|
Бидејќи сум една од многуте овци |
Внеси реплика |
Автор | ||
Тор
Нов член Регистриран: 06.Април.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 07.Април.2010 во 22:00 |
|
Како што гласи насловот на темата, јас сум една од многуте овци во мојот град.
Ми заврши договорот со он.нет, не сакав да го продолжам договорот бидејќи не ми беше исплатливо(Не беше ни до мене па почнете од таму). Мојот пакет беше следниот: 8Мбит/с и 30 гигабајти сообраќај но немаше мецес да не го поминам лимитот и поради тоа добивам уште една сметка наредниот ден (во знак за благодарност), што да правам кога сум „зависник“ на youtube, megavideo, иако megavideo има временски лимит постојано гледам серии, не но од оние шпанските, турските и случно. Вистинската причина поради која ги споменувам шпанските и турските серии е заради читателите да не добијам мисли како „нека се нервира сега со бавниот и нестабилен интернет кога беше доволно паметен да го троши целиот собраќај на тие серии“, „овцооооооооо“ итн. И така, дојде моментот кога тимот задолжен за опремата од он.нет дојдоа да си го земат предавателот, сеуште не ми е јасно зошто ми го оставија кабелот. Мислам сепак, ова нема смисла. Дали се надеваа дека по 15тина минути ќе добијат повик од мене молејќи ги да се вратат дека сум спремен да потпишам нов договор(јас не татко ми ама верувам дека се разбираме). И така веќе 2 месеци никаков збор од нив, изгледа дека не си интересираат повеќе за кабелот. Многу чуден е нашиот народ само помислете. Поради проблеми со вашата правосмукалка принудени сте да го замолите соседот да ви ја даде неговата, и кога ќе ја исчистите целата куќа а се разбира и правосмукалката(не ќе биде во ред сега со целото ѓубре да му ја вратите а тој/таа сами да си ја исчистат, нема да му текне повеќе вас да ве услужат). И ги викате соседите на кафе и слатки во знак на благодарност а и можност да разговарате и да видите како се, бидејќи кај нас се работи како во Америка, многу ретко има некој време за дружење со пријатели. Кога ќе си заминуваат го користите моментот да ги поканите повторно да поминат и инсистирате лично да им ја однесете нивната правосмукалка во нивниот дом, но бидејќи вашиот сосед e bodybuilder со насмевка и мала шега ви кажува дека не е потребно, а можи да си ја замислите неговата насмевка, како и да е во овој момент повеќе не сум ни самиот сигурен која ми е поентата, само момент да прочитам погоре. А да, го гледате соседот како вади нож, го кине кабелот и ви го остава в’ раце и ви посакува пријатен ден. Сите сме свесни дека денес сме зависни од интернетот, толку зависни што на еден човек да му биде понудено да живее на еден ненаселен остров (нешто како Survivor реалното шоу) 1 месец и да му биде дадено избор помеѓу храна, вода за 1 месец или лап-топ и соларен полнач на батеријата (се разбира и интернет пристап), ќе го одбери второто. Моите родители како и многу други ја разбираат оваа потреба да се има интернет пристап. Не знаев каков интернет да си ставам, не бев ни сигурен дали има некои други интернет провидери со добри понуди во мојот град за кој немам слушнато. Па на крај се решив да видам каков интернет имаат луѓето кои ме окружуваат. Искрено, нивните мислења беа поделени но поради последната инвестиција на мојот татко, јахта со должина од 169метри, баш како јахтата на Роман Абрамович само 2 метри помала, ако нека биде неговата прва во светот по големина. Не можевме да се одлучиме за името(нешто слично како со нашиот јужен сосед) но на крај се прегрнавме како татко-син и се одлучивме за „Пинокио 1“. Заборавив да спомнам, инвестицијата не чинеше околу 350 милиони евра што е за 10 милиони евра поскапа од на Роман Абрамович, па поради ова морав да се одлучам за интернет пакет од Битолска Кабелска Телевизија, БТВ600 се вика пакетот. Ова е нивниот пакет: Почетна брзина 1536/256 кбит/с По 15 ГБ сообраќај паѓа на 1024/256 кбит/с По 30 ГБ сообраќај паѓа на 256/128 кбит/с Месечна претплата 600 денари со вклучен ДДВ Жално нели? Па дури и за 600 денари. Типот кој работеше на мојот компјутер иако професионалец му беа потребни 30тина минути да ја заврши работата(одкако се сожалив и му покажав како да го исклучи firewall-от). И така, се надевам дека за времето што го потрошив пишувајќи на овај форум пробемите со пингот исчезнаа. Пред да завршам, ме интересира, колку овци како мене го користат истиот или сличен провидер, исто така доколку некој навистина е луд да го прочита целиот тескт ве молам да ми простите бидејќи за мене алтернативата беше да одам и да му ги искршам сите прозорци, нема да ми донесеше побрз и постабилен интернет, но за еден краток момент ќе чуствував големо задоволство. Поздрав, Ги молам модераторите доколку има проблеми со мојата тема, наместо со бришење и заклучување на истата да бидам известен и ќе ги направам поправките, ваков посебен третман барам бидејќи сум нов член на форумот и се уште ги немам прочитано правилата но ова не требаше да го напишам. |
||
Flix
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Клабинг Регистриран: 14.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 9229 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нема проблем со темата , баш е супер и ја опиша реалноста како е кај нас. ЈАс да кажам дека кај нас според мене најисплатливо е adsl од T-home стабилен брз интернет , ако се спореди со цената во странство не е реалн ама ако се спореди со другите провајдери во македонија e најдобра опција и вреди за парите. За кабловските ќе кажам дека имаат моментално најлош интернет и одат на маркетиншки трик, кажуваат која е максималната брзина која би ја постиганл некој ако во неговиот реон има само 10 души поврзани на тој провајдер . На ниско IT обазованата маса тој производ кај нас се продава лесно. И тоа е тоа. Јас се помирив со ситуацијата кај нас со интернетот и ќе ти препорачам adsl од т-хоме http://www.t-home.mk/mk/61/Internet/MaxADSL_paketi.html ете ги пакетите и навистина кога ќе споредам со другите се најдобар избор. Инаку јас сум моментално во Софија на студии тука добивам за 750 денари неограничен трансфер со брзина од 100 Mbps брзина на трансфер во BG и 25 Mbps од странски сервери. |
||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
мегалаjн? |
||
Flix
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Клабинг Регистриран: 14.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 9229 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Поскапи се тие и послаб им е нетот оти многу им е оптеретена мрежата :) на трафик сум јас |
||
Тор
Нов член Регистриран: 06.Април.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ммммм да Т-хоме имаат добри пакети, во споредба со останите интернет провидери во земјата, сега се надевам дека ќе успеам да ги убедам родителите, или уште подобро(што многу други би ми го препорачале) да си најдам една работа, за студент па не и треба многу. Еј Flix, го ценам твоето мислење и ми се допадна одговорот но сепак се настрана... Добро бе дали навистина мораше да ми кажуваш каков интернет имаш? Па сакаш да ме разболиш? Хехе поздрав и до тебе колега. Изменето од Тор - 08.Април.2010 во 04:15 |
||
Jovan.74
Сениор Регистриран: 02.Декември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
и ја сум на T-Home и имам добар интернет со брзина околу 5000 kbps, ама коа ми го стаја имав само 5000 kbps па после додјоа и средија
|
||
LD Pistolero a.k.a Demolero
|
||
Flix
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Клабинг Регистриран: 14.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 9229 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јован сакаше да кажиш дека сега имаш 5 мегабита а пред тоа имаше 500 килобита? Плус ги гледав новите оптички пакети и супер се за 1200 денари 20 мегабита , шо значи за едан година до кај 900 денари ќе паднат оптичките пакети . Тоа ми се бендисва |
||
computer
Сениор Патриот Регистриран: 25.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 504 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се изнасмеав. Не е важно какви серии гледаш, ако не си знаел, телевизијата е за гледање серии И уште ти е криво што си го поминал лимитот |
||
Jovan.74
Сениор Регистриран: 02.Декември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
да моја грешка |
||
LD Pistolero a.k.a Demolero
|
||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тор шо напрај бе другар ова филмското сценарио 46 мин го читав
а јас баш сакав да се префрлам кај нив на пакетот од 950 ден (инаку на телекабел сум јас) или ке зажалам а???? а ти Фликс од кај си сигурен дека за 1 год ке се намалат цените и дали е добра таа понуда од 20 Мбит и 30 гб мислам дека имаше лимит па после тоа 1 Мбит (знам не е 256 Кбпс ама е пак намалена брзината) само кај нас има лимит а да пишиш линк од трафик (тој пакет шо го имаш во БГ) |
||
|
||
Flix
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Клабинг Регистриран: 14.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 9229 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Претпоставувам , т хоме прават двапати во годината промени на пакетите , така е барем досега. И луѓе што знам што ставиле се задоволни. и повели да видиш за пакетот што го имам јас во бг http://tbc.bg/prices.php првиот од 25 лева. А и плус имам бесплатна IPTV со пакетот |
||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
а слушам овие телињата (телекабел) ке го зголемеле лимитот од другиот месец (вкупно ке биди 30 гб - ќе се шинат) а за брзината не знам па ова ке биди чудо невидено во МК |
||
|
||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |