаруваме значења
убедени дека и да не' убијат,
ќе се разбудиме насмеани
просто, земски работи не признаваме!
Не знам...
понекогаш мислам дека
ја губиме дефиницијата за љубовта
во рингишпилот на очекувањата
твоите обврски...
моите обврски...
на крај ќе испадне дека сме само...
...
...незрели


Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2010 во 21:36


Брзо и отсечно, како лента за депилација
се оттргна и овој ден од дланкиве.
Сепак е така најдобро
не сакам недовршени умирања.
Од се' што може да ти се случи
најтешко е чекањето.

Баш супер што е темно
и што нема веќе врева.
Ги научив добро чекорите,
но ме заморува играта.
Тешко е да останеш врел
меѓу овие луѓе од магла.

Ноќва се капам во елегија
жалба за младост,
моја неизживеана тајно!
Сакам да те почувствувам.
да ме научиш
каде почнува бесмртноста.

Пеколно ми недостасуваш...




Изменето од kejt-d-grejt - 20.Март.2010 во 21:36
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2010 во 20:29


Не ти кажав...

ме скокоткаа твоите мисли
дури зборувавме за времето.

Не морам ништо да ти кажувам
-ти разбираш!

Ги пиев твоите песни
како топол чај сред невреме
и учев...
има нешто уште подлабоко!

Во тебе клокоти страст
тешка како душа
а јас имам песјаци
и вочји нос
на километри да ја намирисам.

Голтаме лакомо
неизџвакани залаци сонце
свесни сме,
дека еден ден ќе не` засркнат.
не е важно
дури како луди се кикотиме....
не е важно...

Чин-чин, мила моја
најслатко е она што не` убива.






Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2010 во 22:51


Се' што ни е драго, умира барем двапати


Судбината мил мој,
е каприциозна цура со сочни усни и цврсти бедра.
Ова што ни го дели е шпил без кецови.
Не пробувај да блефираш!
Партијата е продадена.

Чудно...
мислев дека еден ден
ќе се умориме од ова наше
бркање и бегање
мрзнење, па вриење...
(ништо наше не е млако)

Мислам...ништо страшно,
занесот ретко кога изгубил од скрупулите.
Но, не е тоа причина за грижа
така било од памтивек.

Сепак сме ние...
Словенски души



Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2010 во 18:12


Постојат луѓе,
кои ме доведуваат до состојба на рамнодушност,
а мене од тоа чувство ми се повраќа.
Парови кои одамна не се држат за рака,
се бакнуваат само на железничка и се дупат од обврска,
диктираат морални закони.
Потсеќаат на бесвкусност
како несолено јадење,
на шлагер од два акорди,
на фризури што не мрдаат,
на вести на МТВ
Ми ги силуваат ушите со својата глувост,
јас мислам ми мафтаат, тие го бркале лошото од себе.
Зрачи од перверзност непроменливоста на нивните навики

Далеку сме едни од други илјада емотивни години.

Знаеш ли зошто цело мое детство ги искршив колената трчајќи ти во прегратка?
зошто знаев - нас овој свет не може да не' сака.






Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2010 во 18:51


На една солза која побара да се брани од слобода


Пробувам да го убијам и овој ден
ништо убаво не донесе
ни една нежност како замка
ни лага макар како причина да се живее.
одек само на оргазам од предавство.
Ми станале проѕирни и капаците и трепките
немам кај да се скријам.

Чудно е што судбина, го нарекуваме само она што е лошо.
Судбина... денес е лошо.

Зошто би приметувала било што освен крајот на овој ден?
го износев на плеќи ради реда.

Мимикрија...
колку лесно и' се предаваме,
верувајќи дека сме сеуште тоа ние.

Уште малку и ќе биде мрак
зборот совршенство алудира на тишина

c'est la vie..., драга моја Кејт...c'est la vie...











Изменето од kejt-d-grejt - 30.Мај.2010 во 00:04
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 08:50


Ако сакаш да ме најдеш,
навлечи насмевка од Рет Батлер
и стар Монтгомери мантил
скини лалиња од бавчата на баба ти
и ни случајно целофан.

Донеси се' што е старо и добро

Ќе ги пуштаме Бијело Дугме на грамофон,
ќе грицкаме топли кикирики
ќе си ги туткам нозете кај тебе во скут
ќе се сеќаваме на Наше море
и... ќе пееме
сосема тивко... Селма...

Ќе се гледаме со онаа меланхолија
која ги омекнува луѓето
кога стареат.




Изменето од kejt-d-grejt - 05.Август.2010 во 08:51
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2010 во 19:31


Мек сомот од тишина и темнина
ме покрива.
Лежам со прекрстени нозе
и раце кренати над глава.
Ме разгалува спокојот.
Се' што сакам во овој момент е да ме земеш
- Зошто не сум ти најважна?

Ги пуштам мислите да се излеат од своето корито.
Убаво ми е...

Утре ќе мислам што ќе готвам за ручек.



се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2010 во 19:32
само за скарлет и лепо друштво плазење
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2010 во 19:34
Originally posted by kejt-d-grejt kejt-d-grejt напиша:

само за скарлет и лепо друштво плазење
 
Jas sum poubavata polovina od drustvotoa ama aj neka ti bide ... голема%20насмевкаголемо%20гушкање
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2010 во 23:05


Глас на залудност црта тага врз моето чело.
Се препуштам на дождот на твоите обвинувања
и немам желба да се бранам
и онака сум одамна мокра

Јас можам да и` дозволам победа на љубовта
само се плашам дека ќе биде пирова

Ти го гледам лицето...
си ги прегризувам усните до крв
за да не крикнам од желба.

Ги криеш ли солзите?
ги спремаш ли за двобој?
- или ги немаш за мене...

Тага? - не е тоа тага
горчина само
и толку

Sometimes, мораш да одиш и кога најсилно љубиш


се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2010 во 20:28
Рецепт за залуден бег

Го знаеш она чувство
кога седнуваш зад волан
и го повикуваш ѓаволот да ти биде френд?

Полека нагазуваш...
ветрот ти ја лиже потта од вратот
уживаш во тоа бревтање на возбуден љубовник
а штом ќе збесне,
му го затвораш прозорот пред нос
и му се смееш

Тогаш згазни ја до крај педалата,
стегни го воланот,
направи го к*ршум погледот,
разбуди ги рефлексите
и уште....
бркај ги семафорите,
влези им в макази на спорите,
знакот STOP е за примерните,
дај му се на адреналинот да ти ги скокотка органите

Хоризонтот е оштрица
меѓу екстазата и стравот
и фатално те привлекува
нешто како...
ashes to ashes

се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 40>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.