|
Самитот на шаманите |
Внеси реплика |
Автор | |
VirtualArts
Нов член Регистриран: 15.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 15.Март.2010 во 23:46 |
Експресивни ликовни решенија, анимација набиена со моќен и комплексен колорит и дејство што следи патување на духот низ времето и просторот се сублимирани во експерименталниот 70-минутен филм „Самит на шаманите“ на уметникот Александар Станковски, што премиерно беше прикажан во рамките на Скопскиот филмски фестивал. Филмот е работен речиси шест години, со надградба на основната идеја за краткометражно дело. Во интервалите меѓу неговата сликарска работа и реализација на преформанси, пред публиката осамна уште еден, а Станковски го заврши снимањето и на новиот експериментално-музички филм наречен „Меџикл мистери кјур“. Сепак, тој смета дека претходниот филм „Маклабас“ е неговото круцијално дело во изразот преку овој медиум, додека „Самит на шаманите“ е камерен филм што повеќе раскажува преку анимацијата.
- „Самит на шаманите“ е метафора на случувањата што ги живееме денеска, меѓутоа користени се некои историски стереотипи, а филмот е халуцинација низ времето и просторот. Доминираат ликовните зафати. Целата приказна е затворена во една рамка, а го следи патувањето на еден актер и на некој начин ја рекапитулира неговата стварност. Постои некое итро интро - вели Станковски. Филмот бил замислен како краткометражно дело од 18 минути, но авторот продолжил да го надградува со анимации. - Ова требаше да биде краток филм, но обемен, поради раскошот во некои сцени. Се работи за една фантазмагорија, екстраполација на некое внатрешно време или поимање на некое историско време. Тоа е патување низ некакви сегменти со помош на еден зафат што се нарекува трансцендентална историја, што се применува како еден магиски однос кон минатото. Тоа е една спонтана визија што ќе се случи преку една магиска книга. Таа служи како алиби за трансферот. Целата приказна тече преку неа. Таа е врската помеѓу реалниот и иреалниот свет - вели Станковски. Искуството во работата на „Маклабас“ за Станковски е неповторливо, а на „Самитот на шаманите“ - далеку поедноставно. - За разлика од „Маклабас“, за кој можам да кажам дека е мое круцијално дело, се занимава со совремието и е синхониски филм, тука се обидов да направам некој дијахрониски пресек, да потонам во сегменти што се битни за нашата култура, но повеќе да си поиграм со нив, да ги напипам на некој начин и да поврзам некои собитија од нашата историја со по малку карикатурални и симплифицирани ликови. Тимот беше ист, помалку или повеќе. Навистина ова беше едно чудно камерно искуство. Цел филм го доживеав во студио, освен една сцена на екстериер - вели Станковски. „Самит на шаманите“ е поддржан од Министерството за култура со 120.000 евра. Вообичаено, за продукција на - условно - експерименталниот филм не се одвојуваат многу пари, иако тие се работат со години. - Карактеристично за овие филмови е тоа што се работат долго, никогаш нема доволно пари, па се влегува во тој тип авантура кога на микроплан се трудите да исцрпите се', а сепак, поради сликарската вокација, да се држите до внатрешна структура на филмот. „Самит на шаманите“ не е толку комплексен, барем што се однесува до продукцискиот дел. Околу 30 минути отпаѓаат на анимација, која е трпеливо работена. Затоа се пролонгираше четири години. Новиот филм кој штотуку го завршив - „Меџикал мистери кјур“, е работен без никаков буџет. Мене ме влече политичка некоректност и не размислувам за продавање на производот - вели Станковски. Тој ја игра и главната улога во експерименталниот филм на Жанета Вангели, „Судијата“. - Во „Судијата“ беше поинаку. Позицијата на актер е многу порелаксирана. Од друга страна, можев да сведочам за макотрпноста на режисерската работа, која не ја чувствуваш кога си внатре во приказната. Работата на Вангели и мојата се разликуваат. Таа е концизна и применува извесни методи со актерите, додека јас често давам спонтани решенија - вели Станковски. Дел 1/8 Дел 2/8 Дел 3/8 Дел 4/8 Дел 5/8 Дел 6/8 Дел 7/8 Дел 8/8 Изменето од VirtualArts - 15.Март.2010 во 23:47 |
|
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ќе да е нешто добро.
|
|
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
|
Jovan.74
Сениор Регистриран: 02.Декември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
а што ме мрзи да читам што ќе праиме сеа ?
|
|
LD Pistolero a.k.a Demolero
|
|
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па ќе го глеаш Јован.
Добар е филмот. Како концепт е добар, ако се вметне некоја приказна ќе биде најдобар |
|
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Можда ми е до годините...
Ама јас ништо друго не видов во филмот освен вагини, женски гради, пениси и секс... колку културно! |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
хах...-,- до годините е...си остарела... или до околината ?... |
|
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
легална ли е темава, и легален ли е филмов
|
|
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
хах....ВТФ? |
|
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |