IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Иконоборците(историјат и теологија)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Иконоборците(историјат и теологија)

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Иконоборците(историјат и теологија)
    Испратена: 09.Март.2010 во 10:39
потикнат (и многу загрижен)поради елементарното непознавање на историјата и теологијат на иконоборството во византија кое траело со прекини едно 150 години ја отварам ова нова тема.

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


No, nacinot na koj Ikonite se vlezeni vo Pravoslavnata Crkva i borbite megju privrzanicite i protivnicite na ikonite e povekje od sokanten i necovecki,sto gi nadminuva site covecki merila sto mi e gnasno da pisuvam za toa.Ne samo sto toa ne e napraveno na Hristijanski nacin, tuku tolku krv e proleano za ikonite sto toa e sram za covestvoto.

Dokolku ne znaete za ova, procitajte malku povekje vo istoriskite knigi .


Изгледа ти џабе се исфали самиот дека си читал многу разни книги зашто од ова погоре споманто изгледа си пропуштил доста книги за оваа тема.

Но еве за почетокот.
Иконоборството во византија не произлегло од Црквата или од некои нејзини јерарси(како што е случај со повеќето други ереси) туку дирекно од ромејскиот цар Лав Исаврианецот.
Кога дошол на власт сакал да го преуреди комплетно местото на царот и црквата во држават промовирајќи (за прв пат во историјат)-ЦЕЗАРОПАПИЗАМ.Значи он сметал дека ОН ЛИЧНО има право да ги поставува патриарсите и да одлучува за прашањата во врска со верата.
Еден од начините за да ја докаже својат нова сила е прашањето за иконите.
За историчарите е целсона енигма зашто Лав се зафатил толку жестоко со ова прашање баш кога Византија се борела со арапите на исток и со словенските упади на балканот.

Но како и да е,он собрал околу себе 5-6 епископи од Мала Азија и заедно со нив пристапил на царигратскиот патриарх Герман со прво јавно изложување на иконоборечките ставови.
Тоа било најпрви шок за Цркават што едне Цар своеволно се меша во верата и црквата.
Кога најенергично бил одбиен со неговата нова теологија Царот го прогонил патриархот и ставил на негово место свој човек.
Прва работа што направил е што наредил да се тргне иконата на Христос на влезот од Палатата која таму седела доста долго време дури и пред да се роди ЛАВ.Се качил еден војник и една ревносна жена ја тргнала скалата и војникот паднал и умрел од повредите (она на лице место е убиена и дел од собарниот народ)Значи веќе првата крв паднала,и ако забележавте тоа е крв на правславните а не на еретиците.

Потоа Лав со неговите 5-6 сојузници го ПРОГОНИЛ најголем дел од епископите и на нивно место ставил иконоборци.
Друг особина на иконоборците е што штанцале епископи по брза постпка, како што ќе кажел царот.

И тогаш почнал целата фрка...Посебно на мета на иконоборците биле манастирите во кои живееле најревносбите негови противници.Биле масовно затварани и сите монаси биле сомнителни за царските луѓе.Имало случаи кога спалувале цели манастири сосе монасите внатре.
Значи на почетокот имало многу малку теологија за смека на царската сила.

Потоа неговите пулени се обиделе наводно црковно да го престават иконоборството.
И за жал на кингдавид морам да ве известам дека иконоборците имале ИКОНА која ја почитувале а тоа била иконата на која е преставена евхаристијата.
Исто така иконоборците го почитувале и крстот како и православните.(Најчесто кога ги тргале иконите цртале крстови на нивно место).На почетокот ги почитувале и светите мошти но потоа го отфрале..(еве еден приказ како ракетно брзо им се менувале теологијата).

Инаку подоснежните иконоборци завзеле многу по радикален став за многу прашања. На еден од нивните собори донеле одлука да се анатемиса секој кој се моли на светителите и на мајката божја бидејќи тие не можеле да ни помогнат зашто биле умрени(!!).

Нивните гонења на православниет во подоснежниот период, станале веќе чудовишни!
На свети стефан нови Иконоборците му ја расцепиле глават со жешка тава,На браќата теофан и теофил(по потекло од тивериопол биле) им изтетовирале на живо пчовки на целото тело.На многу од епископите им сечеле нос,уши и раце и ги ослепувале.

Царскат војска со царската наредба доаѓала во градовите и најрпвин ги премалтерисувале црквите, народот се собирал и почнувало кошкање во кое секогаш се лееело крв на народот.

Инаки иконоборството не се раширило многу во народните маси,освен во престолнинта каде влијанието на царската власт било најсилно.Во ниту една друга помесна Црква немало иконоборечки тензии.
Кога конечно се случил 7-от вселенски собор потоа биле повикани сите иконоборечки епсикопи и што е најинтересното најголем дел од нив рекле дека они го правеле тоа поради царската наредба и скоро и сите го анатемисале тоа за кое претходноа се бореле. Од тука се гледа колку МНОГУ ДЛАБОКИ КОРЕЊА имало иконоборството.

И на крај кој е резултатот,уништена економија на царството-зашто војската била зафатена со премалтерисување на црквите и колење на народот кој се буни заради тоа,уништени манастири и слично ,но има нешто   што ние правславните се гордееме, а тоа се безброј знајни и незнајни исповедници и маченици кои попрво би трпеле маки и страдње отколку да ги плукаат иконите.

значи Кинг давиде гледаш дека главна задача на иконоборците била ДА ГИ УНИШТАТ ИНКОНИТЕ И ФРЕСКИТЕ КОИ ПОСТОЕЛЕ И ПРЕД НИВ а не како што ти алудираш дека наводно православните дошле све истепале по список за да прв пат ги воведат иконите во употреба.



Изменето од ahmar1 - 09.Март.2010 во 10:44
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 15:28

Pak ne mi veruvas deka sum cital knigi?

Dobro, me fati na tesno. Eve priznavam, ja imam citano samo knigata Zoki Poki od Olivera Nikolova.


Sega se nadevam deka si zadovolen sto me zasrami pred lugjeto da mora da priznaam deka ne sum nacitan


P.S. So otvaranjeto na ovaa tema ja otvoras "Pandorinata kutija" i me vleces za jazik da pisuvam raboti koi ke gi soblaznat Pravoslavnite vernici, sto veruvaj, ne bi sakal da go pravam toa.

Sepak , ke cekam da vidam sto imas ti da prepises od Pravoslavnite knigi za da vidam posle dali i sto da pisuvam.

Nesomneno ima sto da kazes na ovaa tema od Pravoslavna gledna tocka . Pozdrav!



Изменето од KINGDAVID - 09.Март.2010 во 15:42
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 19:59
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Се качил еден војник и една ревносна жена ја тргнала скалата и војникот паднал и умрел од повредите (она на лице место е убиена и дел од собарниот народ)Значи веќе првата крв паднала,и ако забележавте тоа е крв на правславните а не на еретиците.
Што посеала тоа и го пожнеала. Кој ја терал да ги трга скалите? Бог сигурно не. Или можеби Бог е мачител кој сакал да ја претвори во маченица? И како на вакви места не ви текнува советот од Павле дека секоја власт е од Бога и дека треба да се респектира, па така и иконоборечката.

Инаку бруталноста која ја применуваа нр. иконоборци е демонска и не може никако да се одобри, но ревноста на тогашните православни исто дотураше масло во оганот па не се ниту тие за пофалба.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 23:49
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Се качил еден војник и една ревносна жена ја тргнала скалата и војникот паднал и умрел од повредите (она на лице место е убиена и дел од собарниот народ)Значи веќе првата крв паднала,и ако забележавте тоа е крв на правславните а не на еретиците.
Што посеала тоа и го пожнеала. Кој ја терал да ги трга скалите? Бог сигурно не. Или можеби Бог е мачител кој сакал да ја претвори во маченица? И како на вакви места не ви текнува советот од Павле дека секоја власт е од Бога и дека треба да се респектира, па така и иконоборечката.

Инаку бруталноста која ја применуваа нр. иконоборци е демонска и не може никако да се одобри, но ревноста на тогашните православни исто дотураше масло во оганот па не се ниту тие за пофалба.


Ова твоево му доаѓа демек: Арно и’ се прави на таа што ја тргнала скалата, но уште поарно им се прави на тие што биле наоколу и ради ќејф загинале...
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2010 во 10:11
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


Pak ne mi veruvas deka sum cital knigi?
Dobro, me fati na tesno. Eve priznavam, ja imam citano samo knigata Zoki Poki od Olivera Nikolova.
Sega se nadevam deka si zadovolen sto me zasrami pred lugjeto da mora da priznaam deka ne sum nacitan


Кингдавиде,значи ова е форум за вероисповед и барем поголем дел од постојаните и активни членови сме возрасни и сега немој да го уплескуваш нивото на форумот од тоа што мислиш дека се тебе некој нешто те вреѓа,исмева и слично.
Значи не се секирај, кога спијам навечер не мислам како сега да го понижам или исмеам кингдавид или кој било друг тука! Значи не биди љутко како мало дете за се што треба и што не треба.
Ако речам дека твоите познавања за иконоборството се недоволни и во најголем дел неточни ваљда тоа не го кажувам од памет.
Како прво прочитај ја секуларната историјата за иконоборството.А не некои патетични памфлети на разни суботари и јеховини сведоци во кои главна цел им е да ја исмеат Православната Црква со кажување на лаги и клевети.


Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

P.S. So otvaranjeto na ovaa tema ja otvoras "Pandorinata kutija" i me vleces za jazik da pisuvam raboti koi ke gi soblaznat Pravoslavnite vernici, sto veruvaj, ne bi sakal da go pravam toa.


ајде еве намерно те влечам сега за јазик,баш ме интересира какви се тие работи од иконоборечкиот период кои би ме собалазниле.

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Sepak , ke cekam da vidam sto imas ti da prepises od Pravoslavnite knigi za da vidam posle dali i sto da pisuvam.


јас напишав што напишав,не ми е сега понета ја сега реферати тука да пишувам во форма на монолози.
живела дискусија




Изменето од ahmar1 - 10.Март.2010 во 10:13
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2010 во 18:18

Pisuvaj uste za da me prosvetlis, bidejki smetas deka moeto poznavanje za ikonoborstvoto e nedovolno .

Ovaa e tvoja tema . Samo napred !


Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2010 во 01:30
Брат ми, јас само неколку дополнувања ќе направам, за да може да се види целата слика од ереста на иконоборечкиот период.

Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Иконоборството во византија не произлегло од Црквата или од некои нејзини јерарси(како што е случај со повеќето други ереси) туку дирекно од ромејскиот цар Лав Исаврианецот. За историчарите е целсона енигма зашто Лав се зафатил толку жестоко со ова прашање баш кога Византија се борела со арапите на исток и со словенските упади на балканот.


Некои историчари посочуваат дека Лав 3-ти бил во контакт со Калифа Омар 2-ри кој се трудел да го преобрати во ислам, меѓутоа не успеал. Единствено нешто што му успеало е да го убеди дека иконите биле идоли. Всушност, и самата ерес на иконоборството влече корени од Павликијанската ерес.

Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Но како и да е,он собрал околу себе 5-6 епископи од Мала Азија и заедно со нив пристапил на царигратскиот патриарх Герман со прво јавно изложување на иконоборечките ставови.
Тоа било најпрви шок за Цркават што едне Цар своеволно се меша во верата и црквата.
Кога најенергично бил одбиен со неговата нова теологија Царот го прогонил патриархот и ставил на негово место свој човек.


Патријарх Герман 1-ви не сакал да го потпише царскиот декрет и принуден дал оставка т.е практично незаконски бил симнат од својата позиција, а на негово место Лав 3-ти го поставил неговиот истомисленик патријархот Анастасиј. Папата Григориј 2-ри во својата преписка со императорот му укажал на грешката, но тој не сакал да се покае, така што, поради тоа Западниот дел од Црквата одбива да плаќа такса на Константинопол.

Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Посебно на мета на иконоборците биле манастирите во кои живееле најревносбите негови противници.Биле масовно затварани и сите монаси биле сомнителни за царските луѓе.Имало случаи кога спалувале цели манастири сосе монасите внатре.
Значи на почетокот имало многу малку теологија за смека на царската сила.


Во 726 год., Лав 3-ти издава едикт со кој ги забранил иконите. На тоа особено се спротивставиле повеќето теолози и монасите, поради што тој започнал гонење и страшно мачење и убивање на истите. Како незадоволство од таа одлука, во Грција се дигнала буна која во 727 год. била задушена. Повторно се дига буна во Елада против таа одлука на чело со Козма, која била задушена, а тој бил обезглавен. Лав 3-ти почнал да присоединува кон своето царство делови од Западна Европа на кои можел да стави рака.

Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Потоа неговите пулени се обиделе наводно црковно да го престават иконоборството.
И за жал на кингдавид морам да ве известам дека иконоборците имале ИКОНА која ја почитувале а тоа била иконата на која е преставена евхаристијата.
Исто така иконоборците го почитувале и крстот како и православните.


Токму така, и самите иконоборци, сепак имале икона што ја почитувале, исто како и крстот Христов. Апсурдно!

Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Нивните гонења на православниет во подоснежниот период, станале веќе чудовишни!
На свети стефан нови Иконоборците му ја расцепиле глават со жешка тава,На браќата теофан и теофил(по потекло од тивериопол биле) им изтетовирале на живо пчовки на целото тело.На многу од епископите им сечеле нос,уши и раце и ги ослепувале.

Царскат војска со царската наредба доаѓала во градовите и најрпвин ги премалтерисувале црквите, народот се собирал и почнувало кошкање во кое секогаш се лееело крв на народот.


Во 731 год. Григориј 3-ти го свикал синодот од 93 епископи и се донела одлука дека секој кој ќе оди против иконите, ќе биде екскомунициран од Црквата. Во меѓувреме, секаква несреќа го снаоѓало царството на императорот – земојотреси, епидемии, муслиманите се повеќе и повеќе ја завземале територијата. Лав 3-ти умрел во јуни 741 год., а на неговото императорско место застанал неговиот син Константин 5-ти кој бил уште покрволочен поборник против иконите. Артабасдус, кој бил женет со ќерката на Лав, гледајќи ја непопуларноста на иконоборството, се прогласува за заштитник на иконите и цар, со помош на патријархот Анастасиј, кој прво бил иконоборец, но сега повторно се вратил кон почитувањето на икоите и почнал да ги возобновува. Но, Константин 5-ти крваво му се одмаздува, а патријархот Анастасиј го принудува повторно да се врати кон иконоборството. Во 754 год. Константин 5-ти свикал собор на кој 350 епископи биле принудени да присуствуваат, но Рим, Ерусалим, Антиохија и Александрија одбиваат да пратат претставници. Повторно била донесена одлука од страна на императорот против иконите која епискпите биле принудени да ја потпишат, а врз св. Јован Дамаскин (кој најмногу се борел за иконите и за тоа има напишано дела), екс-патријархот цариградски – Григориј и монахот Георгиј Кипарски, била фрлена „клетва“.

Наместо да се цртаат светители, црквите почнале да се украсуваат со птици, цвеќиња и овошје, така што народот се чувствувал како да се наоѓа во продавница. Поради своето одбивање да се покори на царевата одлука

*монах Петар бил камшикуван до смрт на 7 јуни 763 год.;

*игуменот Јован бил врзан во вреќа и фрлен во морето на 7 јуни 761 год;

*монах Андреј Критски во 767 год. бил камшикуван и измачуван се’ до смрт (Акта СС., 8 Октомври.; Римски маченици за 17 Октомври) и многу други измачувани и убивани (Мартиологија, 28 Ноември).

Во 766 год. Константин 5-ти дошол во судир со неговиот патријарх, поради што го обезглавил и на негово место го поставил Никита 1-ви. Козма Александриски, Теодор Антиоиски и Теодор Ерусалимски биле бранители на светите икони во заедница со Рим.

Императорот Константин 5-ти умрел во 775 год, а на негово место дошол син му Лав 4-ти кој не го поништил законот на татка си, но бил поблаг и дозволил монасите во азил да се вратат, го толерирал почитувањето на светиите и се обидел сите страни да ги смири. На местото на патријарх Никита дошол Павле 4-ти кој од страв делумно го застапувал иконоборството. Но, жената на Лав 4-ти, Ирена, била почитателка на светите икони и дури додека нејзиниот маж сеуште бил жив, таа во својата соба имала икони. Кон крајот на својот живот, Лав 4-ти станал жесток иконоборец и многумина казнил, а тоа сакал да го направи и со царица Ирена, но не му успеало затоа што умрел (8 септември 780 год).


Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Кога конечно се случил 7-от вселенски собор потоа биле повикани сите иконоборечки епсикопи и што е најинтересното најголем дел од нив рекле дека они го правеле тоа поради царската наредба и скоро и сите го анатемисале тоа за кое претходноа се бореле. Од тука се гледа колку МНОГУ ДЛАБОКИ КОРЕЊА имало иконоборството.


Бидејќи синот на Лав 4-ти, Конастантин 6-ти, бил на 9-годишна возраст, мајка му ја водела земјата. Таа го обновила почитувањето на иконите. Во 787 год. во Никеа бил оддржан Седмиот Вселенски Собор на кој присуствувале над 300 епископи. На овој собор, иконоборечките еретици јавно се покајале и повторно биле примени во Црквата. Во Актите на Седмиот Вселенски Собор читаме: “Овие се зборовите на иконоборците кои се вратија во Црквата. Василиј епископ Анкирски, вели: “Колку што можев, ги разгледав прашањата за иконите и се вратив во Светата Соборна Црква со целосна убеденост (дека не претставуваат идоли)”. Теодор, епископ на Мира, вели: “ Го смилостивувам Бога и вашата светост да се обединам, јас грешниот, со Светата Соборна Црква”. (пп. 41, 43 во изданието на Kazan Theological Academy).

По 27 год. повторно се појавиле оние кои не се покајале и останале иконоборци, на чело со Лав 5-ти кој бил насила ставен на власт. Најголеми поборници за иконите, овој пат, се св.Теодор Студит, патријархот Никифор (на кој императорот му го одзел чинот и го протерал, а на негово место го поставил својот истомисленик Тедот 1-ви), а папата Пасхалиј 1-ви изреагирал како и Григориј 2-ри. И во тој период многумина кои ги почитувале иконите биле протерувани, мачени и убивани. Во 820 год. Лео 5-ти бил убиен од еден од неговите генерали, Михаил 2-ри, кој го превзел престолот и го продолжил иконоборството, мачејќи многумина прави исповедници, меѓу кои и Методиј од Сиракуза и Ефтимиј, митрополит Сардски.

Потоа на власт доаѓа синот на Михаил 2-ри, Теофил, кој го продолжува делото на својот татко дури уште посвирепо.

*Монах Лазар бил камшикуван речиси до смрт,

*монах Методиј бил 7 год. затворен со насилници,

*Михаел Ерусалимски синкел и Јосиф химнограф биле мачени,
*двајцата браќа Теофан и Теодор биле удирани со 200 стапа и биле жигосани на лицето со жешко железо (Мартиологија Рим, 27 Декември).

По смртта на Теофил, на негово место дошла жена му, Теодора, бидејќи син му Михаел 3-ти имал само 3 год. Теодора ги почитувала иконите и таа го започнала истиот процес како и царица Ирена. На тогашниот патријарх иконоборец Јован 7-ми му бил даден избор да ги прифати иконите или да се пензионира, а на негово место бил поставен Методиј 1-ви (оној кој бил години во затвор заради неговата одбрана на иконите). Во 842 год. биле обновени, односно потврдени уште еднаш одлуките донесени на Седмиот Вселенски Собор.

+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2010 во 10:55
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


Pisuvaj uste za da me prosvetlis, bidejki smetas deka moeto poznavanje za ikonoborstvoto e nedovolno .

Ovaa e tvoja tema . Samo napred !


Што ти прави суета значи
Ако сакаш да пишуваш дај напиши на темата веќе еднаш ,не спамирај.
Зашто немам намера со тебе лично да се занимавам или објаснувам.
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2010 во 12:08
Од линкот што го постираше маран ата, оваа теолошка дистинкција ми падна во очи:
(не се обидов да го преведам на македонски зашто е специфичен стилот)

Иконоборците велат дека:
Eucharist is an icon of Christ (and the only one) because it is identical in its essential reality with Christ.

Затоа ако се прифати ова за точно логично е дека икона на која е преставен Христос за нив станува богохулен обид за преставување на Божествената природа на Христос.

Додека Православните велат

- Eucharist is not an icon because an icon represents (but is not identical with)its prototype.

Затоа за православните претходниот заклучок на иконоборците е неточен и следствено на тоа на иконата се изобразува Христос не со својат божеставена природа туку ОВОПЛЕТОНИОТ Христос,како што го виделе Светите апостоли.

А ова е повзрано и со иконоборечкото тврдење дека

you either circumscribe (paint) only the divine nature
(which is impossible), or only the human nature (whereby you deny divinity).
[The heresy is thus either denying or separating the natures>.


Додека православните(кои исто така веруваат дека оделувањето на двети природи води во ерес)на ова одговараат дека

- justification for icons not based on imaging either the divine or human natures
of Christ, but on imaging the incarnate person Christ. There is a communion of
natures (communicatio idiomatum) in the incarnate person of Christ, so the issue is
not about denying/separating the natures.
- Christ can be "circumscribed" (imaged) because he was circumscribed by
matter in the incarnation.





Изменето од ahmar1 - 11.Март.2010 во 12:09
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2010 во 16:06
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


Pisuvaj uste za da me prosvetlis, bidejki smetas deka moeto poznavanje za ikonoborstvoto e nedovolno .

Ovaa e tvoja tema . Samo napred !


Што ти прави суета значи
Ако сакаш да пишуваш дај напиши на темата веќе еднаш ,не спамирај.
Зашто немам намера со тебе лично да се занимавам или објаснувам.



Kade vide gore sueta? Jas cekam ti da mi objasnis povekje sto znaes za toa, mene ne mi e sram da naucam nesto novo.

Ke pisuvam i jas sto znam, ne se sekiraj. Pozdrav !


P.S. Imase edna emisija : Baravte-Gledajte
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2010 во 18:37
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Ова твоево му доаѓа демек: Арно и’ се прави на таа што ја тргнала скалата, но уште поарно им се прави на тие што биле наоколу и ради ќејф загинале...
Тоа воопшто не е мое, јас од тоа се оградив. Тоа е логиката на една од павловите посланици од Библијата. Јас само свртев внимание на двојниот аршин.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2010 во 15:00
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:


За историчарите е целсона енигма зашто Лав се зафатил толку жестоко со ова прашање баш кога Византија се борела со арапите на исток и со словенските упади на балканот.



Не е толку голема енигма повеќе. Се смета дека Лав се зафатил жестоко со ова прашање, затоа што долг период се борел против Арапите, па често имал можност да се запознае со исламските гледишта и ставови околу некои прашања поврзани со религијата. Сакајќи да го зацврсти мирот со Арапите на исток, пристапил кон чекор, кој сметал дека ќе доведе до намалување на разликите меѓу двете религии, па со тоа границите на Империјата ќе бидат посигурни, па не случајно и во иконоборството предничат епископи, кои имале некаков контакт и познавања со исламската религија.

Во однос на крстот, дел од иконоборците го почитувале крстот, но не и радикалните иконоборци. Не случајно во "Панонските легенди" е забележан спорот меѓу св.Кирил Солунски Философ и иконоборечкиот Патријарх и околу почитувањето на крстот, не само иконите.

Од друга страна, несомнено, на ваквото нешто влијаеле и политичките прилики. Во текот на владеењето на Лав Исавријанецот, како што кажа, имало низа конфликти, кои како такви барале големи ресурси и човечки потенцијал, односно војници, за да се решат. Гледајќи дека голем дел од машкото население се придружувало на свештенството и монашките редови, Императорот барал начин да ја намали моќта на Црквата, а со тоа да го намали и бројот на свештеници и монаси. Сметајќи дека со ударот врз иконите ќе го постигне се она што го наведов, започнал со својата кампања против иконите. Сметајќи дека со намалување на истите, ќе дојде и до напуштање на осквернетите манастири, како и намалување на моќта на истите, а со тоа и намалување на вредноста на имотот и моќта на Црквата, го започнал судирот со истата.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.