IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - Самитот на шаманите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Самитот на шаманите

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
VirtualArts Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај VirtualArts Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Самитот на шаманите
    Испратена: 15.Март.2010 во 23:46
Експресивни ликовни решенија, анимација набиена со моќен и комплексен колорит и дејство што следи патување на духот низ времето и просторот се сублимирани во експерименталниот 70-минутен филм „Самит на шаманите“ на уметникот Александар Станковски, што премиерно беше прикажан во рамките на Скопскиот филмски фестивал. Филмот е работен речиси шест години, со надградба на основната идеја за краткометражно дело. Во интервалите меѓу неговата сликарска работа и реализација на преформанси, пред публиката осамна уште еден, а Станковски го заврши снимањето и на новиот експериментално-музички филм наречен „Меџикл мистери кјур“. Сепак, тој смета дека претходниот филм „Маклабас“ е неговото круцијално дело во изразот преку овој медиум, додека „Самит на шаманите“ е камерен филм што повеќе раскажува преку анимацијата.

- „Самит на шаманите“ е метафора на случувањата што ги живееме денеска, меѓутоа користени се некои историски стереотипи, а филмот е халуцинација низ времето и просторот. Доминираат ликовните зафати. Целата приказна е затворена во една рамка, а го следи патувањето на еден актер и на некој начин ја рекапитулира неговата стварност. Постои некое итро интро - вели Станковски.

Филмот бил замислен како краткометражно дело од 18 минути, но авторот продолжил да го надградува со анимации.

- Ова требаше да биде краток филм, но обемен, поради раскошот во некои сцени. Се работи за една фантазмагорија, екстраполација на некое внатрешно време или поимање на некое историско време. Тоа е патување низ некакви сегменти со помош на еден зафат што се нарекува трансцендентална историја, што се применува како еден магиски однос кон минатото. Тоа е една спонтана визија што ќе се случи преку една магиска книга. Таа служи како алиби за трансферот. Целата приказна тече преку неа. Таа е врската помеѓу реалниот и иреалниот свет - вели Станковски.

Искуството во работата на „Маклабас“ за Станковски е неповторливо, а на „Самитот на шаманите“ - далеку поедноставно.

- За разлика од „Маклабас“, за кој можам да кажам дека е мое круцијално дело, се занимава со совремието и е синхониски филм, тука се обидов да направам некој дијахрониски пресек, да потонам во сегменти што се битни за нашата култура, но повеќе да си поиграм со нив, да ги напипам на некој начин и да поврзам некои собитија од нашата историја со по малку карикатурални и симплифицирани ликови. Тимот беше ист, помалку или повеќе. Навистина ова беше едно чудно камерно искуство. Цел филм го доживеав во студио, освен една сцена на екстериер - вели Станковски.

„Самит на шаманите“ е поддржан од Министерството за култура со 120.000 евра. Вообичаено, за продукција на - условно - експерименталниот филм не се одвојуваат многу пари, иако тие се работат со години.

- Карактеристично за овие филмови е тоа што се работат долго, никогаш нема доволно пари, па се влегува во тој тип авантура кога на микроплан се трудите да исцрпите се', а сепак, поради сликарската вокација, да се држите до внатрешна структура на филмот. „Самит на шаманите“ не е толку комплексен, барем што се однесува до продукцискиот дел. Околу 30 минути отпаѓаат на анимација, која е трпеливо работена. Затоа се пролонгираше четири години. Новиот филм кој штотуку го завршив - „Меџикал мистери кјур“, е работен без никаков буџет. Мене ме влече политичка некоректност и не размислувам за продавање на производот - вели Станковски.

Тој ја игра и главната улога во експерименталниот филм на Жанета Вангели, „Судијата“.

- Во „Судијата“ беше поинаку. Позицијата на актер е многу порелаксирана. Од друга страна, можев да сведочам за макотрпноста на режисерската работа, која не ја чувствуваш кога си внатре во приказната. Работата на Вангели и мојата се разликуваат. Таа е концизна и применува извесни методи со актерите, додека јас често давам спонтани решенија - вели Станковски.

Дел 1/8   Дел 2/8   Дел 3/8   Дел 4/8   Дел 5/8   Дел 6/8   Дел 7/8   Дел 8/8

Изменето од VirtualArts - 15.Март.2010 во 23:47
Кон врв
Џо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Каубоец

Регистриран: 17.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Џо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2010 во 18:22
Ќе да е нешто добро.
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima



Кон врв
Jovan.74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Декември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Jovan.74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2010 во 17:13
а што ме мрзи да читам што ќе праиме сеа ?
LD Pistolero a.k.a Demolero
Кон врв
Џо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Каубоец

Регистриран: 17.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Џо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2010 во 20:53
Па ќе го глеаш Јован.
Добар е филмот.
Како концепт е добар, ако се вметне некоја приказна ќе биде најдобар
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima



Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 18:06
Можда ми е до годините...

Ама јас ништо друго не видов во филмот освен вагини, женски гради, пениси и секс... колку културно! трепкање




What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Џо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Каубоец

Регистриран: 17.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Џо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 18:44
Originally posted by Tiggy Vicious Tiggy Vicious напиша:

Можда ми е до годините... Ама јас ништо друго не видов во филмот освен вагини, женски гради, пениси и секс... колку културно! трепкање


хах...-,-
до годините е...си остарела...
или до околината ?...
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima



Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 22:51
легална ли е темава, и легален ли е филмов
Кон врв
Џо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Каубоец

Регистриран: 17.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Џо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2010 во 14:24
Originally posted by BisernA BisernA напиша:

легална ли е темава, и легален ли е филмов


хах....ВТФ?
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.