IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Критики позитивни/негативни на личните тв
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Критики позитивни/негативни на личните тв

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3940414243 46>
Автор
Порака
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2009 во 19:11
Оваа ептен ми се бендиса, браво.

Само еден мој совет. Сите знаат убаво да се изразуваат, но пред да напишеш нешто мора да имаш цел и со она што го пишуваш да ја достигнеш таа цел. Секогаш труди се тоа да го истераш до крај. Не е битно како се изразуваш, битна е мотивацијата.

Originally posted by Ecy0 Ecy0 напиша:


Бесмртна

Како ли ќе видиш во моите очи,
ко низ отворени врати...?
Во мојте вени крв веќе кога не се точи
Те воведувам во мојот живот,
откога стана толку глуво...
Без душа,
мојот дух спие некаде в ладно,
Тој не ќе те слуша
Се додека не го најдеш,
и не го воведеш некаде далеку,
некаде...
Дома!
Разбуди ме одвнатре,
Спаси ме!
Извикај го моето име и спаси ме од темнината,
Воведи ме в убавината...
Направи мојата крв да протече
Пред да пропаднам...
Дозволи нека дотече
Спаси ме од она ништо кое постанав...
Ништо кое останав
Сега кога знам без што останав,
не можеш само да ме исфрлиш...
Вдиши заедно со мене,
и направи ме вистинска
Донеси ми живот...
Бесмртна

Кон врв
Ecy0 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 43
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ecy0 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2009 во 19:26
Originally posted by bounty_hunter bounty_hunter напиша:


Оваа ептен ми се бендиса, браво.Само еден мој совет. Сите знаат убаво да се изразуваат, но пред да напишеш нешто мора да имаш цел и со она што го пишуваш да ја достигнеш таа цел. Секогаш труди се тоа да го истераш до крај. Не е битно како се изразуваш, битна е мотивацијата.
Originally posted by Ecy0 Ecy0 напиша:

Бесмртна

Како ли ќе видиш во моите очи,
ко низ отворени врати...?
Во мојте вени крв веќе кога не се точи
Те воведувам во мојот живот,
откога стана толку глуво...
Без душа,
мојот дух спие некаде в ладно,
Тој не ќе те слуша
Се додека не го најдеш,
и не го воведеш некаде далеку,
некаде...
Дома!
Разбуди ме одвнатре,
Спаси ме!
Извикај го моето име и спаси ме од темнината,
Воведи ме в убавината...
Направи мојата крв да протече
Пред да пропаднам...
Дозволи нека дотече
Спаси ме од она ништо кое постанав...
Ништо кое останав
Сега кога знам без што останав,
не можеш само да ме исфрлиш...
Вдиши заедно со мене,
и направи ме вистинска
Донеси ми живот...
Бесмртна

Епа фала во секој случај...Коа ќе се поправам,за тоа незнам...хах Епа ете и тоа ми е доволно...таа ќе и ја покажам
•     Come as you are, as you were
As I want you to be
As a trend, as a friend, as an old enemy
Take your time, hurry up
The choice is yours, don't be late.
     Come As You
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2009 во 23:30
Ова е свет во кој се смеат кога се умира од љубов
                              јаки штихови со тенки црти место усни,
                              к*рви со златен крст на полуголи силикони
                              ова е свет кој ме уморува





            големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2009 во 23:35
а мене, да ти кажам искрено,
ова ми се бендиса


Ohhhhh  ridu.....
beskonechna ezerska shir.....
Ohrid ke da beshe ......
tvoeto ime....
moeto temnica se ushte e...


бијонсе, аплауз
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2009 во 23:39


Ги сакам нашите безделничења,
тогаш времето заминува на пауза за ручек
и не' остава сааааами....
ти си мојот полнач на батерии,
мојот скокоткач и тркалач
- те сакам
- јас тебе повеќе.

                              Ова е свет во кој се смеат кога се умира од љубов
                              јаки штихови со тенки црти место усни,
                              к*рви со златен крст на полуголи силикони
                              ова е свет кој ме уморува

                              Заклучена во ковчег од непотребни принципи,
                              ти плетам крвава кошула до коприви.
                              Вистинските вредности никогаш не биле на цена.
                              Заљубена сум во твојот чесен збор
                              право да ти кажам, и во твојот инает
                              поклони ми уште неколку вечности
                              белким ќе успеам да ги пронајдам
                              вистинските зборови

- јас тебе повеќе!
- нема шансибакнеж






Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 16:29
 
Quentin
Сениор
Сениор
Лик
Регистриран: 12.Јануари.2008 Онлајн статус: Офлајн
Пораки: 779
Цитирај Quentin Одговорbullet Испратена: Денес во 16:11

На родилката

Смев во утробата.
Зрнца надеж ти го оплодија сонот.
Ти пиеш вода од истиот извор
на кој се пои бел еднорог.
Да, тоа во тебе
ќе биде прво и последно
од таков вид.
Ќе има бисерни запчиња
и прозрачни очиња
што ќе им веруваат
на твоите приказни
за оџакот и штркот.
Да, тоа ќе биде
единственото нешто
што си го создала
за да го сакаш
повеќе од себе.
Тоа ќе биде
здивот што ќе те држи
додека ги искачуваш планините,
рикањето што ќе го спознаеш
за да го зачуваш од лавовите,
тоа ќе биде ноќта во која
ти ѕемнеш оти нему му е студено…
Тоа ќе биде причината да сакаш,
без да прашаш “зошто”,
единствениот цвет во животот
што ќе го чуваш од туѓите стапки
и ќе го полеваш за да те надрасне
и да ги носи твоите бои.

%20

Сенка без човек

Се родив во најсветлиот миг
од цела космичка година.
Луѓето бараа симетрија на моето лице,
не знаејќи дека нивните се разобличени.
Со езотеричен збор,
кој одамна ја изгазил тајната,
времето ми припиша докажана вина
без кренат камен.
А јас растев во сонот,
нацицан со безброј одрекувања,
разулавен од демоните,
разлулан од болките,
скриен во сојузите со ангели,
венчан со верувањата дека
не можат да ме остават без небо.
Дали некогаш ќе имам доволно,
за да ми биде доста?
Еден ден, со благослов
и мед на усните,
некој ќе се прикраде и
ќе ми ја земе сенката,
која не вреди без сонце,
и не стои без човек.

%20

Абажур

Ги одминав полињата со долини

смислени за твојот чекор.

Се престорив во триптих

што спие со мирисот на

твојата вообразена невиност.

Ти си абажурот што

собира лажен сјај

за да им го означи рајот

на џебните идоли.

Колку дна треба

да сознае тагата,

за да се преименува во

неоткриен вид

на водење љубов?

Примероци од твојата коса.

Ме потсетуваат на деловите од тебе

што никогаш не ми припаднаа.

Јас сум растргнат сомнеж

што го чуваш во својот несесер,

за гордите усни што имаат

потреба од нежност

на секој 29-ти февруари.


%20

Луѓе за мразење

Тргнувам…
да го откријам расплаканиот Бог
што требаше да ме создаде
од кревка хартија…
Не ќе можеа така
лесно да ме искинат,
како сега…
Ги селам моите шалови
во нова зима.
Без точка и запирка
ќе ја пропелтечам
оваа нова селидба,
на десната страна од креветот.
Соништата овде ги кажувам
со замрзнати усни…
Никој не ми ги гони стиховите
со факелот на скриена смисла.
Ми снемува луѓе за мразење.
Ми снемува луѓе…

Не сакам да му го покријат лицето со шамии,
за да се навикне тој на смртта што ја носи.
Оди си Игнасио, не слушај го рикањето жешко.
Спиј, летај, одмарај се. И морето умира.

Ф.Г.Лорка
 
 
 
 
 
 
Обично не идам тука...
Ама ме натера нешто да ги прочитам песниве...

Quentin не су којзнае колку надчитана или незнам што, но твојава поезија  е преубавамечтаење
Многу ми се допаѓаљубов


Изменето од fiks - 13.Јануари.2010 во 16:42
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2010 во 00:40
Тргнувам…
да го откријам расплаканиот Бог
што требаше да ме создаде
од кревка хартија…
Не ќе можеа така
лесно да ме искинат,
како сега…



Quentin како и секогаш добро доловен момент...биди почесто присутен ...храна за душата и мозокот...ПДФ уметност е пуст без твојата поезијаголемо%20гушкање

Изменето од Andjelina - 16.Јануари.2010 во 00:44
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2010 во 14:57
Originally posted by zbunet zbunet напиша:

