IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Свет
  Активни теми Активни теми RSS - Како живеат Македонците во Бугарија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Како живеат Македонците во Бугарија

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Како живеат Македонците во Бугарија
    Испратена: 05.Мај.2010 во 19:22
Како живеат Македонците во Бугарија


Во Бугарија е тешко еден ден да се престојува како новинар од Македонија, а не пак да се живее како Македонец таму. Со вакво искуство денеска се врати екипата на А1 која сакаше да види како живеат Македонците кај источниот сосед.

Уште со пристигнувањето во градот Сандански се чувствуваше полицискиот надзор, кој по само неколку снимени изјави на пазарот, заврши со забрана за снимање од полицијата со образложение дека нашето присуство ги вознемирувало граѓаните на Сандански.

Но не само изјавите, на полицијата и пречеше и снимањето на инсерти од центарот на градот. За снимање требало дозвола од Министерството за надворешни работи на Бугарија.

По ова ни го покажаа патот за Македонија. Но и десетината минути снимање далеку од очите на полицијата беа доволни да се констатира дека во ова европска земја и во 21 век е тешко да се каже дека си Македонец.

Зад камерата да, но пред неа не. Најголем дел од Македонците во овој крај се плашат да зборуваат за животот и нивните права. Велат дека ќе ги изгубат своите работни места и ќе бидат обележани од полицијата. Похрабри се само постарите.

„Не живееме убаво, ние сме Македонци ама нешто потиштени сме од Бугарите“ рече Илија Ризов, жител на Сандански.

„Добро е проблеми немаме. Нема ниту македонска црква, ниту македонско школо, ниту македонско радио, тоа добро е? Добро е, нека е“ рече Илија Петков, жител на Сандански.

Македонската определба во Бугарија не е подобна за градење кариера во државните служби, полицијата или отворање сопствен бизнис. Тоа е причината поради која бројот на декларираните Македонци постепено се намалува.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=122839
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2010 во 19:51
Izgleda vo Bugarija im e zabraneto da snimaat i odat tamu samo na Makedonski televiziski ekipi...Dozvola od MNR, ma ajd...Navistina e tesko da se bide Makedonec, posebno vo Bugarija...
Podrska za Makedoncite vo Pirinska Makedonija...
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2010 во 13:36
Затоа од овде нашиве македонски бугари студираат и живеат добро - со бугарски пасоши и со изјави дека не само тие туку и нивните дедовци и баби са биле бугари????

А да, заборавив, возат нивни коли на наши патишта без платени такси.....се удураат во гради како патриоти и и ииииииииии..........
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.