IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поучни случки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поучни случки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 23>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2010 во 13:27
pcelka, повеќето форумџии знаат дека и јас поминав низ сличен, а можеби и малку потемен тунел од оној низ кој што сега поминуваш и се надевам и молам дека ги доодуваш ти.
И јас пред година дена слично на тебе пишав на една тема (Благодарност до Бог?) за моето патешествие низ тој тунел, со посебен акцент на Божјата рака која верно ме водеше низ тој тунел преку чија светлина темниот тунел беше навистина силно осветлен.
Јас бев болен од рак, имав 2 операции и 8 хемотерапии. А ме снајдоа и други несреќи кои не ги пишувам тука јавно, но ти ги пишав тебе лично.

Многумина ме гледаа со сожалување дека минувам низ тој темен тунел, чудејќи се како е можно да гледам светлина во таа темнина и како е можно да стојам цврсто оптоварен со целиот тој товар врз моите плеќи, а да не се скршам. Тие се чудеа на тоа, затоа што ме гледаа само мене и не можеа да го видат Бог кој цврсто ме држеше исправен, Бог Кој ми даваше сила, светлина, надеж, вера, мир кој го надвисува човечкиот мир и песни во срцето со кои што непрестанав да го славам дури и во тие моменти.

Originally posted by pcelka pcelka напиша:


И безброј прашања од типот, Зошто Мене ??? Од каде сега
ова ??? Зарем малку ми беа другите несреќи ???


Многумина ми ги поставија тие прашања кои што си ги поставила и ти: Зошто баш тебе да те снајде оваа несреќа? Некои од неверниците ми велеа: Па нели ти си со Бог, тогаш зошто баш тебе те снајде ова?
На ова им одговарав: Па зарем не е подобро што ме снајде мене, отколку тебе? Зарем не е подобро што ме снајде мене кој верувам во Бог, помирен сум со Него и имам надеж за вечниот живот, отколку да те снајдеше тебе кој немаш надеж за животот после смртта и која претставува фатален крај за тебе?
Еден неверник еднаш ми рече (парафразирам): "Џабе веруваш во Бог, види што те снајде." Овој човек, кој патем многу ми беше драг, за жал почина лани.

Интересно е тоа што откако јас бев излечен од оваа опака болест, никој од неверниците не ми го постави прашањето: Зошто баш ти? Зошто баш ти преживеа, а многумина починаа?
Имено, додека идев на хемотерапииите и болниците запознав неколку пријатели (ги нарекувам хемо-пријатели). Четворица од нив веќе починаа. Четвртиот почина пред 4 дена. Еден беше и со поран стадиум од мојот. Зошто тие починаа, а мене ме снајде да преживеам? Никој не ми го постави ова прашање. Интересно нели?

Originally posted by pcelka pcelka напиша:


Не сакав никој да се моли за мене
не се молев ни јас.сакав да биде онака како што ќе
одлучи Бог. Секое мое будење, наутро, првата помисла
ми беше , јас се разбудив, Ти благодарам Господе..!
Ти си знаеш, како треба ...! Тоа не беа молитви, туку
еден вид Благодарност до Бог, што ми подарува ново утро , ден, вечер....


Темава е "Поучни случки". Се надевам дека твојата поука што ја оставаш тука не е да не се молиме кога сме во тешки ситуации, затоа што таа поука би била спротивна на Христос кој неколку пати ги поучуваше учениците: "Молете се, молете се, молете се, барајте, чукајте..."

Originally posted by pcelka pcelka напиша:


Многу сум им благодарна на Православие и Евангелос..
...а највеќе на Тетратка, кој постојано
беше со мене   ...      


Те советувам да напишеш: повеќе на Тетратка (еве една гушка и од мене до него големо%20гушкање), а највеќе на Бог кој беше постојано со тебе и сеуште е со тебе големо%20гушкање
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2010 во 15:21
ДОКСА ТУ ТЕУ...!!!

Понекогаш Зборовите се непотребни!...

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2010 во 16:31
Понекогаш се непотребни, но понекогаш се и неопходни. Бог ќе ни суди за она што сме го кажале, а не сме требале, но ќе ни суди и за она што сме го премолчиле, а сме требале да го кажеме.
Повикани сме да охрабруваме, да говориме за силата на Бог и да ги охрабруваме луѓето да се молат. Оној што ја знае и ја искусил моќта на молитвата не може да молчи за неа.

"Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори." (Исус во Матеј 7:7, Библијата)

"Досега ништо не баравте во Мое име; барајте и ќе добиете, за да биде вашата радост полна." (Исус во Јован 16:24, Библијата)

"Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде." (Исус во Јован 15:7, Библијата)

"И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите!" (Јаков 5:16, Библијата)

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2010 во 01:30
Originally posted by pcelka pcelka напиша:

Мојата омилена тема , одамна не сум ја посетила...
Незнам колку е ова поучна случка, повеќе е моја приказна, но сакам да ја напишам тука....

Од почетоков на годинава работев напорно и долго на еден
проект.Почнаа да ми се јавуваат главоболки, но си мислев
дека сето тоа е од напор.Ама не било така.
Болките стануваа секојдневни и неподносливи... отидов на лекар, резултатите........ шок........ Во прв момент мислев дека целиот мој свет ..ми се урна....колку беше болката голема, толку растеше бесот и лутината во мене.
И безброј прашања од типот, Зошто Мене ??? Од каде сега
ова ??? Зарем малку ми беа другите несреќи ???
Една реченица од Евангелос како да ме врати во
колосек..... Не го вперувај прстот во Бог...! И тогаш
си реков, што е тука е ...
Заминав од овде, и после неколку испитувања надвор...
состојбата не беше таква односно резултатите не покажаа
како овдешните....... Не сакав никој да се моли за мене
не се молев ни јас.сакав да биде онака како што ќе
одлучи Бог. Секое мое будење, наутро, првата помисла
ми беше , јас се разбудив, Ти благодарам Господе..!
Ти си знаеш, како треба ...! Тоа не беа молитви, туку
еден вид Благодарност до Бог, што ми подарува ново утро , ден, вечер....
Сега неколку дена сум дома, многу подобра од како заминав
следнава недела пак се враќам, да ги дозавршам терапиите
И се надевам дека се ќе биде во ред, и дека мојот 24 ти
роденден ќе си го славам тука, а не горе на небото
со Тоше...како што си помислив.

Многу сум им благодарна на Православие и Евангелос..
...а највеќе на Тетратка, кој постојано
беше со мене   ...      


Да не пукнеш... баш пријатно ме изненади што се појави на Вероисповед... мислев дека си замина од таму... ама не било така . Многу ме израдува што оние редови и редови, кои ти ги отчукаа овие две раце, ти биле на добро и ептен ми е ќеф што си жива, здрава и свесна дека “...секое добродавање и секој совршен дар е од озгора, од Него - Отецот на Светлината, и дека треба Нему да Му оддаваме Слава и БлагоДарност и Поклонение, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин!“ - како што велиме при крајот на секоја Литургија.

Дај Боже да бидеш сосема во ред!

Фала и Слава на Бога!
Нека биде Името Господово Благословено од сега па довека! Амин!
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2010 во 16:22
Originally posted by pcelka pcelka напиша:

Мојата омилена тема , одамна не сум ја посетила...
Незнам колку е ова поучна случка, повеќе е моја приказна, но сакам да ја напишам тука....

Од почетоков на годинава работев напорно и долго на еден
проект.Почнаа да ми се јавуваат главоболки, но си мислев
дека сето тоа е од напор.Ама не било така.
Болките стануваа секојдневни и неподносливи... отидов на лекар, резултатите........ шок........ Во прв момент мислев дека целиот мој свет ..ми се урна....колку беше болката голема, толку растеше бесот и лутината во мене.
И безброј прашања од типот, Зошто Мене ??? Од каде сега
ова ??? Зарем малку ми беа другите несреќи ???
Една реченица од Евангелос како да ме врати во
колосек..... Не го вперувај прстот во Бог...! И тогаш
си реков, што е тука е ...
Заминав од овде, и после неколку испитувања надвор...
состојбата не беше таква односно резултатите не покажаа
како овдешните....... Не сакав никој да се моли за мене
не се молев ни јас.сакав да биде онака како што ќе
одлучи Бог. Секое мое будење, наутро, првата помисла
ми беше , јас се разбудив, Ти благодарам Господе..!
Ти си знаеш, како треба ...! Тоа не беа молитви, туку
еден вид Благодарност до Бог, што ми подарува ново утро , ден, вечер....
Сега неколку дена сум дома, многу подобра од како заминав
следнава недела пак се враќам, да ги дозавршам терапиите
И се надевам дека се ќе биде во ред, и дека мојот 24 ти
роденден ќе си го славам тука, а не горе на небото
со Тоше...како што си помислив.

Многу сум им благодарна на Православие и Евангелос..
...а највеќе на Тетратка, кој постојано
беше со мене   ...      


Taka e Pcelke, BOG najdobro znae kako treba... ostavi se vo Negovi race .

Golem pozdrav do tebe i ti se vosh*tuvam na tvojata hrabrost i duhovna sila.

 Golem pozdrav i do site sto gi navede koi  ti davale poddrska , jas ke se molam za tebe . BOG neka te blagoslovi големо%20гушкање
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2010 во 19:15
Originally posted by pcelka pcelka напиша:

сакав да биде онака како што ќе
одлучи Бог. Секое мое будење, наутро, првата помисла
ми беше , јас се разбудив, Ти благодарам Господе..!
Ти си знаеш, како треба ...! Тоа не беа молитви, туку
еден вид Благодарност до Бог, што ми подарува ново утро , ден, вечер....
Па тоа е најправилната молитва. Најефективно е кога бараме и дозволуваме волјата Божја да се врши, само тој знае што е најдобро за нашата душа и тело.

Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2010 во 20:10


    



Додека се обидувал да замисли како Бог теши, писателот М.Е. Парс својата мисла ја изразил со следните прекрасни зборови:

„Дете на мојата љубов ,потпри се цврсто! И дозволи ми да ја почуствувам тежината на твојата грижа. Го знам твојот товар, зошто јас сум го вообличил. Јас го ставив во своја рака и сторив од него тежината да биде најлесна за тебе. Кога го ставив врз твојата повиена силуета, реков: Ќе бидам близу и додека се потпираш врз мене, тој товар ќе биде мој, а не твој.“

Додека ги пишувал овие зборови писателот можеби ги имал на ум зборовите што ги изговорил апостол Петар : „Сите ваши грижи оставете ги на Него зошто Он се грижи за вас.“(1 Петрово 5,7)

Христијанинот верник не е оставен во мрак на безнадежност кога животните искушенија му се закануваат да го уништат. Тој има извор на утеха и на совет – некого во кого може да се надева. Тој има прибежиште.

Сепак тоа не значи во условите на човечките можности сите страдања можат да се објаснат и наполно да се сфатат. Веројатно никој наполно не го разбира проблемот на болката и болестите или зошто Бог дозволува свирепост во односите со луѓето. Овој дел на човечкото искуство покренува многу прашања на кои напразно бараме одговори.

Секој од нас ќе искуси болка. Кога во безизлезот и во збунетоста вие и јас ќе поставиме прашање: „Зошто требаше да ми се случи тоа мене?“ или “Зошто оној што ми е толку мил мораше да помине низ сето тоа?“, на тоа не постојат лесни одговори. Постојат тајни во кои човечката моќ на сфаќање не може да проникне.

Не е тешко да се пронајде причината за многу несреќи. На пример, ако некое лице пие, а вози, лесно можеме да разбереме зошто настанала несреќа. Ако некој пуши и добие рак на белите дробови, научниците не се многу изненадени со појавата на трагичните последици. Дејството на законот за “сеидбата и жетвата“ често се покажува мошне остро.

Но што да се каже за невиното дете што го убил пијан возач? Или за младичот што живеел живеел здрав и чист живот, а сепак доживеал смртен удар на страшна и неизлечлива болест? Апостол Петар ја допира оваа тајна со следниве зборови: “Возљубени, не чудете се на огненото искушение, што ви се праќа поради испитувањето, како нешто ново да ви станува “(1 Петрово 4,12)

Кога ќе се соочиме со неочекувани проблеми, со непријатни искушенија, со тешки недоразбирања и со лични трагедии, забораваме дека тоа што не снашло не е ниту нова ниту непозната појава. Според текстот на апостол Петар, верниците на црквата пред две илјади години воделе борба со истите искушенија. Таа борба е постара и од искуството на апостолската црква. Во книгата за Јов, што се смета за најстара книга на Библијата, суштината на живеењето на Земјата е изразена вака: “Роден од жена, човекот е кратковечен и презаситен од неволји“ (За Јов 14,1) Се чини дека оваа слика во својата долга историја ниту малку не се изменила. Овој свет е преполн со неволји, со болки, со страдања и со смрт. Мнозина беспомошно застануваат пред фактот што катастрофите и несреќите подеднакво ги погаѓаат и побожните и грешниците. Понекогаш се чини дека побожните поднесуваат поголем дел од општите човечки страдања. Тоа го забележал пистаелот на химни, Асаф, и тоа свое сознание го преточил во стиховите на 73 Псалм. Сјајното напредување на грешните и искушенијата на светите и за него биле загатка се додека Бог не му помогнал да го сфати конечниот исход. Библијата нагласува дека страдањето дошло на овој свет како последица на гревот. Кога на гревот не би му било дозволено да влезе на оваа планета, не би имало ниту страдања. Кога Бог ќе го отстрани гревот и ќе ја обнови земјата, нема повеќе да има солзи ниту жалост, ниту болка, ниту тага. “Бог ќе избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има повеќе, ниту плачење, ниту викање, ниту болест нема да има повеќе, зошто првото помина.“ ( Откровение 21,4)

Меѓутоа, фактот што гревот предизвикува страдања не значи дека секој поединец ќе страда само поради гревот што го сторил во својот живот. Вистина е дека многу неволји поднесуваме затоа што други ги предизвикале во нашиот живот.

Понекогаш, како во случајот на Јов, ѓаволот предизвикува неволји. Постојат и болни искуства што Бог дозволува да дојдат на нас затоа што сака да оствари посебна цел што не можеме да ја согледаме. Сега “знаеме нешто“ и “сега гледаме нејасно како во огледало, а тогаш – лице во лице, сега знам нешто, а тогаш ќе знам како што сум познат“ (1 Коринќаните 13,9 -12)
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2010 во 11:50

Приказна за неродените близнаци




Во мајчината утроба, сеуште неродени, разговараат близнаци. Едниот од нив е верник, а другиот не.

Наверниот : Веруваш ли во живот после раѓањето?

Верниот: Па секако! На сите им е јасно дека постои живот после раѓањето. Ние сме овде само за да станеме доволно силни и добро да се подготвиме за она што подоцна не’ чека.

Неверниот: Па тоа е глупост! Никаков живот после раѓањето не постои, ниту пак може да постои! Можеш ли воопшто да замислиш како тој живот би можел да изгледа?

Верниот: Не ги знам точно сите детали, но верувам дека таму ќе има повеќе светлина и дека, можеби, сами ќе одиме и со свои усти ќе јадеме.

Неверниот: Каква бесмисленост! Нема шанси сами да одиме и со свои усти да јадеме. Тоа би било навистина смешно! Та ние имаме папочна врвка која не’ храни. Знаеш, би сакал да ти кажам нешто навистина сериозно: живот после раѓањето не може да постои и заради тоа што нашиот живот – папочната врвка – и без тоа е премногу краток.

Верниот: А јас сум сигурен дека може и да постои. Само што се’ ќе биде малку подруго од сега. Јас тоа навистина можам да го замислам.

Неверниот: Но, никој не се вратил од таму! Животот, едноставно, се завршува со раѓањето. И воопшто, живот – тоа е само огромно страдање во темница.

Верниот: Не и не! Навистина не се сложувам со тебе. Не знам точно како ќе изгледа нашиот живот после раѓањето, но во секој случај, знам дека ќе ја видиме мама и таа ќе се погрижи за нас.

Неверниот: Мама? Зарем навистина веруваш во мама? Па каде, воопшто, се наоѓа таа?

Верниот: Таа е насекаде и во се’ околу нас. Ние пребиваме во неа и благодарејќи на неа се движиме и живееме. Без неа, ние, едноставно, не можеме да постоиме.

Неверниот: Е, тоа е навистина апсолутна бесмисленост! Јас не сум видел никаква мама и затоа очигледно е дека таа едноставно и не постои.

Верниот: Никако не можам да се сложам со тоа. Јас, понекогаш, кога се’ наоколу ќе се стиши, ја слушам како пее и чувствувам како го набљудува овој наш свет. Силно верувам дека нашиот вистински живот ќе започне после раѓањето. А ти?


Преземено од блогот Маран Ата


Изменето од Maran Ata - 27.Мај.2010 во 11:52
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2010 во 16:28
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Приказна за неродените близнаци




Во мајчината утроба, сеуште неродени, разговараат близнаци. Едниот од нив е верник, а другиот не.

Наверниот : Веруваш ли во живот после раѓањето?

Верниот: Па секако! На сите им е јасно дека постои живот после раѓањето. Ние сме овде само за да станеме доволно силни и добро да се подготвиме за она што подоцна не’ чека.

Неверниот: Па тоа е глупост! Никаков живот после раѓањето не постои, ниту пак може да постои! Можеш ли воопшто да замислиш како тој живот би можел да изгледа?

Верниот: Не ги знам точно сите детали, но верувам дека таму ќе има повеќе светлина и дека, можеби, сами ќе одиме и со свои усти ќе јадеме.

Неверниот: Каква бесмисленост! Нема шанси сами да одиме и со свои усти да јадеме. Тоа би било навистина смешно! Та ние имаме папочна врвка која не’ храни. Знаеш, би сакал да ти кажам нешто навистина сериозно: живот после раѓањето не може да постои и заради тоа што нашиот живот – папочната врвка – и без тоа е премногу краток.

Верниот: А јас сум сигурен дека може и да постои. Само што се’ ќе биде малку подруго од сега. Јас тоа навистина можам да го замислам.

Неверниот: Но, никој не се вратил од таму! Животот, едноставно, се завршува со раѓањето. И воопшто, живот – тоа е само огромно страдање во темница.

Верниот: Не и не! Навистина не се сложувам со тебе. Не знам точно како ќе изгледа нашиот живот после раѓањето, но во секој случај, знам дека ќе ја видиме мама и таа ќе се погрижи за нас.

Неверниот: Мама? Зарем навистина веруваш во мама? Па каде, воопшто, се наоѓа таа?

Верниот: Таа е насекаде и во се’ околу нас. Ние пребиваме во неа и благодарејќи на неа се движиме и живееме. Без неа, ние, едноставно, не можеме да постоиме.

Неверниот: Е, тоа е навистина апсолутна бесмисленост! Јас не сум видел никаква мама и затоа очигледно е дека таа едноставно и не постои.

Верниот: Никако не можам да се сложам со тоа. Јас, понекогаш, кога се’ наоколу ќе се стиши, ја слушам како пее и чувствувам како го набљудува овој наш свет. Силно верувам дека нашиот вистински живот ќе започне после раѓањето. А ти?


Преземено од блогот Маран Ата


да
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2010 во 22:58
         SAKAM MOJOT TATKO DA IZLEZE OD RAMKATA NA SLIKATA

 Za vreme na Bozik edno dete bilo prasano od negoviot ucitel: " Sto sakas ti za Bozik?"

Deteto se setilo na vramenata slika na tatko mu, koj tolku mnogu go sakal no vekje ne bil ziv .

Togas, tivko mu odgovoril na ucitelot:" Sakam mojot tatko da izleze od ramkata na slikata i povtorno da bide so nas!"


Slicno kako i toa dete, mozebi i nie imame izgubeno nekoj blizok i ni se cini deka ne mozeme da ja podneseme bolkata koga gi gledame slikite i se sekjavame na ubavite denovi .


No, Semokniot BOG , koj vo ISUS dojde na Zemjata i izleze od ramkata, ni veti deka eden den, pak ke bideme so svoite bliski, deka se ke bide popraveno  i deka se sto bilo loso porano nema ni da go spomnuvame.
(Otkrovenie 21:3,4,5)


Koga toa go znaeme, BOG veke ne e daleku od nas. Veke ne ne opkruzuva studenata vselena,slepata sudbina, cistata slucajnost, tuku BOG i Negovata licna ljubov kon nas.

Vo deteto od Vitleem i vo mazot od Golgota BOG ni ja soopsti Negovata ljubov i saka nie da odgovorime na nea.( Jakov 4: 8)

Preku ISUSA, BOG gi ispruzuva Svoite race kon nas. ( Jovan 3:16)

Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2010 во 18:06
НЕВЕРОЈАТНО НО ВИСТИНИТО-НАЈГОЛЕМО ЧУДО НА ВЕКОТ ВО РОМАНИЈА


 

 

 Во едно мало село во Романија, веќе подолго време немало постојан свештеник. Жителите на селото често оделе кај Патриjархот, со барање да им испрати свештеник. Но, Патријархот не ги задоволил нивните барањата. Селаните не се откажувале и постојано оделе кај Патријархот, кој не се однесувал ништо поразлично кон нивните барања отколку на почетокот, велејќи дека нема вишок свештеници, па затоа не може да им испрати во селото. Меѓувремено, луѓето умирале без погреби и помени, други луѓе се земале еден со друг без  чинот на венчавање, имало деца и постари кои не биле крстени.
Еден ден, ненајавено, дошла кола пред црквата и се појавил свештеник. Селаните се изненадиле. Кога отишле во црквата да го пречекаат, го запрашале: “Како дојде во селото, кога Патријархот ни рече дека нема свештеник за да ни прати?“ Свештеникот им одговорил: “Нели се залагавте да ви се испрати свештеник? Сега веќе го имате“. Сите селани биле задоволни од присуството на новиот свештеник.
 Тој веднаш се зафатил со работа. Ги поминал сите гробови и прочитал молитви за починатите. Крштевал и венчавал, и ги причестувал со Телото и Крвта Христови.
 Еден ден ги викнал селаните во црквата и им рекол: “Јас си заминувам сега, мисијата е завршена“. Но, селаните натажени и збунети од одлуката, го запрашале: “Само што дојде, а си  заминуваш?! Но, свештеникот не се премислил и стоел на својата одлука. Кога селаните виделе дека ништо не можат да сторат, му се заблагодариле. 
 По некое време, селаните повторно отишле кај Патријархот, да му заблагодарат што им испратил свештеник и да го замолат ако е можно наскоро да им испрати друг, но Патријархот не знаел кој свештеник бил таму. Им рекол дека не им испратил свештеник, бидејќи немал, и го побарал Протосингелот, да провери со него. Му се јавил и го прашал, но и тој рекол дека не пратил никого. “Што правеше свештеникот кај вас?“, прашал Патријархот. Селаните му одговориле: “Венчаваше, крштеваше, извршуваше опело за нашите родители, она што на секој свештеник му е должност“.
 Потоа Патријархот ги прашал дали им дал некој документ и дали ги завел извршените свети тајни? “Секако“, рекле селаните, “ни даде документи и ги заведе во црковните книги“. “Дали некој виде што запиша во нив? И со кое име се потпиша?“ - прашал Патријархот, а селаните му одговориле: “Сите документи се на романски јазик, но имаше потпис на јазик што не сме го виделе претходно, а ние не сме толку едуцирани да разбереме.“ Патријархот дал указ да бидат донесени книгите, за да се види кој е тој свештеник. Кога селаните се вратиле со книгите, Патријархот останал без зборови. Не можел да поверува на своите очи. Навистина, сите документи биле напишани на романски, но потпишаното име било на грчки, Нектариј, епископ на Пентаполис(Егински).
Извор: http://full-of-grace-and-truth.blogspot.com/2009/11/great-miracle-of-st-nektarios-in.html

 

Преземено од : Православен пат



Изменето од Pravoslavie - 06.Јуни.2010 во 18:07
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2010 во 14:01
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

 Во едно мало село во Романија, веќе подолго време немало постојан свештеник. Жителите на селото често оделе кај Патриjархот, со барање да им испрати свештеник. Но, Патријархот не ги задоволил нивните барањата. Селаните не се откажувале и постојано оделе кај Патријархот, кој не се однесувал ништо поразлично кон нивните барања отколку на почетокот, велејќи дека нема вишок свештеници, па затоа не може да им испрати во селото. Меѓувремено, луѓето умирале без погреби и помени, други луѓе се земале еден со друг без  чинот на венчавање, имало деца и постари кои не биле крстени.Еден ден, ненајавено, дошла кола пред црквата и се појавил свештеник. Селаните се изненадиле. Кога отишле во црквата да го пречекаат, го запрашале: “Како дојде во селото, кога Патријархот ни рече дека нема свештеник за да ни прати?“ Свештеникот им одговорил: “Нели се залагавте да ви се испрати свештеник? Сега веќе го имате“. Сите селани биле задоволни од присуството на новиот свештеник. Тој веднаш се зафатил со работа. Ги поминал сите гробови и прочитал молитви за починатите. Крштевал и венчавал, и ги причестувал со Телото и Крвта Христови. Еден ден ги викнал селаните во црквата и им рекол: “Јас си заминувам сега, мисијата е завршена“. Но, селаните натажени и збунети од одлуката, го запрашале: “Само што дојде, а си  заминуваш?! Но, свештеникот не се премислил и стоел на својата одлука. Кога селаните виделе дека ништо не можат да сторат, му се заблагодариле.По некое време, селаните повторно отишле кај Патријархот, да му заблагодарат што им испратил свештеник и да го замолат ако е можно наскоро да им испрати друг, но Патријархот не знаел кој свештеник бил таму. Им рекол дека не им испратил свештеник, бидејќи немал, и го побарал Протосингелот, да провери со него. Му се јавил и го прашал, но и тој рекол дека не пратил никого. “Што правеше свештеникот кај вас?“, прашал Патријархот. Селаните му одговориле: “Венчаваше, крштеваше, извршуваше опело за нашите родители, она што на секој свештеник му е должност“. Потоа Патријархот ги прашал дали им дал некој документ и дали ги завел извршените свети тајни? “Секако“, рекле селаните, “ни даде документи и ги заведе во црковните книги“. “Дали некој виде што запиша во нив? И со кое име се потпиша?“ - прашал Патријархот, а селаните му одговориле: “Сите документи се на романски јазик, но имаше потпис на јазик што не сме го виделе претходно, а ние не сме толку едуцирани да разбереме.“ Патријархот дал указ да бидат донесени книгите, за да се види кој е тој свештеник. Кога селаните се вратиле со книгите, Патријархот останал без зборови. Не можел да поверува на своите очи. Навистина, сите документи биле напишани на романски, но потпишаното име било на грчки, Нектариј, епископ на Пентаполис(Егински).

Напис од Премин Портал


Дивен е Бог во светиите Свои!!!



Изменето од Maran Ata - 07.Јуни.2010 во 14:15
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2010 во 22:28

                             KAKO SE UNISTUVAAT NEPRIJATELITE !


 Edna stara kineska legenda raskazuva za eden car,  koj trgnal na pat so vojskata da ja osvoi zemjata na svoite neprijateli i da gi unisti neprijatelski nastroenite sosedi.

Po nekoe vreme, go videle lugjeto kako sedi so svoite neprijateli na zaednicki rucek, igri i veselbi.

Zacudeni go prasale : " Zarem ne sakase da gi unistis tvoite neprijateli?"

Toj im odgovoril so nasmevka: " Ete, gledate deka gi unistiv vekje, pravejki gi moi prijateli ! "
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2010 во 23:10



     Sto zboruva tvojata sovest?


"Vistinata ja zboruvam vo Hrista, ne lazam; svedok mie mojata sovest vo Svetiot Duh." (Rimjanite 9,1)


Vo prvite godini posle vtorata svetska vojna vo germanskiot Bundestag doslo do bucni raspravii na temata "sovest".
Vo parlamentot nekoj pratenik glasno viknal: "Sovesta laze!" Na taa izjava drugite se pobu-nile: Moze li sovesta da laze? Dali toj pratenik e vo pravo? Bil vo pravo.
Da se setime samo za onie koi spored nivnata sovest revno sobi-rale drva i gi stavale na lomaca na koja bil zapalen Jan Hus. Osnovacot na psihoanaliza Segmund Frojd (1856-1939), rekol: "Sovesta ne e nisto drugo do prenesuvanje na informacii od nadvor vnatre."
Poslednata instanca na sovesta e koga se javuva Bozjiot glas. A toa vo praksa se pokazalo kako fatalno.
Pisatelot Jan Paul potvrdil: "Nisto ne e polesno da se izlagas od sovesta", a filozofot Sopen-hauer se rugal tvrdejki deka sovesta se sostoi od strav od lugeto, strav od demonite, od praznina, predrasudi i naviki. Nie doagame poblisku do predmetot ako spoznaeme: so coveckata sovest moze da se manipulira.
Taa ne pokazuva sto e vistina, tuku samo ne predupreduva da go pravime ona sto smetame deka e vistina..
"Vo sovesta moze i Gavolot da se javi za zbor",veli ka-tolickiot teolog po etika Heribert Niedershlag i pri toa citira eden zapovednik na koncentracioni logor vo tretiot Rajh:
"Jas uste od detstvoto svesno go pravev ona sto mi zapovedea drugi." Nasiot bib-liski stih saka da ni pojasni: sto sme poblisku do Isusa Hrista, nasata sovest ke bide pod vlijanie na Svetiot Duh. Zemnite ustanovi togas ne ni se tolku vazni.
Koga ziveeme so Hrista sudijata togas e vo nas. Vo toj slucaj nemirnata sovest se ispravuva na podobro….
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.