IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Зошто мора да се плашиме од Господ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Зошто мора да се плашиме од Господ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 12>
Автор
Порака
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2008 во 11:07
bas taka
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2008 во 11:22
За една сура и линк за коин побарав учтиво објаснение-куп опомени добив, но не и толкување.

А ова? Што е ова?

Или сега треба да се лигавам колку сум навредена, да изнудувам извиненија, а потоа да паламудам колку сум милостива што сум ви простила.

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2008 во 11:46
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

За една сура и линк за коин побарав учтиво објаснение-куп опомени добив, но не и толкување.

А ова? Што е ова?

Или сега треба да се лигавам колку сум навредена, да изнудувам извиненија, а потоа да паламудам колку сум милостива што сум ви простила.

izgleda ne sum vo tek.
aj kazi
da znam....
 
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2008 во 13:56
Daija - ajde edna nedela odmor... te opomenav tokmu na ovaa tema nekolku pati, ama nema razbiranje so tebe izgleda. Kako shto mozhe da baniram koga nekoj kje pishe deka islamot e terorizam, mozham da baniram i koga nekoj kje reche deka hristijanstvoto e politeizam ili pavlova izmislica... sfatete ednash deka e toa navreda, a ovde sme za da razgovarame i diskutirame, a ne da izhivuvame detski kompleksi.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2010 во 19:27
Митрополит Срумички г.Наум:

Живееме ли, умираме ли, Господови сме...

     

Светите Отци на Црквата забележале и опишале три вида на односи кои човек може да ги има со Бог: робовски, наемнички и синовски.


Стравот е основен двигател на робовскиот однос. Човекот се плаши да не биде казнет со болест, со некоја несреќа или со смрт, заради неисполнување на одредени религиозни обврски. Што е најлошо, се плаши дека ќе биде казнет од самиот Бог.

Интересот е основниот двигател на наемничкиот, односно трговскиот однос. Човекот смета дека со исполнувањето на одредени религиозни обврски, за возврат, ќе добие од Бог здравје, успех во животот и материјални блага, а на крај, после заситувањето од животот, и спасение во Рајот.

Љубовта е единствената причина на подвигот на градење на синовски однос со Бог. Децата Божји го бараат Него, својот небесен Отец, и ништо друго. Добивањето на некои од даровите Божји, без оглед дали небесни или земни, го оставаат на Неговата света промисла за нивно спасение; и толку. Ставот на децата Божји кон својот небесен Отец е став на благодарност, на давање и на себепринесување, без притоа да очекуваат нешто за возврат. Тие, барајќи Го само Него, уште во овој живот ја живеат тајната на она: с? Мое е твое...



Apsolutno se slozhuvam so Mitropolitot Naum. Imeno, jas vernicite gi kategoriziram tokmu kako shto veli i toj - vernici od strav, od interes i od ljubov. Ovie poslednive se najmalubrojni... kako Rabija, koja trchala da go zapali Rajot i da go izgasne pekolot.




Изменето од Messenger - 11.Март.2010 во 20:17
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Niko777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Niko777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 01:40
Овој одговор не го пишувам од омраза, строгост, или од тоа што сум јас нешто подобар, туку затоа што сум сигурен дека Исус од љубов му порача на светот:


 17 Оттогаш Исус почна да проповеда и да говори: „Покајте се, зашто царството небесно се приближи!” (Матеј 4:17)
Исус им рече: 10 Така, ви велам, се радуваат Божјите ангели, заради еден грешник, кој се кае.”(Лука 15:10)



Ќе пробам да елаборирам на 3 прашања:
1) Прво, зошто воопшто се дрзнуваме да си го поставиме прашањето "Зошто мора да се плашиме од Господ?".
2) Потоа, зошто воопшто се плашиме ?
3) На крај, зошто мора да се плашиме од Господ?
   Па кому не му се допаѓа одговорот во 3) нека ја погледне дрскоста од 1)



Пред да почнам, да повторам дека Исус сите нас не сака со целата своја Вселенска Љубов и не повикува да му се вратиме.



1) Толку сме самозаљубени, што веќе станавме дрски и се осмелуваме да ја дискутираме исправноста на Господ.
Светот, т.е. ние личиме на фараонот и го завземаме истиот став:


  2 „Кој е Тој Господ за да Го послушам јас ? - одговори фараонот -... Јас не Го познавам Тој Господ, ниту …” (ИЗЛЕЗ- 2.Мојсеева 5:2)


А знаеме како си помина фараонот, со неговото закоравено срце кое не беше во состојба да се покае, па да не се чудиме или изненадиме што го чека овој свет и сите оние чии закоравени срца нема да се покајат.

До толку сме самозаљубени, што мислиме дека сме сами во вселената што ја создаде Господ, и дека Тој треба да се објаснува пред нас за сопствените постапки, а ние ќе дискутираме, а можеби и ќе го ставиме на гласање ?




2) Се плашиме зошто сме самоконцетрирани егоисти и мислиме само на самите себе, а не гледаме дека нашата смрт е смрт на гревот, за да може повторно Љубовта да завладее во креацијата на Господ.

Кога би се погледнале колкави грешници сме и смртта што ја носиме во светот, не би се плашеле бидејќи и така само си ги полниме стомаците, се наливаме со вкусно вино да се загрееме, и егоистично тепаме време пред компјутер додека мали деца умираат од глад или им се продаваат оружје, алкохол, и дроги за понатаму безмилосно да сејат смрт.




3) А мораме да се плашиме од Господ, не затоа што Господ е лош!

Мораме да се плашиме затоа што Господ мора да си ги спаси своите чеда во неговата целосна креација вселената.

Горчливата вистина и Божјата Правда е дека Креацијата мора да се исчисти од нас кои сме како болест и бактерија од гревот која носи само смрт на чело со сатана како главниот човекоубиец.

ГРЕВ = ДИСХАРМОНИЈА со Законот на Господ
ДИСХАРМОНИЈА со Господ = СМРТ (егоизам и деструкција, наместо Љубов)

Од моментот кога нашите пра-родители Адам и Ева, заедно со таткото на лагата го прекршија Божјиот Закон на Вселенска Љубов, Хармонија, убавина, изобилство.
Од тој момент, ние и сите пред нас, сме слуги на сатаната и во потполна ДИСХАРМОНИЈА со Господ и неговата Вселенска Љубов.

Во терминологија по нашки, "стручно кажано" ние сме бактерија во системот.

Гревот е бактерија и болест на вселената, и оваа болест која мора да се уништи, за да не пати целата Креација на Творецот.
А ние сме гревот:


(1 Јованово 1:8-10)
  8 Ако речеме дека немаме грев се измамуваме сами себе, и вистината не е во нас.
  9 Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда.
10 Ако речеме дека не сме згрешиле Него Го правиме лажец, и Неговото слово не е во нас.




Горчлива вистина, но само погледнете го светот полн со омраза, насилство, лицемерие, па кажете ми дека ова типкање по форумов нас не претвори во толкави големи праведници, што дури и позади постапките и казните на Господ се дрзнуваме да ставаме прашалници.


Колкумина од нас денес му служеа на некој друг без надоместок ?
Колкумина од нас денес направија нешто за некој друг тајно за само Господ да ги види тоа добро дело ?


35 Исус пак седна, ги повика дванаесетте и им рече: „Кој сака да биде прв, нека биде последен и слуга на сите!” (Марко 9:35)
(Матеј 20:25-28)
25 А Исус ги повика и рече: „Знаете дека владетелите на народите господарат над нив и дека големците ги угнетуваат.
26 Нека не биде така меѓу вас! Туку, кој сака да биде голем меѓу вас, нека ви биде слуга!
27 И кој сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга;
28 како што Човечкиот Син не дојде да Му служат, туку да служи и да го даде Својот живот за откуп на мнозина.”

(Матеј 6:1-4)
Исус им рече:
   1 „Внимавајте да не ја вршите својата правда пред луѓето, за да ве видат тие; инаку немате награда од вашиот Татко, Кој е во небесата.
2 И така, кога правиш милостина, не труби пред себе, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да бидат славени од луѓето. Вистина ви велам, ја имат својата награда.
3 А ти, кога правиш милостина, нека не ти знае левицата, што ти прави десницата,
4 за да биде твојата милостина во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.”


Поздрав, и Честит Сабат,


-------------------------------------------------
(Римјаните 3:10-20)
10 како што е напишано: „Нема никој праведен, нема ниту еден;
11 нема разумен, нема кој да Го бара Бога;
12 сите застранија, сите заедно станаа неполезни, нема кој да прави добро, нема ниту еден.”
13 Нивното грло е отворен гроб, измамуваат со јазиците; змиски отров е под нивните усни.
14 Устата им е полна со клевета и горчина.
15 Нозете им се брзи за пролевање крв;
16 запустување и беда се по нивните патишта;
17 тие не го познаваат патот на мирот.

18 Нема Божји страв пред нивните очи.”
19 А знаеме дека сè што вели Законот, им го зборува на оние, кои се под Законот, за да занеми секоја уста и за да биде целиот свет виновен пред Бога,
20 зашто со делата на Законот ниедно тело нема да се оправда пред Него; зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот.
-------------------------------------------------
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 01:57

Mnogu tekst za da se dojde do ponudeniot odgovor.

Originally posted by Niko777 Niko777 напиша:


Мораме да се плашиме затоа што Господ мора да си ги спаси своите чеда во неговата целосна креација вселената.



- Kako prvo, kakov faktor igra plashenjeto vo Bozhjiot plan za spasuvanje na Negovite cheda? Dali ako se plashime toa kje mu pomogne na semokjniot Bog? Dali ako ne se plashime toa kje go obezsili Boga i Toj ne kje uspee da gi spasi chedata? Ako Toj mora da gi spasi chedata, togash kje gi spasi so ili bez nivna pomosh, neli?

- Kako vtoro, koi se site tie Negovi cheda vo Negovata celosna Kreacija Vselenata ? Veruvam deka ima i drugi inteligentni bitija vo celata negova Kreacija koja nie ja narekuvame Vselena, no ne sum siguren dali Toj naumil da gi spasuva site niv.

Na krajot, Gospod Bog go sozdade chovekot od Ljubov spored svojot lik i mu podari potpolna sloboda vo negovoto bituvanje. Toa znachi deka chovekovata egistencija e bazirana na Ljubov i sloboden izbor, a ne na strav i okovuvanje. Ljubovta e taa shto sozdava, voznesuva i prosvetluva, a ne stravot. Ako Ljubovta e Svetlinata, togash stravot e temninata.

Potpolno se slozhuvam so Mitropolitot Strumichki g.Naum.

Svetlinata neka go prati sekogash po negoviot pat.









Изменето од Messenger - 13.Март.2010 во 14:02
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 17:52

Nema potreba da se plasime od nasiot Tatko Nebesen.

Treba da imame STRAVOPOCIT, a to znaci da so naseto osnesuvanje da vnimavame da ne mu doneseme sram na Bozjeto Ime.

Eden istrazuvac na Zakonot vo Izrael go prasal ISUS, sakajki da go fati vo greska :

" и еден од нив, законик, Го праша, искушувајќи Го:

36 'Учителе, која е големата заповед во Законот?'

37 А Тој му рече: 'Љуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја мисла!'

38 Тоа е најголемата и прва заповед;

39 а втората е како и оваа: 'Љуби го твојот ближен како себеси!'

40 На тие две заповеди висат сиот Закон и Пророците."

            ( Matej 22:35-40)

Treba da go sakame BOG so seto svoe srce, seta svoja dusa i so siot svoj um i da gi ljubime bliznite kako samite sebe.

Sovrsenata ljubov go izgonuva stravot. AMIN!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 12:29
Amin!
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Niko777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Niko777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 18:25
KingDavid,
се сложувам дека совршената Господова љубов го изгонува стравот, дури би рекол дека тие меѓусебно се исклучуваат. (повеќе долу)

Но ако ние нашево типкање по форуми со полни стомаци, додека милиони во истиот ден ќе умрат од глад, алкохол, дрога, оружје, на истата планета на која ние живееме, ---- си го викаме "љубов", и задоволно си се тапкаме меѓусебно по рамо.

Тогаш не зборуваме за истиот Господ, а имаме и многу различна дефиниции за зборот --совршена љубов-- наспроти --лицемерна рамнодушност--, --самоизмислена човечка праведност--, и --префрлање на вината(гревот) на други--.



Тогаш сме слуги на сатаната е човекоубиец, кој не залажува со лажна сигурност за да останеме негови робови на гревот, и кој не сака да се покаеме за да не се спасиме, и да не бидеме робови на Господовата праведноста.

(Римјаните 6:16)
16Зар не знаете дека на оној на кого ќе му се понудите да му се потчините и да му робувате, негови робови и ќе станете? Можете да му робувате на гревот, а тоа води во смрт, или да Му бидете послушни на Бог и да се здобиете со праведност.
   18Сега, ослободени од вашиот поранешен господар, гревот, вие и станавте робови на праведноста.




Messеnger,
заради твоите подпрашања го додадов прашањето 2) во претходниот пост, но можеби пректратко.
Јас разликувам два различни света:

А) Во Безгрешниот свет каде Законот на Господ не е прекршен, и се е во хармонија со Господовата волја - НЕМА/НЕ постои страв. Едноставно го нема затоа што сите се во љубовта на едниот Господ, а не одметници.


Б) Во Грешниот свет (нашиот свет) каде сме ние грешниците - се јавува СТРАВот како продукт на гревот.
Стравот е истотака механизмот преку кој сатаната владее со нас грешниците.
Стравот и гревот се неодвоиви, поради егоизмот, поради издвоеноста од Господовата љубов.


Затоа реков дека **ние грешниците** осеќаме страв. ( 2) Зошто воопшто се плашиме )



На пример, ние имаме страв затоа што знаеме дека ако ние типкаме по форум додека другите гладуваат и умираат, --ќе се рефлектира--, и исто така и другите ќе си типкаат по форуми додека ние гладуваме и умираме.

ние имаме страв бидејќи ни е важна само нашата кожичка да си ја спасиме, и не ни е битно колку другите патат.



Дали е ова доволно да разјасни ? дека Стравот доаѓа од Гревот и меѓусебно се неодвоиви.



Изменето од Niko777 - 14.Март.2010 во 18:42
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2010 во 00:44
Niko777,

A) Velish ima Безгрешен свет i Грешен свет (нашиот свет). Kade se naogja toj Безгрешен свет kade shto "Законот на Господ не е прекршен" ?

B) Bezdrugo ne postoi apsolutno bezgreshen svet i nashiov e tokmu takov - greshen. Toa ne veruvam deka bi go poreknal sekoj razumen chovek na ovaa planeta. Ne e rabotata za greshnosta/bezgreshnosta, tuku kolkav akcent se stava na taa greshnost vo sporedba so ostanatoto. Ultimativnoto bi bilo da se smetaat za greshni i norodenite bebinja. Ako se fokusirame samo na greshnosta, togash nashiot zhivot kje go reflektira tokmu toa - toj nema da bide nishto drugo tuku zandana na greshnosta od koj nema drug izlez tuku telesna smrt i nadezh deka sepak na krajot Gospod Bog kje ni se smiluva i kje ni gi prosti grevovite. Vakvoto razbiranje sekako deka kje rezultira so strav od Boga - dali kje ni prosti ili ne?

No ne treba da se zaboravi deka TOA E SAMO EDEN POGLED NA NESHTATA, samo EDNA DOKTRINA. Ako se pretplatish na nea, togash ochekuvaj da dobiesh toa shto ti nudi. Samo ne zaboravaj ja mislata koja si ja akcentiral so crvena boja -
Стравот е истотака механизмот преку кој сатаната владее со нас грешниците.

Tochno taka! Stravot i temninata se mahanizmi so koi upravuva Satanata. Toa e negoviot alat.

Bog upravuva so Ljubov i Svetlina.

P.S. Zarem treba da te potsetuvam deka Isus go polozhi svojot zhivot za iskupuvanje na nash*te grevovi?








Изменето од Messenger - 15.Март.2010 во 00:54
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Niko777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Niko777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2010 во 23:16
Messanger,

Од твојот опис се гледа дека зборуваме за различни божества. Ти збориш за еден "каприциозен стар дедо" што змијските чеда, поднапиените прчови со бели бради, или без бради во кралските одаи, го лажат народот веќе со илјадници години, и се што имаме се пагански ритуали, и безвредни позлатени сликици од стотици/илјадници долари.
Во врска со тоа нацртано каприциозно божество, (и неговата свита на богови и богчиња, типична за многубожните пагански религии), народот е излажан да мисли (а на некои и така им одговара) --- дека ќе го "поткупат" со литар зејтин или 100 денари.
Па се ценкаат пошто им е закоравено срцето.


Оној Господ за кој јас зборувам, веќе ни се смилува, и го даде Својот Единороден Син за нашите гревови.
Се што треба да направиме е да го повикаме Неговото име, Исус, еден единствен збор, ништо повеќе од еден единствен збор.

Мене овака ми изгледа работава:

1) Господ ни ја остави Библијата --- е арно ама на некои им е "многу долга и неразбирлива".
2) е ај добро, Господ поедностави и скрати во концизни 10 Божји заповеди ---- е арно ама и тие ни беа премногу досадни па 4та на некои не им се допаѓа.
3) е ај добро, на крај Господ го жртвуваше Својот Единороден Син за нас, и ни остави еден единствен збор, Исус, кој ќе поверува да се спаси и да не му се суди --- и сега и тоа е проблем ?


И сега кај таков Господ повторно нешто не ни е погодено ?
Имаме време да читаме стотици други книги, а не најдовме време тајно во својата одаја, од се срце, да го повикаме името на Исус да ни го покаже патот и вистината и животот ?



Докторот дава медикаменти да заздрави болеста. Ако тоа не помага, става ракавици и хируршки мора да си ја заврши работата. Но хирургот не плаши никого, едноставно си ја врши работата.


Болеста си го има стравот бидејќи е егоистична паразитна болест, и одбива да се лечи.


Еден единствен збор, ИСУС, името на Единородениот Божји Син, кој ќе поверува не му се суди.

(Јован 3:17-18)
17 Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.
18 Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.


Ќе допишам утре.

Поздрав,

Во врска со Безгрешниот свет, во моментов е измешана пченицата и коколот, а по некое време ќе остане само пченицата во новата земја.


-------------------------------------------------
(Лука 17:20-21)
20 А кога фарисеите Го прашаа: „Кога ќе дојде Божјото Царство?” Тој(Исус) им одговори и рече: „Божјото Царство не доаѓа така, за да може да се види;
21 ниту ќе се рече: ‘Еве го тука, или онаму!’ - зашто, ете, Божјото Царство е во вашата средина. (меѓу вас)
22 А на учениците им рече: „Ќе дојдат дни, кога ќе посакате да видите само еден ден од деновите на Човечкиот Син, и не ќе го видите. 23 И ќе ви зборуваат: ‘Еве Го тука!’ или ‘Ене Го онаму!’ Не одете таму и не трчајте по нив!
24 Зашто како што молњата, која светнува - од едниот крај под небото - и го осветлува другиот крај, така ќе биде Човечкиот Син во Својот Ден.
25 Но, прво Тој треба да претрпи многу и да биде отфрлен од ова поколение.

(Matej 13:24-33)
24 Им претстави и друга парабола, велејќи: „Царството небесно е слично на човек, кој посеал добро семе на својата нива.
25 Но, кога луѓето спиеја, дојде неговиот непријател и посеа какол меѓу пченицата и си отиде.
26 А кога посевот порасте и донесе плод, тогаш се покажа и каколот.
27 А слугите на домаќинот пристапија и му рекоа: ‘Господару, зар не посеа добро семе на својата нива? Тогаш, откаде е каколот во неа?’
28 А тој им рече: ‘Човек непријател го направи тоа.’Слугите пак му рекоа: ‘Сакаш ли тогаш да одиме и да го исплевиме?’
29 А тој рече: „Не, да не би корнејќи го каколот, да ја откорнете со него и пченицата.
30 Оставете ги нека растат двете заедно до жетвата. А во времето на жетвата ќе им речам на жетварите: ‘Соберете го најнапред каколот и врзете го во снопови, за горење; а житото приберете го во мојата житница’.”
31 Друга парабола им претстави, велејќи: „Царството небесно е слично на синаповото зрно, кое човекот го зеде и го посеа на својата нива;
32 тоа е навистина најмало од сите семиња, но кога е пораснато, поголемо е од зеленчуците и станува дрво, така што птиците небесни доаѓаат и се гнездат на неговите гранки.”
33 Друга парабола им кажа: „Царството небесно е слично на квас, што го зема жена и го сокри во три мери брашно, додека скисне сето.”

(Откровение 21:1-8)
1 И видов ново небо и нова земја, зашто првото небо и првата земја поминаа и море немаше веќе.
2 Тогаш јас, Јован, го видов Светиот Град - Новиот Ерусалим, како слегува од небо, од Бога, стокмен како невеста, која е украсена за својот маж.
3 И чув силен глас од небото, велејќи: „Еве го Божјиот Шатор меѓу луѓето; и Тој ќе живее со нив, и тие ќе бидат Негов народ, и Самиот Бог ќе биде со нив,
4 и ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина.
5 И Оној, Кој седи на престолот рече: „Ете, правам сè ново.” Уште рече: „Напиши, зашто овие зборови се верни и вистинити!”
6 И ми рече: „Се заврши! Јас Сум Алфа и Омега; Почеток и Свршеток. Јас ќе му дадам на жедниот, дарум, од изворот на водата на животот.
7 Кој победува го наследува ова, и Јас ќе му бидам Бог, и тој ќе ми биде син.
8 А на страшливците и на неверните, и на гнасните и на убијците, и на блудниците и на вражалците, и на идолопоклониците и на сите лажци, нивниот дел им е во езерото, кое гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт.
-------------------------------------------------
Кон врв
Niko777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Niko777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2010 во 22:12
Messanger, или некој друг,

ми текна нешто---
само прво едно прашање.

Дали знаеш што е единственото што сатаната не го може, а што некои луѓе го можат ??

Што мислиш ?


Поздрав,

-------------------------------------------------
(Јован 15:13-16) Исус им рече... 13 Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели.
14 Вие сте Ми пријатели - ако го вршите она, што Јас го заповедам.
15 Не ве наречувам веќе слуги; зашто слугата не знае што прави неговиот господар; а вас ве нареков пријатели, зашто ви соопштив сè што чув од Мојот Татко.
16 Вие не Ме избравте Мене, но Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да принесувате плод, и вашиот плод да остане; и Мојот Татко да ви даде сè што ќе посакате во Мое име.
-------------------------------------------------


Изменето од Niko777 - 12.Април.2010 во 22:13
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2010 во 22:31
Bog e cista bezgranicna ljubov - ne treba da se plashime od Bog....
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,137 секунди.