|
Како потона Титаник?? |
Внеси реплика | страница <1 34567> |
Автор | |
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
More Branko e kriv sto potona Titanik...
|
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
stigma04
Сениор Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
titanik propadna i sve propadna.
|
|
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...se aknal u iceberg,...i tolku mu trebalo !
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
vlad0
Сениор Титула нема поради неплатени сметки Регистриран: 18.Ноември.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 2263 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
еве шема од палубите на титаник.
имав и од трупот т.е коритото шема само да ја најдам |
|
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
|
vlad0
Сениор Титула нема поради неплатени сметки Регистриран: 18.Ноември.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 2263 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од vlad0 - 02.Мај.2010 во 14:16 |
|
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
nema nikakva misterija ( ili zavera) vo toa shto potonal titanik...iako za toa vreme bil "reklamiran" kako plovilo shto ne moze da potone!...nekoj ochigledno pravi misteriii i od raboti shto ne mozat da bidat pojasni od toa shto se ili bile!
ili...mozebi nekoj smisleno mu go "namestil" iceberg-ot na patot,.....e , toa e vekje druga stvar! |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знам колку точни информации дава сајберското биро за информации Вики, ама пишуваше дека Титаник имал премало кормило за толкав брод. Да имало поголемо кормило какво што му одговара можеби ќе успеел да ја избегне сантата мраз...who knows...
|
|
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колку што е википедија биро за информации, исто толку е и биро за дезинформации.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
tokmu taka!...a, nekoj se fakja za nego kako...slep za stap!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
vlad0
Сениор Титула нема поради неплатени сметки Регистриран: 18.Ноември.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 2263 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ova na mene se odnesuvase taka? |
|
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Научници ќе го „извадат“ потонатиот Титаник
Во август тим на американски научници ќе зарони во водите на северниот Атлантик, 344 километри југоисточно од Њуфоундланд, со цел да утврди во каква состојба се наоѓа Титаник, најпознатиот потонат брод на светот. Анализа на состојбата ќе им овозможи да креираат тродимензионална мапа која виртуелно ќе го извадат бродот кој потонал на 15-ти април 1912-та година, кога животот го изгубија 1.522 патници. |
|
Командантица
Сениор Регистриран: 27.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Игнорирал 7 предупредувања?!?! невозможно.. Инаку еве што пиши на Википедија за бродот Калифорнина кој бил неверојатно блиску но за жал не ги добил предупредувањата на Титаник... Од мостот можело да се видат светла на некој брод во близина. Кој бил овој брод, сѐ уште е мистерија, но имало теории дека тоа би можело да биде Калифорниан или или пловец наречен Семпсон. Поради неодговарањето на радио, четвртиот офицер Боксхал и кормиларот Роу пробале да им сигнализираат со морзеова ламба и подоцна со сигнални ракети, но бродот никогаш не одговорил. Калифорниан, кој бил во близина и запрел поради сантите мраз, исто така видел светла во далечината. Радиото на Калифорниан било исклучено, а радио операторот заминал во кревет да спие. Пред да заспие околу 23 часот, радио операторот на Калифорниан пробал да го предупреди Титаник за сантите мраз, но бил прекинат од истоштениот Џек Филипс возвратил назад: „Заќути, заќути, зафатен сум, работам Кејп Рејс“, иако мислел на Њуфаундленд радио станицата. Кога офицерите на Калифорниан го виделе бродот за првпат, пробале да му сигнализираат со Морзеова ламба, но исто така никогаш не добиле одговор. Подоцна, ги забележале сигналите за опасност и го информирале капетанот Стенли Лорд. Иако имаше дискусии за мистериозниот брод, кој според офицерите кои биле на должност се оддалечувал, радио операторот на Калифорниан не бил разбуден се до наредното утро. |
|
..Живеам за да умрам..!
|
|
jahra
Нов член Регистриран: 01.Август.2010 Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
-Modernive brodovi se podeleni na 5 ili 6 komori,zavisno od goleminata na brodot.Pomegu sekoja komora ima WTD ili water tight door.
-Taa vrata ima za zadaca da,dokolku se osteti vnatresniot ili nadvoresniot del od trupot i pocne da se vleva voda,da se zatvori preku mostot (bridge) ili racno.Dejstvuva so 70bari pritisok i ne dozvoluva poplavata da se rasiri vo drugite pregradi kako po horizontala taka i po vertikala.Taka da brodot moze da plovi ili pluta na voda bez da potone i ima dovolno vreme duri ne pristigne pomosta. -E sega nazad na Titanic...i Titanik imal takvi pregradi arno ama pregradite ne bile zavareni do tavan,odnosno na tavanot,tuku imalo lufta od 15 inchi,taka da toa dozvolilo da se prosiri poplavata,od komora vo komora. Neznam dimenzija na brodot no za toa vreme bil najgolem i najbrz,taka da togasnata kapetanija ne mi se veruva da napravila propust nekade..osven so komorite. Ne se nadevale na katastrofa... -Isto taka se veruva deka za vreme na izgradbata na brodot,covek(rabotnik) ziv bil zavaren pomegu nadvoresniot i vnatresniot lim,taka da i pokraj vikanjeto i cukanjeto na limot za pomos,nikoj ne se javil zatoa sto mislele deka toa bile zvuci od drugi majstori sto rabotele na brodot. Ova e od nekoja dokumentarna emisija na Discovery ili History. Se nadevam deka ima smisla za vas |
|
PapiChulo
|
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Титаник” беше чудо невидено, вистинска палата на вода
Моето име е Стојан Дудулковски, ама сите ме викаат Стојко. Роден сум во 1897 г. во селото Чучер, на планината Карадаг, во близината на Скопје. Уште како мал слушав многу муабети за Америка. Печалбари од нашето село на татко ми му расправаа за американските чудесии. Велеа дека во Америка има големо изобилие од храна и пијалак и дека таму заработуваат повеќе пари за еден ден отколку во Македонија за еден месец. Еден спомна дека во Америка има реки низ кои тече злато кое само чека некој да појде и да го собере, а друг се колнеше дека таму има згради со одаи што одат горе-долу и дека само со допир на едно копче се осветлува цел град и тоа не со петролејска ламба, туку со “електричество” кое не може да се изгасне колку силно и да се дува во него. Оттогаш, само една работа ми беше на ум – Америка! Кога наполнив петнаесет години, решив по секоја цена да отидам во земјата преку големите мориња, ама немав пари. На валијата во Скопје му платив една лира за да ми издаде дозвола да заминам, ама за пат до Америка ми беа потребни уште 30 лири. Поработев на пазарот во Солун за да си го платам патот до Марсеј, а таму заработив за пат до Саутемптон, каде што беше закотвен најголемиот параброд на светот - Титаник. Во Саутемптон цело попладне се вртев околу пристаништето, гледајќи го параходот и распрашувајќи се за билет. Сонував со Титаник да го поминам океанот. Тој брод беше чудо невидено, вистинска палата на вода. Се зборуваше дека на бродот имало луксузни сали за банкети украсени со златни лустери, игралишта за некоја игра што ја викаа “сквош”, коцкарници, библиотека, сала за гимнастика, турски амами, но и мало езеро што го викаа “базен”, во кое се капеле богатите. Имав среќа и успеав да се запознаам со пристанишните работници кои го пренесуваа на бродот скапоцениот товар. Почнав и јас да работам со нив и да пренесувам стока: големи бали преполни со писма, недоброени вреќи со јаглен потребни за движење на параходот, како и безброј торби на патниците. Упорно работев и собирав пари за билет. Дента кога бродот требаше да исплови од пристаништето, на 10 април 1912 г., на доковите во Саутемптон се собра неброено мноштво народ. На бродот се качија многу богати луѓе, милионери и магнати, облечени во луксузни алишта по најнова светска мода, придружени од нивните наконтени сопруги. Тие, заради престиж плаќаа и по 4.000 долари за апартман, а беа сместени во првата, најлуксузна класа на бродот. Најголемиот број од нив беа Американци, што мене ич не ми беше чудно, затоа што знаев дека во нивната земја тече злато. Во втората класа беа сместени Европејци: Англичани и Французи и по некој Швеѓанец и Рус. Во третата класа во најголем дел беа луѓе од Балканот: Хрвати, Срби и Босанци од Австро-Унгарија, Грци, Бугари и Турци, но и Ирци, Либанци и Финци и по некој заскитан Кинез од Хонг-Конг. Музика свиреше на сите страни, илјадници луѓе го испраќаа Титаник. Јас до денот на поаѓањето не успеав да ги соберам потребните пари за билет. Во последен момент, речиси во очај решив да се обидам да влезам на бродот заедно со пристанишните работници кои ги товареа последните патнички торби. Се качив на Титаник и се скрив во просторијата за бродски јажиња. Само што се сместив, се огласија бродските сирени кои го најавија почетокот на пловидбата на Титаник. Во следните денови постојано се плашев дека покрај преголемиот и непотребен товар што богатите Американци го понесоа со себе, дека јас, како слеп патник, сум токму оној пресуден вишок што ќе предизвика тонење на бродот, затоа што низ Саутемптон проструија гласини за пророштво кое вели дека Титаник ќе потоне на своето прво патување, а виновен за тоа ќе биде некој слеп патник... Таквите мисли ми се потврдија само четири дена подоцна, кога негде пред полноќ, јас бев веќе заспан меѓу јажињата, одеднаш се почувствува многу силен потрес. Набргу се слушнаа страотни викотници, луѓе трчаа на сите страни и избезумено викаа. Офицерите влегуваа во салоните, апартманите и кабините од првата класа и им соопштуваа на патниците да не паничат, туку веднаш да влезат во чамците за спасување, прво жените и децата, а потоа мажите. За патниците од втора и од трета класа никој не водеше сметка, иако и меѓу нив имаше многу жени и деца. Во чамците за спасување, кои ги немаше во доволен број, ги качија сопствениците на бродот и богаташите од првата класа. Јас грабнав еден појас за спасување, го наместив и од висина од 15 метри се фрлив во водата. Во најблискиот чамец се наоѓаше господин со куче и други богаташи. Господата спискаа затоа што ги испрскав при скокот, но јас успеав некако да допливам до чамецот, молејќи ги за помош. Ме погледнаа тапо и незаинтересирано. Господинот со кучето си ги подвитка нозете со ќебе, за да не настине, а го покри и кучето. Никој не ми подаде рака да се качам на чамецот. Кога ги исцрпив и последните сили, рацете ми попуштија и се најдов сам во водата. Господата не се ни завртеа да видат што ќе се случи со мене. Го гледав огромниот брод како тоне. Светлината сосема се угасна и за кусо време Титаник исчезна во длабините на океанот. На моја среќа, до мене се приближи друг чамец за спасување и еден офицер ме извлече од водата. Кога стасавме до бродот Карпатија, оттаму спуштија јаже, нè врзаа и нè извлекоа на палубата. Мене ме сместија во кабина од прва класа. Откако ме прегледа доктор, набргу заспав и кога се разбудив, видов дека во истата кабина со мене се и господата со кучето од чамецот, кои не сакаа да ми подадат рака. Ги погледнав со презир... Во Њујорк, на пристаништето не пречекаа илјадници луѓе. Во весниците пишуваше дека Титаник настрадал затоа што удрил во голема санта мраз, но јас сè уште се сомневам, дека можеби јас, слепиот патник од Македонија, бев вистинската причина за тонењето на бродот... |
|
Внеси реплика | страница <1 34567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |