IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Фотографија, камери и видео
  Активни теми Активни теми RSS - Искуства со ТТЛ кабел за никонски блицови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Искуства со ТТЛ кабел за никонски блицови

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
cyb3rc0re Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 17.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 27
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај cyb3rc0re Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Искуства со ТТЛ кабел за никонски блицови
    Испратена: 16.Мај.2010 во 15:30
Пошто имам безжични тригери кинески, ме интересира дали кабел како SC-29 освен што има ТТЛ, има други предности пред тригер?

Ме интересира, пошто стално подесувам светло мануелно и ми треба 1-3 тест фотки пред да направам како што сакам, т.е. да изгледа како што треба, дали користење на овај кабел прави да изгледа од прва сликата како што треба или и тука бара подесување.

Што порадо би користеле во студио, преку софтбокс или чадор, безжични тригери или ТТЛ кабли. (ттл би требало да нема голема улога ако се слика низ софтбокс или чадор, пошто е попречен блицот од нив да изврши мерење или помош при фокусирање).
Кон врв
Zoran K Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 3244
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zoran K Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2010 во 01:38
Mnogu raboti prashuvash na malu mesto... i mislam deka nekoi neshta si gi ispomeshal.

Nakuso... TTL kabelot gi prenesuva site informacii megju kamerata i blicot. Blicot postaven nadvor od kamerata (na stativ ili drzhen vo raka) i natamu kje raboti TTL poradi taa konekcija. Ne znam shto pravi (dali raboti TTL ili ne?) toj kineski bezzhiceh triger za koj govorish vo tvojot post. Zavisi kako e konstruiran, a za toa bi trebalo da postoi podetalen opis od negoviot proizvoditel.

TTL kontrolata na blicot (dali postaven na teloto od kamerata ili nadvor od nego) ne garantira sekogash 100% precizno osvetluvanje. Pomaga, prilichno e tochen, no ne e bez nikakvi slabosti i ne e bezgreshen. Iako verojatno Nikonoviot sistem e najdobar od site, ne postoi nishto sovrsheno na svetov, pa zatoa ne postoi nitu sovrshan blic sistem. Tuka iskustvoto na fotografot mnogu pomaga.

Za idealno osvetluvanje so blic (osobeno ako svetlinata se podesuva manuelno, kako shto ti obasnuvash), togash sigurno deka treba 1-2 testa. Pri manuelnoto podesuvanje na blicot, TTL kabelot ili bilo kakva TTL tehnologija, nema voopshto da ti pomogne. Manuelno podesuvanje znachi iskluchuvanje na avtomatikata, a TTL ne e nishto drugo tuku eden avtomatski modalitet.

TTL tehnologijata ne e napravena za koristenje na blicot so softboks ili chador. Vo vakvite sluchai silata na blicot se odreduva manuelno i merenjeto na frlenata svetlina (ekspozicijata) se odreduva so manuelno merenje (preku kamerata ili so rachen svetlomer). Vo toj sluchaj nemash potreba od nikakov TTL kabel, tuku od obichen blic kabel ili bezzhichen triger. Jas povekje sakam da upotrebuvam bezzhichen triger bidejki ne sakam okolu nozete da mi se pletkaat kabli.



Изменето од Zoran K - 17.Мај.2010 во 01:41
Кон врв
cyb3rc0re Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 17.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 27
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај cyb3rc0re Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2010 во 20:31
Фала за одговорот, баш тоа што ме бунеше ми одговори.

Иначе безжичните тригери само пренесуваат информација кога да запали блицот, а контролата на светлото мора да ја подесиш мануелно (и на апаратот, и на блицот).

Затоа ме интересираше ТТЛ кабел, пошто гледам е бајги скап, и тоа кинески. А оригиналот е изгор. Отприлика знам како работи ТТЛ, и го користам кога СБ-800тката го ставам на апаратот, ама сакав да прашам дали некој повеќе би преферирал кабел пред тригерот (кој не нуди ништо освен палење на блицот кога треба).

Пошто редовно ги користам, сакав да прашам искуства од другата страна (ако има) со ТТЛ кабли.

Има исто и Pocket Wizards, кои исто така работат на ТТЛ но безжично, а исто така имаат и голем домет (200 метри). Е тие се 400 долари за 2, потребни за да запалат еден надворешен блиц (пр. еден за апаратот, другиот на блицот). А по телевизии гледам професионалците ги користат често. Дали тоа значи дека тие се препуштаат на ТТЛ мерењето, или сами одредуваат јачината мануелно, тоа не ми е баш најпознато.
Кон врв
Zoran K Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 3244
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zoran K Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2010 во 21:03
Ako koristish Nikon tela i Nikon blicevi, togash ne ti trebaat trigeri (za "normalni" rastojanija). Sistemot raboti TTL megju sebe i od kamerata ili od master blicot mozhesh bezzhichno da gi kontrolirash site ostanati blicevi.

Za povekje praktichno upatuvanje vo ovaa tehnika na upotreba na Nikon blic sistemot, osven na internet, obrati se do nash*te chlenovi koi redovno se sobiraat vo Mala Stanica (Skopje).










Изменето од Zoran K - 17.Мај.2010 во 21:04
Кон врв
cyb3rc0re Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 17.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 27
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај cyb3rc0re Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2010 во 12:32
За жал, имам Д40х. Или можеби требаше да речам за среќа :) затоа што со блицовите морам мануелно, нема Командер мод на телото.
Кон врв
cyb3rc0re Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 17.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 27
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај cyb3rc0re Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2010 во 12:53
Значи да сумирам:

1. ТТЛ
- добри страни: контрола на јачина автоматски низ леќа, помалце време трошење на погодување на идеално осветлена фотографија, помош за аутофокус од блицот во недоволно осветлени услови.
- лоши страни: скапа опрема за палење на блиц надвор од апарат, недоволно контрола врз осветленоста на фотографијата (автоматско мерење значи и грешки во системот, никој систем не е идеален), неможност за да се користи ако има додатни омекнувачи на светлото (софтбокс, чадор итн) затоа што сметаат на мерењето.

2. Wireless тригер
-добри страни: евтини, поголем домет од повеќето ТТЛ системи, нема кабли (и ТТЛ од никоновиот вграден систем со телата и блицовите нема кабли но дометот е мал), мануелно подесување на се за осветлување на фотографијата, можност за користење низ секакви омекнувачи на светло.
-лоши страни: повеќе време потребно за подесување на идеално осветлена фотографија, неможност за контрола на јачина од апаратот (мора да се оди кај секој блиц поединечно за да се променат некои параметри)

Се на се, според мене, подобро е со тригери за поголема контрола, иако ќе одземе малце повеќе време при поставување, но потоа има константни резултати. И е многу поевтина варијанта од ТТЛ (ттл кабли, покет визардс, нови марки на блицови кои се многу поскапи од нивните претходници, кои на старо се ич пари).

Можеби не сум во право, ова е мое мислење. Можеби и ќе порачам ТТЛ кабел во иднина да видам дали има некои други предности, а и да видам како ќе работи.
Кон врв
Zoran K Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 3244
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zoran K Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2010 во 15:03
Mali popravki vo sumiranjeto:

1. TTL - nema loshi strani. Ako blicot e nadovr od aparatot, a kamerata nema komander mode vo teloto, dokolku imash ushte eden od novite Nikonovi blicevi na teloto, mozhesh nego da go upotrebuvash kako komander. Isto taka, blicovite vo Nikon sistemot mozhesh da gi stavish vo sekakov mode na avtomatska ili manuelna rabota. Vo vrska so avtomatskoto merenje (mode A na blicot), ne znam zoshto bi go odbral toj mode, no i za nego vazhi deka iako ne e idealen, kako shto ne e idealen nitu TTL, sepak mozhe da se koristi so soodvetno koregiranje na frlenata svetlina od mestoto na komanderot. So upotreba na omeknivachi na svetloto ne mozhat da se koristat nikakvi avtomatski merenja od strana na blicot, no sistemot mozhe i natamu da se upotrebuva kakao wireless triger.

2. Wireless triger e sekogash skap ako sporedish deka onoj so blicovite go dobivash besplatno zaedno so blic sistemot. Tochno e deka dometot na kvalitetnite Wireless trigeri e daleku pogolem, no tie trigeri se i daleku poskapi i ne "zbporuvaat" megju kamerata i blicovite. Tie sluzhat samo za prakjanje na triger signal do blicot. Pri nivnata upotreba blicot mozhe da se stavi vo avtomatski ili manuelen mode. Edinstvenata dobra strana na ovie trigeri e nivniot pogelem dostrel, no vistinskoto prashanje e kolkav domet voopshto ti treba? Inaku s'e shto mozhesh da napravish so wireless triger mozhesh da napravish i so Nikon TTL sistemot... so toa shto so sistemot mozhesh i mnogu povekje od toa.

3. So chadori i omaknuvachki kutii, vo koi senzorot na blicot e ograden so reflektirachka povrshina, ne se koristi nikakva avtomatika. So nego togash se raboti manuelno i kako triger mozhe da se koristi i zhica.

Eve eden sajt za Nikonovite blicovi i upotrebata na sistemot. Tuka kje najdesh povekje informacii za nego.

Ushte neshto za koristenje na Nikon SB800.










Изменето од Zoran K - 18.Мај.2010 во 20:48
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.