IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Индивидуи на изминатите 2 милениуми
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Индивидуи на изминатите 2 милениуми

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 200201202203204 217>
Автор
Порака
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2010 во 18:49
љубов vs пари

bez ljubov dvajca kje preziveat no nema da ziveet
bez pari dvajca kje ziveat no nema da preziveat
голема%20насмевка
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2010 во 18:55

PLASIDO DOMINGO i HOSE CARRERAS ----- izvadeno od jadiburek


Сигурно знаете за тројцата тенори, Пласидо Доминго, Лучијано Павароти и Хозе Карерас кои ги знаеме како едни од најголемите уметници на планетава кои како трио го “покорија” светот со своите гласови. Ги гледавме постојано како настапуваат , уживавме во нивната виртуозност и никогаш не се сомневавме во нивното искрено пријателство. Но не било така некогаш.

Во Шпанија постои огромна нетрпеливост помеѓу Шпанија и Каталонија, особено оние кои се од Мадрид и покраинта која се бори за независност. Пласидо Доминго бил од Мадрид , а Хосе Карерас каталонец и поради тие разлики станаа жестоки непријатели во 1984. Од своите менаџери барале да стои во договорите за нивните настапи дека ќе настапат на некоја сцена само ако доној другиот не се појави на неа. За несреќа, во 1987 Хозе Карерас се стекнал со поголем непријател, дијагнозата била –леукемија.

Борбата со болеста била тешка и мачна. Еднаш месечно летал за САД на трансплантација на коскена срж и иако богат почнал веќе и серизно да го губи стекнатото, а не можел да има и нови настапи поради преисцрпеност. Тогаш разбрал за една фондација од Мадрид која финансики помагала на болните од леукемија за нивните третмани. Фондацијата Хермос многу му помогнала и благодарејќи на неа успеал да ја победи болеста и да се врати на пеењето. Карерас подоцна случајно открива дека основач на таа фондација не бил никој друг , туку Пласидо Доминго. Хозе Карерас сватил што сторил неговиот “непријател“ за него. Разбрал дека таа фондација била создадена само за него да му помогне но Доминго се криел дека е оснивач за да не го понижи ако му понуди помош директно од ривалот и непријателот.

Но најтрогателно е нивната средба потоа…

На еден настап настап на Пласидо Доминго, ненадејно на сцената се качил Хозе Карерас, дошол до него и клекнал на колено поклонувајќи му се на Пласидо. Пред целата публика му се извинил, побарал прошка и му изразил благодарност за помошта која му ја пружил. Пласидо со раширени раце му пришол, го прегрнал и тоа било почеток на едно ново, огромно пријателство.

Добро ви е познато подоцна каква стратосфера достигнаа во своите кариери и огромен успех во светот и тоа настапувајќи заедно.

Години подоцна во едно интервју , новинарот му го поставил следното прашање на Пласидо Доминго – Зошто ја формиравте фондацијата Хермос? Зошто му помогнавте на својот непријател и единствен конк*рент? Неговиот одговор бил краток и јасен –

Не смеевме да си дозволиме да изгубиме таков глас!

Христос нека воскресне во сите на нас, да ги надминеме мрачните бездни на она што не раздвојува, постапувајте во животот не како човек, туку како што нашиот Господ Исус Христос би постапил.



Изменето од anakin - 01.Април.2010 во 18:55
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2010 во 16:26
Марија Калас

http://www.blogoye.org/uploads/a/astronely/11522.jpghttp://www.danas.rs/upload/images/news/2009/7/17/blue08_ocp_w380_h300.jpg

Најголемата оперска дива на 20-тиот век била отелотворување на женственоста: нежна, темпераментна, амбициозна, упорна и пожртвувана , но љубовта кон бродосопственикот Аристотел Оназис е нејзината најголема грешка.Марија и Аристотел важеа за најинтересниот, најпопуларниот и најинтригантниот пар во 60-тите години на минатиот век во Европа, а претставниците на медиумите во чекор го следеа нивниот боемски живот.Педантните биографи на Марија забележаа дека, уште при првата средба со неа на една венециска забава во 1957 година, Оназис бил обземен од шармот на 32-годишната оперска дива. Две години подоцна харизматичниот богаташ успеа да ја освои нејзината наклонетост, наспроти фактот што и обајцата беа во брак – Марија со три децении постариот мецена и менаџер Џовани Батиста Менегини, а Аристотел со Атина Ливанос. Во бракот со Атина, богата наследничка, доби син Александар и ќерка Кристина. Повод за нивниот брак не била љубовта туку неговиот „осет“ за бизнис, со оглед на фактот дека така си обезбеди влезница во кругот на бродосопствениците.

Се верува дека љубовната приказна на примадоната и 17 години постариот богаташ започнала на крстарењето низ Средоземјето, на јахтата „Кристина“, летото 1959 г. Меѓу гостите на Оназис бил и сопругот на Марија Калас, како и политичари како британскиот премиер Винстон Черчил и југословенскиот претседател Тито. По патувањето, љубовниците побараа развод од своите сопружници, а Менегини јавно го обвини Оназис за брачниот бродолом.

Иако Оназис не ја сакал многу операта, велејќи дека звучи како „повикување келнер во италијански ресторан“, тој бил горд на успехот на Марија. Таа му возвраќала на чувствата велејќи дека првпат во животот е искрено заљубена.

Поради љубовта, оперската дива, која била обожавана од публиката од 1947, кога во веронската Арена настапила во „Џоконда“, реши да направи пауза во кариерата и да биде само „жена која љуби“. Често го следеше Оназис на патувањата низ светот, уживајќи во неговите подароци, внимание и раскошни фустани. Сепак, тој не и’ понуди брак, а 1964 г., за првпат во јавноста, се појави со Џеки Кенеди, вдовицата на американскиот претседател Џон Кенеди. Марија умирала од љубомора и сè почесто посегнувала по средствата за смирување. Во потрага по утеха почна повторно да настапува и во февруари 1965 г. деветпати го долови ликот на Тоска во француската престолнина. Истата улога триумфално ја отпеа и во Њујорк. Сепак, публиката забележа дека нејзиниот глас ја изгубил силата, што било последица на сè поизразените здравствени проблеми, поради што се повлече од јавноста. Последен пат настапи во Јапонија, 1974 г.

Оназис во 1968 се венчаше со Џеки, која ја нарекуваа „најпосакуваната вдовица во светот“ (Марија за тоа дознала од весниците), но ако се суди по зборовите на луѓето од неговото опкружување, тој набрзо зажалил поради неговата одлука. Постојат податоци дека побарал развод кој не го добил поради „недостаток на битни причини“ според строгите грчки закони. Не се трудеше да сокрие од претставниците на седмата сила дека често е гостин во парискиот стан на Калас. Остана забележано дека во познатиот клуб „Максим“ викнал: „Колку е добро повторно да се посетат колковите на Марија, презаситен сум од коските дома“.

Џеки пред крајот на нивниот брак се пресели во Њујорк, каде остана до смртта во 1993 година.

Бродосопственикот најголемиот удар го доживеа 1973, кога неговиот син Александар загина во авионска несреќа. Медиумите оценија дека неговата смрт го означила крајот на животот на Оназис, наспроти фактот дека тој живееше уште две години. Кога почувствувал дека му се ближи крајот, ја побарал Марија. Најблиските пријатели на Оназис сведочат дека таа се одзвала на повикот и цела ноќ ја поминала будна покрај неговиот кревет.

„Те сакав, не секогаш правилно, но те сакав колку што можев“, наводно и’ рекол на Марија. Според една приказна, пред смртта зборувал дека Калас е „единствената моја сопруга“. Оназис почина на 15 мај 1975, а Марија наредните две години живееше самотнички живот во Париз. На 16 септември 1977 г. оперската дива почина од последиците поради срцевиот удар на 53-годишна возраст. Нејзината пепел е расфрлена над Егејското море, како последен доказ за нејзината љубов кон бродосопственикот со немирен дух.



Изменето од bijonse1 - 05.Април.2010 во 16:38
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2010 во 17:46
Мечето Ушко
Поголемиот дел од нас израснаа во времето на социјализмот и она што телевизиите го нудеа како забава за најмладите доаѓаше најчесто од советските мајстори на анимацијата, или пак земји како Чешкословачка, Полска, Унгарија и сл
http://edu.oeiizk.waw.pl/~kolg_06/2uszatek.jpg        http://forum.idividi.com.mk/uploads/20081116_165647_dobranoc.jpg         http://www.nemagreska.com/_links/e02f3f3e488520203cfb49cde43926c3.jpg


"Мечето Ушко" e Полски цртан филм со вкупно 104 епизоди...... Со Македонска синхронизација, од Борис Мајсторов.........


Изменето од bijonse1 - 09.Април.2010 во 17:51
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2010 во 10:37
ROD STEWART

e individua od tova shkotska koj ima totalno rasipan glas i deformirani glasni zici
koj normalno ne bi prosol mi edna audicija

no

radi toa so takov rasipan glas drug ne postoi vo svetot , ROD e peac koj ostanal 40 godini na scena i mnogu si go sakam

oti ispeal ova

najdite si ja na JU TUB so Amy Belle u duetu

don't want to talk about it


GI can Amtell by your eyes
That you've Dprobably been crying foGrever
And the Amstars in the sky
Don't mean Dnothing, to you they're a Gmirror G7

CI don't want to Dtalk about it
GHow you Bmbroke my Emheart Em7
CIf I stay here just a Dlittle bit longer
CIf I stay here won't you Dlisten
To my AmheartD,oh my Gheart

GIf I Amstand all alone
Will the Dshadows hide the colours of my Gheart
Blue for the tears, black for the nights
Well the Amstars in the sky
Don't mean Dnothing, to you they're a G mirror G7

chorus
chords for verse and chorus, end on G


http://www.youtube.com/watch?v=7RkWs6P2IwE





Изменето од anakin - 11.Април.2010 во 11:01
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2010 во 17:00
Кревет................наше најомилено местоголема%20насмевка

На креветот можеме да се одмораме, спиеме, релаксираме........

Фараоните го доживувале и како место за социјализирање....

како најважен елемент на спалната соба креветото историски минал низ повеќе фази на еволуција...............глупчо

Неолитските т.н.кревети од пред 10.000 години биле илии или  здигнување од земјата поставено со слама, листови, крзно. Тогаш се правеле и корита од дрво каде се поставувале овие природни материјали.

Креветите на египетските фараони 3400 г.пр.  изработен од злато и абонос.... Дизајнерите на Тутанкамон му направиле вдлабнат кревет во средина за да може пријатно да се чувствува........

1500г. пр. Хр. Првиот воден кревет или термос е заслуга на Персијците. Изработен од козја кожа наполнета со вода имал кус рок на траење, а повторно излегува  60-тите години со појава на пластиката.Големиот кревет од Уеар  од 1590 г. со ширина од 5, 5 метри и должина од 3, 6 метри, обработен во длаборез и интарзија, бил кралски наместен со постелнина. Денес може да се види во лондонскиот Музеј на Викторија и Алберт............

Душеците наполнети со слама, волна и пердуви за прв пат се појавуваат во Римската империја. Тие биле дел од креветите со столбови и балдахини декорирани со скапоцени материјали, каде Римјаните се одморале......

Напредок во развојот прават ренесансните кревети. Во тоа време патроните на ренесансата нарачувале кревети во махагони и тиковина, а душеците им биле обвиткани со свила и брокат....

И  денес креветот е еден од најважните парчиња мебел во куќата. Футон, кревет со дрвена или железна рамка, на ногарки или со латофлекс за душекот - неговиот изглед треба да биде прилагоден на сопствениот вкус и спалната соба во која ќе се престојува.

и то !!   голема%20насмевка



Изменето од bijonse1 - 12.Април.2010 во 17:07
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2010 во 14:03
мали откритија за големи работи.....чаптер1

Ако запнете со некоја работа, прекинете и опнете едно пивце, потоа вратете и‘се на работата....

. Ако ниту после пивцето не можете да најдете решење, прекинете пак, и опнете уште едно во комбинација со соленки, кикирики или гирици и вратете и’ се пак на работата со насмевка.

. Ако и понатаму не можете да ја решите, тогаш не се разочарувајте, нема решење.

.

Некои работи и проблеми некогаш немаат решења, ама секогаш има некаде пивце у близина....




Изменето од anakin - 13.Април.2010 во 17:20
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2010 во 22:05
самовила и две желби


кај еден  среќен брачен пар на 25 годишница долета самовила

вели- за вашата 25 годишница ќе ви исполнам по една желба

жената се замисли и побара побогат живот

мажот се замисли и побарал жена 20 гогини помлада од него

добиле куп пари према желбата на жената

а и мажот нагло остарел за 20 години и сега жената била помлада од него према желбата на мажот

.

два заклучоци од сето ова

1. самовилите мораат да ги исполнуваат желбите

2. сепак самовила е жена, и нема многу многу разбирање за машките желби


SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2010 во 22:11
Zelbite sepak im bile ispolneti...голема%20насмевка
Naredniot pat neka si poraca maz,pa ke se razberat podobro.

Dobro de zaboravil da kaze DRUGA...ops...lapsusгазење%20од%20смеење

Naravoucenie:
Trazili ste gledajte neso a....so vikas?среќа
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2010 во 22:13
не викам ништо

некогаш човек треба многу да размисли за своите желби
голема%20насмевка
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2010 во 22:17
Tri pati meri,ednas seci среќа

Dali imas primeteno deka generalizirano gledano(cest na isklucoci)sekogas SITNICITE se vo racete na zenskiot pol?
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2010 во 22:20
....sho ustvari i nema vrska so akvarelot na platno neli?голема%20насмевка
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2010 во 22:25
нема за акварел треба специјална лесно впивлива хартија
голема%20насмевка
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2010 во 21:31

WC шоља........најчестото неизбежно седечко место......голема%20насмевка

                      

Дали сте знаеле дека Индија му ги дала на светот првите тоалети и канализациски системи, кои датираат од пред пет илјади години....аа???

нели интересен податок.....размислување  

Ако живеевте во античка Индија, ќе моравте да почитувате строги правила за однесување при одењето во тоалет, кои определуваат колку често и каде смеете да се „олесните“, во зависност од тоа дали сте или не во брак, дали сте студент или свет човек......сигурно и ова не сте знаелегубитник
 Во 2500 година п.н.е. во местата како Долавира, Лотал и Мохенџодаро куќите имале тоалети поврзани со одводни цевки и канали со проточна вода што се празнеле во подземен лавиринт од цевки и канализации.Во античките хиндуистички ракописи „Манусмрити“ и „Вишнупуран“ постојат запишани правила на однесување при одењето во тоалет за луѓето во брак. Едно од нив вели:
- Човек мора да оди по нужда само во тишина и свртен кон север во текот на денот и кон југ во текот на ноќта........глупчо
Според правилото, луѓето требало да одат во тоалет само дење, а посетите на тоалетот морале да бидат намалени за половина во текот на ноќта и во текот на патувањата. Постоеле и инструкции колку далеку од храмот или од некој извор на вода смее да се оди во тоалет. Францускиот крал Луј Тринаесетти, пак, имал „градено“ тоалетна дупка под својот трон.хипнотизиран
Римјаните го направиле физиолошкото „празнење“ јавна работа..... Бањата „Антониус“, изградена во 200 година п.н.е., имала 1.600 тоалетни дупки наредени во полукругови, под кои постојано течела вода.На цивилизираниот свет му биле потребни илјадници години за да добие ефикасен и хигиенски отпаден систем за тоалетите.
- Во средновековна Европа луѓето ги фрлале фекалите со кофи низ прозорец во текот на ноќта. Затоа жените почнале да носат чевли со високи потпетици .......кубење%20коса
Музејот ја објаснува еволуцијата на тоалетот со вода, иновација на сер Џон Харингтон од 1596 година. Подобрениот модел со интегриран филтер за смрдеа го создал Александар Каминг во 1775 година. Се верува дека Томас Крапер, водоводџијата на кралот Едвард Седми, го револуционизирал тоалетот со вода. Проблемот со смрдеата бил решен во 40-тите години на 19 век со создавањето на современиот систем за канализација во Хамбург, во кој цевките постојано биле чистени со речна вода. Тоалетната хартија, пак, ја измислил Џозеф Кајети од САД во 1857 година. Пред тоа луѓето користеле различни материјали како платно, лисје, камења и страници од книги.плазењеВо 1966 година чикашки фризер дизајнирал седиште за тоалетна шолја со стимулатор за задникот кој масира и ослободува од запек. Американската морнарица во 1993 година го создала електричниот тоалет „инчинолет“ за подморници, кој работи на електрична енергија и не користи вода, а со притисок на едно копче ги претвора фекалиите во пепел.
- Тоалетот е проблем на цивилизираниот човек, зашто не можете секаде да ја извршувате физиолошката потреба. Ние мора да го направиме тоа искуство пријатно. Во Амстердам, на пример, има тоалети што зборуваат и ви посакуваат додбредојде кога ќе седнете на нив ........голема%20насмевка



Изменето од bijonse1 - 16.Април.2010 во 21:35
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 200201202203204 217>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,594 секунди.