IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ОД БИТОЛА....
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ОД БИТОЛА....

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ОД БИТОЛА....
    Испратена: 26.Април.2010 во 22:10
Секој град, било да е голем или мал, има своја историја, култура со свои карактеристични обележја и претставува нераскинлив дел од традицијата на своите жители. Во текот на милениумското живеење на Битола - светиот и древен македонски град, се родиле и живееле личности кои оставиле дела од траен и севкупен карактер за да се паметат, да остават белег на градот и да зрачат до денешен ден и натаму......ова нека биде катче на форумов посветено на нив.....да



Изменето од bijonse1 - 26.Април.2010 во 22:13
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2010 во 23:55
Алушевски, Илија (1928–2004),



фолклорист, етнолог, просветен деец, публицист, кореограф и запишувач на усната литература во битолскиот крај и пошироко, поттикнувач и организатор на јавни
манифестации исполнети со фолклорен жанр, учесник во развојот на аматеризмот во РМ, меѓу македонските иселеници во Германија, Шведска и на др. места.
Роден 1928 г. во с. Ѓавато Битол ско. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Најпрво работел како средношколски професор во учителската школа во Штип, во гимназијата во Кочани и на крајот во Електро машинскиот училишен центар во Битола. Извесен период бил и научен советник во Институтот за фолклор во Скопје. Собирал песни на панаѓурите, повеќе од половина век започнувајќи веднаш по педесеттите години на ХХ век, па сè со крајот на животот,најпрво во својство на организатор на тие манифестации во Битола и Битолско.
Црпел од неисцрпните изворишта на непресушните фолклорни врутоци, бележел делови од душата на народот, да не исчезне од македонското помнење, само и само да не останеме фиданка без
корен. Несебично се ангажирал во аматерските самодејности и сесрдно помагал во работата на следните КУД: „Стив Наумов“, „Илинден“, „А. Турунџев“,„Гоце Делчев“.за формирање на Фестивалот Иницијатор за народни песни и игри „Илинденски денови“. Години на ред своите макотрпни собирани записи ги објавувал во списанија и книги. Бил редовен уредник на Радио Битола на„Фолклорната плетеница“. Во 1982 г. ја обелоденил неговата прва збирка собрани
народни стихови под наслов „Залуде лудо полуде“ - вкупно 224 македонски народни песни речиси од секој вид - епски, лирски,
лирско-епски (балади и романси). Втората збирка „Цвилит коњче во гора зелена“ (1997), содржи вкупно 715 песни. Почина во 2004 г. на својата 72 годишна возраст.Добитник е на низа признанија и награди: награда на КПЗ по повод месецот на книгата, „Особено истакнат педагошки работник“, „Ѓуро Салај“, републичката награда за истакнат просветен работник „Кирил и Методиј“, општинската награда „4-ти Ноември“, Орден за труд со сребрен венец од Претседателот на поранешната СФРЈ, сребрена плакета на ДНУ
-Битола и други.

Изменето од bijonse1 - 27.Април.2010 во 17:01
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2010 во 17:10
Андреевски, Петре (1934–2006) -



http://www.netpress.com.mk/vestiimages/15005/Petre%20M.%20Andreevski2.jpg    http://www.cs.earlham.edu/~dusko/InfoMak/gifs/pisateli/PetreMAndreevski.gif     http://www.bitolatourist.info/about/licnosti/andreevski_petre_m.jpg   http://www.e-knigi.com.mk/01poetry/pma/images/mac_r1_c1.jpg    http://joldeski.com/wp-content/uploads/2010/04/Petre.jpg

......истакнат македонски поет, романсиер, раскажувач, драмски автор кој повеќе од четири децении е меѓу челниците во современата македонска литература, академик. Пишувал поезија, раскази, романи,драми, филмски сценарија и др. вид надела. Роден 1934 г. во с. Слоештица, Демихисарско, дипломирал на Филозофски факултет во Скопје. Извесно време бил учител по демирхисарските села, а потоа
се преселил во Скопје, каде што му се посветил на нови нарството. Долги години бил уредник на Редакцијата за народна
музика, а потоа и на Драмската програма во РТВ - Скопје. За член на ДПМ избран 1964 г., а редовен член на МАНУ од 2000 г. Бил претседател на ДПМ. Смртта го затекна во 2006 г. како секретар на Одделението за литература и уметност при МАНУ. Бил член на Македонскиот ПЕН центар, член на голем број здруженија во РМ. Во литературата П. Андреевски дебитираше во 1960 г. со стихозбирката „Јазли“, а потоа континуирано се јавуваше со нови книги и избори на  поезија, раскази,романи и драми. П. Андреевски редоследно ги има објавено книгите поезија:„Јазли“ (поезија, 1960), „Ни на небо ни на земја“ (поезија, 1962), „Дениција“ (поезија, 1968), „Дални наковални“ (поезија,1971), ,„Пофалби и поплаки“ (поезија,1975), „Вечна куќа“ (поезија, 1987), „Лакримариј“ (поезија, 1999); книги раскази:
„Седмиот ден“ (раскази, 1964), „Неверни години“ (раскази (1974), и „Сите лица на смртта“ (раскази, 1994); романи: „Пиреј“(роман, 1980), „Скакулци (роман, 1983),„Небеска Тимјановна“ (1988), „Последните селани“ (1987) и „Тунел“ (роман,2003); книгата „Драми“ (1984), во која
влегуваат „Време за пеење“ и „Богунемили“. Има објавено и две збирки поезија за деца под наслови: „Шарам барам“ и „Касни порасни“. Од неговиот опус досега му се печатени повеќе избори, а во1984 г, му беа отпечатени „Избрани дела“ во пет тома. Книгите на Петре М. Андреевски имаат доживеано повеќе изданија, особено романот „Пиреј“, кој со десетина изданија станува една од ретките книги во Македонија. Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавувани кај нас (на македонски јазик) и во светот (на странски јазик). Преведуван е на голем број јазици во светот (српски,
словенечки, германски, француски, англиски и др.). Неговите драми и драматизираните романи („Пиреј“ и „Селани“) се поставувани и изве дувани во Битолскиот народен театар. Голем број дела му се мотивирани од животни судбини поврзани со битолските граѓани.
Добитник е на наградата „11 Октомври“, „Браќа Миладиновци“ (двапати),„Рациново признание“, „Стале Попов“како и на наградата „Книжевно жезло“ на Друштвото на писателите на Македонија.Во 2007 г. постхумно е одликуван со Орден за заслуги за народ.......да

Изменето од bijonse1 - 13.Септември.2010 во 17:31
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2010 во 17:33
Балабан, Аврам - Балаланоглу (1865–1913),

...способен хирург и гинеколог кој извршувал многу тешки хирушки интервенции. Исто така важел и за добар лекар и хуманист бидејќи работел и во болницата за сиромаси „Гураба Хаста Ханести“.Роден бил 1865 г. во Ендурљук (Кесарија, Турција). Во 1890 г. завршил Медицински факултет во Цариград и станал „доктор по медицина и хирургија“. После дипломирањето работел во Созопол (Бугарија).За брзо време бил поставен за општински доктор во Охрид. Од Охрид ја продолжил својата успешна лека рска кариера во Струга, Приштина и Елбасан. Секаде уживал големи симпатии од населението  и турските власти. Потоа дошол на работа во Битола од 1899 (или 1901 г.). Во Битола, во посебна зграда во дворот на својата куќа, тој отворил приватно прифатилиште со неколку болнички соби, ординација и операциона сала. Исто така отворил и своја аптека во близината на Јени аман (кај Дрвен пазар). За време на Балканските војни активно учествувал во сузбивањето на една од катастрофалните епидемии во тоа време, пегавиот тифус.Но, лесно префатливата болест му го одзела животот во 1913 г., со што Битола останала без еден од најискусните лекари.....


Изменето од bijonse1 - 27.Април.2010 во 17:44
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 09:36
Ајри Демировски (Битола, 1927 - Измир, Турција, 21 октомври 2009)
Беше познат македонски музичар и автор на песната „Битола, мој роден крај“
Демировски е роден во 1927 година во Битола. По ослободувањето бил првиот испратен ученик од Битола во Загреб во графичкото училиште да го изучува печатарскиот занает. Но, во Битола тој никогаш не работел како печатар. Се вработил како чувар во Радио Битола. Работејќи во радиото имал несекојдневна прилика редовно да ги слуша во живо најпопуларните битолски и македонски пејачи. Тоа го поттикнало да почне да размислува во насока на создавање на нова македонска музика. Ајри Демировски има компонирано над педесетина песни. Негови се популарните: „Мариче ле лично девојче", „Таму ле мајко близу Битола", „Само ти се чудам Цвето", „Сношти те Маре сонував", „За кого ти цути Дано лицето"„Денот ми наблиза на гурбет да заминам" и многу други, за кои се смета дека се народни, бидејќи се општоприфатени и пејани. Најпопуларната меѓу нив е неговата антологиска песна „Битола, мој роден крај", песна во која ја опеал својата огромна љубов кон родната Битола, песна која претставува неповторлив музички симбол и по која Битола ја препознаваат и распознаваат. Битолчани оваа песна ја прогласиле за песна на векот, а Демировски за почесен граѓанин на Битола во 2006 година. Продукциската куќа ISR од Истанбул за Демировски подготвувала документарен филм во кој во финалната фаза се снимала во Битола кога екипата била затекната од тажната вест за смртта на Демировски. Починал во Измир, Турција на 21 октомври 2009 каде што живеел 25 години.
Почесен граѓанин на Битола

Изменето од mungos80 - 28.Април.2010 во 09:37
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2010 во 23:24
Георгиевски, Љубиша.....

http://www.vreme.com.mk/images/Image/ljubisa%20georgievski-2%20%28Small%29%281%29.JPG          http://img.youtube.com/vi/Wv-VdiV4zBw/0.jpg

 (1937), македонски театарски и филмски режисер,универзитетски професор по актерска игра и режија, публицист и дипломат.Роден 1937 г. во Битола. Основно и средно образование заврши во Битола. Дипломирал режија на Академијата затеатар, филм, радио и ТВ во Белград, во 1961 г. Како режисер е потпишан на над 160 театарски претстави ширум бив шиот југословенски простор и над десетина во странство (САД, Пол ска, Романија) и четири играни филмови. Со неговото доаѓање во Битола, во колективот на Народниот театар, се почувствува еден порадикален и посовремен сценски израз и на драмски содржини што ќе ја носат ознаката на неконвен ционалност и актуелност.Огромниот творечки опус го започнува со поставување на дип ломската претстава „Потоп“ од У. Бети (1961), на сцената на Народ ниот тетар - Битола, потоа следат претставите: „Физичари“ од Ф.Диренмат (1962), „Арсеник и стара тантела“, „Швејк во Втората светска војна“ од Б. Брехт (1965), „Хамлет“ од В. Шекспир(1966), „Партитура за еден Мирон“ (1967),„Покојник“ (1967), „Свадбата на Мара“ од В. Костов (1976), „Црнила“ од К. Чашуле(1977), Суд“ од (1978), „ Мандрагола“ од Н. Макијавели (1980), „Еригон“ (1982),„Јулиј Цезар“ (1982), „Хај-фај“ (1982),„Mazedonische Zustä nde“ (1984), „Југословенска анти теза“ (1985), „Керубин“ (1988),„Сирано де Бержерак“ (1991), „Ојдип тиранин“ (1993), „Чекајќи го Годо“ (1994), „Одам на лов - апа нсаз“ (1995), „Глембаеви“ (1996), „Гардеробер“ (1996), „Ифигенија во Авлида“ (1996), „Вишновата градина“ (1997), „Веселите жени од Виндзор“(1997), „Филоктет“ (1998), „Последната ноќ на Сократ“ (1999), „Армагедон“,од Љ. Георгиевски (2000) и др. Филмовите „Под исто небо“ (1964), „Планината на гневот“ (1968), „Републиката во пламен“(1969), „Цената на градот“ (1970). Добитник е на бројни награди за режија. Наградата „11 Октомври“ (1981), Наградата на Здружението на драмските уметници во СРМ (1962), „Војдан Черно дрински“(1965, 1990, 1994), „Стерја“ (1965, 1981), „Златен венец“ на МЕС Сараево (1969,1974, 1976, 1977, 1978), Награда на Зружението на театарските работници на БиХ(1972),  „Јоаким Вуиќ“ (1974).Пишува есеи, публицистика, па теписи,драмски текстови. Драмски текстови:„Црна“ (1989), „Фило ктет“ (1998), „Армагедон“ (2001), филмското сценарио „Македонски рулет“ (2007), драматизацијата на романот „Свадбата на Мара“ од В. Костов, и др. Есеи: „Свет - сон“ (1978), „Речник на предрасуди“ (2001). Публицистика: „Полити чката иднина на Македонија“(1991), „Претседателски кандидат“ (1998).Беше професор по режија и глума на ФДУ- Скопје. Од дипло матските активности беше амбасадор на РМ во Р. Бугарија., па Претседател на Собра нието на Република Македонија.............да

Изменето од bijonse1 - 25.Мај.2010 во 23:29
Кон врв
Tor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 628
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2010 во 00:29
"Zaradi Ljubisa Georgireski i negova rezija vo felm "Republikata vo plamen" - vostanieto propadna!", krtitika na filmot od 1969...

Alexandro Turunje e od bitoljaaaaaaa

Ima nesto i od anticko vreme, sto li bese, koj bese?

Изменето од Andjelina - 11.Август.2010 во 23:07
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2010 во 18:12
http://www.bitolatourist.info/about/licnosti/daskalo_taki.jpg
Даскало, Таки – Димитар Николовски (1921–1942), роден во Битола.Основно образование стекнал во Битола.По завршувањето на четиригодишното учи лиште се запишал во Полната реална гимназија во Битола, каде што завршил четврти клас и положил полума турски испит. Потоа, своето образование го про дол жил во Скопската учителска школа.Уште во учителската школа во Скопје се придружил на групата на предни младинци. По капитулацијата на кралството Југославија, Таки Даскало веднаш се
вклучил во рецолуционерното движење.Поради своите активности, набргу дошол во судир со бугарската окупаторска полиција, па кон крајот на 1941 г. станал еден од првите илегалци во Битола. Поради опасноста од дејс твувањето во илегала во Битола, со одлука на Месниот комитет на КПЈ, Таки Даскало бил префрлен во с. Лавци. Активно учествувал и во формирањето на Првиот битолски партизански одред „Пелистер“, а по неговотоформирање бил назначен за политички комесар. Неговата богата револуционерна
активност била прекината на 3 мај 1942 г.кога во борба со бугарските фашистички,окупаторски, воени и полициски сили воОреовата Корија бил тешко ранет, а потоа ѕверски дотепан со кундаци од бугарските окупаторски војници......
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2010 во 18:22
http://www.bitolatourist.info/about/licnosti/demirovski_ajri.jpg        http://media.a1.com.mk/media/vesti200/ajri-demirovski.jpg           http://img.youtube.com/vi/ooy4Yw-rv2A/0.jpg
Демировски, Ајри
(1927-2009 god), автор на песната „Битола, мој роден крај“. Роден е во Битола.  Битолчани оваа песна ја прогласија за песна на векот,а нејзиниот автор Ајри Демировски за почесен граѓанин на Битола....


Изменето од bijonse1 - 27.Мај.2010 во 18:27
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 17:11

http://www.denicamk.com/Denica088/30-05.JPG                              http://www.denicamk.com/Denica088/30-01.JPG


Ванѓелов, Васко

(1927), роден во Битола, професор по физичко воспитување,целиот свој живот го посветил на едукацијата на младите и развојот на спортот во Битола. По ослободувањето станал член на гимнастичката екипа што ја раководел Јонче Секуловски и учествувал со вежби на справи и партерна гимнастика на републичкиот слет во Скопје. Како ученик во средното ветеринарно училиште во Скопје го оформил првото гимнастичко друштво. Како студент во Белград,кон крајот на 1959 г. се посветил на пливањето, а по враќањето во Битола го формирал и бил тренер на првиот пливачки клуб „Југ“ во Битола. По дипломира њето 1960 г. се вратил во Битола, вработувајќи се како професор во Средното земјоделско училиште. Истата година го формирал и I атлетски клуб во Битола. В. Ванѓелов е заслужен за формирањето на отсекот фискултурни паралелки при Учителската школа во Битола. Два мандати бил претседател на Сојузот на педагозите по физичка кул тура во РМ. В. Ванѓелов е автор на бројни стручни и популарни спортски трудови објавувани во разни списанија, весници и електронските медиуми. Со свои трудови настапувал и на повеќе конгреси во земјата и странство..




Изменето од bijonse1 - 04.Август.2010 во 17:20
Кон врв
монте кристо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THERE CAN BE ONLY ONE

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6869
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај монте кристо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2010 во 13:59
ИСТАКНАТИ БИТОЛЧАНИ : АТАТУРК, ПЕРО ШУТЕ , СВЕЖИОТ , ИДРИЗ , НИКОЛЧЕ ШЕЌЕРОТ
во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .
Кон врв
10101 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Април.2009
Локација: Jamaica
Статус: Офлајн
Поени: 963
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај 10101 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2010 во 17:39
Karolina Goceva



Stiv Naumov



Kiril Makedonski



Изменето од 10101 - 17.Август.2010 во 17:39
98% of the internet population has a signature. If you're part of the 2% that doesn't have a signature, copy and paste this into your sig.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2010 во 19:26
Originally posted by монте кристо монте кристо напиша:

ИСТАКНАТИ БИТОЛЧАНИ : АТАТУРК, ПЕРО ШУТЕ , СВЕЖИОТ , ИДРИЗ , НИКОЛЧЕ ШЕЌЕРОТ


Ataturk Bitolcanec????
Кон врв
Командантица Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Командантица Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2010 во 01:14
Originally posted by монте кристо монте кристо напиша:

ИСТАКНАТИ БИТОЛЧАНИ : АТАТУРК, ПЕРО ШУТЕ , СВЕЖИОТ , ИДРИЗ , НИКОЛЧЕ ШЕЌЕРОТ


http://www.youtube.com/watch?v=TCMPiNjFAx8&feature=player_embedded

Свежиот ком .мк газење%20од%20смеење .. ѕвер е...кажува се и сешто, и моменталната температура во градот
..Живеам за да умрам..!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.