|
Македонија низ Христијанството |
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Автор | ||||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Не е прашање кој ги градел,никако не спориме дека многу Власи придонеле на православното Христијанство.Пишуваме под чива јуриздикција биле црквите,на кој јазик се чатело и кој богослужил таму.Не е работата да се инатиме,во Македонија зборам во Македонија до Олимп во дадени периоди се богослужело на црковно-славјански а во делови кои денес се познати како Егејска Македонија и Албанија на Грчки.
Тоа е тоа |
||||||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Хмм појма неам на кој јазик се служело, баш ќе прашам, не ми се верва дека на латински ама чим е влашка црква , веројатно грчки.
Изменето од DragancoLeskoec - 21.Април.2010 во 22:45 |
||||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Зошто мислиш у Влашка црква на Македонски не се богослужи
Изменето од Boogie - 22.Април.2010 во 00:11 |
||||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Otec Oliver od MPC |
||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
навистина , под чива јурисдикција биле црквите во кои се служело на старословенски јазик ? ............. еве , во црквите кои ги изградиле власите , нека се служело на јазик на кој и денес се служи на пример во Романија ........ не е ли тоа исто како што на пример денес се богослужи на Македонски јазик во црквите под јурисдикција на мпц ? ....... не се обидуваш ли на малку перфиден начин да го сториш со власите и нивните цркви она против што се противиш кога тоа истото го прават некои други со мпц ?
|
||||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Не - воопшто,Власите си имаат своја црква ама таа не е МПЦ,исто така МПЦ не постоела эа време на Отоманската империја и во ниедна црква не се богослужело на Влашки туку на ЦрковноСлавјански
|
||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
значи , во поново време некој се обидува да го присвои и она кое што не му припаѓа ........ мпц посегнува по црквите кои се изградени од власите .......... или грешам
|
||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Обратно, токму за време на отоманската империја се служело на влашки јазик. Еден од моите прадедовци служел токму во влашката црква во Велес.До социјализмот црквите си биле изградени од Власите, си ги плаќале поповите. Со преминот на црквите под јуриздикција на МПЦ тие станаа сопственост на МПЦ. Социјализмот го одзема тоа право. А сега има 3 попа кои завршија богословија во Романија и од нив само еден држи дел од богослужба на влашки. |
||||||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Можно е, порано не се служело дефинитивно, барем во Битола можам да загарантирам. |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Сеуште нема доказ кој целосно ќе ја расветли сликата за јазикот на старите Македонци.
Се населиле, јас никаде и не го спорам тоа.
Зарем некаде го спорам тоа?
Зарем и ова го спорам?
Не се споменуваат Власи во тој период во житијата колку што знам, не ја мати водата. Ниту Свети Кирил и Методиј не биле Власи, ниту пак другите светители. Влашки јазик тоа време се користел само неоицијално, никаде не се користел во осмиот век официјално влашкиот јазик. Тоа е факт. Во однос на Грците, треба долго да се елаборира, а не е за тоа темата.
Па темата е на тоа и посветена, зар не? |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Во Крушево кој богослужел на латински јазик? Патријаршијата? Охридската Црква? Бугарската Црква? Српската Црква? Тоа прашувам. Влашките Цркви се цркви кои биле под нечија јурисдикција, не биле во сопственост на народот, туку се наоѓале под нечија јурисдикција. Влашка Црква, како црковна организација не постоела, Власите, во периодот на пропагандите, се наоѓале главно во рамките на Константинополската црква или на Романската Црква, а некои ина бугарската и српската црква. И никој не можел да им одземе црква, која не може да биде во сопственост на Власите, ниту на Македонците, ниту на кој и да било, затоа што тие се под јурисдикција на нечија Црква. |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
За време на отоманската империја се богослужело на влашки само во Црквите под јурисдикција на Романската Црква, во ниту една друга Црква. До социјализмот тие Цркви биле под нечија јурисдикција. По потпаѓање на Македонија под српска окупација биле во рамките на Српската Црква ( иако одреден дел и на Константинополската ), за во 1941 година да потпаднат црквите под Бугарската Црква, па се богослужи на бугарски јазик до 1944 година, независно од каде одат парите и слично. По ослободувањето, во 1958 година, со согласност и на СПЦ се возобновува Охридската Црква во лицето на МПЦ и сите Цркви во Македонија се под нејзина јурисдикција. Во однос на црковната политика, Црквата сама си ја уредува истата, Епископите се тие кои одлучуваат за некакви барања, односно служење на друг јазик, поставување свештеник и слично. Не треба да се меша црковното устројство со државното, тоа е сосема погрешно. |
||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Со потпагањето а црквите под јуриздкција на МПЦ, а тоа се слуци по создавањето на СРМ односно ФНРМ во црквите изградени од Власите се прекина со богослузба на влашки јазик. Под чија јуриздикција и да биле, поповите чатале на влашки (не на романски). Неодамна на ТВ гледав интервју со поп Влав од Албанија кој отворено си кажа дека дури и во времето на Енвер Хоџа во Албанија тајно си држеле крштевки на влашки.Во Грција тоа одело малку потешко, не сепак во чисто влашки села ипоголеми населби си пееле стаите попови и око не им трепнело.
Пак ке речам-зборувам од кажувања на постари лица кои биле причестувани, им се крштевале внучиња на влашки јазик. С до социјализмот ( а некаде и по додека не биле шпионирани и кажани од ’’добронамерни православци’’) |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Сосема не си во право. Прво, ФНРМ не се создала, се создала Федерална Македонија, додека истата се преименува во Народна Република Македонија ( значи не федерална ) со донесување на Уставот на ФНРЈ во 1946 година. МПЦ е возобновена во 1958 година, значи 14 години по удирање на темелите на современата македонска држава на 2-ри Август 1944 година. Во однос на јурисдикцијата, не може да читале на кој сакаат јазик свештениците, освен ако тоа не го правеле кришум. Тоа е како некој да каже дека во грчките цркви се богослужело на македонски јазик, што знаеме дека не било возможно. Кришум и нелегално може и да се одвивала богослужба на влашки јазик, ама ние говориме сепак за дозволени нешта од страна на црковните власти. Истотака во однос на натписите, во Македонија би сакал да ми спомене некој, која Црква има натписи на иконите и фреските на влашки јазик, значи не на романски, не на грчки, туку на влашки. Јас не знам која е таа, а и чисто се сомневам во такво нешто, затоа што не верувам дека грчката, бугарската и српската црква ќе дозволеле такво нешто. За Романската Црква не знам, можеби и дозволувала, не сум доволно запознаен со јазикот кој таа го користела во богослужбите. Изменето од Македон - 22.Април.2010 во 18:41 |
||||||
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |