IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Автомобили и моторцикли
  Активни теми Активни теми RSS - Приколка...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Приколка...

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Приколка...
    Испратена: 08.Јануари.2010 во 21:14
уфффф, колку е тешко во малиот багашник да се собере се што ни требатага После неколку драсканици на фарбата и после неколку неуспешни обиди да товарам тоа што ми треба во багашникот, се повеќе почнав да размислувам за приколка....

Вртев огласи, прашував, читав и еве го сето тоа најосновното што треба да го знаете и вие доколку решите да набавите една...

Најпрво.. ич не ставајте на памет приколка без светла и жмигавци, за да не ви се качи некој моторцилкист или велосипедист ненадејно внатреплазење

потоа, димензии на приколката. Мора да биде доволно голема - барем 1,26м широка и 2,01 м долга, тоа се стандарди за приколка, ако нејзината носивност е поголема од 750 кг мора да има и сопирачка. Исто така сопирачка е потребна ако планираме да развиваме брзина поголема од 100 км/ч,
Да се купи нова не е секогаш исплатливо, но и половните приколки се поприлично скапи и баранисреќа
На што треба да обрнеме внимеание при купување половна приколка:
1. Спојувањата и варовите да не бидат напукнати. Тоа покажува дека е многу користена и неодржувана. Иако може да се завари и повторно да биде добра, најпрепорачливо е да ја одбегнете.
2. ако некои нитни на плеховите недостигаат- ништо страшно. Можеби се оштетени при товарање. Можат да се заменат без проблем и повторно ќе биде како нова, а на тоа можете да извлечете добра цена кај продавачот.
3. проверете правец - приколката не смее да плива лево-десно и да бега во страна. Со таква приколка никој не ви гарантира дека товарот ќе стаса безбедно до посакуваното место. Колку и да е добра цената на приколката со ваква мана, немојте да ве излаже.
4. Проверете ги сите стоп-светла, жмигавци и позиции...
иако не е скапа поправката, може да ве кошта мнооогу време и живцилутина
5.Проверете ги каблите и спојките. Дали се напукнати, дали се кородирани каблите, дали се оштетени пластиките , склопкитесреќа
6.ОБАВЕЗНО ПРОБНО ВОЗЕЊЕ...

не е ништо тешко.. само запнете ја приколката на кола, вклучете ги каблите и свртете едно кругче (натоварена и празна количка)...
7. пневматици. Проверете ги за секој случај , иако за 500 денари се најдува половен добар пневматиксреќа не е лошо да бидат исправни на неа за да можете добро да ја проверите


А што се однесува на приклучокот...

                         1           
           
               6                  2                      
                                                          
               5                  3                     
                                                         
                         4                                


Вака се распределени пиновите на приклучокот.
1 - лев жмигавец
2 - светло за магла
3 - маса
4 - десен жмигавец
5 - приклучно десно светло
6 - стоп светло
7 - приклучно светло лево.

Ова е добро да го имате колку за да знаете каде да го барате кривецот ако не функционира некој потрошувач

И на крај.... кога ја товарате приколката за подолг пат, правилно распределете го товарот за да не се случи возилото да се дигне на задните тркалаизненадување
Најдобро може да се провери со вага. Напред на приклучокот тежината треба да биде помеѓу 50 и 100 кг.

Тоа е тоа у главном.... ако ве интересира уште нешто  - пишете, ќе ви кажамголема%20насмевка
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2010 во 02:29
....Odlicno napisano...Poucno....
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.