IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите македонски љубовни стихови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите македонски љубовни стихови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 891011>
Автор
Порака
Didi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Summer flower

Регистриран: 14.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 15583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Didi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2008 во 13:14
Vo mene dusha ostana
da mozam da preziveam
so del od sebe postojam
vo srcevo umiram..........
Кон врв
Didi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Summer flower

Регистриран: 14.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 15583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Didi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2008 во 13:15
Shto e toa po lugeto tazno
sto ziveat po zivoti tugi
koj vo moeto minato plovi
sosem mirno i bez da se srami...
Кон врв
Didi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Summer flower

Регистриран: 14.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 15583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Didi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2008 во 14:16
Ah kade e mojto libe
dali misli toj na mene,........
.....
Кон врв
mamma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2008 во 18:34
I povtorno,..nikogash da ne se zaboravi...
neznam dali nekade ke prochitam vaka ubavi stihovi nekogash...bilo koga

Nikola Jonkov Vapcarov
   Proshtalno
   na zena mi

Ponekogash ke idam v tvojot son
ko nechekan i dalek gost...
Ti,ne me ostvaj na patot, von,
Od porti istaj go lostot!
Ke vlezam tivko,krotko ke si sedam
Kraj tebe,v mrakot vtrenchen,da te gledam sam
I koga nasiten,ke zapram da te gledam
Ke mi te baknam i.........ke zaminam


Shot at 2007-06-30[/IMG]
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2008 во 00:12
                    П О Р А К А

Ела -
Нашето доодување допрва почнува!
Ќе го започнеме патот изутрина,
голема, бистра, единствена изутрина,
наша изутрина -
Ти понеси до грска - две разбирање
јас ќе ти донесам ракатка љубов
и ќе ти наберам недоброј стракови доверба,
штотуку никнати,
кревки,
затоа убави, -
И знаеш, во името на нас,
на сите зла што глодале низ нас,
дај да им речеме едноставно
Д О Г Л Е Д А Њ Е !
Нема тука што!
И да ги пратиме злата, еј дури онаму,
петлите денот кај не го будат,
кај нема зелени бушавости,
ни пчошки лај,
во таква невратка -
Така олеснети, смеолики, смеоносни,
со многу мир за претстојните немири,
светлооди, бистродуши, до зарек блиски
ќе си преминеме отаде Лета
за да веруваме дека никогаш
на овој брег не немало.


Гане Тодоровски - “Божилак“
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2009 во 17:06
Тркалезни форми  -  Петре М. Андреевски

(Пофалба на жената)

Тркалезни ти се очите
и местата од кај што ме гледаш,
управувајќи со моите движења.

Тркалезна ти е устата
што ги оданочува зборовите
и што ја прославува насмевката.

Тркалезни ти се рамената
и тркалезен ти е вратот
што е единствено скеле од каде
сета татковина е видлива.

Тркалезни ти се дојките
што се подвижни камбанарии
и подигнати пушки од заседа.

Тркалезни ти се брадавиците
и медното саќе на нив
и млечниот рудник, првата почва,
првата средба со исхраната.

Тркалезни ти се слабините,
тркалезно што се шират,
рамномерно што се враќаат.

Тркалезна ти е половината
и ветрот што се врти околу неа,
како колцето околу оската,
како преѓата околу вретеното.

Тркалезен ти е папокот
што е лузна на раѓањето
и сеќавање на точката
откај што тргнал животот.

Тркалезни ти се колковите
од кои се одбива светлината
што е единствено вратниче
за вомракот и за в помрачина.

Тркалезни ти се колената
што ги чекам да ми проговорат
и тркалезни ти се петиците
што те одделуваат од земјата.

Тркалезна ти е прегратката
кога ме љубиш, кога те љубам
и тркалезна ти е солзата
кога од мене се разделуваш.

Тркалезна ти е трпезата
на која ручаш и вечераш,
а и лебот и садовите,
ко трпезата се тркалезни.

Тркалезно ти е јаболкото
што го честиш со устата
и тркалезно е виножитото
во лубеницата што ја отвораш.

Тркалезна е водата
што ја зафаќаш со грстите
и водата кога ти прави место,
помагајќи ти да се искапиш.

Тркалезно е и семето
што го засејуваш во нивата
и тркалезен е надолу патот
по кој слегува неговиот корен.

Тркалезно е сонцето и сончогледот
што изгрева заради тебе,
заради твоите тркалезни форми
без кои и јас не знам кај би гледал.

Кон врв
Nanicka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 31
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nanicka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2009 во 00:22
Таа беше растојание од една болка до друга
и жесток пијалак што ce разнесува по куќите.
Таа знаеше една буква со која почнуваа сите зборови
и можеше да викне и да ги смени годишните времиња.
Заради неа пријателите
по цел ден не сакаа да ме видат.
Размислувајќи за неа
можеше да ce загине и во најкусиот ден
и во најтоплото попладне.
Таа беше оган со оган што ce гасне.

Петре.М Аендреевски
Tesko mene bez tebe, uste potesko na tebe bez mene
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2009 во 00:48
          ЉУБОВ

Милувам прашинка да си,
тих повеј да ми те донесе...

Прашинка љубов,прашинка ништотна,
прашинка невидна,
но сепак љубов,сепак љубов.

Дај да те имам во дланкиве
Нетежина,Несетило.
Дај да поверувам дека си во мене,
стуткана некаде во мене.

Милувам прашинка да си,
тих повеј да ми те донесе...

Како што напролет цветниците зачнуваат
дај да те заплодам,
за да се родиш во мене
љубов богатница,љубов имовита,
љубов плод љубов надрочена.

Милувам прашинка да си
тих повеј да ми те донесе...

Но,јас те имам немаштино
најтрајна недостиг,
најблиска недофат,
најголем недорек,
па,место грижата за тебе
поначесто сум доволен од себеси.

                                         Гане Тодоровски
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2009 во 02:44
Умилкување трепкање

Ќе ги отпретам сите горештини од твојата глава,
ко суво дрво на сува рида реките ќе ги заковам.
Ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња
ќе те љубам и губам и во пости и пред гости
само да ме сакаш.

Ќе ги поткупам сите човечки сетила и патила.
Сите светлосни преѓи пресијазол ќе ги врзам,
сите денови и ноќи на својот почеток ќе ги вратам,
ќе ти дадам се што е солено и молено
само да ме сакаш.

Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокам
ќе ги затнам сите извори, се што гори ќе отворам.
Ќе направам да не се знае кај е лево и десно,
ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица
само да ме сакаш.

Ќе ги шпионирам сите крадци на твоите часови.
Ќе ги исфрлам од употреба страните на светот
и светот, по црна ноќ, одмижанка ќе го истрчам
и ќе те фалам и кудам под сите небеса
само да ме сакаш.

Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено,
на шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе,
не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас,
со ова што го велам и слепо и глуво ќе исцелам
само да ме сакаш.

Петре М. Андреевски

Кон врв
Архангел Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 15
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Архангел Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2010 во 20:08
Heart Core

Jas nemam nisto poveke od sebesi
samo srce koe cuka vistinski
sosem dovolno da te voznemiri
da te uplas

gi znaes dobro onie
so skrisna solza dlaboko vo srce
so skrsena zloba daleku zad pogledot
bolni od nemok
bolni od zelba za odmazda

i po ne znam koj pat
se vidov sebesi vo tebe mrtov
ne tvojot bol nema nikogas da bide moj

bez ljubov znam ke te progolta
ovoj grad bez gordost i sram
ke ostanes bez dela za vrednuvanje
ke ostanes bez mok i magija
bilo sto da promenis pustas solza
ne znam sto sokriva
dali mok ili zelba za odmazda


Ljubov Ili Omraza

Dolgo, dolgo,
Gledam vo toa lice
Se trudam da ne mislam
Kolku e ubava,
Kolku e prekrasna
Moram da go skrotam stravot
Znam
Kolku toa moze
Da me promeni
Dolgo, dolgo
Zboruvam
Sakam da te trognam
Da vidam bar
Edna solza
Zaludno
Ti se smees
Ti si radosna
I voopsto ne gi sledis moite zborovi
Ti si tolku daleku
Od mene
Treperam od vozbuda
Siot treperam od strast
Dal e toa ljubov
Ili sum poln so omraza
Omraza
Ako ostanam
Zar ke mozam da te zadrzam
Ako odam
Zar ke mozam da te prebolam
Da te zaboravam
Ke se vratis kako spomen
Ke se vratis kako noz
Кон врв
mimicria Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
magnet za defekti

Регистриран: 27.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3444
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mimicria Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2010 во 10:26
OPSEDNATA SUM OD PESNAVA!
 
ZAUMNA SILA

Zaumna silo vodi me, nurni me dlaboko
vo secij son, vo secij dom
Jas, so detska nevinost i mok
Ti vo koma od otrovi i magli
Gruba igra,nemam adut
imam sreka nemam pari
ti si skapa,se glumis slatka i sjajna

Jas venec od algi, drevna voda i dalgi
Bol nie sme bol, vo prazen staniol
i ne nema, v pregratka, goli
strast sto pepel ja storiv
Te budam i gledas, v srce me nemas
sonot go skrsiv so samar go zemav
se prasuvam sega so jarost i taga
dali sum stvarnnost ili sum laga

Jas, sonce i mesecina i tocka i cela vselena
od crna dupka svetlina, tvoja gordost, ljubena
Zaumna silo povtorno, nurni me dlaboko
vo secij son vo secij dom

Jas, so detska nevinost i mok
Ti, vo koma od otrovi i magli
i bez vosh*t i bez radost
Jas so mudrost prepoln radost
ti bez ljubov jas bez pari, mmm mmmm mmmm

Jas venec od algi drevna voda i dalgi
nudejki vino za krv ti vampiru lazes
Te budam i gledas, v srce me nemas
sonot go skrsiv so samar go zemav se prasuvas sega so jarost i taga
dali sum stvarnost ili sum laga

Jas, sonce i mesecina i tocka i cela vselena
od crna dupka svetlina, tvoja gordost, ljubena

 
Dajem ti verse i note, sve moje sarene perle na dar, jos te mogu pjesmom kupiti, lukavo i slatkorjecivo, jos uvjek mogu ti podvaliti ljubav...
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 01:53
Трето писмо

Беше тоа еден ден што траеше цела година.

A беше тоа кога помислував
дека твојата коса низ туѓи прсти
истекува ко млаз вода или ко сува пченица,
па јас останував сам и сите остануваа сами
и возовите добиваа нови и незнајни брзини
и веќе никаде не можеа да запрат;
и тревите почнуваа да ветреат во лажна прељуба
и сите ветрени коли носеа од моите боли.

A беше тоа кога помислував
дека полната светлина од твојата уста
капе и ce меша во туѓа пладнина,
па гаснеше варта во моите очни витли
и шумите слегуваа во длабоки подземја
и небесата догоруваа и реките потекуваа нагоре
и животните ме гледаа како пријател што го губат
и cè што беше мое живееше без мене.

A беше тоа кога помислував
дека веќе не можам да мислам без тебе,
па почнував да личам на сите мои предци,
на сите мои предци, a најмногу на себеси.

Беше тоа еден ден што траеше цела година.

Петре М. Андреевски




Изменето од Анастеа - 14.Март.2010 во 01:54
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 02:11
Четврто писмо

Една година јас без тебе, јас без себе,
една година како елениче – плетениче на провинциите,
како едначење на гласот од селските тажачки.
Видот не ме открива, телото не ме прифаќа
и веќе почнувам да живеам со бестелесна тежина.
A мојата далечна мисла сека над градовите
и секој говор ми почнува со твоето име.
Te оживувам од сите слики, но жива нигде те немам
тебе равенко меѓу моето тело и мојата душа
Една година како во нашето растојание
ги гледам причините за сите војни.
Сето бело видело ми го скри под своите трепки,
(занишани како јуриш на летни ’ржи в присој)
па ни пат кај што врвам, ни сон кај што преспивам,
ни крај, ни бескрај, ни земја кај што те здогледувам,
и пак со тебе легнувам и пак без тебе ce будам.
A една година како трчкам по жална Македонија,
одбирајќи зборови што секаде ќе те прочујат
тебе балсам и шеќерпаре, тебе радост на иднината
што севезден ги бодреше моите болести.
Една година како ce враќам кај тебе
само со тоа што ги препрочитувам твоите писма,
и една година празен ко празна воденица,
ко месечината што ce празни на полноќните распаќа.
Една година оставен да ce бранам од себеси
како мразот што ce брани од својата нежност.
Една година ти без мене, јас без себе.

Петре М. Андреевски

Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 19:15
Каменолом во мене

Ако ти ги дадов очите
очите мои наплачени,
уморни, ситни, намачени,
зошто не ти ги дадов солзите,
солзите горки избистрени
болките со нив исчистени?

Ако ти ги дадов усните,
усните мои копнежливи
бакнежите искрени, а сомнежливи
зошто не ти ги дадов желбите
желбите недостижни , накитени
копнежите по тебе заскитани?

Ако ти го дадов срцето, срцето мое младешко,
младо, а в трепет завиено,
зошто не ти ги дадов раните,
раните, длабоки, неизлечиви,
милионите парчиња растргнати?

Ако ти ја дадов душата,
душата моја широка,
искрена, детска, наивна,
зошто не ти ги дадов градите,
градите, свиткани, залипани,
ноките тивки непреспиени?

Зошто, зошто сега срцето,
и до срцето и до душата
и над душата очите
и под очите усните,
страдаат скришум, таговно?

Зошто, зошто сега срцето е скршено,
а душата напатена,
очите не сјаат,
а усните пецкаат,
зошто сега се ми вене,
а ти си каменолом во мене.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 891011>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.