IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Како потона Титаник??
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Како потона Титаник??

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567>
Автор
Порака
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2010 во 04:37
More Branko e kriv sto potona Titanik...
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2010 во 09:30
titanik propadna i sve propadna.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2010 во 19:57
...se aknal u  iceberg,...i  tolku mu trebalo !
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
vlad0 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Титула нема поради неплатени сметки

Регистриран: 18.Ноември.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 2263
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vlad0 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2010 во 14:14
еве шема од палубите на титаник.
имав и од трупот т.е коритото шема само да ја најдамголема%20насмевка
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
Кон врв
vlad0 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Титула нема поради неплатени сметки

Регистриран: 18.Ноември.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 2263
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vlad0 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2010 во 14:15
  1. еве ја шемата од коритото на титаник ја најдов некакоголема%20насмевкаја%20најдов%20шемата%20од%20коритото


Изменето од vlad0 - 02.Мај.2010 во 14:16
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2010 во 14:34
nema nikakva misterija ( ili zavera) vo toa shto potonal titanik...iako za toa vreme bil "reklamiran" kako plovilo shto ne moze da potone!изненадување...nekoj ochigledno pravi misteriii i od raboti shto ne mozat da bidat pojasni od toa shto se ili bile!да

ili...mozebi nekoj smisleno  mu go "namestil" iceberg-ot na patot,.....e , toa e vekje druga stvar!намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2010 во 14:50
Не знам колку точни информации дава сајберското биро за информации Вики, ама пишуваше дека Титаник имал премало кормило за толкав брод. Да имало поголемо кормило какво што му одговара можеби ќе успеел да ја избегне сантата мраз...who knows...
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2010 во 18:02
Колку што е википедија биро за информации, исто толку е и биро за дезинформации.намигнување
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2010 во 18:51
tokmu taka!да...a, nekoj se fakja za nego kako...slep za stap!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
vlad0 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Титула нема поради неплатени сметки

Регистриран: 18.Ноември.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 2263
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vlad0 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2010 во 11:39
Originally posted by brza brza напиша:

tokmu taka!да...a, nekoj se fakja za nego kako...slep za stap!

ova na mene se odnesuvase taka?
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 08:12
Научници ќе го „извадат“ потонатиот Титаник

Во август тим на американски научници ќе зарони во водите на северниот Атлантик, 344 километри југоисточно од Њуфоундланд, со цел да утврди во каква состојба се наоѓа Титаник, најпознатиот потонат брод на светот.

Анализа на состојбата ќе им овозможи да креираат тродимензионална мапа која виртуелно ќе го извадат бродот кој потонал на 15-ти април 1912-та година, кога животот го изгубија 1.522 патници.

Експедицијата ќе ја има најтешката работа на Титаник. Тие нема да прибираат никакви артефакти, туку само ќе ја проценуваат состојбата на стотина илјади остатоци.

Титаник се удрил во ледена санта и потонал во меѓународните води. Во 1985-та година го пронашол океанографот Роберт Балард со својата експедиција. Од тогаш тимови на научници собираат разни остатоци од бродот, како порцелан, обувки и опрема.

Последната експедиција беше организирана во 2004-тата година, а потонатиот Титаник досега ги виделе милион луѓе, пишува AP.

- Веруваме дека таму постојат уште многу возбудливи мистрии кои треба да се откријат. Тимот од сништата кој е составен од океанографи, археолози и други експерти, има намера да открие до која мера океанот влијаел на состојбата на бродот. Ќе користиме софистицирани уреди кои никогаш порано не биле употребувани за такви цели, изјави Крис Давино, претседател на компанијата „Premier Exhibitions“ која ја организира оваа мисија.

Се очекува науката да не застане само на тоа едно патување во океанските длабочини кои го кријат легендарниот брод.

Кон врв
Командантица Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Командантица Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 15:48
Originally posted by vlad0 vlad0 напиша:

eve neso vo vrska so potonuvanjeto na titanic click here if you can


Игнорирал 7 предупредувања?!?! изненадување
невозможно..

Инаку еве што пиши на Википедија за бродот Калифорнина кој бил неверојатно блиску но за жал не ги добил предупредувањата на Титаник...

Од мостот можело да се видат светла на некој брод во близина. Кој бил овој брод, сѐ уште е мистерија, но имало теории дека тоа би можело да биде Калифорниан или или пловец наречен Семпсон. Поради неодговарањето на радио, четвртиот офицер Боксхал и кормиларот Роу пробале да им сигнализираат со морзеова ламба и подоцна со сигнални ракети, но бродот никогаш не одговорил. Калифорниан, кој бил во близина и запрел поради сантите мраз, исто така видел светла во далечината. Радиото на Калифорниан било исклучено, а радио операторот заминал во кревет да спие. Пред да заспие околу 23 часот, радио операторот на Калифорниан пробал да го предупреди Титаник за сантите мраз, но бил прекинат од истоштениот Џек Филипс возвратил назад: „Заќути, заќути, зафатен сум, работам Кејп Рејс“, иако мислел на Њуфаундленд радио станицата. Кога офицерите на Калифорниан го виделе бродот за првпат, пробале да му сигнализираат со Морзеова ламба, но исто така никогаш не добиле одговор. Подоцна, ги забележале сигналите за опасност и го информирале капетанот Стенли Лорд. Иако имаше дискусии за мистериозниот брод, кој според офицерите кои биле на должност се оддалечувал, радио операторот на Калифорниан не бил разбуден се до наредното утро.
..Живеам за да умрам..!
Кон врв
jahra Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2010
Статус: Офлајн
Поени: 37
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај jahra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 13:53
-Modernive brodovi se podeleni na 5 ili 6 komori,zavisno od goleminata na brodot.Pomegu sekoja komora ima WTD ili water tight door.
-Taa vrata ima za zadaca da,dokolku se osteti vnatresniot ili nadvoresniot del od trupot i pocne da se vleva voda,da se zatvori preku mostot (bridge) ili racno.Dejstvuva so 70bari pritisok i ne dozvoluva poplavata da se rasiri vo drugite pregradi kako po horizontala taka i po vertikala.Taka da brodot moze da plovi ili pluta na voda bez da potone i ima dovolno vreme duri ne pristigne pomosta.
-E sega nazad na Titanic...i Titanik imal takvi pregradi arno ama pregradite ne bile zavareni do tavan,odnosno na tavanot,tuku imalo lufta od 15 inchi,taka da toa dozvolilo da se prosiri poplavata,od komora vo komora.
Neznam dimenzija na brodot no za toa vreme bil najgolem i najbrz,taka da togasnata kapetanija ne mi se veruva da napravila propust nekade..osven so komorite.
Ne se nadevale na katastrofa...
-Isto taka se veruva deka za vreme na izgradbata na brodot,covek(rabotnik) ziv bil zavaren pomegu nadvoresniot i vnatresniot lim,taka da i pokraj vikanjeto i cukanjeto na limot za pomos,nikoj ne se javil zatoa sto mislele deka toa bile zvuci od drugi majstori sto rabotele na brodot.
Ova e od nekoja dokumentarna emisija na Discovery ili History.
Se nadevam deka ima smisla za vas
PapiChulo
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2010 во 00:35
“Титаник” беше чудо невидено, вистинска палата на вода

Моето име е Стојан Дудулковски, ама сите ме викаат Стојко. Роден сум во 1897 г. во селото Чучер, на планината Карадаг, во близината на Скопје. Уште како мал слушав многу муабети за Америка. Печалбари од нашето село на татко ми му расправаа за американските чудесии. Велеа дека во Америка има големо изобилие од храна и пијалак и дека таму заработуваат повеќе пари за еден ден отколку во Македонија за еден месец. Еден спомна дека во Америка има реки низ кои тече злато кое само чека некој да појде и да го собере, а друг се колнеше дека таму има згради со одаи што одат горе-долу и дека само со допир на едно копче се осветлува цел град и тоа не со петролејска ламба, туку со “електричество” кое не може да се изгасне колку силно и да се дува во него. Оттогаш, само една работа ми беше на ум – Америка!
Кога наполнив петнаесет години, решив по секоја цена да отидам во земјата преку големите мориња, ама немав пари. На валијата во Скопје му платив една лира за да ми издаде дозвола да заминам, ама за пат до Америка ми беа потребни уште 30 лири. Поработев на пазарот во Солун за да си го платам патот до Марсеј, а таму заработив за пат до Саутемптон, каде што беше закотвен најголемиот параброд на светот - Титаник. Во Саутемптон цело попладне се вртев околу пристаништето, гледајќи го параходот и распрашувајќи се за билет. Сонував со Титаник да го поминам океанот. Тој брод беше чудо невидено, вистинска палата на вода. Се зборуваше дека на бродот имало луксузни сали за банкети украсени со златни лустери, игралишта за некоја игра што ја викаа “сквош”, коцкарници, библиотека, сала за гимнастика, турски амами, но и мало езеро што го викаа “базен”, во кое се капеле богатите. Имав среќа и успеав да се запознаам со пристанишните работници кои го пренесуваа на бродот скапоцениот товар. Почнав и јас да работам со нив и да пренесувам стока: големи бали преполни со писма, недоброени вреќи со јаглен потребни за движење на параходот, како и безброј торби на патниците. Упорно работев и собирав пари за билет.
Дента кога бродот требаше да исплови од пристаништето, на 10 април 1912 г., на доковите во Саутемптон се собра неброено мноштво народ. На бродот се качија многу богати луѓе, милионери и магнати, облечени во луксузни алишта по најнова светска мода, придружени од нивните наконтени сопруги. Тие, заради престиж плаќаа и по 4.000 долари за апартман, а беа сместени во првата, најлуксузна класа на бродот. Најголемиот број од нив беа Американци, што мене ич не ми беше чудно, затоа што знаев дека во нивната земја тече злато. Во втората класа беа сместени Европејци: Англичани и Французи и по некој Швеѓанец и Рус. Во третата класа во најголем дел беа луѓе од Балканот: Хрвати, Срби и Босанци од Австро-Унгарија, Грци, Бугари и Турци, но и Ирци, Либанци и Финци и по некој заскитан Кинез од Хонг-Конг. Музика свиреше на сите страни, илјадници луѓе го испраќаа Титаник.
Јас до денот на поаѓањето не успеав да ги соберам потребните пари за билет. Во последен момент, речиси во очај решив да се обидам да влезам на бродот заедно со пристанишните работници кои ги товареа последните патнички торби. Се качив на Титаник и се скрив во просторијата за бродски јажиња. Само што се сместив, се огласија бродските сирени кои го најавија почетокот на пловидбата на Титаник. Во следните денови постојано се плашев дека покрај преголемиот и непотребен товар што богатите Американци го понесоа со себе, дека јас, како слеп патник, сум токму оној пресуден вишок што ќе предизвика тонење на бродот, затоа што низ Саутемптон проструија гласини за пророштво кое вели дека Титаник ќе потоне на своето прво патување, а виновен за тоа ќе биде некој слеп патник...
Таквите мисли ми се потврдија само четири дена подоцна, кога негде пред полноќ, јас бев веќе заспан меѓу јажињата, одеднаш се почувствува многу силен потрес. Набргу се слушнаа страотни викотници, луѓе трчаа на сите страни и избезумено викаа. Офицерите влегуваа во салоните, апартманите и кабините од првата класа и им соопштуваа на патниците да не паничат, туку веднаш да влезат во чамците за спасување, прво жените и децата, а потоа мажите. За патниците од втора и од трета класа никој не водеше сметка, иако и меѓу нив имаше многу жени и деца. Во чамците за спасување, кои ги немаше во доволен број, ги качија сопствениците на бродот и богаташите од првата класа. Јас грабнав еден појас за спасување, го наместив и од висина од 15 метри се фрлив во водата. Во најблискиот чамец се наоѓаше господин со куче и други богаташи. Господата спискаа затоа што ги испрскав при скокот, но јас успеав некако да допливам до чамецот, молејќи ги за помош. Ме погледнаа тапо и незаинтересирано. Господинот со кучето си ги подвитка нозете со ќебе, за да не настине, а го покри и кучето. Никој не ми подаде рака да се качам на чамецот. Кога ги исцрпив и последните сили, рацете ми попуштија и се најдов сам во водата. Господата не се ни завртеа да видат што ќе се случи со мене. Го гледав огромниот брод како тоне. Светлината сосема се угасна и за кусо време Титаник исчезна во длабините на океанот. На моја среќа, до мене се приближи друг чамец за спасување и еден офицер ме извлече од водата. Кога стасавме до бродот Карпатија, оттаму спуштија јаже, нè врзаа и нè извлекоа на палубата. Мене ме сместија во кабина од прва класа. Откако ме прегледа доктор, набргу заспав и кога се разбудив, видов дека во истата кабина со мене се и господата со кучето од чамецот, кои не сакаа да ми подадат рака. Ги погледнав со презир...
Во Њујорк, на пристаништето не пречекаа илјадници луѓе. Во весниците пишуваше дека Титаник настрадал затоа што удрил во голема санта мраз, но јас сè уште се сомневам, дека можеби јас, слепиот патник од Македонија, бев вистинската причина за тонењето на бродот...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,654 секунди.