Сите други смотани се
ти велам
и по сто пати ти е малку
а и јас сум
таквите се неќеме меѓу себе
голем минус би биле,
а ти си голем плус,
која би можела со тебе
таква не сретнав,
нема.
За смртта и за други жени
таквите шеги најсмешни ми се
исто ги чувствувам,
ми р’жиш тогаш
мислиш возможни се,
а не се
оти вечен,
само со тебе можам да бидам.
Преку погача те најдов
аздисан сум се гледа
со потсмев ги гледам
оти само јас сум способен да те имам,
а другите нека се мачат
со тоа што мораат да имаат.


welcome back големо%20гушкање

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2010 во 13:25
ПодВодно
Сениор
Сениор
Лик
Регистриран: 09.Декември.2007 Онлајн статус: Онлајн
Пораки: 6230
Цитирај ПодВодно Одговорbullet Испратена: Денес во 13:10

ххххххххх

Толку многу се трудев
Да те разберам, да се прилагодам,
Да се прекројам по твој терк што,
Едно утро се разбудив поинаква
И светот беше поинаков.
Не подобар или поубав,
Само поинаков -
Оти го гледав со твоите очи.
Конечно ми стана јасно
Зошто им се потсмеваш
На сличните на тебе
И најотровните стрели
Ги упатуваш кон нив.
Сфатив како можеше
Грб да ми вртиш стопати –
Тоа е толку природно -
Оти се видов со твоите очи.
Малку ми е жал што
Со нив и тебе те гледам
Без онаа волшебна аура -
Како самолеплива сликичка за детски албум,
А јас одамна не собирам сликички
И не се менувам со другарчињата.
 
Абе филм,филмголемо%20гушкањеич
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 23:36

Зап тоа не е прекрасно?

Ги газам спомените, го следам твојот чекор
а тие иронично крцкаат под моите уморни стапала,
Зад нас пепел а во душава прашина, зар тоа не е прекрасно?

Не се вртиш наназад да видиш што останало,
Продолжуваш со решителен чекор иако треперејќи
а јас сепак се вртам назад,
мене чувствата ме издаваат, зар тоа не е прекрасно?

Сум само статуетка во твоите дланки,
секогаш подготвена да биде оставена на полицата,
а за што би служела? Зар за фалење?
Хм, зар тоа не е прекрасно?

Во душата носам завидување а врз челово трња,
Во дланкиве шепот а во погледот беда,
Но сепак сум жива, зар тоа не е прекрасно?

Несигурна во својот чекор а сигурна во ноќите,
Неправедна кон мисливе а праведна кон чувствата,
Нервозна пред вистината а смирена пред клетвите,
Па тоа не е нормално, зар тоа не е прекрасно?

Ништожна е вистината,
ме гони кога сакам да ја достигнам,
А ме покорува кога не сакам да ја дослушам.
Солзиве испаруваат а сепак болат,
очиве отекуваат а сепак печат,
срцево се смирува а сепак бие,
ноќта ме приспива, зар тоа не е прекрасно?

Никогаш не го гледав она сакав да го видам
но го гледав она што не сакав да го видам,
ете тоа е иронијата, зар тоа не е прекрасно?

Но сакав, пелтечев пред олтарот на љубовта
и леев лузни пред погледот на судбината
и сакав, сакав за да не бидам сакана,
зар тоа не е прекрасно?


се она што незнам да го кажам
друг го напишал
прекрасна е
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
mimicria Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
magnet za defekti

Регистриран: 27.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3444
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mimicria Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2010 во 12:36
Originally posted by kejt-d-grejt kejt-d-grejt напиша:


На мојата драга, драга Енџи (заради муабетот од синоќа)


Ме погоди јако!
(пизда ти материна)
Многу те сакам!
Оти на некој настран начин,
мазохистички ги обожувам јаките удирања.

Мојата комичност произлегува од кукавичлукот
да бидам пред светот она што навистина сум
- цмиздрава мрсулка направена од DNK од петата на Ахил.
Го искинав животот растргната меѓу
моите летања
и нивните приземјувања.

Моите наводни успеси
се само педантно следење на упатствата за употреба
на добро програмирана машина.

Го мразам филмот во кој ме сместија
- ова воопшто не е мој жанр.

Жалам, но немав храброст навреме да те предупредам:

На берзата на човечки вредности,
солзите се премногу ефтина искреност.



 
 
 
дадададада
Dajem ti verse i note, sve moje sarene perle na dar, jos te mogu pjesmom kupiti, lukavo i slatkorjecivo, jos uvjek mogu ti podvaliti ljubav...
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2010 во 19:24
kejt-d-grejt
Сениор
Сениор
Лик
Регистриран: 05.Ноември.2007 Онлајн статус: Офлајн
Пораки: 5099
Цитирај kejt-d-grejt Одговорbullet Испратена: Денес во 13:03


Две три куќи подолу во мојата улица, живее едно безимено семејство. Таткото е пожарникар, мајката не оди на работа. Двајцата синови имаат по четириесетина години, не знам како се викаат, ни што работат. Едниот си доаѓа дома во плава униформа, а другиот е без униформа. И невестите не работат. Си ја гледаат куќата и си ги чуваат децата.
Куќата им е малечка. Долниот спрат е вкопан до полу в земја, а горниот е со ниски тавани. Комшиите се чудат како живеат сите заедно, ама се' повеќе губат надеж дека еден ден ќе почнат да си ги кубат косите. Синовите со снаите и со децата спиеле во две спални соби. Старите спиеле во кујната. Им ги гледам често дечињата од тераса додека простирам алишта. Имаат мили лиценца, добродушни се и никогаш не се валкани.
Пред куќата имаат поплочено дворче, мало колку уште една соба и многу, многу цвеќиња, по прозорите, по скалите, на терасата, покрај оградата, дури и врз покривот на едно ниско мало мудбаче, во кое си прават зимница, ставиле саксии со некои ситни црвени цветчиња кои паѓаат надолу.
Свекрвата и снаите си седат во двор и си пијат кафе. Си кажуваат нешто и се смеат. - Добар ден, им се насмевнав, многу ви е убав дворот, им реков, ( И вие сте многу убави, тоа не го реков). - Фала, фала, повели на кафе комшивке, ми викнаа. Брзам за на работа, некој друг ден, со задоволство, - излажав.
Ние живееме во голема куќа без цвеќиња. Имаме по една соба за секој од нас и уште по некоја плус. Ние сите одиме на работа и немаме време за кафе во двор. Не знаеме како се викаат нашите комшии и што им е секој ден толку смешно. Некој ден можеби и ќе појдам да проверам. Некој друг ден, сега немам време. Сега брзам за на работа.




 
 
 
 Прекрасно напишано,многу жално и многу вистинито а во исто време и среќно.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2010 во 22:27
големо%20гушкање големо%20гушкање големо%20гушкање

Originally posted by kejt-d-grejt kejt-d-grejt напиша:



Teкот на моето попладне
зависи од интонацијата на твоето последно чао, my love
Не ми е веќе гајле дали некој разбира,
ме убеди во бесмисленоста на објаснувањето.

Почнав да дишам само кога те слушам, my love
како вселенските филозофии
ги кажуваш зачудувачки едноставно,
па останувам подзината,
а ти се смееш и ми ја бушавиш косата.

Љубоморна сум на студов кој ти го гризе носот, my love
и на дождот што ти ги прокиснува чевлите.

Сите мои песни,
расфрлани како трошки под трпезариска маса
ги изронив за тебе, my love

место зготвен ручек,
место испеглана кошула,
место зашиено копче,
место стоплена постела,
место прегратка, my love,
место утеха.



Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2010 во 23:12
Ме погоди јако!
(пизда ти материна)
Многу те сакам!
Оти на некој настран начин,
мазохистички ги обожувам јаките удирања.

 
 
ухнемав намера толку силно да удрам...тоа од љубов..а љубовта болинамигнување
зафрканција на страна мило ми е шо се врати да прочитам нешто квалитетно...а уште помило ми е и заради тоа што твоето доаѓање ги симнува маските на некои кои упорно се трудат да не убедат дека се најдобри,најмили,безгрешни,не мразат никого...а сепак,не секој твој напишан пост сакаат да глумат психијатри...као да разоткриваат нечија психа...батали ги...
наместо да ти ја анализираат поезијата  тие ти се губат во психата


Изменето од fiks - 10.Април.2010 во 02:52
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3940414243 46>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.