IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Државен протокол
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Државен протокол

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Државен протокол
    Испратена: 23.Мај.2009 во 15:10
И покрај многуте грешки, киксови и бисери кои ги гледаме на официјалните и свечени пригоди, при кои државниот врв треба да демонстрира почитување на востановени правила на однесување, сеуште кај нас не се планира формирање државен протокол.
Нашите протоколарни служби работат по прилагоден белгиски модел и тоа по неформален прирачник.
Затоа не е ни чудно што при официјалните посети на странски политичари или на нашите во странство, се случуваат претседатели напикани в ќош, доцнење на премиер кое се мери и со часови, неправилно слушање на химната, а некои и дури и не стануваа, шетање на сопругите низ светот при работни посети, несоодветно поздравување...
Гафови кои се паметат, а оставаат впечаток кај странците за вкупниот имиџ на државата и на државниот врв.
До кога ќе ни се случуваат, покрај сите други?!...


Кога каниш претседател, не го седнуваш во ќош!
Напис во Нова Македонија, кој го актуелизира прашањето од неопходноста за донесување официјален државен протокол, со многу пропусти и бисериголема%20насмевка


Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2009 во 18:05
Ако се прочита внимателно написот ке забележиме дака мавтаме со патриотизам кога треба мегу себе да се делиме и тепаме, а кога вистински не нема,  и што е најстрашно треба се удривме на   штедење
Црвен тепих не е црвен синтелон

Грешки имаше во текот на целата церемонија на устоличувањето на претседателот Иванов, анализира Маљковиќ Атанасовска.

- Црвен килим не е црвен синтелон. За вакви свечени настани се ставаат специјални килими со нишки што лежат на подлогата и не треба да се лепат со селотејп, кој може да се одлепи, килимот да се свитка и гостинот да ви се сопне. Верувам дека Владата има толку пари за да набави таков килим - вели Атанасовска.

Според неа, во свеченоста требало да се вклучи и доза на гламур.

- Декорацијата беше промашена. Освен знамето во Собранието и освен црвено-жолтата вратоврска на словенечкиот амбасадор, не видов ништо друго од националните македонски обележја. Требаше да има многу повеќе знамиња, па дури и во центарот на Скопје, многу повеќе црвено-жолти цвеќиња, нешто по што ќе се познае дека Македонија устоличува претседател. Претседателот се загуби во папратите, бршлените и фикусите. Тоа зеленило околу него изгледаше многу амазонски. Можело да се поработи и на тоа како тој ќе го прочита говорот. Недозволиво е со прст да покажува од кој ред чита. Во вакви пригоди треба поглед кон публиката, жар и харизма, а тоа може да се научи. Сигурна сум дека претседателот ќе одбере добар тим, кој ќе му помогне во јавните настапи - вели Маљковиќ Атанасовска.

Таа додава дека наместо службите за протокол да се невидливи, тие се забележани како брзаат, зборуваат на телефон или дури истрчуваат пред претседателите на земјите од регионот.

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2009 во 01:11
Не би рекол дека грешката е само во растрчаните протоколџии.... 
И тие самите мака си мачат со нашите непослушни политичари, кои секогаш мислат дека знаат подобро од протоколот да си ги организираат своите активности, па затоа тоа најчесто го препуштаат на својот (од доверба)  персонал, а протоколот го известуваат последен...
Инаку освен наведените примери во текстот, на нашите политичари им се имаат случено барем десет пати повеќе утки и грешки, баш поради тоа непознавање на правилата од Дипломатскиот Бон-Тон, кој го поседува секој вработен во протокол во сите државни кабинети, само тоа за среќа ретко стигнува до јавноста поради тоа што најчесто се присутни само поблиски соработници кои паметно ги премолчуваат грешките....намигнување
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2009 во 08:11
И пак пропусти во протоколот. Премиерот не треба да носу чадор ама нашиов премиер си е народски човек кој тешко се одвикнува од навиката некој да му служи односно на чека некој за него да ги сработува работите. Да не е по протокол ова е дури и симпатично. Кој има нерви да ги чека спорите протоколаши?збунетост
Каде е носачот на чадори?
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2009 во 10:47
e da!....kako taka ...zaboravile da zaposlat nekoj so takov ...opis na rabotata?!    ...a i ....pomoshnik nosach na chadori...za da ne go nosi chadorot pak sam...koga ke se razboli ...negoviot shef!

sve glupost ...do glupost vo drzavava!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2009 во 10:51
а бе што се чудите ? ........... некои навики не се менуваат така лесно газење%20од%20смеење ......... па што и ако е премиер .......... навика си е навика голема%20насмевка
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2010 во 07:17
И по 20 години самостојност очигледно немаме воспоставена одлика на сериозна државност, а тоа не се постигнува ако во односите со другите, како и на одбележувања  на разни манифестации ни се случуваат киксови кои државата ја изложуваат на подсмев (иако се тоа грешки на поединци од државниот врв). Без државен протокол, без право на одговорните за државниот протокло да имаат  право ’’да го фатат за уво’’ функционерот кој отстапува од воспоставениот протокол ние ке останеме несериозна држава.
Сите во траурни костуми, Груевски во светлосив
 Никола Груевски  е виновен оти не размислил дека по христијански обичаи на помен, погреб, комеморации и обичните луѓе облекуваат потемна облека, но за светлиот костум на ПРЕМИЕРОТ на комеморацијата за полскиот претседател виновни се протоколашите. Тие требало да го потсетат, опоменат и да не му дозволат да оди така облечен, а нити пак да закасни.
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2010 во 07:48
 
 
Вчера сабајле и се јави еден пријател и ми рече: Абе виде ли што направил Грујо вчера на комеморацијата во Католичка ????
за неполни две секунди реков: - Па сигурно закаснил пола саат и дошол во фармерки и џемпер.....голема%20насмевка
 
Сум згрешил...не биле фармерки , бил костум што не одговара на дадената  прилика....
Не е тоа страшното....веќе толку се навикнавме на вакви секојднавни будалаштини, што ни стана нормално....најнормална работа е кога ќе се каже дека дотичниот закаснил некаде....најнормално е да се садат дрвца и фрлаат лопати во одело, а на важни настани да се оди во кежуал варијанта, со фармерчиња...
 Да...крив е протоколот, кој една од задачите му е да му сугерира на дотичниот и кога и како треба да настапи, што да облече.....ама нели основната човечка култура е да знае која облека каква намена има....
Треба ли некој да ни каже дека на настан каде се жали, се оди облечен во темна облека или тоа го знае секое дете....?????
На крај на краиштата...баш ме заболе , што мислење имаат странците за Никола Груевски и неговата култура на каснење и облекување....ама не ми е сеедно, бидејќи ТОЈ ја преставува Република Македонија и нејзините граѓани....и со ваквиот дегенерички однос не срами и НАС...сите граѓани на оваа држава....
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2010 во 10:35
Со ова негово доцнење премиерот или тие околу него треба веќе сериозно да преземат нешто. Инаку крајно безобразно е ова изразување политичка некултура и непочит кон оние кои ги остава да го чекаат “неговото височество“ и тоа со часови!

Без разлика дали се домашни новинари, стечајци или претседатели на странски држави... па дури и на вакви настани.не
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2010 во 19:46
Mislam deka duri i za odenje na niva ima nekakvi pravila a kamoli za odnesuvanje na drzavniot vrv. Sakal ili nejkel premierot mora da razbere deka ne e odgovoren za nekoja zemjodelska zadruga tuku za zemja koja toj ja prestavuva i koja MORA da ima imidz vo svetot.


Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2010 во 11:26
Зошто новинарите еднаш( било кој ден ) не отидад за да се уверат дека премиерот оди околу пладне дури и малку подоцна на работа?
Доцнењето му станало навика.Но сепак точно е она 24/7 но само на реклами.
Кој уште верува?
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2010 во 11:29
грешка си ........ голема ........... ТОЈ работи и кога спие ........ и додека спие добива епохални идеи ......... како на пример онаа за поефтинување на лековите за цели 150 % ............. газење%20од%20смеење ......... а она со фармерките и блузите е само дел од неговата популистичка политика ......... нешто кое “ пали “ само кај оние кои се’ уште во него гледаат месија ............
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2010 во 18:47
Навистина признавам дека си потполно во право.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2010 во 18:54
Аман луге, зборуваме за државен протокол, воспоставен ред на однесување кога се застапува државата а не личоста. За да не сватат другите како сериозна драва МОРА да има таков орган кој не смее да биде составен од партиски послушници туку од луге чиј интерес е државата а не партискиот лидер.Нив МОРА да ги слуша без приговор и претседател и премиер и министер.Читав негде дека тие луге треба да знаат се за сите, односно за секој гостин кој ни доаѓа, за земјата од каде доаѓа, за обичаите, за да не утнат и да не ги навредат гостите или домакините.Не може некому да му послуат ешто или да му стават цвеке пред нос а кој е алергичен па неој тука да ни тресне пупунец.Протокол е протокол ама ајде белким во наредните 100 години ке научиме.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.