IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Преговори за името
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Преговори за името

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 184>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
IggyK Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 58
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај IggyK Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2010 во 12:30

И јас не се согласувам да се менува името на државата но и двајцата многу добро знаеме дека Македонија се` повеќе тапка во место.
Економски е разрушена. Стандардот на плати/живеење уште не го стигнал нивото на стандардот од 1989 год. Имаме најголема невработеност во Европа. И имаме млади луѓе кои не пропатувале и проживеае надвор од сопствената земја кое е трагично за една европска земја. значи сме бедни и затворени. За среќа работите се менуваат. Бавно.
Сиот тој процес на транзицијата ќе заврши со приспојување со НАТО и ЕУ. Благодетите ќе бидат многу брзо на видели бидејќи сме мала земја и сме способни. Но ако тоа не се случи тонеме во национализам и сопствените гомна.
За мене Makedonska/i не е исто што и Macedonia/n но е за мене најблиско компромисно решение. Во осталом, овие две деценинии со главата во ѕид не покажавме дека може сами да се справиме со економијата заради што јас како млад човек во Македонија неможев да најдам никаква обична канцелариска работа, а дури во околниве земји работам веќе 5 години и имам услови за кариера и знам дека сум во средна класа што ми овозможува многу повеќе отколку кога бев безработен со години во нашата убава татковина Македонија.
Поздрав до сите со пошироки гледишта.




Изменето од Анастеа - 10.Април.2010 во 14:23
Помогнете и` на македонската википедија!
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2010 во 14:59
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Едно прашање можи малку наивно.

Предлогот за Северна Македонија сите тврдат дека е скорашен,но во тајните договори на бугарија и грција од 19 век се разгледува оваа име за објаста Македонија со тоа што северна Македонија ќе стани бугарска,а јужна Македонија ќе биде грчка.Дури бугарите имаат и книги со овие наслови и овој проблем.


Е сега прашањето е до овие паметните во Македонија,ако Македонија е област од три дела од кој едниот е во Грција,другито во Бугарија и третиот нашата Македонија,кој гарантира дека ако го смениме името во северна Македонија бугарите нема да ни поставаат вето затоа што во северна Македонија е и нивниот дел?


Бугаринот копира

“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2010 во 00:29
Originally posted by IggyK IggyK напиша:


И јас не се согласувам да се менува името на државата но и двајцата многу добро знаеме дека Македонија се` повеќе тапка во место.
Економски е разрушена. Стандардот на плати/живеење уште не го стигнал нивото на стандардот од 1989 год. Имаме најголема невработеност во Европа. И имаме млади луѓе кои не пропатувале и проживеае надвор од сопствената земја кое е трагично за една европска земја. значи сме бедни и затворени. За среќа работите се менуваат. Бавно.
Сиот тој процес на транзицијата ќе заврши со приспојување со НАТО и ЕУ. Благодетите ќе бидат многу брзо на видели бидејќи сме мала земја и сме способни. Но ако тоа не се случи тонеме во национализам и сопствените гомна.
За мене Makedonska/i не е исто што и Macedonia/n но е за мене најблиско компромисно решение. Во осталом, овие две деценинии со главата во ѕид не покажавме дека може сами да се справиме со економијата заради што јас како млад човек во Македонија неможев да најдам никаква обична канцелариска работа, а дури во околниве земји работам веќе 5 години и имам услови за кариера и знам дека сум во средна класа што ми овозможува многу повеќе отколку кога бев безработен со години во нашата убава татковина Македонија.
Поздрав до сите со пошироки гледишта.


абе не е проблемот името, аман, не знам како може толку оптимистички да гледате „компромис“ со држава која одсекогаш била непријателски настроена кон нашата и да се потпираме на сојуз кој и те како е сомнителен и нестабилен
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2010 во 21:53
Поради пасивност на политичарите.
Во неколку дела ќе биде истакнато видувањето и предлогот за Одбрана на името на Република МАкедонија.
Слободно давајте и свои предлози, видувања и мислења.
На оваа тема следува ДЕБАТА.

Глава Прва

Република Македонија во Септември 1991 годинастана независна, самостојна и суверена држава на еден дел од својата етничка територија со што се оствари вековниот идеал на македонскиот народ за сопствена држава.

Но, уште на амиот почеток Република Македонија се соочи со проблеми во процесот на меѓународното право.

Така, на Македонија и беше оспорено уставното име, нешто, веројатно, дотогаш непознато на меѓународната сцена – да се негира есенцијален елемент од правната личностна еден меѓународно- правен субјект.

Во овој контекс, проблематичен стана и македонскиот Устав, кој беше ревидиран во Јануари 1992 година, неполни два месеца по неговото изгласување во македонскиот Парламент, се проблематизира и македонското знаме кое, на крај, доживеа измена во Октомври 1995 година.

Но, притисоците не престанаа.Грција континуирано го држи отворено прашањето за името, заострувајки го со проблематизирање и на културниот, јазилниот, како и историскиот идентитет. На овој начин, Грција во континуитет спроведува стратегија за национален геноцид врз Македонците, иако нејкзините објаснувања се, дека ја брани својата национална безбедност.

Од друга страна, Македонија уште во почетокот се определи за дефанзивна политика во однос на наводниот спор, со континуирано попуштање, безбез оглед на фактот што Грција превземаше мерки што заслужуваат реципрочно однесување од македонска страна.

Со државна стратегија е неопходно да се одбрани името, највисоките државнии национални интереси и да се зачува идентитетот на македонскиот народ, јазик, историја, култура, постоењето на македонското хационално малцинство и да се афирмира позицијата на Република Македонија како суверена и самостојна држава.

Стратегијата мора да биде темелена врз што не ја лимитираат аргументацијата која е во прилог на одбраната на уставното име – Република Македонија.

Затоа, владеачката коалиција и опозионите партија треба да се зафатат со овој горлив проблем, и да изготват стратегија која ќе се темели врз реалните историски факти и формално – правни акти што ја афирмираат позицијата на Македонија  пред меѓународните институции и пред меѓународната јавност.  




Изменето од orlov - 18.Април.2010 во 15:55
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2010 во 22:07
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2010 во 23:34
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

I sega shto? shto znaci ova? Da se smeni imeto?

Талер: „Македонци сте, решете го спорот“


што значи? значи дека ич никој не го боли за нас и на секој проблем меѓу Македонија и Грција реагираат со „Аман, овие пак нешто замараат!“
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2010 во 01:42
Вие сте Македонци и ќе останете тоа и да се измисли вештачко ново име.“

Оксиморон од господинот Талер!
Не може да ни смислат ново име а пак да си бидеме Македонци, тоа ќе ни остане само за по дома.
Во обид да не убедат да си го промениме името почнаа да не лажат како мали деца со лижавчиња: “Вие сте она што чувствувате дека сте. Вие сте во право, а ние во Брисел го знаеме тоа.“бла%20бла

Што ни вреди господа ако вие знаете ама сепак не нарекувате северно-горно-долномакедонци?!





Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2010 во 23:50

Глава Втора

ДЕЛУМЕН- КРАТОК ПРЕГЛЕД НА ИСТОРИСКИТЕ ФАКТИ

Овој простор го носи името Македонија, и тоа е поврзано со античките Македонци и нивното славно кралство. Своето име Македонија го носи непрекинато како единствена земја на Балканот, седмиот век пред нашата ера до денеска, близу три милениуми. Во текот на историскиот развиток настапува една трајна историска симбиоза меѓу античките Македонци и другите народи кои поминувале на овој простор кој го носи името МАКЕДОНИЈА.

Тоа се случува, со својата закономерност и објективност во текот на деветнајсетиот век.Впрочем, ниту еден од балканските народи во почетокот на деветнајсетиот век сеуште не бил конституиран како нација. Религиозната припадност ја определувала политиката и социјалната положба на султановите поданици за време на турското владеење на овие простори.

Секако, интересно е тоа што Гркот Каподистриас немал претензии да ја вклучи Македонија во Елинистичкото кралство, а токму на тоа оделно кралство му го дал наводно историски грчкото име Македонија.

Не може ни да се претпостави дека еден високообразован еминентен европски дипломат  и, секако, добар познавач на работите згрешил.

Тој сигурно постапувал објективно и во согласност со реалните нешта, и името Македонија го предложил за една друга држава, надвор од Грција, и тоа не се сметало ниту за узурпација, ниту за навреда на Грција, односно за фалсификување на историјата, туку за сосема легитимна работа. Разликата, денес, е само во тоа што наместо кралство имаме Република Македонија.

Најинтересно е дека Јоанис Каподистриас (1875-1931) е првиот премиер на новонастанатата грчка држава.

Прочуениот англиски државник Билијам Гледстон ќе напише: ,,А зошто да не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите,,.

На Балканскиот конгрес во 1929 година, Е. Венивелос, као премиер на Грција, не само што го птврдува постоењето на македонското малцинство туку и ветува дека тој лично ќе се заложи за задоволување на правата на тоа малцинство. Во својот таен меморандум од 12.02.1934 година до тогашниот министер за  надворешни работи на Грција, Максимос, Венизелос истакнува дека Македонците не  се чувствуваат ниту како Ггрци, ниту како Бугари.

Лидерот на левите либерали во Грција, Јоанис Софијанопулос, и бевш министер за надворешни работи на Грција, во грчкиот парламент, во Септември 1950 година, признава дека во Грција има макдоско малцинство.

Во Ноември 1959 година кога грчкиот парламент расправаше, а потоа го ратификува Договорот за погранична соработка меѓу Грција и Југославија, тогашниот министер за надворешни работи на Грција (еминентен член на раководството на партијата на Караманлис), Евангелос Авроф во грчкиот парламент го споменува и македонскиот јазик.

Македонското име за Македнците без предрасуди го споменуваат доминантни личности и во духовниот живот на Грција, вклучутелно и современиот грчки поет Јанис Рицос, добитник на Златбиот венец на Струшките вечери на поезијата.

Европскит ПАРЛАМЕНТ во извештајот од 1977 година вели дека во Грција има пет малцинства, меѓу кои и македонското, дека во таа земја се зборува освен на официјалниот уште на 4(четири) други јазици: турскиорт, албанскиот, влашкиот и македоскиот. Независниот пратеник, Филинос, имше храброст да потврди во грчкиот парламент дека во Грција, навистина живеат наведените малцинства.

Грција, на Третата коференција на ОН за типизација на геогравските имиња (која, впрочем, се одржа во Атина  во 1977 година), ја прифати без никакви резерви Резолуцијата на Конференцијата, според која се усвојуваат меѓународните системи за латинична транскрипција на српскохрватските и мкедонските географки имиња со констатација дека во Југославија веќе одамна се применува предавањето на латиница на рпскохрватското и на макдонското кирилично писмо.

Во 1982 година, на Четвртата конференциај на ОН, која по истиот прдмет беше одржана во Жанева, грчката страна отиде уште понатаму  и наведе дека Грција им дава подршка на сите соодветни резолуции на Конференцијата на ОН за типизација на географските имиња и предложи почитување на националните топоними, така како што се тие типизирани од компетентните органи за геогравски имиња во секоја одделна земја.

Значи, Грција во 1977 година и 1982 година со овие одобрувања, практично, на најкомпетентната ТРИБИНА ги призна името Македонија и македонскот јазик.

Во средината на Февруари 1993 година 358 грчки интелектуалци се појавија сопетиција до Владата на Република Грција, со која бараат никој да не оспорува дека постои и друга, негрчка Македонија и дека та преставува стварност.      



Изменето од orlov - 16.Април.2010 во 23:52
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2010 во 12:40
Преговори и нема, но неможејќи економски да ја подобрат положбата на граганите, играат на картата на патриотизам, антиквизација,измислуваат внатрешен и надворешен непријател ( веќе видено),кријат дописи од европа и го убедуваат народот дека сите ни се непријатели.Теза и потези кои можат скапо да ја чинат Македонија.Неспособноста ги тера на виртуелизациа на сегашноста, очекувам кога ќе ги преполнат џеповите - да постапат како Даравелски и други, да си ја дувнат - во комшилук или Чешка.Да почекаме - иако ќе биде доцна!.
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2010 во 16:32

ПРАВНИ ОПЦИИ ЗА ПРОМЕНА НА ПРИВРЕМЕНАТА РЕФЕРЕНЦА ПЈРМ СО УСТАВНОТО ИМЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОН

Во ОН на Македонија и стојат на располагање по-веќе начини за дз го оствари своето барање да би-де нарекувана Република Македонија во рамките на ОН.

-Се разбира, клучен фактор во одредувањето на најсоодветниот начин не биде политичката проценка на Македонија за тоа кој орган на Обединетите Нации не реагира најпозитивно во однос на нашето барање да бидеме нарекувани Република Македонија.

1. СЕКРЕТАРИЈАТ

Македонија може да бара да го промени своето име преку Секретаријатот, едноставно известувајќи го Генералниот секретар дека сака да биде нарекувана со името „Република Македонија". Во овој контекст, му препорачувам на државниот врв да го проучи востановениот прецедент од страна на Белорусија и Украина, кои своевремено го променија своето име со едноставна нотификација до Генералниот секретар за промена на името.

Во моментот не е сосема јасно дали Генералниот секретар ќе ги нотифицмра другите членки и органи на ОН за промена на името или ќе му го препушти прашањето на Генералното Собрание или на Советот за безбедност. Генералниот секретар може да одлучи да го достави барањето до Генералното Собрание поради овластувањето на Собранието да одлучува за работи што се однесуваат на продолжено членство. Причините за одлуката на Генералниот Секретар да го достави барањето до Советот за безбедност содржат факти што се однесуваат на меѓународниот мир и безбедност како и фактот дека Советот прв даде препорака за прием на Македонија во Обединетите Нации.

 

2. ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ

Македонија може најпрвин своето барање да го достави до Генералното собрание заедно со Предлог-резолуција, поставувајќи го како прашање од дневниот ред што треба да биде ставено на пленарно гласање, доколку оцени дека Генералното Собрание повеќе би се изјаснило во прилог на нашето барање, отколку што би го сториле тоа Генералниот секретар или Советот за безбедност.

Тука треба да се има предвид дека Резолуцијата можеби ќе треба да биде донесена со двотретинско мнозинство, ако Грција успее да го наметне како т.н. важно прашање, а во спротивно, во согласност со Повелбата, ќе биде потребно просто мнозинство. Но, како и да е, да потсетиме дека во моментот сме признати под уставното име од 128 држави-членки на ОН, што значи дека се потребни претходни соодветни дипломатски контакти со нашите пријатели.

Во овој контекст, со цел одналред да се процени исходот од гласањето за каков било можен спор на пленарната седница на Генералното собрание, Македонија може, своето барање прво да го достави во некој од комитетите на Генералното Собрание (ни се чини најсоодветен Шестиот правен комитет) заради претходно гласање и испитување на расположението на земјите-членки на ОН, бидејќи евентуалнотонеповолно гласањеза Македонија во некој од Комитетмте на ОН ќе предизвика помала штета, отколку, ако тоа се случи на пленумот.

1 Алтернативно, Генералното Собрание може да го досгави барањето до Советот за безбедност или пак да побара советодавно мислење за предметот од Меѓународниот Суд на правдата.

 

 

3. СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Спорот може да стигне до Советот за безбедност преку Генералниот секретар или Генералното Собрание, како и преку истрага водена од самиот Совет. Македонија, или Грција, може, истотака да побара да го поднесе спорот пред Советот за безбедност. Советот за безбедност може да го одреди барањето на Македонија или како прашање на членство за чие изгласување е потребно дво-третинско мнозинство или како спор што претста-вува закана за мирот и безбедноста. Треба да се има предвид дека во Советот за безбедност може да дојде до несогласици во однос на барањето на Македонија.

Ако Советот за безбедност го третитра ова прашање како прашање за членство и ако даде препорака на Генералното Собрание, тогаш Генералното Собрание е обврзано да гласа по тоа прашање. Ако пак Советот за безбедност го третира прашањето како создавање на основа за спор, тогаш препораката дадена од Советот за безбедност ќе биде необврзувачка, и од Генералното Собрание нема да се бара да постапува по таа препорака.

Советот за безбедност може исто така да бара советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата или може да Даде препорака за обврзувачка арбитража на страните во спорот.

 

4. МЕЃУНАРОДЕН СУД НА ПРАВДАТА

Генералното Собрание или Советот за безбедност можат да го достават барањето на Македонија до Меѓународниот суд на правдата за да добијат советодавно мислење. Во постоечките околности, Генералното Собрание и Советот за безбедност можат да го сфатат ваквото мислење како најдобар можен начин за разрешување на ова прашање во Обединетите нации.

Иако советодавните мислења дадени од страна на Метународниот суд на правдата не се обврзувачки, тие често се разгледуваат од страна на органите на ОН.

Со оглед натоа што под уставното име сме признати од речиси две третини од земјите членки на ОН, реално е да се очекува дека Македонија може да обезбеди преку Генералното Собрание да се побара правно мислење одМеѓународниот Суд на правдата.

 

РЕЗИМЕ

Македонија згреши што прифати политички наместо правен пристап во решавањето на наводниот спор со Република Грција во врска со името на Република Македонија и тоа, не само затоа што разговорите со Грција за разликата околу името според Резолуциите на Советот за безбедност 817 (1993) и 845 (1993) и Времената македонско-грчка спогодба од 1995 година, член 5. став 1, недозволиво ги трансформира во преговори, туку и затоа што прифати да разговара, а потоа и да преговара со нелегитимна страна.

Имено, проблемот не е меѓу Република Македонија и Република Грција, туку на релација Република Македонија- Обединети Нации.

При приемот во Обединетите Нации на Македонија и се поставени два дополнителни и нелегални услови; имено, во Резолуцијата 817, откако се потврдува дека ние ги исполнуваме условите, стои запирка по која следи дел во кој се вели дека оваа .држава ќе биде примена со привремена име „Поранешна југословенска република Македонија", со импликација дека ќе разговараме за името.

Македонија не смее заради политички опортунизам да прифати да решава туѓ проблем, односно да трпи штета заради проблем, нелегално креиран од ОН.

ОН треба сами да ја поправат грешката, користејќи ја советодавната јурисдикција на Меѓународниот суд на правдата.

Од друга страна, не може ни да се постигне политичко решение бидејќи нелегалните дополнителни услови поставени при приемот, генерираат нови и нови условувања од страна на Грција, многу нови обврски за Македонија, кои таа не може да ги исполни без губење на националниот идентитет и без сериозно нарушување на сопственото достоинство.

Политичкото решение кое нема да биде список на грчките желби и нема да биде понижувачко за Република Македонија, подразбира Директна резолуција на Генералното сабрание на ОН, со која референцата ПЈРМ ќе биде заменета со уставното име - Република Македонија.

Правниот пристап во решавањето на наводниот спор со името подразбира иницијатива од Република Македонија според која Генералното Собрание на ОН треба да побара советодавно мислење од МСП за легалитетот на дополнителните услови и обврски со кои сме примени и со кои членуваме во ОН-дали овие услови седополнителни или не.

Притоа, Македонија треба да се повика на претходното мислење, дадено уште во 1948 година од Меѓународниот суд во Хаг за сродниот случај со Португалија и неколку други земји, кога Судот воспостави принципи за ваквите прашања; тие принципи, денес, на Македонија и гарантираатдека ќе го добие спорот со јужниот сосед.

Предноста на оваа опција е тоа што на Генералното собрание, за да донесе одлука со која ќе побара мислењеод Судот во Хаг, му е доволно само просто мнозинство, но не и тоа дека за ваквата Одлука не треба да расправа Советотза безбедносг.

Откако ќе го добие советодавното мислење од Судот, Генералното Собрание на ОН, во работата на органите на ОН, ќе ја промени нелегалната времена референца ПЈРМ со уставното име Република Манедонија со Недиректна или Неутрална резолујција.

Неутралната резолуција е поприфатлива, меѓудругото, и затоа што тза не подразбира, дека земјите во ОН треба да се определуваат меѓу Република Македонија и Република Грција.

Република Македонија, бидејќи веќе води постапка во Хаг, треба во разумен рок да побара совегодавно мислење преку Генералното Собрание на ОН зашто ако задоцни, а, евентуално, судската пресуда да ги легитимира постојните посебни објврски за Република Македонија, тогаш проблемот ќе биде потежок за разрешување.

Истовремено, Македонија треба да ги прекине разговорите за името, што со посредство на ОН, ги води со Грција.




Изменето од orlov - 18.Април.2010 во 16:32
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2010 во 21:27

Симоне Филипини со дилема за Македонското претседателство

Македонија во меѓународните институции се именува како Поранешна Југословенска Република и затоа не знам дали називот “Македонско претседателство“ ќе помине во Советот на Европа – со дилема излезе холандската амбасадорка Симоне Филипини. Во интервјуто за Радио Слободна Европа, Филипини вели дека не станува збор за тоа дали називот и се допаѓа на неа, туку за тоа дека постојат правила на игра воспоставени во меѓународните организации – земјава да се нарекува со привремената референца до наоѓањето на конечно решение за името.

- Станува збор за тоа дека Македонија и Грција имаат меѓусебен договор и дали тоа е прифатливо според тој договор и дали тоа е прифатливо според резолуциите на Советот за безбедност на ООН коишто се однесуваат на прашањето за името како и последиците од тоа. Мислам, и тоа го проверив, дека Советот на Европа секогаш стриктно се држи до името Поранешна Југословенска Република Македонија како и во контекст на ЕУ како што е случај и во контекст на ООН. Така што не знам дали ова ќе помине, изјави амбасадорката на Кралството Холандија во Македонија,Симоне Филипини.

Од Министерството за надворешни работи велат дека насловот е завршена работа. Договорен бил со телата и Генералниот секретар на Советот на Европа, кој во понеделникот во Скопје го потврди тоа.

- Министерот за надворешни веќе објасни под кое име овие документи ќе бидат издавани, изјави Торбјорн Јагланд, генералниот секретар на Советот на Европа.

- Македонски, додаде Милошоски.

- Се надевам дека ова прашање нема да ги засени сите останати значајни работи што треба да ги направиме во Советот на Европа, додаде Јагланд.

Дипломатите барале начин да не се прекрши документот со сме примени под привременото име, но и да се задржи достоинството при претседавањето. Затоа, се користи придавка, а не името на земјава, велат во МНР. До сега претседателствата на Советот на Европа се нарекуваа со придавки изведени од имињата на нивните земји.
Кон врв
depo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 501
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај depo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2010 во 22:28

Оваа амбасадорка уште педофилија фали да почне да ни продава.
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2010 во 07:57
"Воодушевен"сум од големите правници во политиката.Во политиката пред се не владее правото туку моќта и возможвото.Тајван не може да влезе во ОН, к*рдите не може да добијат ниту автономија, баскија не смее да се отцепи....Србија беше бомбардирана од демократскиот свет,Бугарија и Романија прек*ред влегоа во ЕУ и.т.н.Правото се применува само од страна на посилниот да ги подзакрие своите гадости,додека истото тоа право за него не важи.Тоа е повеќе од јасно.Замлатување на народот дека правдата е на оваа или онаа страна нема да донесе никакви резултати.Ако имате моќни пријатели - во политиката - и вие ќе бидете доволно моќни, затоа да не ги плукаме нашите пријатели.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2010 во 16:14
како прво Грците никогаш не се изјаснија концизно зошто сакаат ние да се променуваме, имаше клевети дека сме сакале да ги нападнеме, дека сме им земале ова или она и т.н. и не знам зошто ваквата шанса нашите политичари ја пропуштија, проблемот можеше да се реши уште од корен

сега ни даваат предлози и ние само одбиваме, ништо друго, а вака, за секој нивен изговор можевме лесно да најдеме одговор и решение (бидејќи изговориве за нивните барања секој нормален човек би ги сметал за идиотски)
најдобро, нивните изговори како горенаведените можат да се решат по пат на договори, а медијаторите треба да го разгледаат проблемот од двете страни, а не да цитираат се што ќе каже Грција, доколку не го прават ова, тогаш не гледам причина да влегуваме во нивните сојузи, а уште помалку да се надеваме на нивна помош
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 184>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.