IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 55>
Автор
Порака Обратен редослед
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 14:19
Вилнев се враќа во Ф1 со сопствен тим

Светскиот шампион од 1997 година Жак Вилнев, планира да се врати во Формула 1 шампионатот и тоа со сопствена екипа која би го пополнила 13-тото испразнето место во првенството. Тимот би го носел името "Вилнев Рејсинг", а како што соопштува германскиот магазин Автомото спорт пријавата за лиценца е пополнета и доставена до ФИА. Исто така наведува дека тимот би бил стациониран во Англија, а фондовите од кои би се финансирал се строго доверлива информација.

По неуспешниот кам-бек минатата година со Стефан ГП, 39-годишниот Канаѓанец се посвети кон константно тренирање и возење на симулатори но и посветување на НАСКАР трките. Очигледно љубовта кон болидите го натера канадскиот возач повторно да биде дел од Формула 1.

По неодамнешното откажување на АРТ Гран При во трката за 13 место во Ф1 "циркусот" останаа поранешниот тим Дуранго, Американската Сајфер група и Шпанскиот Епсилон Еускади.

ФИА ќе ја донесе одлуката околу изборот кон крајот на овој месец.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2010 во 13:31
Во Ферари задоволни од Алонсо

И покрај тоа што Фернандо Алонсо се најде на удар на критиките за клучни грешки во првите трки оваа сезона, претседателот на Ферари, Лука Ди Монтеѕемоло вели дека двократниот светски шампион ја има неговата цела поддршка. Алонсо беше вклучен во инцидент со три болиди на првата кривина на Австралиското ГП пред да добие казна за преран старт во Кина, за во Монако на тренинзите да го удри болидот и да стартува од последното место.

Бидејќи легендата на Ферари, Михаел Шумахер реши да отиде во тимот на Мерцедес ГП, дел од италијанскиот печат тврдеше дека Ферари требало да го задржат Германецот. Запрашан дали жали за одлуката да потпише договор со Алонсо, Ди Монтеѕемоло верува дека Шпанецот е вистинскиот човек за работата.

"Ниту малку! Беше одлично со Михаел, но тоа е завршено. Нема каење. Денес сум многу среќен со Алонсо, на и надвор од патеката. Алонсо има тимски дух, посветеност и поврзаност со тимот. На патеката е вистински фајтер", вели Италијанецот.

И покрај тие три инциденти, Алонсо се наоѓа на третото место во генерален пласман со само 3 поени помалку од двојката на Ред Бул Рејсинг, Марк Вебер и Себастијан Фетел. Ди Монтеѕемоло смета дека само сударот во Монако е грешка на Алонсо.

"За мене вистинска грешка беше тоа што се случи во Монте Карло, и тоа поради преголема самодоверба. Тој сака да го тестира лимитот и затоа се удри. Превремениот старт во Кина беше поради тензијата. Се наоѓаме во одлична позиција за шампионатот", додава Монтеѕемоло.

АЛОНСО: "ТЕШКО Е ДА СЕ ФАТАТ РЕД БУЛ"

Самиот Алонсо пак вели дека тимот на Ферари е збунет од неверојатната брзина на тимот на Ред Бул. Алонсо победи на првата трка во Бахреин, но само по проблемите на Себастијан Фетел. Тимот на Ред Бул ги има освоено пол-позициите на сите трки оваа сезона и имаат три победи, од кои две 1-2. Алонсо признава дека не знае што ги прави ривалите толку доминантни.

"Би било убаво да го знаевме тоа. Навистина е многу тешко да се оцени зошто конк*ренцијата е толку доминантна. И не е така едноставно само да се копираат", вели Алонсо.

Како што се случи со двојните дифузери минатата година и ткн. ф-цевки оваа година, тимовите честопати се обидуваат да го копираат дизајнот и сет-апот за да се подобрат перформансите.

"Дали тоа е успешно е друга работа. Бидејќи секој тим има сопствена дизајнерска филозофија, секој тим знае кој е следниот елемент на кој треба да работат. Така треба да се фокусираме на нашиот развој, а не да копираме туѓи решенија", додава Алонсо.

Батон: "Уште не сум 100% подготвен"

Џенсон Батон признава дека имал доста проблеми при трансферот во Мекларен, но верува дека наскоро ќе биде во најдобра форма. Шампионот од 2009 дојде во британскиот тим откако ја освои титулата со Браун ГП (сега Мерцедес ГП) и победи на две трки оваа сезона - Австралија и Кина.

"За мене најголемата промена е во новиот болид. Бев со ист тим седум години и тие градеа болид според моите барања, а сега морам да се снајдам со нов болид. Верувам дека Михаел Шумахер има исти проблеми. Секоја трка учам повеќе и тимот работи фантастично. Работите не одат лошо, веќе имам две победи, но признавам дека се уште не сум 100% подготвен", изјави Батон.

Овој викенд на програмата е Турското ГП во Истанбул, и Батон се надева дека аеродинамичките подобрувања и промената на предното крило ќе успеат да го донесат болидот поблиску до доминантните Ред Бул.

"Дали ќе биде доволно да се доближиме до Ред Бул навистина не знам. Тие беа толку далеку во Барселона и во Монако и тоа не се стигнувам веднаш. Мораме да бидеме подобри во квалификациите, бидејќи во трките успеваме да им правиме проблеми", додава Британецот.

Еклстоун несвесно шверцувал имигранти?

Носителот на комерцијалните права во Ф1, Берни Еклстоун несакајќи прошверцувал пет нелегални имигранти во Британија во својот конвој кој се враќаше од Монако ГП трката пред пет дена. Имигрантите, за кои се верува дека доаѓаат од Еритреа, се сокриле во еден од ТВ камионите кои се враќале во Британија, и биле откриени при пристигнувањето на камионите на Бигин Хил аеродромот во Кент, седиштето на Формула 1 Менаџментот (ФОМ), компанијата на 79-годишниот британски милијардер, која ги води комерцијалните права во спортот. Се верува дека имигрантите се протнале во камионитево Кале, Франција каде што се чекал траект.

Ф1 ФЛЕШ

Шефот на тимот на Лотус Рејсинг, Тони Фернандес верува дека трите нови Ф1 тимови почнале да добиваат почит од фановите и ривалите и покрај проблематичниот старт. Сите три нови тимови, Лотус, Вирџин Рејсинг и ХРТ немаат освоено поени во новата сезона и се далеку зад старите тимови. "Секој има свој почеток. Ферари имаа свој почеток, и Мекларен исто така. Мојата компанија Ер Ејжа почна со 2 авиони и бевме предмет на потсмев, и затоа не се загрижив за критиките кои ги добивавме како тим. Се уште сме далеку од Мекларен или од Ферари, но ние размислуваме на долги патеки", вели Фернандес.

Поранешниот возач на Рено, Роман Грожан вели дека следната сезона ќе се врати или во формула 1 или во Ле Ман серијата. 24-годишниот Французин лани го замени Нелсон Пике Јуниор во Рено, а сега настапува во ГТ1 Шампионатот со Матек Форд ГТ тимот. "Се уште размислувам за формула 1, но отворен сум и за други понуди. Првата опција секако е да се најде место во Ф1", вели Грожан.

Поранешниот трикратен светски шампион Сер Џеки Стјуарт верува дека Марк Вебер се наоѓа во фантастична позиција за да ја освои титулата оваа година. Шкотланѓанецот, кој во кариерата победи на 27 ГП трки, го формираше тимот кој сега е познат како Ред Бул Рејсинг во 1996 година, пред во 1999 да биде продаден на Форд и да се настапува под името Јагуар, по што беше купен од Ред Бул во 2005. "Тој има 33 години и тоа се најдобрите години за еден возач. Знам дека никој не веруваше дека тој може да стане шампион, но во Барселона и Монако покажа дека е подготвен за големи работи", изјави Стјуарт.

Тимот на Вилијамс ќе ја врати старата верзија на нивното предно крило во Турција овој викенд, откако двата нивни болиди се удрија на Монако ГП трката. Техничкиот директор на тимот, Сем Мајкл изјави дека морале да направат нови делови по сударите на Рубенс Баричело и Нико Хулкенберг. "Сите работи кои требаа да се сменат се сменија, освен предните крила за кои е потребно подолго време. Затоа се враќаме на претходната конфигурација барем до Монтреал", објасни Мајкл.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2010 во 20:44
Формула 1 го прослави 60. роденден

Формула 1 го прослави својот 60. роденден во четвртокот, откако спортот ја прослави првата трка од шампионатот, одржана во Силверстоун во 1950 година. На таа трка во присуство на британското кралско семејство, вклучувајќи ја кралицата Елизабета Втора, подоцнежниот шампион Џузепе "Нино" Фарина стигна до пол-позицијата, најбрзиот круг и победата за Алфа Ромео.

Иако сезоната 2009 беше 60. во формула 1, спортот го одбележи точниот роденден во Монако со првата и втората тренинг сесија во Монако, уште една патека која беше дел од првата сезона, во која имаше само шест трки - Британија, Монако, Швајцарија, Белгија, Франција, Италија плус САД, бидејќи Индијанаполис 500 трката тогаш беше дел од шампионатот.

Во таа прва трка во Силверстоун, Фарина ги совлада своите колеги Луиџи Фаџиоли и Рег Парнел, за Алфа Ромео да стигне до 1-2-3 победа по 2 часа и 13 минути тркање на поранешниот аеродром од Втората Светска Војна.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2010 во 11:38
Силверстоун ја претстави Ф1 патеката за иднината

Силверстоун, домот на Британското ГП, редовно под напад на Ф1 шефот Берни Еклстоун, ја откри новата ревидирана патека во четвртокот со амбиции да започне новата ера на Ф1 трките. Британскиот принц Ендру ја пресече лентата за да ја отвори патеката, по што беше возен од формула 1 шампионот од 1996 година, Дејмон Хил во Ф1 двосед, а сопствениците на патеката оценија дека ќе има светла иднина за поранешниот аеродром од Втората Светска Војна.

Патеката, на која во 1950 година се одржа првата формула 1 трка во 1950 година, минатата година договори 17-годишен договор за одржување на Британското ГП, а покрај Ф1 трките на патеката има предвидено и Мото ГП трка и Супербајк ВСБК трка.

"Развојот на Силверстоун е круната на нашата работа, и симболизира се што Британија направи во формула 1. Ова е нова патека за нова генерација на луѓе кои уживаат во моторспортот. Мислам дека возачите ќе се согласат", вели Хил, кој е претседател на Британскиот Тркачки Клуб (БРДЦ), кои се сопственици на патеката.

Силверстоун

Новиот дел на патеката ги чинеше БРДЦ речиси 40 милиони фунти, и во него има шест нови кривини. Боксовите ќе бидат преместени, а новата Велингтон Стрејт рамнина ќе биде најбрз дел од патеката, наместо досега традиционалниот Хангер. Возачите се задоволни.

"Најдобрата работа е што се задржани сите добри делови. Од друга страна новиот рамен дел изгледа многу бргу", вели возачот на Ред Бул, Австралиецот Марк Вебер.

Поранешниот Ф1 возач, Џони Херберт се согласува.

"Сигурно се работи за патека за иднината. Мислам дека се успеа да се подобри патеката без да се загубат историската брзина и шансите за претекнување. Британија може да биде горда. Ги имаме сите нови модерни патеки околу светот што се неверојатни, но Силверстоун е најдобра во Европа.

Силверстоун требаше да го загуби Британското ГП во формула 1 оваа година, откако Донингтон Парк обезбеди долгогодишен договор со Берни Еклстоун, но тој проект беше жртва на глобалната економска криза. Британецот Еклстоун, кој ја однесе формула 1 на екстравагантни нови патеки во Абу Даби, Кина и Сингапур последните години, ја опишуваше Силвестоун како пропадната стара куќа и како селски саем кој се маскира како светско случување. Хил успеа да извлече позитивни работи од тие коментари.

"Знаете, на некои луѓе им се допаѓа атмосферата на селски саем во Силверстоун. Тука секогаш го имаше тоа добро летно британско чувство", изјави Хил.

Овогодишното Британско ГП ќе привлече сигурно многу фанови бидејќи британските светски шампиони Џенсон Батон и Луис Хамилтон се колеги во тимот на Мекларен. Трката се одржува на 11 јули.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2010 во 17:20
Мекларен уште не се задоволни со М4-25

Шефот на Мекларен, Мартин Витмарш вели дека во тимот "не се задоволни" од МП4-25 болидот - но тоа не значи дека се работи за лош болид, туку дека може да биде и побрз. Мекларен имаат две победи на првите 4 трки со импресивната брзина на рамните делови и само Ред Бул Рејсинг имаат подобар болид на квалификациите, иако имаат проблеми со постојаноста.

"Не е тајна дека ќе продолжиме да туркаме напред. Имаме нов пакет за Барселона и мораме да го подобруваме болидот на секоја трка", вели Витмарш.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2010 во 10:07
ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА ПРЕДВРЕМЕН КРАЈ НА КАМБЕКОТ
Шумахер не планира да се повлече

Шефовите на Мерцедес ГП, Норберт Хауг и Ник Фрај ги отфрлија шпекулациите дека Михаел Шумахер може предвремено да го заврши својот камбек, застанувајќи во одбрана на германската легенда која е "мотивирана" и подготвена за успех на "долги патеки".

Шумахер е еден од двајцата возачии во 2010 (покрај рускиот дебитант Витали Петров во Рено) кој загубил 3-0 на квалификациите оваа сезона, по што многумина сметаат дека Германецот згреши што се врати на 41 година по 3 години пуза против млад и силен противник како Нико Розберг. Покрај тоа во Австралија Шуми остана 22 кругови зад Хаиме Алгуерсуари од Торо Росо, возач со само 11 ГП трки во кариерата.

Договорот на седумкратниот светски шампион со Мерцедес трае до крајот на сезоната 2012, но германските медиуми, предводени од Билд кои на насловната имаа голем наслов: "Падот на Шуми", шпекулираат дека победникот на 91 трки планира да се откаже предвреме.

"Сосема спротивно. Знам дека Михаел е многу мотивиран и сака неговиот камбек да донесе успех. Кога болидот ќе може да победува, тогаш и Шуми ќе победува. Слабите резултати досега не се негова вина. Вистинските фанови знаат што се случува и зошто немаме поени", вели Хауг.

Самиот Шумахер не е загрижен за слабите резултати, посебно бидејќи трките во Алберт Парк и Сепанг беа одлучени без негова вина, и смета дека следниот викенд во Кина може да има добар викенд. Кина е последната четврта трка пред стартот на европската сезона во Барселона следниот месец, за каде што Мерцедес имаат планирано серија подобрувања.

"Ентузијазмот за Мерцедес-Бенц и подршката на фановите е голема во Кина, така што во Шангај имаме атрактивна трка и сигурен сум дека нема да разочараме. Во Малезија бевме подобри, така што во Кина може да направиме нешто повеќе. Повторно уживам во тркањето, иако последните две трки не беа најдобри за мене", вели Шумахер.

По сударот на првата кривина со Фернандо Алонсо во Ферари во Австралија и губењето на навртката на тркалото во Малезија, Шумахер предвидува подобри трки.

"Знам како работите тргнуваат на лошо во Ф1 и покрај двете последни трки, одиме во вистински правец. Чекор по чекор", додава Шуми.

Маса пред нов тригодишен договор со Ферари?

Фелипе Маса е блиску до обезбедување на тригодишно продолжување на договорот со Ферари, со што би останал во Скудерија најмалку до 2013 година, една сезона повеќе од сегашниот договор на двократниот шампион Фернандо Алонсо. Маса дојде во Ферари во 2003, кога по просечна деби сезона со Заубер, помина една година како тестер во Ферари. Потоа 28-годишниот Бразилец имаше уште две сезони во Заубер и од 2006 е во црвениот болид со 11 ГП победи, на 4 место кај возачите на Ферари. Ако победи на уште пет трки ќе ги помине и Ники Лауда и Алберто Аскари и само Михаел Шумахер ќе остане пред него.

Шефот на Ферари, Стефано Доменикали за германскиот магазин Спорт Билд изјави дека Ферари сакаат да "изградат иднина со Фелипе", а бразилскиот О Глобо магазин тврди дека се работи за тригодишен договор, а Маса имал намера да ја заврши кариерата во Скудерија.

Бриаторе "би можел" да размисли за враќање

Флавио Бриаторе вели дека еден ден би можел да се врати во формула 1, спортот кој јавно го исфрли минатата година. Италијанецот беше исфрлен доживотно од страна на ФИА по скандалот околу местењето на Сингапур ГП трката во 2008 како шеф на тимот на Рено. Но, француските судови ја поништија оваа одлука, и иако ФИА најави жалба, 59-годишниот Бриаторе е слободен да се врати.

"Бев исфрлен како криминалец! Никогаш нема да се вратам во формула 1 како менаџер, но можеби ќе дојдам во 2012 во некоја поинаква улога", изјави Бриаторе.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 09:50
"Беше важно да покажам дека се уште сум силен!"

Фелипе Маса призна дека чувствувал потреба за добар резултат во Бахреин, бидејќи во спротивност би се појавиле шпекулации дека не е истиот возач пред неговиот страшен судар минатото лето. Маса го пропушти вториот дел на сезоната 2009 по незгодата на квалификациите за Унгарското ГП, кога беше погоден во главата од пружина од болидот на Рубенс Баричело и доби повреди на мозокот и на окото. Во првата трка по камбекот, тој беше на второто место зад својот нов колега во тимот на Ферари, Фернандо Алонсо. Тој вели дека не се сомнева во своите способности, но дека било добро што не направил "смешни" грешки.

"Чекав толку месеци за таа прва трка, но бев возбуден, а не нервозен околу седењето на стартот на новата сезона. Никогаш не се сомневав во мојата состојба, бидејќи се што правев беше исто како пред несреќата. Кога работев на физичките подготовки се одеше во вистински правец и се во нормалниот живот беше исто така во ред. Се што имав во умот е да завршам добра работа за секого, да имам добар старт на сезоната, и да не направам нешто смешно. Секогаш е важно да си брз во текот на првиот викенд, но во мојот случај беше поважно бидејќи ако направев грешка, луѓето веднаш ќе кажеа: 'ете, гледате дека не е ист како претходно'. Тоа немаше да биде добро. Ќе беше невозможно да имам подобра трка отколку да донесеме максимум поени, а тоа го направивме заедно со Фернандо", изјави Маса во интервју за Гвардијан.

И покрај критиките за досадната прва трка од сезоната, Маса не сака да дава оценки предвреме, иако призна дека со новите правила можеби е потешко да е претекнува.

"Видов доста критики за гумите и за тоа што нема надополнување на гориво, но прерано е да се оценува дека ГП трките сега се досадни за гледачите. Меѓутоа, вистина е дека на стартот на трката сме шест-седум секунди побрзи од квалификациите. Со малку гориво на квалификациите имаме одлични услови, а потоа во недела одиме со тој тежок болид. Затоа ако следиш некого и се обидуваш да го претекнеш, губиш многу сила", вели Маса.

Тој исто така не се согласува со заклучокот на Луис Хамилтон од Мекларен, кој изјави дека болидот на Ред Бул Рејсинг е "смешно" побрз од сите други болиди во 2010. 1-2 победата на Ферари во Бахреин дојде по проблемите на Себастијан Фетел со РБ6 болидот.

"На тестирањето, Ред Бул можеби не беа најбрзиот болид, но забележавме дека брзината на подолги патеки е многу голема, така што квалификациите во Бахреин не беа изненадување. Но, ние сме на слично ниво како нив и затоа треба да го подобриме болидот на секоја трка од сезоната. Ние бевме побрзи од Ред Бул на потврдите гуми во Бахреин", завршува Маса.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2010 во 14:06
ПО ПРВАТА ТРКА МНОГУ СТРАВУВАЊА ОД ДОСАДНА СЕЗОНА
Сите сакаат да ги менуваат правилата!

По сите огромни очекувања пред сезоната, европскиот печат удри на новите правила во формула 1, кои ја направија Бахреин ГП трката не-возбудлива и досадна. Возачите и шефовите на тимовите за ова ја обвинуваат забраната на долевање гориво бидејќи повеќето болиди имаа иста стратегија на трката на патеката во Сакир и не можеа да ги следат своите ривали доволно добро за да ги претекнат.

Возачот на Ред Бул, Марк Вебер ги обвини тие кои ги прават правилата, прашувајќи: "Зошто секогаш ги менуваат правилата?", а британскиот Дејли Телеграф се согласи тврдејќи дека Бахреин е "предупредување за опасноста за мешање во правилата".

Сан ја нарече трката "Боре-раин ГП", а Дејли Мејл додаде: "ФИА и тимовите мораат да го разгледаат проблемот итно и да видат што може да се промени. Спортот е во опасност да го загуби својот најдобар момент. Има четири шампиони во трките, сите во конк*рентни болиди". Најголеми критики во Британија дојдоа од Тајмс, каде што Кевин Исон напиша: "Беше тешко да не се замислат кликовите на милионите далечински управувачи од целиот свет, кои бараа нешто повозбудливо, како трките со сирење во Амстердам".

Европскиот печат беше малку помилозлив, но дури и Газета Дело Спорт, пресреќна со 1-2 победата на Ферари мораше да спомене дека беше досадно: "Објективно, новата и долго очекувана формула 1 донесе досадна трка со малку претекнувања и многу болиди на дното. Но, Бахреин е чудна трка". Францускиот Л'Екип коментираше дека трката е "смртоносно досадна", додека Ауто Хебдо додаде дека е "прерано" да се види дали правилата пропаднале. Германскиот Билд го цитираше таткото на Адријан Зутил, Хорхе, кој изјави: "следниот пат ќе си понесам нешто за читање".
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 14:43
ВРАЌАЊЕТО НА ЛЕГЕНДАТА ВО БАХРЕИН (НЕДЕЛА, 13.00) ГАРАНТИРА ВОЗБУДЛИВА Ф1 СЕЗОНА
Сите очи вперени во Михаел Шумахер!

Мотото на новата формула 1 сезона е јасно: "Шуми се врати!". Во нормални услови трансферот на светскиот шампион Џенсон Батон во Мекларен, каде што ќе вози со претходниот шампион Луис Хамилтон, или трансферот на Фернандо Алонсо во Ферари ќе беа најголемите вести. Но, само при нормални услови, а формула 1 никогаш не била "нормален" спорт.

1239 денови откако се натпреваруваше на својата последна трка, Германецот го има својот кам-бек во потера по осмата светска титула со неговиот германски тим, како сигурно може да се нарече Мерцедес. Но, нема да биде лесно бидејќи покрај очите на јавноста и очите на ривалите ќе бидат насочени кон Шумахер.

Минатогодишниот вице-шампион, Себастијан Фетел во Ред Бул, кој беше огромен фан на Шумахер во детството ќе сака да му покаже дека сегашноста припаѓа на младите, додека Ферари ќе сакаат да му покажат на Шуми дека згреши што си замина од советничката улога со "динамичкото дуо" Фернандо Алонсо и Фелипе Маса. Мекларен, пак, кои ќе бидат сопствен тим иако нивните мотори продолжуваат да доаѓаат од Мерцедес, ги имаат двајцата последни шампиони и очекуваат многу подобра сезона.

2010 носи многу суперлативи бидејќи првпат ќе има 4 светски шампиони (со 11 светски титули) кои ќе се борат за титулата, а исто така има и 24 возач во 12 тимови, кои требаа да бидат 13 пред повлекувањето на УСФ1. Болидите се подолги и веќе се зборува за нив како за лимузини, но трките нема да бидат обично возење. Болидите не смеат да долеваат гориво, а сезоната е долга 19 трки (две повеќе од лани).

Но, се тоа е во втор план.

На презентацијата на новиот Мерцедес во Валенсија по првите кругови на Шумахер дојдоа неверојатни 300 новинари од целиот свет. Барањата за билети за трките се зголемија драстично по одлуката на Германецот да се врати во декември, а ТВ станиците со договор за пренос задоволно ги триеја рацете. Насмеан беше и Ф1 шефот, Берни Еклстоун, кој се надева дека Шумахер ќе го врати гламурот по сите негативни наслови во последните неколку сезони.

"Фантастично! Дури и Михаел да губи, тој ќе биде нервозен и тоа ќе биде одлично за гледачите", изјави Еклстоун.

Мотивација повеќе ќе имаат младите возачи, кои го идолизираа Шумахер кога растеа и не сонуваа за шанса да се тркаат против него.

"Секако дека нема да гледам во ретровизорот да видам кога поминува Михаел да го пуштам", вели Фетел.

22-годишниот Германец, кој е фаворит на Еклстоун за титулата оваа година, вели дека е најдобро што фокусот пред сезоната не бил на него.

За разлика од Фетел, друг Германец кој се споменува како можен шампион, Нико Розберг нема луксуз да не размислува за Шумахер. Синот на поранешниот светски шампион Кеке Розберг е колега на Шуми во Мерцедес и мора да прифати незавидна позиција.

Сезоната, сепак, не почна без лоши вести. Место 13 тимови, сезоната стартува со 12, откако УСФ1 не успеаја да ја добијат трката со времето и со парите, а ФИА реши да не го додели нивното место на српскиот Стефан ГП.

Но, и покрај тоа, најважното е дека "Шуми се враќа!".

***
Розберг најбрз на тренинзите!

Нико Розберг беше најбрз, додека неговиот колега од Мерцедес ГП, Михаел Шумахер беше трет во втората тренинг сесија во Бахреин пред неделната прва трка од сезоната. Розберг го имаше најбрзиот круг од 1:55.409, за 0.494 секунди побрзо од Шумахер, додека Британецот Луис Хамилтон, шампионот од 2008 беше втор, а неговиот колега, актуелниот шампион Џенсон Батон, беше четврти. По нив следуваа Себастијан Фетел во Ред Бул и уште еден Германец, Нико Хулкенберг во Вилијамс.

Тренинг сесиите не мораат да значат мерење на вистинските перформанси пред саботните квалификации бидејќи тимовите користат различно ниво на гориво и го користат времето на патеката за подесување на сет-апот. Но, Мерцедес секако ќе бидат охрабрени од ова брзо време на Розберг.

Адријан Зутил во Форс Индија беше најбрз на првата тренинг сесија, но само 10. во втората. Шумахер беше 10. во првата сесија, две места зад Розберг. Фернандо Алонсо во Ферари беше втор најбрз во првата сесија, но само 13. во втората, а неговиот колега Фелипе Маса беше 16. во втората сесија по 4. место во првата.

***

Рено: "Мекларен почнуваат 'трка со вооружување'"

Рено ги обвинија своите ривали Мекларен дека почнуваат со "трка на вооружување" во формула 1 со контроверзното задно крило, и покрај тоа што ФИА објави дека тоа е легално.

"Јасно е дека дизајнот на крилото на Мекларен е целосно нелегално. Тие го прегазија духот на правилата и регулативите. Отворија нова трка на вооружување, која ќе чини многу пари за сите во спортот. ФИА мора да биде поцврста со овие работи", вели генералниот директор на тимот, Боб Бел, чиј тим оваа година има условна казна за местењето на Сингапур ГП трката во 2008.

Болидите на Мекларен ја поминаа инспекцијата во четвртокот, и тимот објави дека ги консултирале ФИА при развојот на крилото. Ко-сопственикот на Вилијамс, Патрик Хед, објасни дека крилото има дел кој се "храни" од воздушен тунел кој возачите можат да го контролираат со движењето на телото.

"Разбрав дека директорот на трки, Чарли Вајтинг, вели дека тоа е огреничено, но дека не важи за возачите, туку само за болидот. Но, јас се сеќавам кога нашиот т.н. 'активен' болид беше забранет, тоа се направи бидејќи еден клип се движеше и со тоа влијаеше на аеродинамиката на болидот. Сега Чарли вели дека коленото на Луис или Џенсон не се смета. Но, ако некој најде начин да го направи својот болид 0.3 или 0.4 секунди побрз, а друг не го направил тоа, тогаш тие биле многу умни", вели Хед.

***
ФИА потврди дека Британецот Дејмон Хил ќе биде меѓу возачите кои ќе бидат "помошници" на стјуардите на Ф1 трки во оваа сезона. Новото правило за оваа година покрај трите регуларни стјуарди поставува уште еден поранешен возач за оваа позиција, а за трката во Бахреин тоа е четирикратниот светски шампион Алан Прост. "Дејмон Хил се согласи за две трки, најверојатно Монако и уште една и имаме и други возачи за оваа улога", вели Греем Стокер, потпретседателот за спорт на ФИА.

Претседателот на ФИА, Жан Тод, вели дека се согласува со идејата за воведување на правилото на 107% за квалификациите во формула 1, но признава дека е тешко тоа да се направи за оваа сезона. До 2002 година, секој возач чиј најбрз круг беше надвор од 107% од времето на пол-позицијата не смееше да настапи на трките. "Тоа правило беше напуштено поради менувањето на квалификациите, но сега може да се врати", вели Тод. Ова може да биде главоболка за некои тимови бидејќи на пример Бруно Сена во Хиспанија беше на 11 секунди од најбрзото време, а Хеики Ковалаинен во Лотус на 5.4 секунди од времето на Нико Розберг.

Флавио Бриаторе вели дека нема да се врати никогаш во формула 1, и покрај тоа што му беше тргната доживотната суспензија. Поранешниот шеф на Рено беше казнет откако му нареди на Нелсон Пике да се судри на Сингапур ГП во 2008 за да му помогне на тогашниот колега Фернандо Алонсо да победи, но оваа одлука беше отфрлена од францускиот суд во јануари. "Не, 100% нема да се вратам. Се уште имам страст за формула 1, иако ќе беше подобро да си заминев во 2006 по втората титула на Алонсо", вели 59-годишниот Италијанец.

Бруно Сена признава дека размислувал да го смени своето презиме кога започна со професионалното тркање, но вели дека и така тоа не би било важно. Сена е внук од сестра на легендарниот трикратен шампион Аиртон Сена, кој загина во Имола во 1994 година, кога Бруно имаше 10 години. "Се надевам дека за кратко време сите ќе ме знаат како Бруно, а не по презимето на мојот вујко. Научив да живеам со тоа презиме, и иако ми помогна да најдам спонзори и договори на почетокот, размислував да го променам. Но, ако го направев тоа ќе направев поголема мшаница", вели Сена.

Нерамнината на средината на кривината шест предизвика внимание на многу возачи при првите две тренинг сесии на патеката Сакир. Оваа година се додаде нов дел од патеката во Бахреин, така што кривината на влезот на новиот дел има видлива нерамнина, што може да биде опасна кога болидите ќе стартуваат со 160 килограми гориво. "Многу е нерамно. Да се концентрираш за следната кривина е многу тешко бидејќи поминуваш низ тие нерамнини на шестата кривина, а главата ти оди нагоре-надолу", вели шампионот, Џенсон Батон.

Шефот на Ферари, Стефано Доменикали, продолжи со изјавите дека Скудерија не се фаворити на стартот на сезоната. "Важно е да почнеме различно од лани, но не сме на врвот, и заостануваме зад главниот ривал. Но, сезоната е долга и ќе видиме каква брзина ќе имаме на крајот. Остануваме смирени бидејќи е лесно да се занесеш на стартот на сезоната", вели Доменикали.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 14:24
Почна новата сезона во Формула 1, а првиот ден од викендот во Бахреин сеуште нема одговор кој има најбрз болид.

 

Момците од Ферари, Мекларен, Мерцедес и Форс Индиа, секој во своја фаза оствари најбрзи времиња, за на крај Нико Розберг да извози најбрз круг со време од 1:55.409.

Веднаш зад него, втор на листата на најбрзи времиња се најде Луис Хамилтон, додека седумкратниот шампион со време од 1:55.903 се најде на третото место.

И на утринскиот и на попладневниот тренинг Шуми имаше прилично доцнење зад својот тимски колега, и изгледал многу лут.

Во боксот разговарал со своите механичари, а се шпекулира дека не бил задоволен со балансот на болидот.

Возачите на ферари во петокот не ги отворија картите.

Алонсо утрото беше втор, а попладнето не го подобри времето. Маса исто така, додека Батон солидно дебатираше во Мекларен со четврто време.

Ветел и Вебер од Ред Бул не поставија импресивни времиња, а според првите извештаи се чини дека имаат проблем со брзината на рамните делови.

Пријатно изненадија момците од Форс Индиа. Сутил утрото извозе најбрзо време, додека попладнето Сутил и Лиузи изгледаа резервирани.

Солиден резултат постигна и Рено, од каде Кубица и Петров влегоа во првите 10 на двата тренинга.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2010 во 20:32
дај нека не ни мачка очи овој, ќе вози или не?
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 11:47
"Шуми секогаш бил во Ф1 за да победува!"

Поранешниот двократен светски шампион Мика Хакинен вели дека сфаќа зошто Михаел Шумахер решил да се врати во спортот оваа година по три години пензија.

"Да, тука е големата куќа, семејството, децата, но понекогаш се тоа не е доволно. Тоа е многу лична одлука. Тој се уште ја има страста кон спортот, тоа е многу јасно. Бидејќи јас го познавам доста добро, знам дека не би се вратил доколку не мисли дека може да ги победи овие млади момци. Тој секогаш е во спортот за да победува", вели Хакинен.

Финецот го совлада двапати Шумахер во битката за титулата на крајот на 90-тите со Мекларен, но се повлече од спортот далеку пред Германецот. Хакинен знае што го очекува Шуми.

"Има многу големи пречки пред него - мора да ги совлада неколку нови патеки, и не може да каже само - 'да, јас ќе победам'. Можно е тоа да се случи, но против момците од Ферари и Мекларен ќе биде екстремно тешко. Но, во Мерцедес го има Рос Браун, а јас знам многу работи за Мерцедес, за нивната страст и подготвеност. Ако постои тим кој може да му помогне тогаш тоа се тие", додава Хакинен.

Според него главната загриженост за Шуми е физичката подготвеност на 41 години, а зборуваше и за својата желба за враќање.

"Тој е фит колку што бил и претходно. Тој е најдобро физички подготвен возач во историјата на спортот и знае што се е потребно. Јас размислував за враќање, бидејќи кога овој живот ти е во крвта од својата петта година, не можеше да престанеш да мислиш на тоа. Но, не бев подготвен за огромната одговорност", вели Хакинен.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2010 во 09:20
"Ако не сум шампион во 2010, нема да бидам разочаран"

Фернандо Алонсо инсистираше дека нема да биде разочаран ако во 2010 година не ја освои формула 1 титулата по третпат во кариерата. Шпанецот ќе дебитира за Ферари на Бахреин ГП трката в недела, а Скудерија беа брзи во текот на зимското тестирање и многумина ги сметаат за први фаворити. Како и целиот тим, и Алонсо сакаше да ги намали очекувањата.

"Сфаќам дека луѓето ќе бидат разочарани ако јас не станам шампион оваа година, но јас лично нема да бидам разочаран. Ова е спорт, Реал Мадрид и Барселона се најдобри тимови на светот, но тие можат да загубат во Лигата на шампиони. Да не се освои титула е сосема логично, и нема да биде разочарувачки", изјави Алонсо во интервју за шпанското радио Кадена Сер.

Алонсо, кој лани не успеа да стигна до ниту една победа со Рено, сепак, е оптимистички расположен за новата сезона со Ферари Ф10 болидот.

"Сакам да им се заблагодарам на сите кои работеа на новиот болид. Веќе кажав дека ова е најдобриот болид кој сум го возел во кариерата. Тоа не значи дека ќе победуваме на секоја трка, но мислам дека сме добро подготвени за Ферари. Ние сме Ферари и знаеме од нашата историја дека имаме само една цел - да ја освоиме титулата", додава Алонсо.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 12:29
Шуми го менува Вебер, Хакинен менаџер на Хамилтон?

Според германскиот печат, Михаел Шумахер се разделил со својот долгогодишен менаџер Вили Вебер. Вебер, кој беше познат како "мистер 20%" според процентот кој го земаше од Германецот и од неговиот брат Ралф Шумахер, работи со браќата во текот на целата негова кариера, но сега ќе се концентрира на работата околу продавањето на опрема со ликот на Шуми. Вебер наводно е заменет со Сабине Кем, која претходно работеше како портпарол на возачот.

Нов менаџер бара и светскиот шампион од 2008, Луис Хамилтон, откако неговиот татко Ентони Хамилтон се фокусира на својата менаџерска компанија. Главни кандидати се уште еден поранешен возач на Мекларен, Мика Хакинен, но и Британецот Мартин Брандл, кој претходно работеше со Дејвид Култхард.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.