|
Фан клуб Ливерпул |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | ||||||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Торес на Енфилд до 2013 година
Најдобриот стрелец во екипата на Ливерпул, Фернандо Торес ја продолжи соработката со "црвените" до 2013 година. Според новиот четиригодишен договор Ливерпул има право да го продолжи истиот до 2014. Неговата неделна плата ќе изнесува 110 илјади фунти, приближно колку и платата на капитенот Стивен Џерард. "Фернандо е еден од најдобрите стрелци во Европа, а во нашиот тим може уште повеќе да напредува. Многу големи клубови го посакуваа, но сепак тој одлучи да освојува трофеи со Ливерпул", озјави менаџерот Рафа Бенитез. "Ел Нињо" дојде на Енфилд во 2007 година од Атлетико Мадрид и на 83 натпревари постигна точно 50 гола, иако оваа сезона поголемиот број на натпревари отсуствуваше поради повреди. Пред Торес договорот го продолжија и Дирк Кујт, Даниел Агер и Стивен Џерард. Заедно со новиот договор, Торес има уште една голема причина за славје, а тоа е венчавката со својата долгогодишна девојка, уште од средношколските денови Олаља Домингез. Дејли Мирор објави дека немало голема свеченост или "фешта", а присутни на чинот биле само кумовите. Во едно свое поранешно интервју, 23-годишната Шпанка го опиша Торес како "скромно и срамежливо момче" и како "маж на нејзиниот живот". |
||||||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
||||||
sinisaang
Нов член Регистриран: 30.Мај.2009 Локација: Mayotte Статус: Офлајн Поени: 27 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
liverpool forever
|
||||||
natasha-nate
Нов член Регистриран: 18.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 19 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
jas sum golem fan na liverpul, ajde fanovi napred
|
||||||
natasha-nate
Нов член Регистриран: 18.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 19 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
koj e najdobar fudbaler na liverpul??? spored mene tores ...
|
||||||
natasha-nate
Нов член Регистриран: 18.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 19 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
I jas sum eden golem fan na liverpul, za liverpul navivam od pocetok, a tores mi e omilen fudbaler, no da ne go zaboravam i gerard.samo napred fanovi na liverpul i zaedno da se raduvame na site pobedi!!!
|
||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Помали плати ако не се избори место во ЛШ
Англискиот неделен весник " News of the world" тврди дека раководството на Ливерпул подготвува намалување на платите на сите фудбалери ако екипата не успее да избори пласман во Лигата на шампионите за идната сезона. Не е тајна дека евентуалниот неуспех на овој план на "црвените" од Енфилд ќе им донесе загуба од најмалку 12 милиони фунти, а тој "минус" ќе биде уште поголем ако се знае дека Ливерпул и оваа сезона веќе испадна од Лигата на шампионите во фазата по групи. Како што во моментов стојат работите, на Ливерпул ќе му биде неверојатно тешко да ги оствари своите амбиции ако се знае дека најмалку уште три екипи (Манчестер Сити, Тотенхем и Астон Вила) рамноправно конк*рираат за четвртата позиција имајќи предвид дека Челзи, Манчестер Јунајтед и Арсенал се сигурно за првите три. Проблемот е дополнително усложнет ако се знае дека Манчестер Сити има ист број бодови, а два натпревари помалку од Ливерпул, додека седмопласираната Астон Вила со два бода негатива има меч за доигрување. Според " News of the world", Ливерпул планира да ги зголеми платите за пет проценти, што навидум не е многу, но само ако не се знаат примањата на фудбалерите. Освен тоа, јасно е дека Ливерпул ќе биде под голем притисок ако не избори пласман во Лигата на шампионите затоа што веднаш потоа ќе се јават заинтересирани клубови за најголемите ѕвезди Фернандо Торес и Стивен Џерард што Хикс и Жилет нема да можат да ги одбијат. Ваквиот потег на раководството на клубот може да донесе и до масовно напуштање на Енфилд бидејќи Ливерпул и онака не е во добра финансиска ситуација. Инаку, истиот весник во своето вчерашно издание објави дека Свен Горан Ериксон се подготвува да го преземе Ливерпул ако на крајот од сезоната Рафа Бенитез навистина ја прифати понудата од Јувентус. |
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Засилувања или си одам од Ливерпул!
Еден од двајцата најдобри фудбалери на Ливерпул, Фернандо Торес ја повика управата на клубот да донесе пет-шест нови квалитетни играчи во летниот преоден рок или во спротивно тој ќе размисли дали ќе остане. Ливерпул игра една од најлошите сезони во својата понова историја, а и фудбалерите и навивачите се се понервозни од досегашниот ефект. "Ни требаат неколку врвни фудбалери за да можеме да конк*рираме за врвот. Во спротивно и идната сезона ќе се бориме за четвртото место", вели Торес. Тој дојде во Ливерпул пред три години со големи амбиции, но досега не освои ниеден трофеј. Токму желбата за титули може да го "избрка" шпанскиот репрезентативец од Енфилд иако во досегашниот престој во овој клуб собори многу рекорди и стана миленик на навивачите. "Сакам да се бориме за Премиер-лигата, Лигата на шампионите или Лигата на Европа, но за тоа ни се потребни засилувања. Имам уште четири сезони од договорот, среќен сум овде, но сакам да победувам и освојувам титули", рече Торес. Ливерпул во моментов е на шестата позиција во Премиер-лигата со четири бода помалку од четвртопласирасинот Тотенхем. Дербито против Јунајтед идниот викенд може да реши многу работи околу борбата за пласман во Лигата на шампионите. Во случај Ливерпул да не игра таму идната сезона, многу е веројатно дека Торес нема да биде во тимот од август. |
||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Конечно една ефективна победа на Ливерпул,макар и со последниот во лигата.Би требало оваа победа да го крене мотивот на црвените на повисоко ниво.
Ливерпул убедлив против отпишаниот Портсмут Ливерпул синоќа на „Енфилд“ sо 4:1 го совлада последнопласираниот Портсмут во натпреварот од 30. коло од Премиер лигата. Стрелци на головите за „црвените“ беа Фернандо Торес 2, Раја Бабел и Алберто Аквилани (гол првенец) по еден, почесниот гол за Портсмут во финишот го постигна Надир Белхаџ. Ливерпул првпат оваа сезона по триумфот над Хал од 6:1 на 26 септември, постигна повеќе од три голови во Премиер лигата. Со новите три бодови и вкупно 51 тимот предводен од Рафа Бенитез се искачи на петтото место на табелата. Табела: Манчестер Јунајтед 66 бодови, Челзи (натпревар помалку 64, Арсенал 64, Тотенхем 52 (натпревар помалку), Ливерпул 51, Манчестер Сити 50 (два натпревара помалку),... Вечер ќе се одигра одложениот натпревар од 21. коло меѓу Виган и Астон Вила. |
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ми беше жал синоќа за ...Жерар.....
|
||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Официјално: Џо Кол -
ново засилување на Ливерпул! 28-годишниот англиски репрезентативец и досегашен фудбалер на Челзи, потпиша четиригодишен договор со најтрофејниот англиски клуб. Црвените на својот официјален сајт објавија дека Џо Кол потпиша четиригодишен договор со Ливерпул. Играчот ги договорил личните услови со клубот и единствено што останува е да ги помине лекарските прегледи во наредните 48 часа. Кол доаѓа на Енфилд како слободен агент, а според непотврдени информации ќе заработува по 90.000 фунти неделно. За него во трка беа Тотенхем и Арсенал, но Ливерпул веројатно беше најубедлив за досегашниот фудбалер на Челзи да се пресели на Енфилд. Џо Кол ќе биде одлична замена за Јоси Бенајун, кој замина во спротивен правец и очигледно стожер во играта на Ливерпул, заедно со Стивен Џерард. Рој Хоџсон најави дека ќе бара уште засилувања за конечно Ливерул да стане поконк*рентен во силната Премиерлига. |
||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Далглиш нов менаџер на Ливерпул
|
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Торес: Не размислувам за заминување
Шпанскиот репрезентативец, Фернандо Торес уште еднаш потврди дека нема намера да го напушти клубот во вакви тешки моменти. Само пред две сезони Ливерпул се бореше за титула во Премиер лигата. Но со заминувањето на Рафа Бенитез работие многу се променија. Ливерпул е сега многу далеку од Европа а се поблиску до опасната зона (само 4 бода). Клубот го отпушти Хоџсон и за тренер го постави легендата на клубот Кени Даглиш, кој ќе ја води екипата до крајот на сезоната. „Мораме да се држиме заедно повеќе од било кога. Мораме да живееме во слога, и да играме од натпревар во натпревар. Потребни ни се повеќе бодови и подобар пласман на табелата“, изјави Торес за The People, додавајќи: „Тоа е наш предизвик и ќе пробаме да го оствариме со помош на нашите навивачи. Размилсувам само за Ливерпул и за тоа како ќе ја спасиме сезоната. Не размислувам за заминување, иако во фудбалот многу работи зависат од клубот“, вели брлјантниот напаѓач. Иако Торес во неговите изјави секогаш покажува почит кон Ливерпул, медиумите пишуваат дека неговото заминување на лето е готово сигурно, а како следни негови дестинации се спомнуваат Барселона, Интер и Јувентус |
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Маскерано: Кога заминуваш од Ливерпул те гледаат како убиец
Поранешниот играч на Ливерпул, а сега член на Барселона Хавиер Маскерано вели дека менаџерската управа на клубот од Енфилд е крива за заминувањето на бројни клучни играчи. Потсетуваме дека Фернандо Торес е последниот во низата кој го напушти Ливерпул, претходно тоа го направија, Алонсо, Маскерано и Арбелоа, а Аргентинецот вели дека за тоа е крива управата и дека клубот едноставна му ја ’лупа’ вратата на тие што сакаат да заминат. „Не сум изненаден со тоа што се случува со Фернандо. Кога го напуштив Ливерпул тоа беше како да убив некого. Чудно е што луѓето кои нешто направиле за тој клуб мораат да излезат на задна врата“, вели аргентинскиот играч за врска и додава: „После откако ќе заминеме грешката е наша, а клубот не покажа интерес за да не задржи. Најважните играчи не го напуштија клубот на убав начин. Разговарав со Торес и му кажав дека не треба да се грижи, бидејќи тој на Ливерпул му го даде најдоброто од себе. Тој беше многу важен играч цело време додека беше на Енфилд“, заклучува Маскерано |
||||||
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |