|
Индивидуи на изминатите 2 милениуми |
Внеси реплика | страница <1 200201202203204 217> |
Автор | |
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
љубов vs пари
bez ljubov dvajca kje preziveat no nema da ziveet bez pari dvajca kje ziveat no nema da preziveat |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
PLASIDO DOMINGO i HOSE CARRERAS ----- izvadeno od jadiburek Сигурно знаете за тројцата тенори, Пласидо Доминго, Лучијано Павароти и Хозе Карерас кои ги знаеме како едни од најголемите уметници на планетава кои како трио го “покорија” светот со своите гласови. Ги гледавме постојано како настапуваат , уживавме во нивната виртуозност и никогаш не се сомневавме во нивното искрено пријателство. Но не било така некогаш. Во Шпанија постои огромна нетрпеливост помеѓу Шпанија и Каталонија, особено оние кои се од Мадрид и покраинта која се бори за независност. Пласидо Доминго бил од Мадрид , а Хосе Карерас каталонец и поради тие разлики станаа жестоки непријатели во 1984. Од своите менаџери барале да стои во договорите за нивните настапи дека ќе настапат на некоја сцена само ако доној другиот не се појави на неа. За несреќа, во 1987 Хозе Карерас се стекнал со поголем непријател, дијагнозата била –леукемија. Борбата со болеста била тешка и мачна. Еднаш месечно летал за САД на трансплантација на коскена срж и иако богат почнал веќе и серизно да го губи стекнатото, а не можел да има и нови настапи поради преисцрпеност. Тогаш разбрал за една фондација од Мадрид која финансики помагала на болните од леукемија за нивните третмани. Фондацијата Хермос многу му помогнала и благодарејќи на неа успеал да ја победи болеста и да се врати на пеењето. Карерас подоцна случајно открива дека основач на таа фондација не бил никој друг , туку Пласидо Доминго. Хозе Карерас сватил што сторил неговиот “непријател“ за него. Разбрал дека таа фондација била создадена само за него да му помогне но Доминго се криел дека е оснивач за да не го понижи ако му понуди помош директно од ривалот и непријателот. Но најтрогателно е нивната средба потоа… На еден настап настап на Пласидо Доминго, ненадејно на сцената се качил Хозе Карерас, дошол до него и клекнал на колено поклонувајќи му се на Пласидо. Пред целата публика му се извинил, побарал прошка и му изразил благодарност за помошта која му ја пружил. Пласидо со раширени раце му пришол, го прегрнал и тоа било почеток на едно ново, огромно пријателство. Добро ви е познато подоцна каква стратосфера достигнаа во своите кариери и огромен успех во светот и тоа настапувајќи заедно. Години подоцна во едно интервју , новинарот му го поставил следното прашање на Пласидо Доминго – Зошто ја формиравте фондацијата Хермос? Зошто му помогнавте на својот непријател и единствен конк*рент? Неговиот одговор бил краток и јасен – Не смеевме да си дозволиме да изгубиме таков глас! Христос нека воскресне во сите на нас, да ги надминеме мрачните бездни на она што не раздвојува, постапувајте во животот не како човек, туку како што нашиот Господ Исус Христос би постапил. Изменето од anakin - 01.Април.2010 во 18:55 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Марија Калас
Најголемата оперска дива на 20-тиот век била отелотворување на женственоста: нежна, темпераментна, амбициозна, упорна и пожртвувана , но љубовта кон бродосопственикот Аристотел Оназис е нејзината најголема грешка.Марија и Аристотел важеа за најинтересниот, најпопуларниот и најинтригантниот пар во 60-тите години на минатиот век во Европа, а претставниците на медиумите во чекор го следеа нивниот боемски живот.Педантните биографи на Марија забележаа дека, уште при првата средба со неа на една венециска забава во 1957 година, Оназис бил обземен од шармот на 32-годишната оперска дива. Две години подоцна харизматичниот богаташ успеа да ја освои нејзината наклонетост, наспроти фактот што и обајцата беа во брак – Марија со три децении постариот мецена и менаџер Џовани Батиста Менегини, а Аристотел со Атина Ливанос. Во бракот со Атина, богата наследничка, доби син Александар и ќерка Кристина. Повод за нивниот брак не била љубовта туку неговиот „осет“ за бизнис, со оглед на фактот дека така си обезбеди влезница во кругот на бродосопствениците. Се верува дека љубовната приказна на примадоната и 17 години постариот богаташ започнала на крстарењето низ Средоземјето, на јахтата „Кристина“, летото 1959 г. Меѓу гостите на Оназис бил и сопругот на Марија Калас, како и политичари како британскиот премиер Винстон Черчил и југословенскиот претседател Тито. По патувањето, љубовниците побараа развод од своите сопружници, а Менегини јавно го обвини Оназис за брачниот бродолом. Иако Оназис не ја сакал многу операта, велејќи дека звучи како „повикување келнер во италијански ресторан“, тој бил горд на успехот на Марија. Таа му возвраќала на чувствата велејќи дека првпат во животот е искрено заљубена. Поради љубовта, оперската дива, која била обожавана од публиката од 1947, кога во веронската Арена настапила во „Џоконда“, реши да направи пауза во кариерата и да биде само „жена која љуби“. Често го следеше Оназис на патувањата низ светот, уживајќи во неговите подароци, внимание и раскошни фустани. Сепак, тој не и’ понуди брак, а 1964 г., за првпат во јавноста, се појави со Џеки Кенеди, вдовицата на американскиот претседател Џон Кенеди. Марија умирала од љубомора и сè почесто посегнувала по средствата за смирување. Во потрага по утеха почна повторно да настапува и во февруари 1965 г. деветпати го долови ликот на Тоска во француската престолнина. Истата улога триумфално ја отпеа и во Њујорк. Сепак, публиката забележа дека нејзиниот глас ја изгубил силата, што било последица на сè поизразените здравствени проблеми, поради што се повлече од јавноста. Последен пат настапи во Јапонија, 1974 г. Оназис во 1968 се венчаше со Џеки, која ја нарекуваа „најпосакуваната вдовица во светот“ (Марија за тоа дознала од весниците), но ако се суди по зборовите на луѓето од неговото опкружување, тој набрзо зажалил поради неговата одлука. Постојат податоци дека побарал развод кој не го добил поради „недостаток на битни причини“ според строгите грчки закони. Не се трудеше да сокрие од претставниците на седмата сила дека често е гостин во парискиот стан на Калас. Остана забележано дека во познатиот клуб „Максим“ викнал: „Колку е добро повторно да се посетат колковите на Марија, презаситен сум од коските дома“. Џеки пред крајот на нивниот брак се пресели во Њујорк, каде остана до смртта во 1993 година. Бродосопственикот најголемиот удар го доживеа 1973, кога неговиот син Александар загина во авионска несреќа. Медиумите оценија дека неговата смрт го означила крајот на животот на Оназис, наспроти фактот дека тој живееше уште две години. Кога почувствувал дека му се ближи крајот, ја побарал Марија. Најблиските пријатели на Оназис сведочат дека таа се одзвала на повикот и цела ноќ ја поминала будна покрај неговиот кревет. „Те сакав, не секогаш правилно, но те сакав колку што можев“, наводно и’ рекол на Марија. Според една приказна, пред смртта зборувал дека Калас е „единствената моја сопруга“. Оназис почина на 15 мај 1975, а Марија наредните две години живееше самотнички живот во Париз. На 16 септември 1977 г. оперската дива почина од последиците поради срцевиот удар на 53-годишна возраст. Нејзината пепел е расфрлена над Егејското море, како последен доказ за нејзината љубов кон бродосопственикот со немирен дух. Изменето од bijonse1 - 05.Април.2010 во 16:38 |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мечето Ушко
Поголемиот дел од нас израснаа во времето на социјализмот и она што телевизиите го нудеа како забава за најмладите доаѓаше најчесто од советските мајстори на анимацијата, или пак земји како Чешкословачка, Полска, Унгарија и сл "Мечето Ушко" e Полски цртан филм со вкупно 104 епизоди...... Со Македонска синхронизација, од Борис Мајсторов......... Изменето од bijonse1 - 09.Април.2010 во 17:51 |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ROD STEWART
e individua od tova shkotska koj ima totalno rasipan glas i deformirani glasni zici koj normalno ne bi prosol mi edna audicija no radi toa so takov rasipan glas drug ne postoi vo svetot , ROD e peac koj ostanal 40 godini na scena i mnogu si go sakam oti ispeal ova najdite si ja na JU TUB so Amy Belle u duetu don't want to talk about it GI can Amtell by your eyes That you've Dprobably been crying foGrever And the Amstars in the sky Don't mean Dnothing, to you they're a Gmirror G7 CI don't want to Dtalk about it GHow you Bmbroke my Emheart Em7 CIf I stay here just a Dlittle bit longer CIf I stay here won't you Dlisten To my AmheartD,oh my Gheart GIf I Amstand all alone Will the Dshadows hide the colours of my Gheart Blue for the tears, black for the nights Well the Amstars in the sky Don't mean Dnothing, to you they're a G mirror G7 chorus chords for verse and chorus, end on G http://www.youtube.com/watch?v=7RkWs6P2IwE Изменето од anakin - 11.Април.2010 во 11:01 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кревет................наше најомилено место
На креветот можеме да се одмораме, спиеме, релаксираме........ Фараоните го доживувале и како место за социјализирање.... како најважен елемент на спалната соба креветото историски минал низ повеќе фази на еволуција............... Неолитските т.н.кревети од пред 10.000 години биле илии или здигнување од земјата поставено со слама, листови, крзно. Тогаш се правеле и корита од дрво каде се поставувале овие природни материјали. Креветите на египетските фараони 3400 г.пр. изработен од злато и абонос.... Дизајнерите на Тутанкамон му направиле вдлабнат кревет во средина за да може пријатно да се чувствува........ 1500г. пр. Хр. Првиот воден кревет или термос е заслуга на Персијците. Изработен од козја кожа наполнета со вода имал кус рок на траење, а повторно излегува 60-тите години со појава на пластиката.Големиот кревет од Уеар од 1590 г. со ширина од 5, 5 метри и должина од 3, 6 метри, обработен во длаборез и интарзија, бил кралски наместен со постелнина. Денес може да се види во лондонскиот Музеј на Викторија и Алберт............ Душеците наполнети со слама, волна и пердуви за прв пат се појавуваат во Римската империја. Тие биле дел од креветите со столбови и балдахини декорирани со скапоцени материјали, каде Римјаните се одморале...... Напредок во развојот прават ренесансните кревети. Во тоа време патроните на ренесансата нарачувале кревети во махагони и тиковина, а душеците им биле обвиткани со свила и брокат.... И денес креветот е еден од најважните парчиња
мебел во куќата. Футон, кревет со дрвена или железна рамка, на ногарки
или со латофлекс за душекот - неговиот изглед треба да биде прилагоден
на сопствениот вкус и спалната соба во која ќе се престојува. и то !! Изменето од bijonse1 - 12.Април.2010 во 17:07 |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
мали откритија за големи работи.....чаптер1
Ако запнете со некоја работа, прекинете и опнете едно пивце, потоа вратете и‘се на работата..... Ако ниту после пивцето не можете да најдете решење, прекинете пак, и опнете уште едно во комбинација со соленки, кикирики или гирици и вратете и’ се пак на работата со насмевка.. Ако и понатаму не можете да ја решите, тогаш не се разочарувајте, нема решење.. Некои работи и проблеми некогаш немаат решења, ама секогаш има некаде пивце у близина....Изменето од anakin - 13.Април.2010 во 17:20 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
самовила и две желби
кај еден среќен брачен пар на 25 годишница долета самовила вели- за вашата 25 годишница ќе ви исполнам по една желба жената се замисли и побара побогат живот мажот се замисли и побарал жена 20 гогини помлада од него добиле куп пари према желбата на жената а и мажот нагло остарел за 20 години и сега жената била помлада од него према желбата на мажот . два заклучоци од сето ова 1. самовилите мораат да ги исполнуваат желбите 2. сепак самовила е жена, и нема многу многу разбирање за машките желби |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Joshua_Tree
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zelbite sepak im bile ispolneti...
Naredniot pat neka si poraca maz,pa ke se razberat podobro. Dobro de zaboravil da kaze DRUGA...ops...lapsus Naravoucenie: Trazili ste gledajte neso a....so vikas? |
|
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
не викам ништо
некогаш човек треба многу да размисли за своите желби |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Joshua_Tree
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Tri pati meri,ednas seci
Dali imas primeteno deka generalizirano gledano(cest na isklucoci)sekogas SITNICITE se vo racete na zenskiot pol? |
|
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
|
Joshua_Tree
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
....sho ustvari i nema vrska so akvarelot na platno neli?
|
|
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
нема за акварел треба специјална лесно впивлива хартија
|
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
WC шоља........најчестото неизбежно седечко место...... Дали сте знаеле дека Индија му ги
дала на светот првите тоалети и канализациски системи, кои датираат од
пред пет илјади години....аа??? нели интересен податок..... Ако живеевте во античка Индија, ќе моравте да почитувате строги
правила за однесување при одењето во тоалет, кои определуваат колку
често и каде смеете да се „олесните“, во зависност од тоа дали сте или
не во брак, дали сте студент или свет човек......сигурно и ова не сте знаеле Изменето од bijonse1 - 16.Април.2010 во 21:35 |
|
Внеси реплика | страница <1 200201202203204 217> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |