![]() |
|
Марс - Мистерија или не? |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 9> |
Автор | ||||||||||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
ushte na zemjata ima misteriozni mesta,...a , kamoli neshto shto tolku daleku od nea!
![]() |
||||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
||||||||||
![]() |
||||||||||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
Prashanevo nema logika - МАРС-МИСТЕРИЈА ИЛИ НЕ?
Koj e toj koj kje tvrdi deka potpolno ja osoznal ovaa planeta i deka taa ne e misterija ??? ![]() |
||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
Omar ![]() Сениор ![]() ![]() Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
Обама најавува летови на Марс
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД планираат да испратат вселенски екипаж на Марс. Зборувајќи во Вселенскиот центар во Кејп Канаверал, во Флорида, Обама рече дека до 2025 година ќе биде направен нов вселенски брод за долги патувања. „Ќе почнеме така што ќе испратиме за првпат во историјата астронаути на астероид. До средината на 30-те години, верувам дека ќе може да испратиме луѓе во орбитата на Марс и да ги вратиме безбедно на Земјата“, изјави американскиот претседател. Тој додаде дека за следните пет години се издвоени шест милијарди долари за програми на НАСА. Тие пари се наменети за роботски истражувања на соларниот систем, нови мисии на Марс како и нов телескоп, а ќе се зголеми и надгледувањето на Земјата заради разбирање на климата. Обама ги отфрли критиките дека во таа област не е добро да се работи со приватниот сектор. Тој најави дека ќе се инвестираат три милијарди долари за истражување да се произведе напредна ракета со голема носивост. До 2015 година треба да биде завршен новиот дизајн на ракетата, а потоа да почне производството. „Со новиот план, во иднина побргу и почесто ќе се оди во вселената“, нагласи тој. Објаснувајќи зошто ги прекинал плановите на својот претходник за испраќање ракета на Месечината, тој рече дека во изминатите години ситуацијата се изменила и нема веќе трка во вселената, туку соработка. „Таму веќе сме биле“, додаде тој. Со новиот план ќе се отворат 2.500 работни места на Флорида, а околу 10.000 во целата држава за неколку години. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
marsovec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
На Марс е одлично, јас ви велам - како марсовец.Нема политика,нема богати и сиромашни, нема завист,нема разбојништва, нема берзи и проневери, нема затвори.
За жал, нема и живи. Овде има од сето но има и љубов.Тоа е основно - другото баталете го. Не бидете ничии потрчковци.Љубете и ќе ве љубат.Исто како марсовците некогаш. [:-&] [:-&] [:-&] [:-&] |
||||||||||
![]() |
||||||||||
Marko Polo 1 ![]() Сениор ![]() ![]() venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
Тема: МАРС-МИСТЕРИЈА ИЛИ НЕ?
A da ja odgovorevme Zemjata prvo? Pa posle da se prefrlime na sosednite planeti... |
||||||||||
![]() |
||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
Другото лице на Марс
Фотографии изгледаат како филмска апокалиптична верзија на Земјата, погодена од природна катастрофа. Сепак, оваа колосална ледена формација е дел од ѕид на кратер на Марс. Научниците на НАСА успеале да мапираат дел од Мохаве кратерот на Марс, чиј дијаметар изнесува околу 59,5 километри. Големата длабочина на кратер - околу 2,5 километри - покажува дека Мохаве се пополнува, односно доживува имала ерозија. Резултатот им овозможува на научниците да направат увид во еден голем и комплексен кратер на Марс. Повеќето големи кратери на оваа планета се погодени од ерозија или пак одамна биле зафатени со други геолошки процеси, поради што не се погодни за проучување. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
nambiec ![]() Нов член ![]() Регистриран: 05.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 10 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
Nema poenta |
||||||||||
![]() |
||||||||||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
ma kakov majmun?!
![]() ![]() |
||||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
||||||||||
![]() |
||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
Горила на Марс?!
Невообичаена фотографија која покажува нешто што наликува на сребрено црн горила на површината на Марс, го разбранува мислењето на сите оние кои веруваат дека постои живот на други планети. Некои од претпоставките отидоа до таму дека станува збор за две горили кои стојат една спроти друга и се подготвуваат за борба. Сепак, за волја на вистината станува збор за најобична карпа кој оддалеку наликува на мајмун |
||||||||||
![]() |
||||||||||
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
Ovaa statija nekako ja potkrepuva statijata od Val postirana vo Dali ima vonzemjani... se e mozno
![]() |
||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
||||||||||
![]() |
||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
Нови докази за живот на Марс
Бактерија од Марс пристигнала на Земјата со метеоритот кој удрил на Антарктик пред околу 13.000 година, соопштија американските научници од НАСА. Метеорот „Allan Hills 84001“ се најде во центарот на јавноста во 1996 година, откако на него се пронајдени фосилни остатоци. Научниците прво веруваа дека бактерија од Земјата ја контаминирала карпата додека лежела во смрзнатата пустелија. Сега, научниците од НАСА велат дека имаат цврсти докази оти бактеријата потекнува од Марс. Истражувачкиот тим на американската вселенска агенција сега, користејќи електронски микроскоп со голема резолуција (кој во 1996 година не постоеше) открија дискови од карбонат и ситни кристали од магнетит во внатрешноста на метеорот. Експертите заклучиле дека необичните хемиски и физички елементи на метеоритот се тесно поврзани во карбонски дискови. Ова е доказ за интеракција на каменот со водата на Марс, пред повеќе од 3,5 милијади години, смета истражувачкиот тим. |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
Дрва на Марс?
Сондата на Марс ги шокираше научниците на НАСА со фотографиите на кои изгледа дека на Црвената планета има дрва. Фотографиите, кои се направени на помалку од 386 километри од северниот пол на планетата, всушност прикажуваат песочни дини покриени со смрзнат карбон диоксид или сув мраз. „Дрвата“ всушност се траги од лизгање на земјиштето кое на пролет се случува со топењето на мразот на Марс. - Линиите песок се поместиле со топењето на мразот кој се лизга низ песочните дини, вели Кенди Хенсен од НАСА.. Во ова време од марсовската година, целата планета е покриена со смрзнат CO2. |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
На Марс порано имало океан ?!
Научниците веруваат дека во минатото една третина од Марс била океан. Таквата перспектива ги зголеми шансите за живот на Црвената планета, четврта од сонцето во нашиот Сончев систем. Долината која била истражувана за прв пат е забележана во 1971 година. Според приказот кој го направи NASA може да видиме дека имало реки кои течеле помеѓу екваторот и јужните географски широчини. Експертите од Универзитетот во Северен Илиноис и веруваат на NASA за речните патеки кои некогаш течеле и се сливале во огромниот океан на север. |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
Снимено исушено езеро на Марс
Новите снимки од Марс укажуваат на тоа дека на површината на црвената планета пред три милијарди години имало езеро. Снимките направени од леталото на NASA кое кружи во орбитата на Марс, а на нив се гледа дупка која може да претставува група од исушени канали, објави BBC. Дупката според извештаите има пречник од 20 километри, а научниците со анализа на сликите уочиле мноштво од канали кои се поврзуваат во центарот. |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |