|
Ветерани од одбраната 1991/2001 |
Внеси реплика | страница <1 4142434445 49> |
Автор | ||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мое лично мислење е дека кнфликтот сеуште не е завршен, жалосно е што до ден денес во нашата земја актерите на тие настани не дадоа јасен одговор на прашањето што навистина се случи во РМ и зошто дојде до вооружен конфликт? За да одговориме на ова прашање мораме да дефинираме колку целини или димензии го сочинуваат конфликтот. Ако внимателно ја разгледаме неговата содржина ќе сватиме дека вооружениот конфликт е само дел од општиот конфликт чија главна содржина претставува вооружениот дел од конфликтот. Акумулираните противречности и недоразбирањата околу конпонирањето на меѓусебните односи помеѓу албанците и македонците допринесоа за случување на вооружениот конфликт. Нивните меѓусебни односи во минатото беа оптоварени со многу предрасуди наследени од стариот систем на уредуање на меѓусебните односи во државата. Немајќи доволно капацитети за развивање на нови демократски односи се случија настаните во 2001 година. По склучувањето на Охридскиот договор и завршувањето на вооружениот конфликт постепено се навлезе во фазата на решавање на причините кои доведоа до појава на меѓунационалниот конфликт во целина. За завршување на овој процес, за завршување на конфликтот, потребно е да се створи клима на взаемна доверба за започнување на отворен дијалог во општеството без било какви оптоварувања или предрасуди да се разговара за сите прашања од интерес на меѓунационалните односи и интересите на граѓаните во целина. Без стварање на доверба и позитивна клима тешко се затвараат прашањата кои ги оптоваруваат односите помеѓу двете најбројни етнички заедници во државата. Целосното завршување на конфликтот ќе започне тогаш кога
сите ќе сфатиме дека мораме
отворено да разговараме за сите прашања без страв дека ќе изгубиме нешто,
вистина е дека сите ќе изгубиме доколку поскоро не го отвориме дијалогот помегу нашите заедници. Ние
еднаш го изгубивме мирот и спокојството не смееме да дозволиме тоа да ни се
случи повторно, не поради нас туку поради нашите најмили. Мораме да се ослободиме од нашите стравови дека другите
ќе не загрозат, во дрзавата
има место за сите нас, прашање е дали во нашите срца има место за другите. Дали во себе носиме љубов или омраза. Мораме да
научиме да сакаме а не да носиме омраза.
Љубовта и толеранцијата ќе отворат процес на искрена соработка и ќе отворат нови можности кои сега
заслепени од нетолеранцијата не сме
во мозност да ги видиме. Несебичноста и толеранцијата мора да ја заменат
омразата. Кога тоа ќе се случи ќе
отвориме простор за дијалог и взаемно разбирање. Ова го велам затоа што тоа што ми се случи мене несакам да им се случи и
на дргите да поминат низ пеколот низ
кој помина моето семејство за време на вооружениот конфликт. Нашите граѓани сите свои потреби мораат да ги артикулираат преку институциите на системот без посредство на еднонационални организации и здруженија.
Во овој контекст најголем допринос треба да дадат научните и културните работници кои не се оптоварени со меѓунационалните односи и предрасуди.
Ова треба да стане обврска на сите релевантни фактори во државата. Отварањето на научни трибини и тркалезни маси ќе го забрза процесот на завршување на конфликтот. Патот по кој денес оди нашето општество влева надеж дека поседуваме доволно позитивна енергија за градење на современи демократски капацитети за целосно завршување на конфликтот. Изменето од orlov - 24.Јануари.2010 во 21:49 |
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
продолжение на погоре напишаното.........
читајте внимателно......... .. Дали помирувањето се случи ? Граѓаните на Република Македонија во 2001 година доживеаја една состојба на криза во меѓунационалните односи чија колуминација претставуваше вооружен конфликт помеѓу дел од етнички албанци од една страна и државата Република Македонија од друга страна. Во такви околности дојде до нарушување
на меѓунационални односи што резултираше со разнишана доверба и силно изразени тензични односи пред се помеѓу двата најбројни етникуми. По настаните
од 2001 година, нашето општество поминува една фаза на постепено враќање на меѓусебната доверба преку инкорпорирање на малцинските заедници во институциите на системот. Ова претставува континуиран процес што постојано се надоградува, со крајна цел, целосно инкорпорирање на малцинските заедници во секојдневното функционирање на нашето општество. Помирувањето како процес ќе заврши тогаш кога граѓаните ќе станат свесни дека истите се одговорни за сите случувања во нашето општество и дека самите се креатори на општествените односи. Во овој период потребно е максимално ангажирање на интелектуалните ресурси за стварање на современи демократски односи. Главни носители на враќањето на довербата и помирувањето треба да се
регрутираат од редовите на истакнати научни и културни работници кои знаат да ги искористат постоечките човечки ресурси оплеменети со позитивна енергија а во
исто време доволно прагматични да претставуваат движечка сила во позитивна
насока. Во овој контекст интелектуалната елите мора да ги постави на дневен ред сите актуелни прашања кои се од заеднички интерес на сите етнички групи во
нашата држава. Разрешувањето на истите ќе резултира со целосно помирување и градење на похармонични меѓунационални односи. Во контекст на ова
меѓунационалните односи и толеранцијата треба да станат содржина на воспитно
образовните институции и масовните медиуми посебно. Изменето од orlov - 24.Јануари.2010 во 21:58 |
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
продолжение на погоре напишаното.........
читајте внимателно......... -3- < ="Content-" content="text/; charset=utf-8">< name="ProgId" content="Word.">< name="Generator" content="Microsoft Word 11">< name="Originator" content="Microsoft Word 11"><> ,,Дали последиците ги разрешуваат причините ?,, Вооружениот конфликт во 2001 година, остави сериозни траги во психата на македонските граѓани без разлика на националната припадност. Република Македонија плати висока цена во вооружениот конфликт каде што беа изгубени многу човечки животи, многу наши блиски беа ранети, голем број на домови беа разурнати, неповратно беше нарушен и изгубен мирот и спокојството на семејставата кои беа жртва на на вооружениот конфликт. Вака високо платената цена од страна на нашите грѓани ни во кој случај неможат да ги разрешат причините за конфликтот. По вооружениот конфликт се сретнавме со нова состојба каде што се
сретнавме со многу предизвици обременети со проблемите на семејствата кои изгубија член од семејстото, чија загуба остави трајни лузни во нивната душа. Дел од семејствата останаа без своите домови кои беа уништени во вооружениот
конфликт. Многу граѓани без своја вина се раселени и мораа да ги напуштат своите огништа. Напорите кои ги прави нашата држава за надминување на пследиците се нецелосни и недоволни за квалитетно разрешување на последиците. Како резултат на тоа имаме недоволно уредена правна рамка за правично обештетување на семејствата кои беа жртва на вооружениот конфликт. Постоечата легислатива која треба да помогне во намалување на последиците
нецелосно се применува во праксата. Многу е тешко некој припадник на
семејставата на погинатите и повредените да ги остварат правата кои им ги гарантира Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили. Посебна приказна претставува остварувањето на тие права а особено делот на правичнато обештетување на семејствата на погинатите и ранетите членови на безбедносните сили. Постои несфатлива логика за начинот и висината на средствата со кои се обештетени семејствата на погинатите и ранетите
припадници на безбедносните сили. Начинот на кој е извршено обештетувањето во АРМ и МВР направи невидена поделба на семејствата како тие да припаѓаат на две различни држави а не како на граѓани од една држава. Како резултат на тоа за исти последици има разлика за обештетување во висина од сто пати. Оваа неправда нашата држава е должна да ја исправи и да внесе ред и едакви критериуми за обештетување. Погоре споменатите состојби се превисока цена која ја платија граѓаните на
нашата земја без разлика на етничката, националната или верската припадност. Самото тоа зборува дека последиците сами по себе тешко можат да ги разрешат
причините за конфликтот. Оваа научена лекција несмеат да ја заборават граѓаните на Република Македонија бидејќи платија многу висока цена. Загубата која што ја доживеа моето семејство со
погинување на мојот сопруг за мене беше инспирација да покренам процес на
помирување со помош на сите луќе кои не се плашат да се спротивстават на сите
поделби кои ни се случија во вооружениот конфликт. Собрав сили и упатив писмо
за помирување помеќу македонците и албанците. Тоа мое писмо во почетокот беше
примено со голема доза на песимизам, неразбирање и лично деградирање. Многу мои
блиски луге неможеа да сфатат што сакам да направам бидејќи омразата ги имаше
заслепено нивните чуства и неможеа да сфатат дека мирот и спокојството имаат
цена која сите ние мораме да ја платиме. Старо правило е дека нема поклонета љубов
и слобода, за нив треба да се избориме сите ние, ако не за нас барем за сите
оние кои ги носиме во нашите срца. на крај би ве замолил за излаганјто на насхата драга и ценета колечка дајте и свој коментар......Сепак бече храбра за уште еднаш да ја доживее 2001 г.......... |
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Vo Pravo si mungose deka ako toa MAkedonija go bara pak kje se borime. No, ima edna surova realnost- vistina, MAkedonija kje pobara no nekoja politika kje go kreira BARANJETO i pak izleguva deka Makedonija bara a niee sme svesni koj toa go bara. I? Shjhto togash od nas patriotite, kje ja branimeli? a, rezervna drzjava nemame.? |
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ВЕТЕРАНИТЕ на ОНА МОЖЕ И ДА ПОЧЕКААТ, според претседателот на здружението на ветерани на ОНА, Фазли Велиу. Тој сега се заканува отворено но за првачињата: и тоа му се закани на Груевски дека доколку не ја повлече одлуката децата Албанци да учат македонски јазик од прво одделение здружението ќе преземе и „други мерки“.
http://www.spic.com.mk/kat/hronika/fazla-nervoza-od-fazli-veliu.html Изменето од orlov - 28.Јануари.2010 во 19:11 |
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
Baze-14
Нов член Регистриран: 04.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кратко: СЛАВА И ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ!!! ДОСТОИНСТВО И ЗДРУЖЕНИЕ НА ВЕТЕРАНИ, не се откажувајте, народот е со вас... што друго да кажам... |
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нема повлекување. Правите Воини не знаат (и не смаат) да се повлекуваат. Тие секогаш идат само напред и во освојувачки поход. Тоа го покажавме и на ДЕВАТАТА на 20 и 21. Јануари 2010 година во Скопје. Благодарам Баже во името на сите Борци од војната 2001 година. Ние секогаш сме спремни и во служба на ТАТКОВИНАТА,. Читај го мојот попис а нештата да ти бидат појасни. |
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ova i na nas ni se sluchuva. Shto ,pravi vlasta za NAS? Pogledajte kako toa e vo Hrvatska............... http://www.domovinskirat.hr/index.php?option=com_content&view=article&id=915:hrvatski-sam-branitelj-lijeim-se-od-ptsp-&catid=4:novosti Изменето од orlov - 03.Февруари.2010 во 20:07 |
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
dras
Сениор Регистриран: 10.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 858 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...со сета почит, кон Вас, МАКЕДОНСКИ ВЕТЕРАНИ,..., но изгледа Македонија не сака да Ве признае!?....
На форумов употребувај го уставното име на државата, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА или само Македонија! Изменето од Анастеа - 04.Февруари.2010 во 17:47 |
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Veteranite se svetski priznata kategorija, pa taka i Republika Makedonija sakala ili ne mora da se vladee spored svetot.
No, Veteranite ne se predmet na DEBATIRANJE, vo prashanje e verifaikacija na Status Borec koj Ustavot na Republika Makedonija go definiral a politikata saka vo taa kategorija da gi uvrsiti i TERORISTITE. Na DBATATA na 20 i 21.Januari 2010 godina vo Holidej In vo Skopje tokmu toa i se debatirashe. |
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ДЕБАТАТА,
закажана за 02. Март 2010 година во Охрид, нема да се одржи поради вонредни и неодложни работи на тимот кој ја организира и води. За следниот датум дополнително ке бидете известени. |
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Godishen sobir na Armiskiote Zdruzjenija na na 05.03.2010 vo Skopje.
|
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ДЕБАТАТА,
која требаше да се одржи на 02. Март 2010 година во Охрид, се одржува на 11.03.2010 година. |
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
Внеси реплика | страница <1 4142434445 49> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |