|
Пере Тошев |
Внеси реплика |
Автор | |
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 04.Мај.2010 во 16:32 |
Пере Наумов Тошев (Прилеп, 1865 - Дреновска Клисура, 4 мај 1912) е македонски револуционер. Се залагал за самостојност на македонското национално-ослободително движење и кој бил истакнат противник на врховизмот.
Се школувал во родниот град, Битола, Солун и Пловдив. Својот немирен бунтовнички темперамент и изострено чувство за праведност младиот прилепчанец ќе го искаже уште како ученик во Солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ кон 1883 година од која бил отстранет, заедно со уште десетина македонски ученици меѓу кои е и идниот голем другар на Пере Тошев, Ѓорче Петров. Тие ќе бидат исклучени поради гласно искажаното незадоволство од политиката на училиштето. Завршил гимназија во Пловдив во 1885 година. Во 1885 година зема учество во Српско-бугарската војна како доброволец во бугарската армија. Се сражава во битките кај Сливница за што е награден. Подоцна како професор во битолската гимназија, Пере Тошев го формирал првиот револуционерен округ во кој ќе соработува заедно со Ѓорче Петров. Неговиот револуционерен и бунтовнички дух ќе ги фасцинира турските иследници и власти за време на судењето на актерите од познатата Солунска провала од 1901 година меѓу кој спаѓа и самиот тој. Тоа најмногу го искажал на Прилепскиот окружен конгрес, кога на неговите ставови за пропагандите од соседните држави не можел да му се спротивстави ниту влијателниот Даме Груев. Во 1901 година е осуден на заточение во Бодрум Кале, но е амнестиран во пролетта 1903 година пред Илинденското востание. За време на востанието дејствува во прилепскиот крај, кај Мариово. Пере Тошев е учесник во работата на Солунскиот конгрес од 1896 година, кога станува и член на Централниот Комитет на ТМОРО. Учесник е и на Прилепскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ од 1904 година, како и на Рилскиот конгрес од 1905 година, на кој поднесува Правилник за нејзината работа. На овој конгрес, повторно е избран за член на Централниот комитет. Заедно со Јане Сандански учествувал во работата на Серскиот конгрес од 1906 година. По Младотурската револуција бил бугарски училишен инспектор во Солун. По убиствата на Борис Сарафов и Иван Гарванов во 1907 година, заради својата консеквентна припадност на левото крило бил прогонуван од страна на бугарската полиција во Софија. Пред Првата балканска војна се разболел, па скришно се лекувал во Софија. По закрепнувањето решил да се врати во Македонија. На пат кон својот роден град Прилеп, на 4 мај 1912 година попаднал во турска заседа и бил убиен во Дреновската клисура, Велешко. Погребан е кај црквата во село Фариш, Тиквешко. Датумот на неговата смрт се совпаѓа со датата на убиството на друг македонски револуционер, Гоце Делчев од 1903 година |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Слава му |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ги видов сликите од местото каде има споменик за Пере Тошев и сум згрозен од оваа негрижа на локалната самоуправа.Треба да се застрамат. Моментално гробот на Пере Тошев се наоѓа во дворот на црквата Св.Благовештение во Прилеп. Изменето од mungos80 - 04.Мај.2010 во 16:53 |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Книга за животот и делото на Пере Тошев:Пере Тошев- личност и делоПисмо до Егзархот Jосиф да биде преназначен одново за учител после заточение
Ваше Блаженство, Долуподпишаниот, по потекло Македонец oт Прилеп, поранешен долгогодишен учител и инспектор во Македонија - во Прилеп, Скопје, Битола и Солун, поделен од оваа функција пред неколку години поради апсењето ми итн. Изменето од Boogie - 10.Мај.2010 во 15:36 |
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пере Тошев истото, но во интернет вариант.
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dali da se obidame da poznaeme koe e izmeneto od Boogie? |
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Потпишаните потврдуваме дека добивме сумата 513 лева преку Бугарското Дипломатско Агентство во Цариград, како помош од Македонско-Одринските студенти при Вишето училиште во Софија, за доделување меѓу другарите ни Бугари политички затвореници во Бодрум Кале." П.Тошев, Х.Матов, Ив.Х.Николов, 6 jуни 1902г. |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |