IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Екологија
  Активни теми Активни теми RSS - Рециклирање
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рециклирање

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Рециклирање
    Испратена: 28.Април.2010 во 11:31
Секоја година повеќе од 700 милиони нови поиздржливи и потрајни автомобилски и камионски гуми се произведуваат. Производителите мора да обезбедат и побезбедно патување и долг век на искористување. Технолошката иновација од Австралиските научници, се базира на рециклирање на гумата, со што можат да понудат решение за светскиот проблем од планини на искористени камионски и автомобилски гуми.

    Pециклирањето е прилично нов процес, но не и во случајот со гумата. Во 1900 година околу 50 % од целото производство на гуми содржело рециклирана гума, а во 1960 година индустрија за гуми користела приближно 20 % рециклираната гума. Евтиниот увоз на нафта, и производството на вештачката гума довело до опаѓање на користењето на рециклирана гума. Во 1995 година индустријата за гуми користела само околу 2 % од рециклираниот материјал и тоа воглавно како полнител. 

    Планините од отпадни гуми моментално се закопуваат или се запалуваат. Во 1995 година во USA, 136 милиони отпадни гуми биле искористени како горивни компоненти за производство на електрична енергија, во цигланите за производаство на тули и во индустриските печки. Слично и во Западна Европа повеќето од отпадните гуми се користени како надополнувачи на основното горивно средство воглавно во цигланите. Но, запалувањето на отпадните гуми како горивен извор на енергија е неекономичен процес, а да не го спомнуваме и загадувањето на животната средина.

    Како алтернатива на процесот за рециклирање е процесот со кој се отстранува гумата од останатиот негумен дел од отпадните гуми, за да може да биде додадена на новите производи од гума. Но, еден од главните проблеми кај оваа метода е во тоа што само ограничена количина на вака „преработена гума“ може да се додаде кон високо квалитетните состојки. Со едноставното мешање на компонентите генерално води кон производ со по инфериорни својства, поради хемиската некомпатибилност на материјалите.

    Во Австралија тим од научници на CSIRO Building Construction &Engineering, имаат развиено технилогија која хемиски ја модифицира површината на гумата за рециклирање ја трансформира во полнително средство кое кон новата гума се додава како реактивна состојка.

    Усовршувањето на оваа револуционерна технологија траело 6 години и било водено од страна на д-р Dong Yang Wu. „Ние развивме едноставен начин за да се изгради молекуларен мост“ објаснувал д-р. Wu, „користејќи погоден избор на молекули кои ќе извршат вкрстено поврзување помеѓу молекулите од старата и новата гума“. Овие додадени молекули го формираат критичниот „молекуларен мост“ помеѓу индивидуално диспергираната гума која се рециклира во фазата на плимеризација т.е. формирање на гумата по пат на оптимална меѓусебно поврзување.

    Оваа технологија веќе e докажана преку развојот на гумата ABC (акрилонитрил-бутадиен-стирен) производ на EcoRecycleVictoria. Кај оваа гума се користи 50 % од рециклирана гума во замена за пластиката, нудејќи притоа поекономична алтернатива. "Автомобилските гуми сега можат да бидат рециклирани и искористени во продавниците за чевли, како автомобилски делови, како производи во градежништвото, вештачки крзна, еден вид восоци и за контејнери за радиоактивен отпад" д-р Wu заклучува завршувајќи ја својата изјава.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2010 во 18:56

Рециклирање на пластика

Во Гевгелија е потпишан Меморандум за реализација на проектот за рециклирање на пластика, финансиски поддржан од УСАИД и фондацијата „Аполонија“, кој ќе се реализира со партнерска поддршка на општина Гевгелија, ЈПКД„Комуналец“, училиштата „Владо Кантарџиев“ и „Крсте Мисирков“ и приватното претпријатие „Близнак-ком“.Целта на проектот е да се подобри еколошката состојба во општина Гевгелија и да се едуцираат граѓаните за рециклирање на пластиката. Постојните контејнери на ЈПКД„Комуналец“, кои се жолто обоени, ќе бидат искористени за собирање на пластичните шишиња, а 15 корпи само за пластични отпадоци ќе бидат поставени во и околу двете основни училишта во Гевгелија. Покрај овие локации, контејнери за рециклирање на пластични шишиња ќе бидат поставени на уште две локации – на паркингот кај супермаркетот „Солун 53“ и крај детското игралиште на ул.Сава Михајлов. Учениците од двете училишта и граѓаните преку флаери, но и преку конкретни акции ќе бидат информирани за значајноста на рециклирањето на пластиката.

.




Изменето од bijonse1 - 21.Мај.2010 во 19:00
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2015 во 21:15
...во 1995 година во USA, 136 милиони отпадни гуми биле искористени како горивни компоненти за производство на електрична енергија, во цигланите за производаство на тули и во индустриските печки. Слично и во Западна Европа повеќето од отпадните гуми се користени како надополнувачи на основното горивно средство воглавно во цигланите. .....


...i kaj nas u maalo za praznikot Procka se palat gumi vikat drvoto e skapo a i ne cadelo dovolno kako gumata,pa obicajot gubel od draz.
Sto sa pravis,tradicija e tradicija,tesko i ne e ubao da se prekini..среќа
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,171 секунди.