IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Убиен православен мисионер - свештеник!!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Убиен православен мисионер - свештеник!!!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 91011
Автор
Порака
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 05:36
РАЗОТКРИЕНО Е УБИСТВОТО НА ПРАВОСЛАВНИОТ СВЕШТЕНИК ДАНИИЛ СИСОЕВ

Органите на редот во Русија го открија извршителот на убиството на православниот свештеник Даниил Сисоев, кој беше убиен во московскиот храм "Свети апостол Тома" во ноември 2009 година. Во соопштението се вели дека во декември минатата година за проверка на учеството во извршени злосторства во Махачкала е уапсен граѓанинот Бексултан Карибеков од Киргизија. Задржаниот дал вооружен отпор, фрлил граната и стрелал по соработниците на полицијата. Во пресметката бил убиен. Анализите на пиштолот, со кој стрелал, покажаа дека со тоа оружје било извршено убиството на отец Даниил Сисоев. "Во овој момент истрагата доби неоспорни докази дека токму со овој пиштол бил убиен Даниил Сисоев. Ова го потврди главата на Иследничкото управување на Обвинителството на Руската федерација во Москва - Анатолиј Багмет.

"Безочното убиство на Даниил Сисоев, убиен во храмот на "Апостол Тома" во Москва, во ноември 2009 година, е откриено. Може категорично да се зборува за учеството на Бексултан Карибеков во ова злосторство", рече тој.

По убиството на свештеникот во текот на минатата година, исламистичката организација "Информационо-аналитички оддел на Генералштабот на Вооружените сили на вилаетот на Ингушетија, имарат Кавказ" ја презеде одговорноста за убиството на свештеникот. Во соопштението на организацијата се велеше дека свештеникот е убиен од нејзин активист поради подигрување со исламот.

Во Московска Патријаршија, сепак сметаат дека е уште рано да се стави точка на случајот за убиството на свештеникот. Главата на прес-службата на МП - свештеник Владимир Вигилјански, рече: "Јас, се разбира, чувствувам задоволство од фактот дека има некаква јасност, поврзана со тоа безочно кривично дело. Но, имам сомневања дека убиството е откриено целосно. Едно дело е откриено целосно кога е позната секоја алка од синџирот, мотивација, и тогаш може да се спречат и други злосторства, слични на ова. Сега, сепак, постои целосна нејасност", рече претставникот на МП.


Извор: Двери БГ


Изменето од Maran Ata - 19.Март.2010 во 05:39
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 10:49
Не ми е јасно, зошто оваа вест околу убиството на православниов свештеник не ја ставивте во темата „Верски Вести“? На што ќе личи форумов ако за секој убиен свештеник/мисионер ние отвораме посебна тема? Можеби во православието ова се случува ретко, ама во другите деноминации тоа е редовна пракса и ако сите отвараат посебна тема за тоа, форумот ќе биде блокиран од такви теми.
Можеби сакавте со ова да покажете дека ете и православната црква е прогонувана, но со самото тоа што отворивте посебна тема за тоа, докажавте дека тоа е прередок случај во православието - што индирекно пак објавува дека православните организации не му пркосат многу на ѓаволот, па затоа и не ги закачка многу. А колку е тоа доблест за една организација која се нарекува „црква“, размислете...
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 15:14
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Можеби во православието ова се случува ретко, ама во другите деноминации тоа е редовна пракса и ако сите отвараат посебна тема за тоа, форумот ќе биде блокиран од такви теми.


Ретко?! преку 200.000 свештеници,монаси и епископи само во РУСИЈА пратени во СИБИРСКИТЕ ГУЛАЗИ. Па и не е баш многу ретко за сечии стандарди.

Па бујрум бе евангелосе со нови теми ,кој забранил да се отвoри тема за убиен мисионер од која било домининација?!
И ако се сеќаваш оваа вест првин и беше поставена на верските вести но поради што имаше многу реплики баш за тој случај се отвори како посебна тема.
А башка тоа беше во време кога имаше загреани христијанско-муслимански дебати а меѓу другото и да не му пречиме на ел_кесвер кој нон стоп праќа постови за тоа какви се не биле Римокатолицине.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Можеби сакавте со ова да покажете дека ете и православната црква е прогонувана, но со самото тоа што отворивте посебна тема за тоа, докажавте дека тоа е прередок случај во православието - што индирекно пак објавува дека православните организации не му пркосат многу на ѓаволот, па затоа и не ги закачка многу. А колку е тоа доблест за една организација која се нарекува „црква“, размислете...


Ова твоево "што ми се сонило тоа ми се рекло" е ептен во твој стил.Еве ја те поканувам да отвориш нова тема за пострадани БАПТИСТИ или библиски христијани како мисионери.Еве ја изразувам јавно желба да читам за тоа како Македонските(или барем некој од поближниве земји) "библиски" христијaни се УБИВАНИ И ГОНЕТИ.

али да се разбереме "интернет мачеништво" не се признава!


Изменето од ahmar1 - 19.Март.2010 во 15:15
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 20:03
Sekoe ubistvo e za osuda, bez razlika dali se raboti za svestenik, novinar, biznismen ili bilo koja druga profesija...Verskite fanatici gi ima na sekoj cekor taka da nisto ne e cudno...Barem donekade ova ubistvo e rasvetleno..
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 20:05
Originally posted by gonzo gonzo напиша:

Sekoe ubistvo e za osuda, bez razlika dali se raboti za svestenik, novinar, biznismen ili bilo koja druga profesija...Verskite fanatici gi ima na sekoj cekor taka da nisto ne e cudno...Barem donekade ova ubistvo e rasvetleno..




Postpolno se soglasuvam so tvojot post.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 20:12
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Еве ја те поканувам да отвориш нова тема за пострадани БАПТИСТИ или библиски христијани како мисионери.Еве ја изразувам јавно желба да читам за тоа како Македонските(или барем некој од поближниве земји) "библиски" христијaни се УБИВАНИ И ГОНЕТИ.


Преговарај кај модераторот, па ако тој ми дозволи да отварам тема за секој библиски христијанин што бил убиен (или прогонет), тогаш ќе почнам со отварањето на темите.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Niko777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Niko777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2010 во 02:43
Evangelos,

може, те молам, да го тргнеш тој канон од твојот потпис, или барем да го замениш со Библиска референца ?
На една страна ги одбиваш 10те Божји Заповеди, а тука промовираш некакви човечки правила и прописи.

Премногу се поклопува со:

(Марко 7:6-9)
6 А Тој (Исус) им рече: „Добро пророкуваше Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‘Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене;
7 напразно Ме почитуваат, учејќи науки, што се човечки повелби.
8 Вие ја оставате Божјата заповед, а го држите човечкото предание.
9 Вие добро ја укинувате - продолжи Тој - Божјата заповед, за да го држите вашето предание!


Поздрав,

-------------------------------------------------
http://www.mkbible.net
(Коринтјаните 7:19)19 Обрезанието е ништо, и необрезанието е ништо, туку извршувањето на Божјите заповеди. 20 Секој нека остане онаков каков е повикан!
-------------------------------------------------

Изменето од Niko777 - 21.Март.2010 во 03:17
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 91011
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.