IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - ЛЕГЕНДА ИЛИ КАКО НАСТАНАЛО ИМЕТО НА ВАШЕТО МЕСТО..
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЛЕГЕНДА ИЛИ КАКО НАСТАНАЛО ИМЕТО НА ВАШЕТО МЕСТО..

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2010 во 18:42
Легенда за Охрид
Се прераскажува дека градот го добил името "Охрид" кога самуиловите воини враќајќи се од една тешка битка, изморени и истоштени, качувајќи се по ридот (на кој е денешен стар Охрид) извикувале "Ох, риде; ох, риде". Со поврзување на овие два збора настанало името Охрид.

Легенда за Билјанините извори
За бистрата вода на Билјанините извори, народот пропеал многу песни, но само една легенда, прераскажувана до ден денешен која се поврзува и со настанувањето на охридскиот чун. Имено, некогаш во дворецот под езерото кај Студенчишта, живеела вилата Езерка, ќерка на дедо Караорман. Вилата Езерка царувала над езерото и постојано им пречела на рибарите, превртувајќи ги нивните чамци а уловената риба ја враќала во езерото. Таа била многу завидлива и еден ден ја грабнала убавата мома Билјана, внука на дедо Чун. Ја однела во својот дворец за да си поигрува со неа. Убавата Билјана цела ноќ плачела од тага и нејзините солзи се претвориле во извори, кои понатаму биле наречени Билјанини извори. Дедо Чун за да ја победи вилата Езерка направил голем чамец. Од една страна веслале 6-7 луѓе, а само еден крмел. Вилата Езерка не можела да го преврти овој голем чамец и со него дедо Чун ја спасил убавата Билјана. Така, по дедо Чун големиот чамец го нарекле чун кој по својата лика е единствен на светот.

Легенда за Охридската химна - "Билјана платно белеше"
Во старо време во древниот град Охрид живеела преубавата мома Билјана. Таа била толку убава што сите застанувале да ја погледнат нејзината убавина. Еден ден отишла мома Билјана кај изворите да го бели платното. Откако го избелила платното во бистрите изворски води го пружила на белиот песок да се суши. Тогаш, оттука поминувал караванот со 20 винари. Водачот на караванот под око ја гледал Билјана, вчудоневиден од оваа боженсвена убавина го сопрел караванот пред белото платно. Тогаш мома Билјана им рекла на винарите: "Кротко терајте карванот да не ми платно згазите". Овие зборови на мома Билјана се вткаени во оваа преубава песна.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2010 во 18:46
ЛИХНИДОС - "БОЖЈА СВЕТЛИНА"

Според досега пишаните историски извори, први познати жители во областа на Охридското - Лихнидско езеро биле Бригијцие ( Фригијци) и Енхелејците кои подолго време доминирале. Спорерд Херодот овие народи не биле Илири туку нивни најблиски соседи. Подоцна на овој простор се споменуваат Десеретите, а градот Лихнидос главен град на областа Десеретија.
Настанувањето, пак, на античкиот град Лихнидос, што во превод значи Божја светлина, се поврзува со легендата за Фениќанецот Кадмо кој прогонет од Теба пребегал кај Енхелејците и на брегот на Охридското езеро го основал градот Лихнидос кој се ширел на површина од околу 40 хектари. Во еленистичкиот период тој се простирал на местото на Самоиловата крепост и се ширел јужно до брегот на езерото, а во римскиот период ќе се шири и кон исток, така што ќе го зафати и соседниот рид Дебој.Пред нашата ера го освојил македонскиот крал Филип втори, а со новата ера, по завземањето од Римјаните, а со изградбата на сообраќајната артерија Виа Игнација, Лихнидос стsанува важна крстосницата која го поврзувала со денешниет Драч, Солун и Царград.
Во римскииотт период настануваат познати антички грдаби, карактеристични за сите антички градови. Покрај откриените, каков што е, на пример, Античкиот театар, постоеле, и други јавни градби како : загора, гимназон, булевтерион, цивилна базилика, храмови, но за жал поради наслојувањата на современиот Охрид тие не се откриени. Лихнидос во доцно античкиот период го бележи својот подем. Архитектонските градежни остатоци од седумте ранохристијански цркви кои ја потврдуваат исклучително активната христијанска традиција во градот, позната пред се преку делувањето на христијанскиот маченик и мисионар, подоцна прогласен за светец- Свети Еразмо во третиот век, а подоцна и преку лихнидските свештеници и епископи Зосим и Дионизиј ( за првпат Лихнидос е споменат во протоколот на Соборот во Сердика во 343 година), како и со подоцнежните епископи Анатолиј, Лаврентиј, Анастасиј...
Во петтиот век Лихнидос бил епископски центар. Во шестиот, пак, го населуваат Словените и нивното племео Брсјаци.За првпат Лихнидос се споменува со новото име Охрид на Цариградскиот собор 879 година. Се смета дека името го добива од двата словенски збора " во хрид" што знач на рид.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2010 во 18:50
Предание за манастирот Заум во Охрид

За Оридското езеро се велело од стари луѓе оти дно немало.
Мнозина луѓе го мериле да му ја видат длабочината колкава му е, и секој што мерил кажал колку аршини е длабоко.
Некоја жена (едни велат оти некоја царица била) и таа отишла да го мери колку е длабоко; мерејќи го баш во средето, како да сакаше езерото да ја откаже таа жена од таа севда, да не го мери оти не ќе може крај да најде на длабочината, тики откај што си било езерото тивко и мирно, туку беше се дигнале едни талази колку едни планиње и го дигнале каикот (чунот) на жената, и почнал каикот да се готви да се удави; бре држ го дујменџиите дујменот, бре крепи,
ѓоа да не се удави, арно ама „со глава ѕид не се турка,”.што рекле.
На тој страв од жената, паднала на коленици и почнала да се моли на Бога и да му таксува, да направи еден манастир тамо каде што ќе ја избави од улавото езеро.
Штом си таксала да направи манастир, и почнале талазите да се смалуваат, и полека-лека излегол каикот на брегот, та се к*ртулисала жената и тие што беа во каикот.
„Е, уште еднаш за ум нека ми биде ова, им рекла на каикчиите, што дојдов да го мерам езерово.”
Велејќи така жената, и веднаш беше заповедала да се направи на истото место еден манастир и го крстила „Заум”, демек од големиот страв што го видела таа го нарекла манастирот така да гледа во него и да паметува оти ќе се удавела.
Хе само за неа така да гледа и да се чува да не влегува во езерото, ами за секој човек што ќе одел тамо.
Ова предание сите оридчани го знаат.
(предание запишано од М. Цепенков)
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2010 во 16:29
Името Виница потекнува од зборот ВИНО, бидејќи подрачјето на Виница во минатото било познато по своите лозови насади. На теракотните икони пронајдени на локацијата Виничко Кале  името на градот е запишано како Винеа или Винце.Според локалната легенда името настанало во период од неколку сушни години кога наместо со вода, куќите биле градени со вино.........губитник
www.vinica.org


Изменето од bijonse1 - 27.Февруари.2010 во 16:29
Кон врв
bingo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2522
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bingo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 16:05
Во текот на историјата, во зависност од владетелите, градот Битола имал многу имиња. Словенскиот назив за градот, Битола, потекнува од зборот Обител (старословенски: Обитѣль) кој за време на средниот век се користел за заедница на монаси, односно манастир. Името го добил по многуте манастири што се наоѓале во градот и во околината, а некои постојат и денес. Со текот на времето, гласот О се исфрла во изговорот на зборот „Обител“, и името на градот станува Битола. Грците од истите причини градот го нарекувале Монастири (грчки: Μοναστήρι). Битола е денешен официјален назив за градот, но истовремено и најстариот назив, судејќи по Битолската плоча од 1015 година на којашто градот е спомнат, како и според многуте војсководци на царот Самуил, како и патниците од тоа време. Арапскиот патник Абу Абдалах Мухамед ал-Идриси во 12 век напишал: „Потребни се два дена патување на исток за да се стигне од Ахрид (Охрид) до Бутили (Битола). Бутили е необичен и убав град.“
Постојат приказни според кои на десниот кеј на реката Драгор имало 41 цркви и исто толку воденици за нивно издржување. Исто така и на левиот кеј на Драгор имало 29 цркви со исто толку воденици. За време на празничните денови во тоа време, народот од селата од Битолското поле се собирале кај овие цркви каде ги вршеле своите верски обреди. Со оглед на тоа што земјиштето на кое се наоѓал градот Битола тогаш било прекриено со многубројни цркви, градот го добил името Манастир[се бара извор]. Има верзија која вели дека градот Битола името Манастир го добил по една огромна црква која се наоѓала над Битола, кај сегашниот мост викан Црн Мост (турски јазик: kara köprüsü). Во оваа црква можеле да се сместат сите присутни од селското население од битолското поле кои доаѓале за време на празниците да ги вршат верските обреди.
Според записите на Марко Цепенков, градот Битола своето име го добил по големопоседникот Тољо, кој имал своја тврдина во близината на денешното битолско село Буково. Во времето кога дошле Турците да го освојат овој дел од Македонија, за да го повикаат на борба големопоседникот Тољо, му велеле „Би Тољо, до би Тољо“, со што според Марко Цепенков од таму потекнува денешното име на градот Битола.
За време на отоманските власти, градот се викал Манастир, што Турците и Албанците го усвоиле од Грците. После Балканските Војни од 1913 градот потпаѓа под српска окупација и повторно го добил старото име Битола.

Изменето од bingo - 04.Март.2010 во 16:06
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 20:25
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:

Originally posted by brza brza напиша:

strumica ,...po rekata  struma...a, rekata....bog te pita kako..збунетост


Градот го добил името според царската ќерка Струма..........да

Првите докази за населби во струмичкиот регион датираат од 4.500 година пред нашата ера.  Од тоа време датираат остатоците од неолитската населба Страната, во близина на селото Ангелци.  Средниот век во Струмица оставил своја трага во царевите кули. Во Струмица тогаш живееле војници, занаетчии, земјоделци и трговци, кои ја бранеле тврдината.
Најстарото име на градот било Астрајон, а во периодот кога градот е во рамките на византиските граници го носи името Тивериопол - барем за власта и за црквата.  Денешното име Струмица, како што потврдуваат и старите пишани документи на старословенски јазик, се користи од средниот век......
Тогашниот римски цезар Тибериј (од кого произлегува името Тивериопол) и го посветил градот на својата ќерка Струма. ............да
  eehhh,..kaj go iskopaизненадување ...ziti...se nekoja romantika vo posledno vreme !.a rekata po shto go dobila imeto?.збунетост...teshko deka gradot prvo taka se vikal ,...pa ajde i rekata ,...

Струмица - Википедија. !!:

.....Со преселбата на Словените, која се одвивала во периодот од осумдесетите години на 6 век до триесетите години на 7 век, градот доживеал големи разурнувања. На овие простори се населило словенското племе Струмјани, кое го добило своето име по реката Стримон, која тие ја преименувале во Струма. Склавинијата на Струмјаните егзистирала како независно словенско кнежество определен период, додека не биде завладеана од Византија. Во периодот од 845 година до 855 година како византиски воен управник во брегалничко-струмичкиот крај бил Методиј (825-885).............Ќ


Изменето од brza - 04.Март.2010 во 20:26
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2010 во 22:38
Пелистер
013.jpg  PELISTER%20-%20EARLY%20WINTER  DSC_0005.jpg  DSC_0067.jpgDSC_0107.jpg  DSC_0040.jpg  sl4.jpg  sl5.jpg  sl15.jpg    sl10.jpg  sl2.jpg   sl1.jpg

Постојат две легенди поврзани со името Пелистер........губитник
Едни велат дека името потекнува од грчкиот збор пелистер што значи гулаб.....
оти кога планината се гледа глупчо од далеку наликува на гулаб........
Другата пак е поврзана со петигличестиот бор - молика ем само тука расте ем со пет лисија.......пет-листер.....па оттаму Пелистер.мир


Изменето од bijonse1 - 02.Февруари.2011 во 18:57
Кон врв
bingo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2522
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bingo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2010 во 11:27
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:





<font face="Arial, Helvetica, sans-serif" size="2">Пелистер019.jpg008.jpg013.jpgPELISTER%20-%20EARLY%20WINTERDSC_0005.jpgDSC_0085.jpgDSC_0067.jpgDSC_0107.jpgDSC_0040.jpgDSC_0021.jpgsl4.jpgsl25.jpgsl5.jpgsl15.jpgsl19.jpgsl20.jpgDSC_0012.jpgsl3.jpgsl10.jpgsl2.jpgsl1.jpg<font face="Arial, Helvetica, sans-serif" size="2">Постојат две легенди
поврзани со името Пелистер........губитник Едни велат дека името потекнува од грчкиот
збор пелистер што значи гулаб
.....оти кога планината се гледа глупчо од далеку
наликува на гулаб........Другата пак е поврзана со петигличестиот бор -
молика
ем само тука расте ем со пет лисија.......пет-листер.....па оттаму Пелистер.мир
фала за сликичките не сум знаел дека од пелистер потекнуваш

Изменето од bingo - 22.Април.2010 во 11:30
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2010 во 15:42
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:





<font face="Arial, Helvetica, sans-serif" size="2">Пелистер019.jpg008.jpg013.jpgPELISTER%20-%20EARLY%20WINTERDSC_0005.jpgDSC_0085.jpgDSC_0067.jpgDSC_0107.jpgDSC_0040.jpgDSC_0021.jpgsl4.jpgsl25.jpgsl5.jpgsl15.jpgsl19.jpgsl20.jpgDSC_0012.jpgsl3.jpgsl10.jpgsl2.jpgsl1.jpg<font face="Arial, Helvetica, sans-serif" size="2">Постојат две легенди
поврзани со името Пелистер........губитник Едни велат дека името потекнува од грчкиот
збор пелистер што значи гулаб
.....оти кога планината се гледа глупчо од далеку
наликува на гулаб........Другата пак е поврзана со петигличестиот бор -
молика
ем само тука расте ем со пет лисија.......пет-листер.....па оттаму Пелистер.мир
Bitolcanka
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
bingo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2522
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bingo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 15:32
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2011 во 18:54
Потеклото на името Дојран ...се поврзува со една легенда... кога зимата 1371-1372, кога турските војски навлегувале во Македонија, стигнале и во Тауријан (Полин).

http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/18651721F036AD42BA1292031C5B5F8D.jpg            http://www.novamakedonija.com.mk/Uploads/News/Dojran.jpg

Тие дошле од исток, а бидејќи било зима, езерото било замрзнато и покриено со снег...турската војска, без да знае, поминала преку замрзнатото езеро и стигнала во градот....градските првенци, кои ја пречекале војската, прашале од каде поминале, а турскиот војсководец Евронос одговорил: „Ете, овде, преку полето“...тогаш првенците му кажале дека тоа не е поле, туку дека поминале преку замрзнатото езеро, покриено со снег...кога го разбрал тоа, Евронос наредил да се направи голема и богата гозба, што на турски значи дојрумаќ“...се смета дека од тој збор и по тој случај градот добил ново име.


http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash1/hs331.ash1/28705_1453991954440_1372533368_1175910_2506603_n.jpg  http://www.moezdravje.com.mk/userfiles/image/dojran3.JPG


Друга легенда, пак, наведува дека Дојран го добил своето име по еден друг турски збор – „далјан“, што значи место, езеро, богато со риби.

Изменето од bijonse1 - 02.Февруари.2011 во 18:55
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2011 во 11:15
МАРИОВО

За потеклото на името Мариово постојат повеќе легенди. Едната од нив вели дека тоа го добило името по убавата Марија која, по долги натегања, заминала во харемот на турскиот бег и се жртвувала за да го спаси целиот крај од потурчување. Другата легенда говори за името Мориово, кое доаѓа од верувањето дека пред многу векови тука постоело море, за што сведочат многубројните карпи кои потсетуваат на школки.

Мариовскиот крај, кој плени со едноставната, но халуцинантно моќна природа, оставајќи тишина во сеќавањето по средбата со неа, крие тајни, легенди, но и културна оставина, кои викендов беа предмет на трибината посветена на културното и туристичко заживување на Мариово, одржана во селото Старавина, родното место на една од најголемите македонски народни хероини - Калеш Анѓа.

Една од многубројните локални легенди, можеби најинтересна, која ја нема во записите за нашето нематеријално културно наследство, е онаа за тревата што бега. Легендата за неа е своевидна реплика на волшебниот напиток од приказните кој им дава сила на јунаците да ги поминат искушенијата и премрежјата на личната иницијација. Растението, според мариовци, го добило името по карактеристиката да може да го скинат само одбрани луѓе. Од тревата што бега, која за неупатените изгледа сосема обично, се правеле амајлии кои штителе од зло. Нив ги носеле војниците низ сите војни кои го зафатиле Мариово, а многумина ја избегнале смртта благодарејќи на волшебното растение, раскажуваат селаните.

Според народното мислење, мариовците се досетливи луѓе, силни и инаетливи борци против неправдата. Зад ваквиот став стојат многу приказни низ историјата. Една од нив е легендата за Калеш Анѓа, овековечена во истоимениот роман на Стале Попов. Куќата од каде што потекнува најубавата и надалеку позната мома од селото се уште гордо стои на оригиналните темели во Старавина. Според преданието, преубавата Анѓа, несакајќи да се потурчи, била грабната и однесена кај турскиот бег во Прилеп. Жителите на мариовските села, обединети и разгневени од настанот, отишле во Прилеп и ја вратиле Анѓа дома. Потоа се засолниле во тврдината Пешта, која и денес се наѕира од селото, во која живееле под опсада цели десет години, се додека една баба не ги предала на Турците. Потоа, според приказната, Анѓа завршила во Истанбул. Таму таа го сретнала својот брат-близнак Анѓеле, го препознала по белегот на ногата и тој ја вратил назад во селото. Денес куќата во која живеела Калеш Анѓа се уште постои и е дел од зафатот на домашните и на странските залагачи за репарирање на културните споменици на Мариово. За жал, како што раскажуваат старавинци, сопствениците ја продале куќата за симболична сума. Така, потенцијалната туристичка дестинација, за која иницијаторите за културно заживување на овој крај се сигурни дека би привлекла многу туристи, е препуштена на исчезнувањето.

И од најпознатиот мариовец, итрецот Итар Пејо, кој, според непрецизните локални преданија сигурни во неговото постоење, живеел во селото Градешница, се останати само приказните и мудроштините. Од оваа мариовска хумористична икона и од марифетлуците врзани со него би се воодушевувале туристи од сите страни на светот, но, за жал, од него во Мариово нема никаков материјален спомен. Архитектот Гоце Аџи Митрески, во рамките на трибината одржана во Старавина, нагласи дека Мариово, меѓу другото, може да се протолкува и како музеј на Првата светска војна, бидејќи во целиот регион се пронајдени шлемови, катарки за вода и бункери каде што се засолнувале војниците. Потврда за некогашната интензивна комуникација на Мариово со светот е и римски пат „Виа Игнација“, кој поминувал низ овој предел.

Мариово има и прекрасни цркви и манастири. Во Градешница, на пример, има дури девет. Една од најстарите е црквата „Св. Димитрија“, која се смета дека потекнува од 14 век или од 15 век. Во Старавина постои и една црква која со досетливиот говор на мариовци е наречена „Магарешка црква“. Во минатиот век неа ја граделе Бугарите, но бидејќи населението не ги поддржувало во потфатот, црквата останала недовршена. Бидејќи таа станала засолниште за локалните магариња, така го добила и името.

(текстот е превземен)
 
Слика од локалитетот каде е сниман филмот Мајки
 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2013 во 01:58

Како градовите во Македонија ги добиле своите имиња

Најчесто мештаните или староседелците знаат точно како нивниот роден град или родно место се создало, го добило своето име, која е неговата културата, историја и слично.

 

 

Секако дека сето ова го имаме учено некогаш во средношколските клупи, но ретко кој се сеќава на секој изучен детал за нашата татковина. 

Затоа, решивме да ви донесеме неколку факти малку различни од оние што можат да се најдат во учебниците по историја.

Овој пат ќе пишуваме за тоа како градовите во Македонија ги добиле своите имиња. 

 

 

Прилеп

Како и за други македонски градови, така и за Прилеп има неколку преданија за тоа како е настанат градот.
Едната од нив вели дека кога луѓето почнале да се населуваат во овој предел, ги „прилепувале“ своите куќи до Марковите кули и потоа се оформила прво наслелба, а потоа и град кој се нарекувал Прилеп.
Второто предание вели дека луѓето што се населувале правеле многу леб, па местото се прочуло како „прилебно место“ (место каде што се прави леб).
Според самиот Блаже Конески, името Прилеп е создадено од личните имиња Прилепа и Прилепка кои се дел од руската антропонимија.

 

 

Берово

Жителите на најисточниот град во Македонија раскажуваат две легенди за тоа како настанало името Берово. Според една легенда името доаѓа од сточарот Беро, кој поседувал ливада – Беровска ливада помеѓу селата Робово и Мачево. Втората, и поверојатна верзија е дека луѓето „се береле“, односно се собирале од Малешевијата во Беровската котлина и така дошло до името Берово.

 

 

Радовиш

Градот Радовиш го добива своето име по убавата кнегиња Рада која живеела тука, која и самата била заљубена во овој град. Поради нејзината убавина и во нејзина чест, градот го носи нејзиното име. 

 

Струга

И за Струга постојат две легенди. Едната вели дека Струга го добила своето име поради отворената географска положба на градот – место каде што постојано „струже“ (дува ветер).

Втората легенда вели дека некогаш, одамна, македонските словени Брсјаци и Мијаци во струшкиот регион се занимавале со сточарство и овците ги носеле на стрижење токму на истекот на Црн Дрим од Охридското езеро. Од стрижењето на овците се доаѓа до зборот Струга.

Охрид

Според легендата на браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите меѓу кои лежи градот и извикал „ох рид“ – од каде и што дошло името на градот.

Гостивар

Потеклото на името на овој град е словенско, односно поточно кажано чешко! Имено, во Прага постои цела населба која се нарекува Гостивар – на чешки Hostivar. Чешкиот збор хости всушност означува гости – гостопримливост, добродојденот и слично.

Кочани

За името на градот Кочани постои една легенда кои вели дека многу одамна човек по име Кочо отишол на печалба во Кина, од каде го донел оризот во својот роден крај. Оризот успеал во овој регион а населеното место го добило името Кочани во чест на човекот кој ја донел оваа култура во овој град.

Делчево

Старото име на ово град е Василево. Василево преведено од грчки означува Царево Село. Во турско време, Делчево се нарекувало и Султанија, а по Втората Светска војна, во 1950-тата година, Президиумот на Народното Собрание на НР Македонија донесува одлука Царево Село да се преименува во Делчево, во чест на Гоце Делчев.

Свети Николе

Се смета дека овој град го добил своето име по црквата Свети Никола. Во турско време, во овој град се наоѓале околу 40 цркви, и сите до една биле срушени, освен најубавата – Св. Никола. По неа и го добил градот своето име.

 

Битола

И Битола има повеќе преданија за тоа како настанало ова име.
Најверодостојното од нив вели дека името Битола потекнува од старословенскиот збор „Обител“ кој означувал збир на манастири, збир на свештеници, заедница на монаци. Како што веќе сите знаеме, Битола од секогаш бил град со многу манастири, па од тука потекнува и грчкиот назив за овој град – Монастири.
Според Марко Цепенков пак, Битола го „должи“ своето име на големопоседникот Тољо, кој имал тврдина во непосредна близина на Битола. Кога турците се приближувале на тврдината и градот, го повикувале Тољо на битка со зборовите „Би Тољо“ од каде и потекнува сегашното Битола. 

Куманово

За тоа како настанало името на градот Куманово постои само една легенда која е и доста логична. Се смета дека овој град името го добил по племето Кумани кои во 1094-тата година се населиле во овој предел и долго време се задржале во кумановската општина и пошироко.

Велес

Во текот на историјата, градот Велес повеќе пати го менувал своето име, од Вила Зора и Ќупурли до Титов Велес и Велес. За настанокот на неговото име има две легенди.
Едната вели дека името го добил од словенскиот термин „В Лес“ кој означува „во шума“, со што се означувал пределот со густи шуми во близината на ова населено место, а втората легенда вели дека пределот околу Велес, кој бил погоден за пасење на добитокот, го населувале сточарски словенски племиња чии бог на добитокот бил богот Велес.

Гевгелија

Според легендата за градот Гевгелија, некој дервиш, сосема случајно залутал во овој град. Но толку му се допаднал што дури и не сакал да си замине потоа. Мештаните не сакале да го примат странецот во своето родно место па се обиделе да го избркаат. Дервишот повреден и тажен заминал од градот, колнејќи го мештаните. Дури тогаш тие сфатиле дека треба да бидат гостопримливи и го повикале дервишот назад со зборовите гел-гери (ела назад) – од кои подоцна дошол зборот Гевгелија.

Крива Паланка

Сосема логично, името на градот Крива Паланка доаѓа од кривото корито на реката Крива. 

Кратово

Кратово го добил своето име благодарение на својата местоположба. Како што сите знаеме, Кратово лежи во вулканска подлога, односно вулкански кратер и од тука доаѓа и името.

Скопје

Градот убав низ историјата сменил неколку имиња. Неговото античко име е Скупи, во византиските документи е запишан како Скопија, а Словените го нарекувале Скопје, Скопие и Скопље.

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2013 во 13:47
''Охрид

Според легендата на браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите меѓу кои лежи градот и извикал „ох рид“ – од каде и што дошло името на градот.''


55555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555

...posmeshno  neshto ne sum chul...barem denes...seushte!изненадување


..znachi,...justinijan ,...na chist literaturen makedonski ....izvikal !намигнување

Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.