IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4445464748 55>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 12:19
Шуми вели дека се вратил за титулата

Михаел Шумахер има една цел во 2010 - да стигне до својата осма формула 1 титула. Германецот се врати по три години пензија за да настапи со Мерцедес ГП тимот, и 41-годишниот Шуми признава дека не би се согласил на камбек доколку не верувал дека може да биде конк*рентен. Тој помина над 100 кругови на шпанската патека Херез во вторникот и средата во ГП2 болид.

"Имаме јасна цел во долгорочниот план и тоа е да станам светски шампион со Мерцедес ГП. Можеби тоа нема да се случи во 2010, но за три години тоа е реална цел. Кога наполнив 40 години решив дека нема да се вратам, и ми беше досадно на посетите на трките. Но, во летото дојде таа ситуација со Ферари, а потоа и понудата на Рос Браун во ноември", изјави Шумахер.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2010 во 17:20
Шумахер се фокусира на долги патеки

Иако се шегува дека ја пронашол тајната за "вечна младост", седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер подвлече дека неговиот фокус е на долги патеки, а не само на сезоната 2010 со тимот на Мерцедес ГП. Шуми признава дека осма титула е можеби нереално во неговото деби со Мерцедес, но дека во тригодишниот договор со Мерцедес би требало да стигне до целта. Тој не сака да прави предвидувања и продолжува да ги намалува сопствените шанси во изјавите велејќи дека ќе биде тешко да се продолжи каде што застана во 2006 година.

"Нашата долгорочна цел со Мерцедес е многу јасна. Сакам да станам светски шампион повторно. Тоа можеби нема да се случи во 2010, но реално е да се смета на таков развој на настаните во трите сезони", изјави 41-годишниот Германец.

Тој се врати зад воланот на ГП2 тестот во Херез минатата недела, иако дождот ги попречи двата дена тестирање.

"Очигледно успеав да го откажам ефектите на стареењето. Мора да имам добри гени! Можев да возам многу на последниот ден тестирање и се помина совршено. Се чувствувам подготвен за сезоната", вели Шуми.

Стирлинг Мос, најпознатиот британски возач без светска титула, кој се повлече на свои 32 години по несреќа во 1962 година, вели дека му се восхитува на храброста на Шумахер, но се сомнева дека може да освои нова титула.

"Мислам дека е храбар што се враќа, и тоа е добро за спортот. Отиде во најдобриот тим, но тоа не значи дека ќе победи. Да биде подобар од луѓето како Фетел и Алонсо мора да направи нешто спектакуларно", вели Мос.

И Џони Херберт, поранешниот Ф1 возач, вели дека на Шумахер ќе му биде тешко.

"Луѓето како Хамилтон, Фетел и Батон се сосема поинакви и имаат поинаков менталитет од поранешните ривали на Михаел. Тогаш имаше аура околу Шумахер, но сега сите ќе му се на вратот", изјави Херберт

Од друга страна, еден од поранешните ривали на Германецот, Дејвид Култхард верува дека младите момци во Ф1 ќе бидат изненадени од ветеранот.

"Мислам дека младата генерација ќе биде изненадена колку Михаел може да биде безмилосен за да ги оствари своите цели. Тоа најмногу го чекам - да видам дали се уште го има убиствениот инстикт од порано", изјави Култхард.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2010 во 18:42
Валентино Роси тестира Ферари

Деветкратниот светски шампион во Мото ГП шампионатот, Валентино Роси ги започна дводневните тестови со тимот на Ферари.

Италијанецот го возеше болидот на Скудерија Ф2008 со кој беше освоена титулата во конструктори во 2008 година на патеката Каталуња во Барселона.

Претседателот на "црното коњче", Лука ди Монтеѕемоло на популарниот "Доктор" за подарок по освоената седма титула во кралската класа од Мото ГП првенството му овозможи да го тестира болидот на Ферари. Пред тоа Роси го тестираше болидот на Ферари во 2006 и 2008 година.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2010 во 15:59
Хајдфелд стана "резервист" на Мерцедес!

Ник Хајдфелд ќе го комплетира германскиот "супер-тим" покрај сонародниците Михаел Шумахер и Нико Розберг во Мерцедес ГП тимот во 2010 откако неговиот менаџер потврди дека тој стана тест-возач на тимот и можеби се стави крај на кариерата на еден од најдобрите возачи кои немаат победа во Ф1.

Хајдфелд дебитираше во формула 1 со Прост ГП тимот во 2000 со одлична репутација како актуелен Ф3000 шампион (сега ГП2 серија). Но, со слаб болид во својата деби сезона, неговата репутација не достигна високо ниво, а следните кратки авантури со Заубер и Џордан го оставија во незавидна положба. Во 2005 година тој покажа дел од тоа што се очекуваше со него во Вилијамс, а во четирите години поминати со БМВ Заубер од 2006 до 2009 оствари осум пласмани на подиумот, но ниту една ГП победа. Еден од најпостојаните возачи во светот, кој го има рекордот за 41 едноподруго завршени трки, и 18 завршени трки во една сезона во 2008, ќе остане како еден од најпотценетите Ф1 возачи. Неговата слабост беше што не можеше да се навикне на квалификациските гуми на Бриџстоун во 2008, што неговиот тогашен колега Роберт Кубица го искористи за доминација во сезоната.

Во 2009 двојката беше израмнета, и Квик Ник имаше 19 поени во споредба со 17-те на Полјакот. Но, тогаш дојде одлуката на БМВ да се повлече од спортот и возачот од Менхенгладбах мораше да пронајде нов тим. Поврзуван со празното место во Рено покрај Кубица, Скудерија Торо Росо и на крајот Мерцедес, на крајот стана јасно дека во германскиот тим се чува место за некој поважен, кога дојде Михаел Шумахер.

Хајдфелд токму со производителот од Штутгарт работеше во поголемиот дел од јуниорските денови, но тие го преферираа тогашниот колега од Заубер Кими Раиконен како замена за Мика Хакинен во тимот на Мекларен Мерцедес. Тој момент можеби беше одлучувачки во кариерата на Хајдфелд, момент во кој стана од "талентиран млад возач" во "просечен возач".

Тој ќе биде официјално претставен денес, кога Ф1 болидот на Мерцедес за 2010 ќе биде презентиран, што значи дека на 32 години престанува да биде активен возач.

"Ник ќе се концентрира на поддршката на главните возачи на Мерцедес како нов резервен возач на тимот. Ник бараше место во еден од големите тимови, но на крајот не успеавме да најдеме такво место", призна неговиот менаџер Андре Тојерцајт.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2010 во 23:33
Петров стана првиот руски Формула 1 пилот




01.02.2010





Виталиј Петров стана првиот русин кој ќе биде возач на Формула 1 болид во новата сезона.

Петров ќе вози за тимот на Рено како втор возач зад Роберт Кубица кој во 2006 година стана првиот полски возач во Формула 1.

„Ќе го дадам мојот максимум. Мојата цел ќе биде да ги завршувам трките и да собирам поени за тимот’ изјави Петров на промоцијата.
Медиумите предвидуваат дека русинот ќе му донесе на тимот на Рено приход од околу 15 милиони долари откако Рено се соочи до дупка во буџетот по загубата на спонзорот ИНГ на крајот од мината сезона.

Последниот руски возач на Формула 1 кој беше поврзуван со ова натпреварување беше Роман Русинов кој беше еден од четворицата тестери за тимот на Мејнленд во 2006 година но никогаш не возеше во Формула 1 додека пак првиот русин кој тестирал Формула 1 болид беше Сергеј Злобин за Минарди во 2002 година.

Не дека за текстов со црвена боја на нас не ни е јасно како тоа оди во овој спорт но штета што добри таленти токму од што нема доволно спонзори кај нас остануваат само добри таленти
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 17:09
Болидот на Ферари е најдобриот кој сум го возел

Шпанецот Фернандо Алонсо изјавил дека новиот болид на Ферари е најдобриот кој го возел во досегашната кариера.

"Нема причини да бидам песимист. Ова е најдобриот болид кој сум го возел до сега. Претходните два дена имавме и среќа со убавото време на тренинзите во Ксерез. Задоволен сум од сработеното." - изјавил Алонсо.

Алонсо им порачал на ривалите дека треба да се плашат од Ферари сезонава.

"Ред Бул, Мекларен и Рено ги покажаа своите карти веќе на тренинзите, додека ние криеме уште некои адути." - додал двократниот шампион на светот.

Новата сезона во Формула 1 стартува на 14 март со трката за Големата награда на Бахреин во Манами.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2010 во 14:13
"Седум тима можат да се борат за победа"

Колегата на Хамилтон, Џенсон Батон исто така не сака да ја потенцира брзината на неговиот тим, велејќи дека дури седум тимови можат да се борат за победа и за титула во 2010.

"Мислам дека има повеќе од четири тима напред. Тука сме ние, Ферари, Мерцедес и Ред Бул, но не смееме да ги заборавиме и Заубер, Форс Индија и Вилијамс. Така што е навистина конк*рентно и тоа е возбудливо", изјави Батон при посетата на фабриката на Мекларен во Вокинг.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 12:29
Шуми го менува Вебер, Хакинен менаџер на Хамилтон?

Според германскиот печат, Михаел Шумахер се разделил со својот долгогодишен менаџер Вили Вебер. Вебер, кој беше познат како "мистер 20%" според процентот кој го земаше од Германецот и од неговиот брат Ралф Шумахер, работи со браќата во текот на целата негова кариера, но сега ќе се концентрира на работата околу продавањето на опрема со ликот на Шуми. Вебер наводно е заменет со Сабине Кем, која претходно работеше како портпарол на возачот.

Нов менаџер бара и светскиот шампион од 2008, Луис Хамилтон, откако неговиот татко Ентони Хамилтон се фокусира на својата менаџерска компанија. Главни кандидати се уште еден поранешен возач на Мекларен, Мика Хакинен, но и Британецот Мартин Брандл, кој претходно работеше со Дејвид Култхард.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2010 во 09:20
"Ако не сум шампион во 2010, нема да бидам разочаран"

Фернандо Алонсо инсистираше дека нема да биде разочаран ако во 2010 година не ја освои формула 1 титулата по третпат во кариерата. Шпанецот ќе дебитира за Ферари на Бахреин ГП трката в недела, а Скудерија беа брзи во текот на зимското тестирање и многумина ги сметаат за први фаворити. Како и целиот тим, и Алонсо сакаше да ги намали очекувањата.

"Сфаќам дека луѓето ќе бидат разочарани ако јас не станам шампион оваа година, но јас лично нема да бидам разочаран. Ова е спорт, Реал Мадрид и Барселона се најдобри тимови на светот, но тие можат да загубат во Лигата на шампиони. Да не се освои титула е сосема логично, и нема да биде разочарувачки", изјави Алонсо во интервју за шпанското радио Кадена Сер.

Алонсо, кој лани не успеа да стигна до ниту една победа со Рено, сепак, е оптимистички расположен за новата сезона со Ферари Ф10 болидот.

"Сакам да им се заблагодарам на сите кои работеа на новиот болид. Веќе кажав дека ова е најдобриот болид кој сум го возел во кариерата. Тоа не значи дека ќе победуваме на секоја трка, но мислам дека сме добро подготвени за Ферари. Ние сме Ферари и знаеме од нашата историја дека имаме само една цел - да ја освоиме титулата", додава Алонсо.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 11:47
"Шуми секогаш бил во Ф1 за да победува!"

Поранешниот двократен светски шампион Мика Хакинен вели дека сфаќа зошто Михаел Шумахер решил да се врати во спортот оваа година по три години пензија.

"Да, тука е големата куќа, семејството, децата, но понекогаш се тоа не е доволно. Тоа е многу лична одлука. Тој се уште ја има страста кон спортот, тоа е многу јасно. Бидејќи јас го познавам доста добро, знам дека не би се вратил доколку не мисли дека може да ги победи овие млади момци. Тој секогаш е во спортот за да победува", вели Хакинен.

Финецот го совлада двапати Шумахер во битката за титулата на крајот на 90-тите со Мекларен, но се повлече од спортот далеку пред Германецот. Хакинен знае што го очекува Шуми.

"Има многу големи пречки пред него - мора да ги совлада неколку нови патеки, и не може да каже само - 'да, јас ќе победам'. Можно е тоа да се случи, но против момците од Ферари и Мекларен ќе биде екстремно тешко. Но, во Мерцедес го има Рос Браун, а јас знам многу работи за Мерцедес, за нивната страст и подготвеност. Ако постои тим кој може да му помогне тогаш тоа се тие", додава Хакинен.

Според него главната загриженост за Шуми е физичката подготвеност на 41 години, а зборуваше и за својата желба за враќање.

"Тој е фит колку што бил и претходно. Тој е најдобро физички подготвен возач во историјата на спортот и знае што се е потребно. Јас размислував за враќање, бидејќи кога овој живот ти е во крвта од својата петта година, не можеше да престанеш да мислиш на тоа. Но, не бев подготвен за огромната одговорност", вели Хакинен.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2010 во 20:32
дај нека не ни мачка очи овој, ќе вози или не?
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 14:24
Почна новата сезона во Формула 1, а првиот ден од викендот во Бахреин сеуште нема одговор кој има најбрз болид.

 

Момците од Ферари, Мекларен, Мерцедес и Форс Индиа, секој во своја фаза оствари најбрзи времиња, за на крај Нико Розберг да извози најбрз круг со време од 1:55.409.

Веднаш зад него, втор на листата на најбрзи времиња се најде Луис Хамилтон, додека седумкратниот шампион со време од 1:55.903 се најде на третото место.

И на утринскиот и на попладневниот тренинг Шуми имаше прилично доцнење зад својот тимски колега, и изгледал многу лут.

Во боксот разговарал со своите механичари, а се шпекулира дека не бил задоволен со балансот на болидот.

Возачите на ферари во петокот не ги отворија картите.

Алонсо утрото беше втор, а попладнето не го подобри времето. Маса исто така, додека Батон солидно дебатираше во Мекларен со четврто време.

Ветел и Вебер од Ред Бул не поставија импресивни времиња, а според првите извештаи се чини дека имаат проблем со брзината на рамните делови.

Пријатно изненадија момците од Форс Индиа. Сутил утрото извозе најбрзо време, додека попладнето Сутил и Лиузи изгледаа резервирани.

Солиден резултат постигна и Рено, од каде Кубица и Петров влегоа во првите 10 на двата тренинга.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 14:43
ВРАЌАЊЕТО НА ЛЕГЕНДАТА ВО БАХРЕИН (НЕДЕЛА, 13.00) ГАРАНТИРА ВОЗБУДЛИВА Ф1 СЕЗОНА
Сите очи вперени во Михаел Шумахер!

Мотото на новата формула 1 сезона е јасно: "Шуми се врати!". Во нормални услови трансферот на светскиот шампион Џенсон Батон во Мекларен, каде што ќе вози со претходниот шампион Луис Хамилтон, или трансферот на Фернандо Алонсо во Ферари ќе беа најголемите вести. Но, само при нормални услови, а формула 1 никогаш не била "нормален" спорт.

1239 денови откако се натпреваруваше на својата последна трка, Германецот го има својот кам-бек во потера по осмата светска титула со неговиот германски тим, како сигурно може да се нарече Мерцедес. Но, нема да биде лесно бидејќи покрај очите на јавноста и очите на ривалите ќе бидат насочени кон Шумахер.

Минатогодишниот вице-шампион, Себастијан Фетел во Ред Бул, кој беше огромен фан на Шумахер во детството ќе сака да му покаже дека сегашноста припаѓа на младите, додека Ферари ќе сакаат да му покажат на Шуми дека згреши што си замина од советничката улога со "динамичкото дуо" Фернандо Алонсо и Фелипе Маса. Мекларен, пак, кои ќе бидат сопствен тим иако нивните мотори продолжуваат да доаѓаат од Мерцедес, ги имаат двајцата последни шампиони и очекуваат многу подобра сезона.

2010 носи многу суперлативи бидејќи првпат ќе има 4 светски шампиони (со 11 светски титули) кои ќе се борат за титулата, а исто така има и 24 возач во 12 тимови, кои требаа да бидат 13 пред повлекувањето на УСФ1. Болидите се подолги и веќе се зборува за нив како за лимузини, но трките нема да бидат обично возење. Болидите не смеат да долеваат гориво, а сезоната е долга 19 трки (две повеќе од лани).

Но, се тоа е во втор план.

На презентацијата на новиот Мерцедес во Валенсија по првите кругови на Шумахер дојдоа неверојатни 300 новинари од целиот свет. Барањата за билети за трките се зголемија драстично по одлуката на Германецот да се врати во декември, а ТВ станиците со договор за пренос задоволно ги триеја рацете. Насмеан беше и Ф1 шефот, Берни Еклстоун, кој се надева дека Шумахер ќе го врати гламурот по сите негативни наслови во последните неколку сезони.

"Фантастично! Дури и Михаел да губи, тој ќе биде нервозен и тоа ќе биде одлично за гледачите", изјави Еклстоун.

Мотивација повеќе ќе имаат младите возачи, кои го идолизираа Шумахер кога растеа и не сонуваа за шанса да се тркаат против него.

"Секако дека нема да гледам во ретровизорот да видам кога поминува Михаел да го пуштам", вели Фетел.

22-годишниот Германец, кој е фаворит на Еклстоун за титулата оваа година, вели дека е најдобро што фокусот пред сезоната не бил на него.

За разлика од Фетел, друг Германец кој се споменува како можен шампион, Нико Розберг нема луксуз да не размислува за Шумахер. Синот на поранешниот светски шампион Кеке Розберг е колега на Шуми во Мерцедес и мора да прифати незавидна позиција.

Сезоната, сепак, не почна без лоши вести. Место 13 тимови, сезоната стартува со 12, откако УСФ1 не успеаја да ја добијат трката со времето и со парите, а ФИА реши да не го додели нивното место на српскиот Стефан ГП.

Но, и покрај тоа, најважното е дека "Шуми се враќа!".

***
Розберг најбрз на тренинзите!

Нико Розберг беше најбрз, додека неговиот колега од Мерцедес ГП, Михаел Шумахер беше трет во втората тренинг сесија во Бахреин пред неделната прва трка од сезоната. Розберг го имаше најбрзиот круг од 1:55.409, за 0.494 секунди побрзо од Шумахер, додека Британецот Луис Хамилтон, шампионот од 2008 беше втор, а неговиот колега, актуелниот шампион Џенсон Батон, беше четврти. По нив следуваа Себастијан Фетел во Ред Бул и уште еден Германец, Нико Хулкенберг во Вилијамс.

Тренинг сесиите не мораат да значат мерење на вистинските перформанси пред саботните квалификации бидејќи тимовите користат различно ниво на гориво и го користат времето на патеката за подесување на сет-апот. Но, Мерцедес секако ќе бидат охрабрени од ова брзо време на Розберг.

Адријан Зутил во Форс Индија беше најбрз на првата тренинг сесија, но само 10. во втората. Шумахер беше 10. во првата сесија, две места зад Розберг. Фернандо Алонсо во Ферари беше втор најбрз во првата сесија, но само 13. во втората, а неговиот колега Фелипе Маса беше 16. во втората сесија по 4. место во првата.

***

Рено: "Мекларен почнуваат 'трка со вооружување'"

Рено ги обвинија своите ривали Мекларен дека почнуваат со "трка на вооружување" во формула 1 со контроверзното задно крило, и покрај тоа што ФИА објави дека тоа е легално.

"Јасно е дека дизајнот на крилото на Мекларен е целосно нелегално. Тие го прегазија духот на правилата и регулативите. Отворија нова трка на вооружување, која ќе чини многу пари за сите во спортот. ФИА мора да биде поцврста со овие работи", вели генералниот директор на тимот, Боб Бел, чиј тим оваа година има условна казна за местењето на Сингапур ГП трката во 2008.

Болидите на Мекларен ја поминаа инспекцијата во четвртокот, и тимот објави дека ги консултирале ФИА при развојот на крилото. Ко-сопственикот на Вилијамс, Патрик Хед, објасни дека крилото има дел кој се "храни" од воздушен тунел кој возачите можат да го контролираат со движењето на телото.

"Разбрав дека директорот на трки, Чарли Вајтинг, вели дека тоа е огреничено, но дека не важи за возачите, туку само за болидот. Но, јас се сеќавам кога нашиот т.н. 'активен' болид беше забранет, тоа се направи бидејќи еден клип се движеше и со тоа влијаеше на аеродинамиката на болидот. Сега Чарли вели дека коленото на Луис или Џенсон не се смета. Но, ако некој најде начин да го направи својот болид 0.3 или 0.4 секунди побрз, а друг не го направил тоа, тогаш тие биле многу умни", вели Хед.

***
ФИА потврди дека Британецот Дејмон Хил ќе биде меѓу возачите кои ќе бидат "помошници" на стјуардите на Ф1 трки во оваа сезона. Новото правило за оваа година покрај трите регуларни стјуарди поставува уште еден поранешен возач за оваа позиција, а за трката во Бахреин тоа е четирикратниот светски шампион Алан Прост. "Дејмон Хил се согласи за две трки, најверојатно Монако и уште една и имаме и други возачи за оваа улога", вели Греем Стокер, потпретседателот за спорт на ФИА.

Претседателот на ФИА, Жан Тод, вели дека се согласува со идејата за воведување на правилото на 107% за квалификациите во формула 1, но признава дека е тешко тоа да се направи за оваа сезона. До 2002 година, секој возач чиј најбрз круг беше надвор од 107% од времето на пол-позицијата не смееше да настапи на трките. "Тоа правило беше напуштено поради менувањето на квалификациите, но сега може да се врати", вели Тод. Ова може да биде главоболка за некои тимови бидејќи на пример Бруно Сена во Хиспанија беше на 11 секунди од најбрзото време, а Хеики Ковалаинен во Лотус на 5.4 секунди од времето на Нико Розберг.

Флавио Бриаторе вели дека нема да се врати никогаш во формула 1, и покрај тоа што му беше тргната доживотната суспензија. Поранешниот шеф на Рено беше казнет откако му нареди на Нелсон Пике да се судри на Сингапур ГП во 2008 за да му помогне на тогашниот колега Фернандо Алонсо да победи, но оваа одлука беше отфрлена од францускиот суд во јануари. "Не, 100% нема да се вратам. Се уште имам страст за формула 1, иако ќе беше подобро да си заминев во 2006 по втората титула на Алонсо", вели 59-годишниот Италијанец.

Бруно Сена признава дека размислувал да го смени своето презиме кога започна со професионалното тркање, но вели дека и така тоа не би било важно. Сена е внук од сестра на легендарниот трикратен шампион Аиртон Сена, кој загина во Имола во 1994 година, кога Бруно имаше 10 години. "Се надевам дека за кратко време сите ќе ме знаат како Бруно, а не по презимето на мојот вујко. Научив да живеам со тоа презиме, и иако ми помогна да најдам спонзори и договори на почетокот, размислував да го променам. Но, ако го направев тоа ќе направев поголема мшаница", вели Сена.

Нерамнината на средината на кривината шест предизвика внимание на многу возачи при првите две тренинг сесии на патеката Сакир. Оваа година се додаде нов дел од патеката во Бахреин, така што кривината на влезот на новиот дел има видлива нерамнина, што може да биде опасна кога болидите ќе стартуваат со 160 килограми гориво. "Многу е нерамно. Да се концентрираш за следната кривина е многу тешко бидејќи поминуваш низ тие нерамнини на шестата кривина, а главата ти оди нагоре-надолу", вели шампионот, Џенсон Батон.

Шефот на Ферари, Стефано Доменикали, продолжи со изјавите дека Скудерија не се фаворити на стартот на сезоната. "Важно е да почнеме различно од лани, но не сме на врвот, и заостануваме зад главниот ривал. Но, сезоната е долга и ќе видиме каква брзина ќе имаме на крајот. Остануваме смирени бидејќи е лесно да се занесеш на стартот на сезоната", вели Доменикали.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2010 во 14:06
ПО ПРВАТА ТРКА МНОГУ СТРАВУВАЊА ОД ДОСАДНА СЕЗОНА
Сите сакаат да ги менуваат правилата!

По сите огромни очекувања пред сезоната, европскиот печат удри на новите правила во формула 1, кои ја направија Бахреин ГП трката не-возбудлива и досадна. Возачите и шефовите на тимовите за ова ја обвинуваат забраната на долевање гориво бидејќи повеќето болиди имаа иста стратегија на трката на патеката во Сакир и не можеа да ги следат своите ривали доволно добро за да ги претекнат.

Возачот на Ред Бул, Марк Вебер ги обвини тие кои ги прават правилата, прашувајќи: "Зошто секогаш ги менуваат правилата?", а британскиот Дејли Телеграф се согласи тврдејќи дека Бахреин е "предупредување за опасноста за мешање во правилата".

Сан ја нарече трката "Боре-раин ГП", а Дејли Мејл додаде: "ФИА и тимовите мораат да го разгледаат проблемот итно и да видат што може да се промени. Спортот е во опасност да го загуби својот најдобар момент. Има четири шампиони во трките, сите во конк*рентни болиди". Најголеми критики во Британија дојдоа од Тајмс, каде што Кевин Исон напиша: "Беше тешко да не се замислат кликовите на милионите далечински управувачи од целиот свет, кои бараа нешто повозбудливо, како трките со сирење во Амстердам".

Европскиот печат беше малку помилозлив, но дури и Газета Дело Спорт, пресреќна со 1-2 победата на Ферари мораше да спомене дека беше досадно: "Објективно, новата и долго очекувана формула 1 донесе досадна трка со малку претекнувања и многу болиди на дното. Но, Бахреин е чудна трка". Францускиот Л'Екип коментираше дека трката е "смртоносно досадна", додека Ауто Хебдо додаде дека е "прерано" да се види дали правилата пропаднале. Германскиот Билд го цитираше таткото на Адријан Зутил, Хорхе, кој изјави: "следниот пат ќе си понесам нешто за читање".
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4445464748 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.