IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Алергија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Алергија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 10111213>
Автор
Порака
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2010 во 21:19
Jas minatata nedela bev katastrofa (sto si vikam jas po moe isto cuvstvo ko pred umiranje ) zatnata skroz


aj vo red toa sto loratadinot mi pomagase da ne kivam , ama onie kapkite za nos operil posle 5-ot den pocnaa sprotiven efekt da imaat i uste poveke da mi go nadraznuvaat nosot i da dobivam glavobolki


gi ostaviv i ne piev od niv i eve denes e sreda konecno nosot mi opusti pocnav normalno da disam , samo sto moram 2 pati dnevno da primam antibiotik za grlo za da go sprecam ona sto se izlacuva od nosot da ne mi vleze vo gradi pa da dobijam i bronhit тага pa dodaten problem тага

A mi prepisaa i sprej za nos Beclometasone , pa utre ke idam u apteka da go zemam загриженост

Kaj i da e , mi rekoa ako preziveam do 15 Maj dobro ke bide

c c c c  ne daj boze da treba svadba da pravam vo Maj , pa ima da crknam , mnogu los mesec лутина
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2010 во 21:30
Доста не имало, барем да си даваме поддршка
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
vodolija_89 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 78
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vodolija_89 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2010 во 12:37
i jass um takov ova vreme celio sum zatnat pa ni odam na doktor samo kapki kapam za nos so se zema za nos edni grcki otrivin
Кон врв
pane_juventus Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1048
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pane_juventus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2010 во 23:50
Eve da vi kazam i jas sum alergicen na polen a mozebi i na drugo,ne znam.
Do lani ne tolku,ama godinava alergijava me utepa i mislam koga ke me fane cela sila mi ja zema.Ocite kako bocki da imam vo niv,nosot cesma,a kivanje do beskraj.Pijam cetirizin,loratadin i ponekogas zirtek,a od sprejovite koristam bekonaze i kolku tolku pomagaat.Pozdrav.


Изменето од pane_juventus - 01.Јуни.2010 во 23:50
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2010 во 00:17
некаде на интернетов прочитав дека годинава количеството на полен во воздухот било највисоко во последниве дваесет години.... можеби затоа си се најдовме толку ,,другарчиња,,.... хаха... јас уште сум си со затнат нос, не верувам дека чешмата моја ( носот ) некогаш ќе запре да тече.... само, додека пијам лоратадин немам многу секрет кој би предизвикал бронхит   

поздрав,.... и апчиу
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 17:47
Основни сознанија за алергиите


Со доаѓањето на пролетта почнува „нападот" на алергиите. Оние чии организми не можат да им се спротивстават почнува да ги мачат кивавица, јадеж во носот, имаат изобилна секреција од него, потоа главоболка, солзење на очите, кашлање, тешко дишат, немаат воздух, им свири и чкрипи во градите, ги боли градниот кош, лесно се заморуваат и се чувствуваат скршено и болно.

Утврдено е дека во последниве децении дошло до значителен пораст на зачестеност на алергиски болести во светот, а се повеќе се јавуваат во епидемиски размери и стануваат се поголем светски проблем.

Еве што велат и порачуваат стручњаците:

Алергиските болести, како што се алергискиот ринитис со или без воспаление на синусите и коњуктивит и астма, се најзачестени хронични незаразни болести. Ги напаѓаат лица од сите возрасти, од раното детство до длабоката старост. Се смета дека промените на начинот на живот, особено на традиционалниот начин на исхрана, факторите на внатрешната (грињи, мувла, влакно на пес и мачка, лебарки) и надворешната средина (полени), загадувањето на внатрешната и се поголемата загаденост на надворешна животна средина влијаат врз порастот на овие заболувања.

За особено ризично се смета пушењето на мајката во текот на бременоста, но и подоцна, во текот на доењето и растењето на детето. Доколку возрасно лице или дете ги имаат наведените симптоми кои главно одат без температура, а слабо реагираат на класична терапија, траат или се повторуваат често во текот на годината или, пак, секогаш во ист период, треба да се изврши испитување во правец на можно постоење на алергија. Тоа може да се изврши во специјализирани установи, а меѓу другото вклучува и кожни алергиски тестови.

Најчесто алергиско заболување е алергискиот ринитис. Неговото појавување варира и повеќекратно се разликува помеѓу различни земји, а постојат големи разлики дури и во рамките на една земја помеѓу градски и селски подрачја.

Се смета дека во светот над 500 милиони луѓе боледуваат од оваа болест, а од нив повеќе од 40% (200 милиони) се деца. Зачестеноста на алергискиот ринитис во земјите на ЕУ се движи од 16,9% до 28,5%. Тој може да биде повремен (кај 71% заболени) или постојано присутен. Според степенот на влијание врз секојдневните активности, спортот, работата, школувањето и нормалниот сон се одредува степенот на неговата тежина така што може да биде со благ, умерен или тежок степен. Симптомите опфаќаат кивање, печење и јадеж во носот, затнатост, губење на чувството за мирис и секреција од носот, што може да биде предно или задно со слевање на секретот низ ждрелото.

Симптомите најчесто се јавуваат наутро, но можат да бидат постојано присутни и не мораат сите да се јават кај секој заболен. Ринитисот често се јавува здружен со други алергиски заболувања и состојби- со астмата, алергискиот коњуктивитис, екцематозни промени на кожата, акутно и сериозно воспаление на средното уво, воспаление на синусите и полипоза на носот.

Кога станува збор за алергиско  хронично воспаление на синусите, одамна е забележано дека тоа исто така мошне често се јавува здружено со астма. Од 31% до 72% од лицата со астма истовремено има и хронично воспаление на синусите.

Освен затнатоста на носот, гнојни секреции, кашлање, често е присутна и главоболка, додека температурата не е чест симптом. Врз основа на хроничната алергиска секреција, кај 60% до 75% доаѓа до секундарна бактериска инфекција. Како и алергискиот ринитис, и ова заболување значително го оштетува квалитетот на животот на заболените лица, а особено влијае врз натамошниот тек и на прогнозата на болеста на заболени од астма.

Возрасните лица и децата со астма имаат повеќе ноќни тегоби, повеќе изостанување од работа (училиште), користат повеќе класични лекови за астма, имаат почести влошувања на основната болест, повеќе хоспитализации и воопшто речено, присуството на воспаление на слузницата на горните дишни патишта е важен знак на прогресивно оштетување на функцијата на целиот систем за дишење.

Обидот за превенција на појавата на алергиски болести не дал резултати. Правени се многу студии поврзани со исхраната, елиминацијата на внатрешните алергени и слично, но решенија засега нема.

Бидејќи не можеме да го спречиме јавувањето на алергиските заболувања, можеме да влијаеме врз намалувањето на јачината на симптомите или дури и нивно изостанување во ризичната сезона. Прво треба да се направи обид со отстранување на алергените од внатрешната средина, врз која лицето е сензибилно, или да се направи обид да се одбегне изложување на надворешните алергени кога се тие во најголеми концентрации. Се разбира, тоа е мошне тешко зашто се тие широко распространети алергени со кои сме постојано во контакт- полените и домашните грињи.

Фармаколошката терапија е делотворна и достапна, а во зависност од степенот на тежината на заболувањето се даваат еден, два или повеќе лекови истовремено, за што решава лекарот во договор со пациентот. Најдобро е лековите да се воведат неколку недели пред очекувањето на појава на алергенот и пред јавувањето на симптомите.

Освен класичната терапија, постепено се менуваат сфаќањата во врска со лечењето на алергиските заболувања, зашто секогаш ги има оние што се загрижени поради негативното дејство на лековите врз организмот.

Може да се проба со лекови за алергиски ринитис од областа на алтернативната медицина, хомеопатски лекови од растително потекло, кои се во употреба низа години. Им се даваат и на возрасни и на деца, можат да се користат самостојно, но и како дополнение на традиционални лекови. Брзо дејствуваат, а нивната подносливост е одлична. Тоа се полинол, кој се користи кај алергискиот ринитис и со чија употреба се почнува две недели пред очекуваните тегоби и Cinnabsin за акутно и хронично воспаление на слузницата на носот и синусите.

Комбинираниот хомеопатски лек полинол во составот го има и интересното растение Galphimiа, кое потекнува од езготичните краишта на Латинска Америка т.е. Мексико, каде што традиционално се користело кај лечењето на астма и алергии. Во периодот пред цутењето на растенијата, на чиј полен сте алергични, полинолот треба да се користи 4-6 недели како превентива.

Во секој случај, благодарение на големиот спектар на лекови што се на располагање, нема причини возрасно лице или дете со алергиско заболување да нема задоволувачки квалитет на животот во кој било дел од годината. Затоа е важно навреме да се постави дијагноза и барем 2 недели пред појавата и на алергените и на симптомите да се започне со соодветна терапија.


Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 13:40
И јас како поголемиот дел од луѓето сум алергична на поленов прав, кожата многу лесно ми се иритира и при допир до некои хемиски супстанци ми се јавува црвенило и отежнато дишење,  како солна киселина на пр. за домашна употреба.
Алергиите на одредена храна како и нетолерантност на организмот кон одредени храни е исто така  многу актуелен проблем во светот.
Имам забележано дека организмот не ми поднесува некои житарки како овес.
Еднаш користев млеко за тело  од овес и забележав дека кожата ми реагира бурно, со  осип,пецкање и чешање. Исто така и кога јадам овесна каша понекогаш ми предизвикува надувување на стомакот и непријатно чувство на застој. Затоа ја избегнувам максимално.
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 16:10
alergiite se dosta prosireni i rasprostraneti vo poslednite godini
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 23:43
се отепувам од кивање... многу ми е смачено... кивам по 10тина пати во низа и ниеден проклет лоратадин или ринолан не ми помага...
Кон врв
gOJDO Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Јули.2010
Локација: Eritrea
Статус: Офлајн
Поени: 115
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gOJDO Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2010 во 01:00
Јас пак, сум алергичен на ќотек. Кога ме тепаат потекувам и помодрувам...
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2010 во 20:40
Кога се јавува алергија имуниот систем неправилно и бурно реагира на безопасни материи, бидејќи ги заменува со антигени.

Одбранбен систем

Една од задачите на нашиот одбранбен систем е да открива туѓи антигени на површината на микроорганизмите и со помош на лимфоцитите (ќелии на крвта кои се дел од имуниот систем) да произведува соодветни антитела. При следниот контакт антителата се борат против антигените, што последователно ги уништува микроорганизмите.

Што е алергија?

Во случај на алергија имуниот систем неправилно и претерано реагира на безопасни материи, затоа што ги заменува за антигени. После првиот контакт со алергените, лимфоцитите после неколку дена произведуваат антитела кои се специфични за одредени алергени (најчест е имуноглобин Е). Антителата кои ги опкружуваат ќелиите на ткивата наречени мастоцити при следниот допир се врзуваат за алергените, што предизвикува лачење на различни хемиски материи. Меѓу нив е и ХИСТАМИН, кој доведува до проширување на крвните садови, изливање на течности во ткивата и грчење на мускулите.

Симптоми

Може да се појави само на кожата (потечени делови кои чешаат), дишните патишта (смалувaње, кивање и лачење на слуз) или во желудникот и цревата (повраќање, пролив). Во краен случај (алергија на убоди од инсекти, лекови) може да опфати цела група на органи и да доведе до анафилактичен шок.

Причини

Не е познато зошто некои поединци добиваат алергија, а други не, но се повеќе изгледа дека кај 10% од луѓето тоа е наследно. Може да се појави уште во првите месеци на животот, или да се развие подоцна.

Лечење

- Избегнување на алергени,
- Лекови:
      Антихистамини за ублажување на симптомите,
      Кориктостероиди за спречување на развивање на симптоми,
      Хипосензибилација (постепено додавање на се поголеми дози на алергени со цел да се произведат антитела кои треба да ги спречат понатамошните реакции). Се употребува првенствено кај реакција на убоди од инсекти и е успешна во 2/3 од случаите. Лечењето мора да трае 2-3 години.

Најчести алергени

Пренесени преку воздух:
- полен од дрвја и трева,
- пори од земјата,
- бубачки во куќната прашина,
- животински првут,

Внесени преку убод (инсекти):
- пчела
- змија
- оса

Внесени преку храна:
- јајца,
- млечни производи,
- јагоди,
- риби, школки,
- житарици,
- лешници, кикирики, ореви,
- лекови.

Внесени со употреба на козметички препарати и средства за чистење:
- козметика,
- бои за коса,
- средство за чистење на подови (за сјај),
- дезодоранси,
- млеко за сончање.

Кон врв
Sabrina 81 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 12.Септември.2011
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sabrina 81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2011 во 00:27
Jas go imam istiot problem veke 4 meseci Xronicna Urtikarija, pravev Vida Test poveke od 40 alergeni ispitav i mi bea negativni. A bez Lekovi ne mozam da opstanam eden den da ne primam lekovi jas sum celata isipana po celo telo i lice.Pricina sega za sega nikoj ne moze da mi pomogne Navistina mi e mnogu tesko da ziveam vaka ako nekoj go ima istiot problem izleceno Baram Pomos i Sovet
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2011 во 09:10

Алергии кои се појавуваат на есен

Освен во пролет, алергиите често се јавуваат и во есен кога цветат некои растенија како амброзијата, камилица и сончогледот. Тогаш се зголемува и влажноста во воздухот, поради што во есенските денови има најмногу алергии на мувлата. Доколку во вашиот дом има многу влага или ќошиња каде што се насобира мувлата, користете антифунгициден спреј или пак тие ќошиња премачкајте ги со боја против мувла. Исто така, треба да ги замените и старите, оштетени теписи и поправете ги чешмите од кои капе вода.

Без алергии

Премногу растенија во станот може да предизвика висока влажност, што никако не е добро за лицата склони на алергии. Влажноста на воздухот во станот би требало да биде до 50 отсто помала, како би се избегнало појава на мувла. Изумрените делови од растенијата исто така се одлична подлога за појава на мувла, а алергичните луѓе не би требале да работат во градината.

Каде напаѓа мувлата?

Мувлата се размножува во темните, ладните и влажни простории како што се подрумите, плакарите, таваните, на влажната облека или пешкир, старите душеци, перници и покривачи. Но нејзино плодно тло се и влажните теписи, прозорски рамки, кантите за отпадоци, завесите за када, кабините за туширање, плочките во бањата, собните растенија но и освежувачите на воздухот.

Третирање на симптомите

Првите симптоми на алергијата лечете ги со медикаменти, спрејови и капки за нос. Избегнувајте ги другите предизвикувачи на алергии како ароматизираните производи за чистење, освежувачите за клима, темјанот и дрвото за огрев.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 21:20

Пет начини да ја ублажите алергијата

Пет начини да ја ублажите алергијата

Многу луѓе страдаат од алергија на  почетокот  од пролетта, но  и промената на животните навики може да ви предизвика проблеми. More...

Еве што уште, освен лековите може да ви биде од помош.

polen

 

1. Елиминирајте ги опасностите колку што е можно

Елиминирајте ги сите билки на кои што сте пречувствителни. Доколку е можно останете повеќе време во затворен простор, додека цветаат билките, избегнувајте долго задржување во природа, а активностите извршувајте ги подоцна.  Пожелно е да носите очила за сонце. Неколку пати дневно мијте ги лицето и очите, а после „контактот“ со природата, променете ја веднаш облеката и исперете ја старата.

2.jabolka

2. Винавајте што јадете

Некои производи можат да влијаат негативно на вас, додека некои ви помагаат да се изборите со симтомите. Поради своите состојки, особено витаминот Ц, може да ве заштити од алергија и астма. Кората од јаболка содржи антиоксиданси кои го подобруваат функционирањето на плуќата, а слични состојќи содржат и лукот, доматот, портокалот и јагодите. Антиоксидансите кои се скриени во црното грозје имаат силни моќи кои докажано делуваат врз симптомите на алергија. Од друга страна избегнувајте целер, праски, киви и дињи, бидејќи истите можат да го предизвикаат дополнителни потешкотии.

3.vitamin c

3. Внесувајте доволно витамин Ц

Алергиските стимуланси создаваат хистамин, одговорен за вообичаените сезонски тешкотии кои се поврзани со алергијата: кивање,  течење на носот. Со додавањето на оптимална доза Витамин Ц, се намалува делувањето на хистаминот. Погрижете се во текот на денот да внесете 2.000 мг витамин Ц.

4.ribino maslo

4. Рибино масло како додаток во исхраната

Оваа, здрава врста на масло има антиинламаторен ефект, поради што се користи при лечење и первенција на срцеви заболувања. Корисно е и  во терапијата за покачен холестерол во крвта, за хидратација на кожата, како и за подобрување на фунциите на дигестивниот систем. Се препорачува конзумирање на 2.000-6.000 мг. дневно, заедно со храна.

kamilitsa

5. Користете природни лекови

Камилицата има својства, кои помагаат при црвенило и солзење на очите. Држете три до пет минути оладена ќесичка од чај од камилица на очите.

Копривата делува како антихистаминик кои помага да се намалат симптомите на алергија како што е чешањето на очите. Со цел да ги ублажите симптомите пијте чај од коприва, а можете да пронајдете и таблети со екстракт од коприва.

Нането е добро за дишните патишта, а најдобро е да пиете чај од свежи или сушени листови нане.

Чајот од мајчина душичка помага кај лечењето на кашлица или гушење предизвикано од алергија.

Лутата пиперка е богата со витамини кои спречуваат ослободување на хистамин, кверцетин, како и други хемикалии кои предизвикуваат воспаление и симптоми на алергија.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 10111213>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.