IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Детската соба
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Детската соба

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 15>
Автор
Порака
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 17:49
преферирам зеленото---смирувашта боjада
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 17:51

Фенг шуи во детска соба


 

Детската соба е место во кое се изразува детската среќа, нивната креативност, љубопитност, тага, лутина. Доколку детето не сака да го минува времето и да спие во неа, проверете дали е лошо фенг шуито на собата

 

Потребите на детето во периодот на растење често се менуваат, па затоа се препорачува на неколку години да се преуредува детската соба, барем во нејзините детали. Доколку сте во можност, избирајте само природни материјали.  Детската соба има повеќенаменска улога, па така освен за спиење, се користи и за игра и за забава со пријателите. Оваа просторија е место во кое се изразува детската среќа, нивната креативност, љубопитност, тага, лутина. Доколку детето не сака да го минува времето и да спие во неа, проверете дали е лошо фенг шуито на собата.

ПРЕНАТРУПАНОСТ ОД ИГРАЧКИ

Уредете ја просторијата едноставно и удобно, приспособена на возраста на детето, и изберете природни, лесни материјали со светли бои. Во детските соби никако не се препорачува тежок, масивен мебел со темни бои бидејќи тој исклучително ја забавува енергијата. Секако оставете доволно простор за игра.
Детската соба брзо станува пренатрупана со играчки, што влијае негативно на расположението и на размислувањето на детето. За складирање на играчките поволни се лесни кутии и сандаци на подот, полици или неколку мали шкафчиња. Висечките кошари за ситни играчки претставуваат практично и декоративно решение. Поттикнете го детето пред спиење да ја уреди својата соба. Сите уништени, стари играчки и книги и облеката што детето ја надраснало отстранете ги од собата.

ИЗБОР И ПОЗИЦИОНИРАЊЕ НА МЕБЕЛ

Одберете кревет што има заглавје од полн материјал. Креветот со заглавјето треба да биде прилепен до ѕидот и поставен на тој начин што детето ќе може да го види влезот во собата. Поставување на креветот под прозорец или на средина на собата не е поволно.
Сé што се наоѓа над креветот и го притиска детето додека спие (како што се полици или шкафчиња) има штетно влијание на квалитетот на сонот и на здравјето. Поместете го креветот за да го избегнете ова негативно влијание. Ѕидовите околу креветот може да ги украсите со постери со мотиви на природа, животни, ликови од цртани филмови или со идолите на детето. За големите површини, како што се ѕидовите, се препорачува да се изберат пастелни нијанси, додека интензивните бои помалку да се употребуваат. Црната и црвената боја се единствените бои со кои треба да бидеме внимателни.

На пазарот сé почесто може да се најде убаво дизајниран детски мебел со секоја фиока или вратичка во различна, интензивна боја.

ДРУГИ ПРЕДМЕТИ

За целосно уживање во детската соба побарајте разнобојни рамки за фотографиите, столни ламби, ѕидните часовници, украсни перничиња, закачалки за облеката, метро за мерење на висина и садови за боички. Присуството на аквариуми, растенија или фонтани треба да се избегнува, бидејќи создаваат неповолна јанг-енергија во детската соба. Огледалата исто ја држат „будна“ детската соба, што претставува проблем во ноќните часови кога детето треба да спие. При изборот на украсите и мебелот вклучете ги децата и овозможете им да внесат што е можно повеќе идеи во овој простор, дури и да не се по ваш вкус. Доброуредената соба во која вашето дете се чувствува сигурно и пријатно ќе има позитивно влијание на неговиот развој.

 
 ........за паганчето големо%20гушкање


Изменето од bijonse1 - 03.Мај.2010 во 17:55
Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 17:53
големо%20гушкањебакнеж
Кон врв
vili2121 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Papa Bear

Регистриран: 04.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 5628
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vili2121 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2010 во 23:31



prakticni krevetcinja ,

samo namesto zeleznata ramka bi stavil iverica i racka za da izgleda deka e fioka
Скапа е мудроста што се плаќа со искуство
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2010 во 14:09


Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
bingo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2522
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bingo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2010 во 14:21
Originally posted by MyWay MyWay напиша:


еве да те лајкнам еднаш
Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2010 во 23:05

Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2010 во 23:07

Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2010 во 23:11

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2010 во 00:42
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2010 во 00:43
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2010 во 16:14
Квалитетна организација на детската соба



Детската соба е прекрасно весело место, но доведувањето во ред често претставува “невозможна мисија”. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат во организацијата и воведувањето ред во детското катче.

1. Спуштете се на нивно ниво. Спуштете се на колена во нивната соба за да може да ги видите работите од нивна висина. Прикладноста на предметите за детето е важен фактор за добра организација или за отстранување на непотребните работи. Спуштете ги полиците во шкафот со облека. Ставете ги најчесто употребуваните предмети на најниските полици и во најниските фиоки. Поставете декоративни кантички, кутии, корпи и слично во аглите на собата, на дното на шкафот или покрај креветот.

2.Сокријте ги предметите под кревет. Употребете тенка, правоаголна кутија со тркалца што ќе служи за чување на предмети под креветот. Подгответе една таква за кукли, а друга за автомобили. Исто така, детските цртежи, хартии и боички ставете ги во ваква кутија. Повозрасните деца во ваква кутија може да чуваат тетратки или ЦД-а.

3.Нека организацијата стане забава. Организирањето може да биде напорно дури и за возрасните. Помислете како се чувствува детето при помислата за раздигање на играчките, облеката, учебниците и тетратките. Затоа вклучете ги децата, допуштајки им, на пример, да изработат креативни налепници за своите фиоки и кутии. Исто така, може да направите фотографија од вашето дете со одреден предмет кој е наменет за одредена фиока и да ја залепите на предната страна на фиоката или кутијата.

4. Фиоките нека бидат плитки. Што е подлабока фиоката, толку повеќе предмети ќе може детето да стави во неа, што ја отежнува организацијата. Со исклучок на фиоки кои се исклучиво наменети за поголемите предмети, користете плитки фиоки.

Наполнете ги подлабоките фиоки со мини-организери, кутиички, кутии и разни прегради за одвојување на предметите во фиоката. Фиоките нека бидат поставени на тркала, што ќе овозможи лесно да бидат внесени во шкафот или поставени до ѕидот.

5. Кодирајте ја организацијата со бои. Купете сини кутии за Барбиките, а црвени за количките. Летната гардероба закачете ја на зелени закачалки, а свечената на сини. Или пак, користете една боја за едно дете, ако имате повеќе деца.

6.Закачувајте. Вашите деца би можеле да ја разгледуваат колекцијата на лични ракотворби на ист начин како што вие ја разгледувате вашата колекција. Купете исти рамки и закачете ги сликите во неодреден ред на едниот ѕид во детската соба. Тоа дава декоративен и личен елемент.

Поставете плоча од плута на која децата можат да ги закачат училишните слики, разгледниците од патувањата, медалите и наградите освоени на натпревари. Или пак, закачете правоаголен организер со џепови кои сами сте ги сошиле во кои ќе се чуваат слики, разгледници и роденденски честитки кои ќе се собираат преку целата година.

7. Поставете ги основните правила. Пред да се планира играње на друштвените игри во собата, треба да определи место каде што ќе се одложат предметите по играњето. Во собата задржете ги само предметите кои ќе имаат свое место. Ако фиоката е полна, исфрлете ги најмалку потребните предмети. LOL
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 14:01
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2010 во 21:27



Изменето од ФорумскаБаба - 20.Октомври.2010 во 21:27
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 15>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.