|
ЛЕГЕНДА ИЛИ КАКО НАСТАНАЛО ИМЕТО НА ВАШЕТО МЕСТО.. |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | ||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Легенда
за Охрид
Се прераскажува дека градот го добил името "Охрид" кога самуиловите воини враќајќи се од една тешка битка, изморени и истоштени, качувајќи се по ридот (на кој е денешен стар Охрид) извикувале "Ох, риде; ох, риде". Со поврзување на овие два збора настанало името Охрид. Легенда
за Билјанините извори Легенда
за Охридската химна - "Билјана платно белеше" |
||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ЛИХНИДОС - "БОЖЈА
СВЕТЛИНА"
Според досега пишаните историски извори, први познати жители во областа на Охридското - Лихнидско езеро биле Бригијцие ( Фригијци) и Енхелејците кои подолго време доминирале. Спорерд Херодот овие народи не биле Илири туку нивни најблиски соседи. Подоцна на овој простор се споменуваат Десеретите, а градот Лихнидос главен град на областа Десеретија. Настанувањето, пак, на античкиот град Лихнидос, што во превод значи Божја светлина, се поврзува со легендата за Фениќанецот Кадмо кој прогонет од Теба пребегал кај Енхелејците и на брегот на Охридското езеро го основал градот Лихнидос кој се ширел на површина од околу 40 хектари. Во еленистичкиот период тој се простирал на местото на Самоиловата крепост и се ширел јужно до брегот на езерото, а во римскиот период ќе се шири и кон исток, така што ќе го зафати и соседниот рид Дебој.Пред нашата ера го освојил македонскиот крал Филип втори, а со новата ера, по завземањето од Римјаните, а со изградбата на сообраќајната артерија Виа Игнација, Лихнидос стsанува важна крстосницата која го поврзувала со денешниет Драч, Солун и Царград. Во римскииотт период настануваат познати антички грдаби, карактеристични за сите антички градови. Покрај откриените, каков што е, на пример, Античкиот театар, постоеле, и други јавни градби како : загора, гимназон, булевтерион, цивилна базилика, храмови, но за жал поради наслојувањата на современиот Охрид тие не се откриени. Лихнидос во доцно античкиот период го бележи својот подем. Архитектонските градежни остатоци од седумте ранохристијански цркви кои ја потврдуваат исклучително активната христијанска традиција во градот, позната пред се преку делувањето на христијанскиот маченик и мисионар, подоцна прогласен за светец- Свети Еразмо во третиот век, а подоцна и преку лихнидските свештеници и епископи Зосим и Дионизиј ( за првпат Лихнидос е споменат во протоколот на Соборот во Сердика во 343 година), како и со подоцнежните епископи Анатолиј, Лаврентиј, Анастасиј... Во петтиот век Лихнидос бил епископски центар. Во шестиот, пак, го населуваат Словените и нивното племео Брсјаци.За првпат Лихнидос се споменува со новото име Охрид на Цариградскиот собор 879 година. Се смета дека името го добива од двата словенски збора " во хрид" што знач на рид. |
||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Предание
за манастирот Заум во Охрид
За Оридското езеро се велело од стари луѓе оти дно немало. Мнозина луѓе го мериле да му ја видат длабочината колкава му е, и секој што мерил кажал колку аршини е длабоко. Некоја жена (едни велат оти некоја царица била) и таа отишла да го мери колку е длабоко; мерејќи го баш во средето, како да сакаше езерото да ја откаже таа жена од таа севда, да не го мери оти не ќе може крај да најде на длабочината, тики откај што си било езерото тивко и мирно, туку беше се дигнале едни талази колку едни планиње и го дигнале каикот (чунот) на жената, и почнал каикот да се готви да се удави; бре држ го дујменџиите дујменот, бре крепи, ѓоа да не се удави, арно ама „со глава ѕид не се турка,”.што рекле. На тој страв од жената, паднала на коленици и почнала да се моли на Бога и да му таксува, да направи еден манастир тамо каде што ќе ја избави од улавото езеро. Штом си таксала да направи манастир, и почнале талазите да се смалуваат, и полека-лека излегол каикот на брегот, та се к*ртулисала жената и тие што беа во каикот. „Е, уште еднаш за ум нека ми биде ова, им рекла на каикчиите, што дојдов да го мерам езерово.” Велејќи така жената, и веднаш беше заповедала да се направи на истото место еден манастир и го крстила „Заум”, демек од големиот страв што го видела таа го нарекла манастирот така да гледа во него и да паметува оти ќе се удавела. Хе само за неа така да гледа и да се чува да не влегува во езерото, ами за секој човек што ќе одел тамо. Ова предание сите оридчани го знаат. (предание запишано од М. Цепенков) |
||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Името Виница потекнува од зборот ВИНО, бидејќи подрачјето на Виница во минатото било познато по своите лозови насади. На теракотните икони пронајдени на локацијата Виничко Кале името на градот е запишано како Винеа или Винце.Според локалната легенда името настанало во период од неколку сушни години кога наместо со вода, куќите биле градени со вино.........
Изменето од bijonse1 - 27.Февруари.2010 во 16:29 |
||
bingo
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 2522 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во текот на историјата, во зависност од владетелите, градот Битола имал многу имиња. Словенскиот назив за градот, Битола, потекнува од зборот Обител (старословенски: Обитѣль) кој за време на средниот век се користел за заедница на монаси, односно манастир. Името го добил по многуте манастири што се наоѓале во градот и во околината, а некои постојат и денес. Со текот на времето, гласот О се исфрла во изговорот на зборот „Обител“, и името на градот станува Битола. Грците од истите причини градот го нарекувале Монастири (грчки: Μοναστήρι). Битола е денешен официјален назив за градот, но истовремено и најстариот назив, судејќи по Битолската плоча од 1015 година на којашто градот е спомнат, како и според многуте војсководци на царот Самуил, како и патниците од тоа време. Арапскиот патник Абу Абдалах Мухамед ал-Идриси во 12 век напишал: „Потребни се два дена патување на исток за да се стигне од Ахрид (Охрид) до Бутили (Битола). Бутили е необичен и убав град.“
Постојат приказни според кои на десниот кеј на реката Драгор имало 41 цркви и исто толку воденици за нивно издржување. Исто така и на левиот кеј на Драгор имало 29 цркви со исто толку воденици. За време на празничните денови во тоа време, народот од селата од Битолското поле се собирале кај овие цркви каде ги вршеле своите верски обреди. Со оглед на тоа што земјиштето на кое се наоѓал градот Битола тогаш било прекриено со многубројни цркви, градот го добил името Манастир[се бара извор]. Има верзија која вели дека градот Битола името Манастир го добил по една огромна црква која се наоѓала над Битола, кај сегашниот мост викан Црн Мост (турски јазик: kara köprüsü). Во оваа црква можеле да се сместат сите присутни од селското население од битолското поле кои доаѓале за време на празниците да ги вршат верските обреди. Според записите на Марко Цепенков, градот Битола своето име го добил по големопоседникот Тољо, кој имал своја тврдина во близината на денешното битолско село Буково. Во времето кога дошле Турците да го освојат овој дел од Македонија, за да го повикаат на борба големопоседникот Тољо, му велеле „Би Тољо, до би Тољо“, со што според Марко Цепенков од таму потекнува денешното име на градот Битола. За време на отоманските власти, градот се викал Манастир, што Турците и Албанците го усвоиле од Грците. После Балканските Војни од 1913 градот потпаѓа под српска окупација и повторно го добил старото име Битола. Изменето од bingo - 04.Март.2010 во 16:06 |
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Струмица
- Википедија. !!:.....Со преселбата на Словените, која се одвивала во периодот од
осумдесетите години на 6
век до триесетите години на 7
век, градот доживеал големи разурнувања. На овие простори се
населило словенското племе Струмјани, кое го добило своето име по реката Стримон, која тие ја преименувале во Струма. Склавинијата на Струмјаните егзистирала како
независно словенско кнежество определен период, додека не биде
завладеана од Византија. Во периодот од 845 година до 855 година како
византиски воен управник во брегалничко-струмичкиот крај бил Методиј (825-885).............ЌИзменето од brza - 04.Март.2010 во 20:26 |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пелистер
Постојат две легенди поврзани со името Пелистер........ Едни велат дека името потекнува од грчкиот збор пелистер што значи гулаб..... оти кога планината се гледа од далеку наликува на гулаб........ Другата пак е поврзана со петигличестиот бор - молика ем само тука расте ем со пет лисија.......пет-листер.....па оттаму Пелистер. Изменето од bijonse1 - 02.Февруари.2011 во 18:57 |
||
bingo
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 2522 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Изменето од bingo - 22.Април.2010 во 11:30 |
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
bingo
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 2522 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Потеклото на името Дојран ...се поврзува со една легенда... кога зимата
1371-1372, кога турските војски навлегувале во Македонија, стигнале и во
Тауријан (Полин).
Тие дошле од исток, а бидејќи било зима, езерото било замрзнато и покриено со снег...турската војска, без да знае, поминала преку замрзнатото езеро и стигнала во градот....градските првенци, кои ја пречекале војската, прашале од каде поминале, а турскиот војсководец Евронос одговорил: „Ете, овде, преку полето“...тогаш првенците му кажале дека тоа не е поле, туку дека поминале преку замрзнатото езеро, покриено со снег...кога го разбрал тоа, Евронос наредил да се направи голема и богата гозба, што на турски значи „дојрумаќ“...се смета дека од тој збор и по тој случај градот добил ново име. Друга легенда, пак, наведува дека Дојран го добил своето име по еден друг турски збор – „далјан“, што значи место, езеро, богато со риби. Изменето од bijonse1 - 02.Февруари.2011 во 18:55 |
||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
МАРИОВО
За потеклото на името Мариово постојат повеќе легенди. Едната од нив вели дека тоа го добило името по убавата Марија која, по долги натегања, заминала во харемот на турскиот бег и се жртвувала за да го спаси целиот крај од потурчување. Другата легенда говори за името Мориово, кое доаѓа од верувањето дека пред многу векови тука постоело море, за што сведочат многубројните карпи кои потсетуваат на школки. Мариовскиот крај, кој плени со едноставната, но халуцинантно моќна природа, оставајќи тишина во сеќавањето по средбата со неа, крие тајни, легенди, но и културна оставина, кои викендов беа предмет на трибината посветена на културното и туристичко заживување на Мариово, одржана во селото Старавина, родното место на една од најголемите македонски народни хероини - Калеш Анѓа. Една од многубројните локални легенди, можеби најинтересна, која ја нема во записите за нашето нематеријално културно наследство, е онаа за тревата што бега. Легендата за неа е своевидна реплика на волшебниот напиток од приказните кој им дава сила на јунаците да ги поминат искушенијата и премрежјата на личната иницијација. Растението, според мариовци, го добило името по карактеристиката да може да го скинат само одбрани луѓе. Од тревата што бега, која за неупатените изгледа сосема обично, се правеле амајлии кои штителе од зло. Нив ги носеле војниците низ сите војни кои го зафатиле Мариово, а многумина ја избегнале смртта благодарејќи на волшебното растение, раскажуваат селаните. Според народното мислење, мариовците се досетливи луѓе, силни и инаетливи борци против неправдата. Зад ваквиот став стојат многу приказни низ историјата. Една од нив е легендата за Калеш Анѓа, овековечена во истоимениот роман на Стале Попов. Куќата од каде што потекнува најубавата и надалеку позната мома од селото се уште гордо стои на оригиналните темели во Старавина. Според преданието, преубавата Анѓа, несакајќи да се потурчи, била грабната и однесена кај турскиот бег во Прилеп. Жителите на мариовските села, обединети и разгневени од настанот, отишле во Прилеп и ја вратиле Анѓа дома. Потоа се засолниле во тврдината Пешта, која и денес се наѕира од селото, во која живееле под опсада цели десет години, се додека една баба не ги предала на Турците. Потоа, според приказната, Анѓа завршила во Истанбул. Таму таа го сретнала својот брат-близнак Анѓеле, го препознала по белегот на ногата и тој ја вратил назад во селото. Денес куќата во која живеела Калеш Анѓа се уште постои и е дел од зафатот на домашните и на странските залагачи за репарирање на културните споменици на Мариово. За жал, како што раскажуваат старавинци, сопствениците ја продале куќата за симболична сума. Така, потенцијалната туристичка дестинација, за која иницијаторите за културно заживување на овој крај се сигурни дека би привлекла многу туристи, е препуштена на исчезнувањето. И од најпознатиот мариовец, итрецот Итар Пејо, кој, според непрецизните локални преданија сигурни во неговото постоење, живеел во селото Градешница, се останати само приказните и мудроштините. Од оваа мариовска хумористична икона и од марифетлуците врзани со него би се воодушевувале туристи од сите страни на светот, но, за жал, од него во Мариово нема никаков материјален спомен. Архитектот Гоце Аџи Митрески, во рамките на трибината одржана во Старавина, нагласи дека Мариово, меѓу другото, може да се протолкува и како музеј на Првата светска војна, бидејќи во целиот регион се пронајдени шлемови, катарки за вода и бункери каде што се засолнувале војниците. Потврда за некогашната интензивна комуникација на Мариово со светот е и римски пат „Виа Игнација“, кој поминувал низ овој предел. Мариово има и прекрасни цркви и манастири. Во Градешница, на пример, има дури девет. Една од најстарите е црквата „Св. Димитрија“, која се смета дека потекнува од 14 век или од 15 век. Во Старавина постои и една црква која со досетливиот говор на мариовци е наречена „Магарешка црква“. Во минатиот век неа ја граделе Бугарите, но бидејќи населението не ги поддржувало во потфатот, црквата останала недовршена. Бидејќи таа станала засолниште за локалните магариња, така го добила и името. (текстот е превземен) Слика од локалитетот каде е сниман филмот Мајки |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како градовите во Македонија ги добиле своите имиња
Најчесто мештаните или староседелците знаат точно како нивниот роден град или родно место се создало, го добило своето име, која е неговата културата, историја и слично.
Секако дека сето ова го имаме учено некогаш во средношколските клупи, но ретко кој се сеќава на секој изучен детал за нашата татковина. Затоа, решивме да ви донесеме неколку факти малку различни од оние што можат да се најдат во учебниците по историја. Овој пат ќе пишуваме за тоа како градовите во Македонија ги добиле своите имиња.
Прилеп Како и за други македонски градови, така и за Прилеп има неколку преданија за тоа како е настанат градот.
Берово Жителите на најисточниот град во Македонија раскажуваат две легенди за тоа како настанало името Берово. Според една легенда името доаѓа од сточарот Беро, кој поседувал ливада – Беровска ливада помеѓу селата Робово и Мачево. Втората, и поверојатна верзија е дека луѓето „се береле“, односно се собирале од Малешевијата во Беровската котлина и така дошло до името Берово.
Радовиш Градот Радовиш го добива своето име по убавата кнегиња Рада која живеела тука, која и самата била заљубена во овој град. Поради нејзината убавина и во нејзина чест, градот го носи нејзиното име.
Струга И за Струга постојат две легенди. Едната вели дека Струга го добила своето име поради отворената географска положба на градот – место каде што постојано „струже“ (дува ветер). Втората легенда вели дека некогаш, одамна, македонските словени Брсјаци и Мијаци во струшкиот регион се занимавале со сточарство и овците ги носеле на стрижење токму на истекот на Црн Дрим од Охридското езеро. Од стрижењето на овците се доаѓа до зборот Струга. Охрид Според легендата на браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите меѓу кои лежи градот и извикал „ох рид“ – од каде и што дошло името на градот. Гостивар Потеклото на името на овој град е словенско, односно поточно кажано чешко! Имено, во Прага постои цела населба која се нарекува Гостивар – на чешки Hostivar. Чешкиот збор хости всушност означува гости – гостопримливост, добродојденот и слично. Кочани За името на градот Кочани постои една легенда кои вели дека многу одамна човек по име Кочо отишол на печалба во Кина, од каде го донел оризот во својот роден крај. Оризот успеал во овој регион а населеното место го добило името Кочани во чест на човекот кој ја донел оваа култура во овој град. Делчево Старото име на ово град е Василево. Василево преведено од грчки означува Царево Село. Во турско време, Делчево се нарекувало и Султанија, а по Втората Светска војна, во 1950-тата година, Президиумот на Народното Собрание на НР Македонија донесува одлука Царево Село да се преименува во Делчево, во чест на Гоце Делчев. Свети Николе Се смета дека овој град го добил своето име по црквата Свети Никола. Во турско време, во овој град се наоѓале околу 40 цркви, и сите до една биле срушени, освен најубавата – Св. Никола. По неа и го добил градот своето име.
Битола И Битола има повеќе преданија за тоа како настанало ова име. Куманово За тоа како настанало името на градот Куманово постои само една легенда која е и доста логична. Се смета дека овој град името го добил по племето Кумани кои во 1094-тата година се населиле во овој предел и долго време се задржале во кумановската општина и пошироко. Велес Во текот на историјата, градот Велес повеќе пати го менувал своето
име, од Вила Зора и Ќупурли до Титов Велес и Велес. За настанокот на
неговото име има две легенди. Гевгелија Според легендата за градот Гевгелија, некој дервиш, сосема случајно залутал во овој град. Но толку му се допаднал што дури и не сакал да си замине потоа. Мештаните не сакале да го примат странецот во своето родно место па се обиделе да го избркаат. Дервишот повреден и тажен заминал од градот, колнејќи го мештаните. Дури тогаш тие сфатиле дека треба да бидат гостопримливи и го повикале дервишот назад со зборовите гел-гери (ела назад) – од кои подоцна дошол зборот Гевгелија. Крива Паланка Сосема логично, името на градот Крива Паланка доаѓа од кривото корито на реката Крива. Кратово Кратово го добил своето име благодарение на својата местоположба. Како што сите знаеме, Кратово лежи во вулканска подлога, односно вулкански кратер и од тука доаѓа и името. Скопје Градот убав низ историјата сменил неколку имиња. Неговото античко име
е Скупи, во византиските документи е запишан како Скопија, а Словените
го нарекувале Скопје, Скопие и Скопље. |
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
''Охрид
Според легендата на браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите меѓу кои лежи градот и извикал „ох рид“ – од каде и што дошло името на градот.'' 55555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555555 ...posmeshno neshto ne sum chul...barem denes...seushte! ..znachi,...justinijan ,...na chist literaturen makedonski ....izvikal ! |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |