|
ВЕРСКИ ПРАВА....... |
Внеси реплика | страница <1 678 |
Автор | |||||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
А за Калвин, види статистики колкумина лежат низ душевни болници низ тие земји обидувајќи се да одгатнат во која група на предестинирани души спаѓаат - оние предодредени на пекол или во оние предодредени на Рај.
Друга приказна е што од учењето на Буда (не)направиле подоцнежните (квази-)будисти(слична приказна како Пиреј), кои кај немаат реализација на учењето, па уште на запад го извезуваат. Буда подучуваше за сомилост кон сите. Да беше тој тотално незаинтересиран за остатокот од светот не ќе го подучуваше тоа што го спознал. Е сега тоа што подоцна некои го деформирале неговото учење и го измешале со пагански работи(како и во христијанството) тоа е не е крив Буда, а ниту Исус. Изменето од Majkl - 16.Март.2010 во 03:46 |
|||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Според Мајкл, Буда проповедал исто учење како Габриеле од Вирцбург, ама потоа следбениците го изветопериле неговото учење и така сме го добиле денешниот будизам.
Според Мајкл и Мојсеј и сите старозаветни пророци проповедале исто учење како Габриеле од Вирцбург, ама потоа следбениците го изветопериле нивното учење и така сме го добиле денешниот јудеизам. Според Мајкл и Исус проповедал исто учење како Габриеле од Вирцбург, ама потоа Павле го изветоперил Неговото учење и така сме го добиле денешново христијанство. Доказ? Габриеле ни кажа така |
|||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Од кај знаеш дека Исус го ставал акцентот на делата, наспроти верата во Него? Тетка Габриеле од 21 век ти кажа што проповедал Исус во 1 век? |
|||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Верата е важна, ти ако сакаш биди сериски убиец, силувач на деца, поробувач, лихвар, ако верваш во Господ нема гајле.Facepalm
Само незнам за кој слезе Исус, изгледа подранил неколку илјади години. Изменето од DragancoLeskoec - 16.Март.2010 во 14:22 |
|||||||||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Мајкл, ти за се тврдиш дека е квази, дека е променето... Овие будисти не биле будисти, учењето на Павле не било на Павле (а ниту на Христос), Спирос ваму зборува дека Мухамед бил христијанин или не знам таму што... И сега? Чорба! Според вас ништо не е точно. Во ред, тоа биле обични луѓе, но мораш да признаеш дека имале огромно влијание кај тамошните народи. Тие беа големи реформатори на христијанската црква. Таа имаше толку погрешни доктрини, толку небиблиски учења... без нив, сега тие земји сеуште ќе беа во мрачното доба. Ние никако да се препородиме. Сме заглавиле тука, во некое си православие, во некои традиции на кои им нема крај и велиме дека сме христијани? Е ајде, погледни го Буда: тој мижи, медитира, воопшто не се замара за светот, а ете го Исус: виси на крстот за нашите гревови!! Мене ми е повеќе од јасно кој е вистинскиот пат до Бог. Дали е во право оној кој само велеше нешто за кое не сме сигурни и дека тој самиот го исполни, исто како Буда, или е во право Исус Христос Кој и самиот го живееше она што го проповедаше, за на крај да умре како криминалец, закован на крст? Не, учењето на Буда и Исус е дијаметрално различно. Изменето од Rita.MD - 23.Март.2010 во 15:24 |
|||||||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Rita, dobro reche Majkl deka prvin treba neshto da se izuchi za da mozhe da se komentira ili kritikuva. Inaku, za onoa poslednoto...
... toa e tipichno hristijansko argumentiranje bez argument. Toa samo pokazhuva deka hristijanite s'e ushte nesvesno zhiveat vo iluzijata na materijalizmot smetajki deka samo otkazhvanjeto od materijalnata egzistencija e najgolemata mozhna zhrtva. Pred da stane Buda, Sidarta Gautama prvin umre duhovno, prvin umre seto onoa staro vo nego za da se rodi novoto... za da stane nov chovek, da stane Buda, da se prosvetli. Toa e onoa shto hristijanite go narekuvaat "povtorno roden", "novoroden". "born again". Toa e stanuvanje svesen za svojata vechna duhovna egzistencija ushte dodeka si zdomen vo momentalnoto materijalno telo. Faktot na materijalniot zhivot, deka Buda ne umrel razapnat na krst, kako shto toa mu se sluchilo na Isus, ne pretstavuva nikakva potvrda ili negacija na bilo shto od onoa shto pretstavuvale ovie dva lika. Toa samo zboruva za odnosot na lugjeto vo tie vreminja kon niv. Procenuvanje na Buda i Isus vrz osnova na odnosot na lugjeto koi gi opkruzhuvale e potpolno pogreshen propozicija. Taka samo mozheme da gi procenuvame tie lugje spored nivnite potapki i nishto povekje od toa |
|||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Што се однесува до протестантите имало тука и те како добри ликови, мистици и теолози. Мислам дека повеќе може да им се благодари на нив отколку на основачите: Лутер и Калвин. За заблудите и неморалот на црквата, пена им фати устата од зборење и давање откровенија на пророците и просветлените мажи и жени во средниот век(Хилдегард Бингенска - и самата римокатоличка опатица, Катарите, Богомилите и тн...) но од пената црковниците мислеле овие побеснеле па ги спалилувале повеќето на клади(со помош на државните органи за прогон). Во наредниот пост ќе одговорам на остатокот. |
|||||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
На одговорот на месинџер би додал само дека ниту на Буда не му било лесно - многумина се обиделе да го убијат дури... е сега зошто Исус завршил на крст а Буда не, тоа е друга приказна(Буда е само некогашен пророк, а Исус е многу повеќе од учител и пророк)
Матеј 6:6 „А ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба, затвори ја вратата и помоли Му се на твојот Татко...„ Која е скришната соба? Тоа е нашето внатрешно, каде Бог пребива. Не ни требаат надворешни куќи од камен(на пр. цркви, пагоди, мандири, џамии) за да можеме да му се молиме на Бога. И да додадам само еден пример за разлика помеѓу Будиното учење и повеќето подоцнежни будисти за да видиш дека има отстапувања: Буда не градел пагоди, храмови... ниту проповедал тоа да се прави. А владетелите низ историјата се отепаа од градење камени и златни градби во чест на Буда(мислам, вака уметнички, архитектонски гледано алал да им е, ама тоа нема везе со Буда) Велиш дека тебе ти е повеќе од јасно кој е вистинскот пат кон Бог... значи ли тоа дека и ти ќе се распнеш физички така или? На Филипините, во некои градови(Сан Фернандо на пр.) тоа тоа е дословна пракса секоја година.
Со една битна разлика: Исус е, да се изразам со еден хиндуистички термин, единстевн џагад-гуру(санскр.=духовен учител на универзумот). Исус Христос е единствен спасител и избавител на сите луѓе и души. Мислам дека со ова и ти би се согласила...
Буда велел другите да се земаат во обѕир како себе си самите што се земате - Исус велел, Она што сакате другите да ви го прават, правете им го вие Буда велел: Омразата никогаш не згаснува во светов со омраза, туку со љубов - ова е вечна вистина... Надвладејте го злото со добрина. Надминете ја немаштијата со давање, надминете го лажгото со вистината. Исус велел: ”Сте чуле дека било речено: ‘Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател’. А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат; Ако некој сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, остави му ја и наметката. Нешто пред овој стих, вели: Ако некој те принуди да одиш со него една милја, ти оди две со него. Дај му на оној што бара од тебе, и не свртувај се од оној што ти сака на заем... Сакаш уште докази? Изменето од Majkl - 23.Март.2010 во 21:25 |
|||||||||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Мајки, молење, разговор со Господа и медитација не се исто ама воопшто.
Буда всушност велел: "Тоа што не сакаш другите да ти го прават, не прави им го и ти". Тоа е негативната форма на Златното правило. Христијанството не се занимава со неправењето на лоши работи, туку со активното правење на добро. Тоа е една од работите што го прави толку посебно. Има и други учења кои се слични на христијанското, но ако повнимателно и повеќестрано, ќе дојдеш до заклучок дека не се и толку слични. Можеби имаат неколку слични учења (крај краева, никоја религија не проповеда убивање, правење на зло, наштетување на ближниот свој и слично, во тој поглед може да има сличности), но крајната цел е најбитна. Тоа ја прави разликата. Башка во повеќето религии преовладува дуализмот, универзализмот, а во христијанското учење, тие не се допуштени. Па Меси, постапките се важни, а не мислите. Во сите религии човекот треба сам да дојде до Господ, а само во христијанството, Господ доаѓа кај нас. Се гледа кој е вистински Бог, Создател и Татко. Се гледа кој навистина се грижи за луѓето. Лесно е да бараш помош за сиромашните, а да не бидеш еден од нив. Лесно е да ги благословуваш луѓето кога се ти оди на добро, ама ај да те вида ммоли се за твоите непријатели. Ај за таа личност која намјмногу ти има наштетено во животот, моли се Бог да ја благослови. Мене не ми успеало. |
|||||||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Ај прочитај уште еднашка што рекол Буда и Исус: „Буда велел другите да се земаат во обѕир како себе си самите што се земате - Исус велел, Она што сакате другите да ви го прават, правете им го вие„
|
|||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Nesomneno e deka povekjeto religii ucat za isti raboti vo pogled na moralot. Samo sto, vernicite megju sebe kje se izedat zaradi razlikite vo ucenjata , otkolku da go primenuvaat onaa sto nibnata religija go uci. Religijata kako institucija e vinovna za krv pred BOG. |
|||||||||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Да, се сложувам со тоа. Затоа на повеќето (на лаиците) сите религии им изгледаат скоро исто. Секој којшто има марем малку познавања од теологијата ќе знае дека христијанството не проповеда исти учења како будизмот, исламот и сл.
Немој да мислиш дека јас (сега ќе зборам за себе) уживам да се препуцавам. Само сакам и некои други да слушнат за Господ и да ја доживеат истата радост што ја имам во моето срце. Тоа е нешто што никоја личност освен Исус Христос самиот може да овозможи. Христијанството не е религија. Тоа е лична врска со Бога. Христос умре на крстот за ние да имаме пристап до Бог. Тој умре за да ни го овозможи тоа, а ние сега бараме ... shortcuts... за да дојдеме до Него. Исус бара вера и преданост. Тоа е минималното што можеме да Му го дадеме за возврат. Да, свештениците кои имаат знаење, имаат познавање што е правилно, а што не во Божјите очи, се должни да го просветлат народот. Сепак, на некои гледам дека им е побитно да одделат нешто на српско православно, на секташко (читај: протестантско), на вакво и онакво... За чудо успеваат да ја видат раската (која бај д веј не постои) кај другите, а не ја гледаат гредата (која de facto) постои, во нивните сопствени очи. Некои пак забораваат на што се заветиле, па се оддаваат на неморал, разврат и блудничат со деца, секакви жени, луѓе од исти пол... ТИЕ ќе одговараат да душите кои им биле доверени за водство. Тие се оние кои ја институционализираат верата, ја прават религијата површна, плитка и ја задушуваат со традиции и обичаи кои врска си немаат со тоа... Иритира зар не? |
|||||||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Iritira Rita, ama ne si stavaj tolku na dusa |
|||||||||
Внеси реплика | страница <1 678 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |