IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - За пушачите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За пушачите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 9>
Прашање: Зошто пушете ?
Одговор Гласови Статистика
2 [5,71%]
20 [57,14%]
1 [2,86%]
1 [2,86%]
6 [17,14%]
0 [0,00%]
5 [14,29%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2009 во 03:28
ucam medicina i sum razgovaral so profesorot na tema beli frobovi i pusac... ovie beli drobovi pogore se od strasni pusaci koi pusat po 3 kutii na den i toa od cigari koi sodrzat premnogu katran... inace sum videl beli drobovi na mrtov covek i kako prvo ne se beli kako na slikata tuku tie bea na pusac i imaa dobieno malo potemnuvanje pa se gledase modra boja na niv...
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 14:34

Пред да го вдишете првиот дим на цигарата имате неколку можности да се откажете од намерата:

- Треба да станете и да појдете до кутијата со цигари. Ако не станете - блазе Вас!
- треба да ја отворите кутијата. Ако не ја отворите - блазе Вас!
- треба да ја извадите цигарата. Ако не ја извадите - блазе Вас!
- треба да ја наместите цигарата меѓу прстите. Ако не ја наместите - блазе Вас!
- треба да ја принесете цигарата до уста. Ако не ја принесете - блазе Вас!
- треба да ја ставите цигарата меѓу усните. Ако не ја ставите - блазе Вас!
- треба да ја земете запалката. Ако не ја земете - блазе Вас!
- треба да ја приближите запалката до цигарата. Ако не ја приближите - блазе Вас!
- треба да чкрапнете за да се запали огнот од запалката. Ако не чкрапнете - блазе Вас!
- треба да вдишете смрт! НЕЕЕЕЕЕМММММООООООЈЈЈЈЈТЕЕЕЕЕ!!!! Ако не вдишете - блазе Вас!
Ако вдишете - тешко Вас! Ѓаволот нестрпливо трие раце и едвај Ве чека во својот пекол, кој се случува уште тука на земјата и во овој живот!
 
Многу убаво знам што се тоа слабости и немам намера да осудувам ниту еден пушач. Ова Ви го зборувам најљубовно и најљубезно - без ронка осуда!
Кон врв
soul... Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 21.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 73
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај soul... Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2009 во 13:39
kakvi li se moite
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2009 во 17:30
Pushenjeto e zavisnost,a lekovite znaeme deka se mech so dve ostici...

Zashto da upotrebuvame lekovi zaradi edna losha navika???

Potreben e samo cvrst karakter i odsechno STOP,bez da si odreduvame rokovi i termini od tipot....''aj ushte ovaa kutija '' ili ''aj od ponedelnik''...
Кон врв
cupeto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 206
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај cupeto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2009 во 19:34
Znaete kako se prekinuva so pusenje???
Ne da reces STOP , ili od utre ne pusam ,
oti teloto odma prajt odbranben mehanizam
i predhodi pusenje cela kutija za da se zasiti so dovolna kolicina nikotin,
vaka se prekinuva :
aj so kafence cigarce??
ako de ama aj posle sega nema da pusam ,
doagja posle :
aj sea cigarce??
da aj ,ama aj pak posle eden caso sega imam rabota ,
aj posle eden cas?
eeee, sega aj vecer so kafeto ,
aj vecer so kafeto cigarce??
eeee , sega e vecer aj sega ne mora utre ke zapalam ,
i taka teloto ne dobiva naredba deka ke se sluci stop na nesto sto e zavisen
i ne reagira ,
i navistina ako vaka se postavis i izdrzis 3 dena
 - zbogum cigari  љубов


Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2009 во 17:21
Od iskustvoto na tie sto se uspesno se otkazale od cigarite , potrebno e naednas da se prestane .
Bidejki toa e zavisnost na koja sto sme se navlekle, otkazuvanjeto predizvikuva stres .
Zatoa e potrebna odlucnost, karakter ,motivacija i po moznost da nema drugi stresovi vo toj periodot .
~Live the life you love, love the life you live~
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2009 во 12:24
За пушењето е виновен Колумбо

Цигарата можеби ја скусува досадата, но сигурно го скусува животот. Шест милиони луѓе ширум светот идната година ќе умрат од последици од пушењето, оценуваат експертите на Американското друштво за борба против ракот.


Во текот на минатиот век од цигарите починале 100 милиони луѓе, додека во 21 век се предвидува дека од последици од пушењето ќе умрат дури една милијарда луѓе. Се смета дека годишно само во Европа од последици од пушењето умираат околу 500.000 жители.

Пушењето ја продлабочува и економската криза, бидејќи секоја година глобалната економија ја чини 500 милијарди долари директни медицински трошоци, намалена продуктивност и штета за околината.

Благодарение на антипушачките кампањи и забрани, од 70-тите години бројот на пушачите полека се намалува во богатите земји како што се САД, Британија и Јапонија. Но се зголемува во многу земји во развој. Во моментов бројот на пушачите во светот е околу една милијарда и 250 милиони.


Тутунот убива меѓу една третина и една половина од пушачите и тие во просек умираат 15 години пред непушачите. Изложувањето на пасивно пушење секоја година убива 200.000 луѓе во светот.

Иако научните студии во последните 20 години јасно укажуваат дека пушењето и чадот од цигарите се фактори на ризик за појава на некои опасни болести, многумина и понатаму лесно паѓаат во таа стапица и од неа тешко се извлекуваат.

Некој се смета за поранешен пушач дури откако ќе помине една година откако престанал да пуши. Велат, за се е виновен Колумбо, а на Србите им се виновни и Турците.

Во Европа тутунот пристигнал по експедицијата на Колумбо на островот Сан Салвадор, каде со домородците го испушил првото луле на мирот. Колумбо запишал дека „во новата земја мажите и жените ќе одат со некое запалено завиткано стапче во устата. Од тоа се обвиткани во чад“.

Дваесет години по откривањето на Америка, тутунот прво стигнал во Португалија, а потоа во Шпанија. Се одгледувал како украсно лековито растение. Во Европа почнал да се одгледува дури 40 години подоцна.

Низ историјата, тутунот се користел на разни начини. Индијанците од Северна Америка го употребувале во култни обреди и народната медицина, подоцна луѓето почнале да го шмркаат, џвакаат, сецкаат за во луле, го виткале во лист од пченка и на крајот во хартија.

Наспроти првичните верувања дека тутунот има лековито дејство, набрзо биле донесени прописи за забрана за употреба на тутунот, а казните во некои држави биле толку ригорозни па прекршителите биле осакатувани или убивани.

Низ историјата властите на најразлични начини се обидувале да ја забранат или намалат употребата на тутунот. Меѓутоа нема некои резултати.

Бидејќи таа страст не можела да се спречи, на пушачите им биле наметнати даноци. Во Франција во 1674 година бил формиран државен монопол над тутунот како најсигурен вид на државен приход. Премиерот на Франција го следел целиот свет бидејќи тутунот носел големи финансиски приходи.

Тутунот во Србија стигнал со доаѓањето на турските освојувачи. Од тогаш Србите ја „негуваат“ пушачката традиција и денес се трети во светот по бројот на пушачи, по Турција и Грција и се наоѓаат високо на листата на смртност од последиците од пушењето.

На почетокот Србите тутунот го препишувале како лек. Во старите записи се наведува дека „тутунот се ценел повеќе од лебот“, а пушеле сите. Жените пушеле поретко и тоа откако ќе се омажеле. Мажите пушеле дома, на работа, но сепак најчесто во кафеаните.

Тогаш било обичај сопствениците на кафеаните гостите да ги пречекуваат со луле во рака. Бидејќи тутунот бил скап порок, жените често оделе кај гатач во надеж дека ќе им помогне мажите да ги одвикнат од пушењето.

Денешните забрани за пушење на јавни места не се новост во Србија, бидејќи да се пуши луле одејќи на улица било забрането со указ од 1824 година. Но нема успех, исто се случува и денес.


Колумбо иди во 3пмлутина
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2009 во 15:04
Алкохолот и цигарите се поопасни и од некои дроги

Едно најново истражување покажа дека легалните опијати како алкохолот и цигарите се поопасни од некои нелегални дроги како што е марихуаната, екстази, па дури и ЛСД. Професор Дејвид Нуд од Универзитетот во Бристол и неговите колеги предложиле нова класификација за штетните супстанции, базирана на вистинскиот ризик за луѓето. Според нив, на врвот на листата е хероинот, по што следуваат кокаинот, барбитуратите, уличниот метадон, алкохолот, кетамините, бензодиазепинот, амфетамините, тутунот и бупренорфините.

Нут и неговите соработници избрале три фактори што ја одредуваат штетата што определени дроги може да ја предизвикаат: физичка и психичка штета за корисникот, потенцијал за предизвикување зависност и последиците за околината.

Во истражувањето тие се консултирале со голем број психијатри што специјализирале работа со зависници, полицајци, научници и медицински експерти.

На крајот на истражувањето сите учесници во проектот се сложиле со резултатите, но не и со британската класификација на опасните супстанции.

Од 20 тестирани супстанции, алкохолот и тутунот успеале да влезат меѓу првите 10.

Тутунот е причина за дури 40 отсто од заболувањата кај хоспитализираните болни, додека повеќе од 50 отсто од интервенциите на брзата помош се поврзани со алкохолот. И тутунот и алкохолот се значително штетни за околината, а се и причина за големи семејни кавги и за полициски интервенции.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 11:14

                                                         Причини за да ги оставите цигарите

Само неколку дена од последната запалена цигара ќе ви се подобрат вкусот и мирисот.

По четири седмици во слузокожата од устата се создаваат нови ќелии кои порано се уништуваа со бројните отрови од цигарата.

Забното месо се регенерира брзо, а брзо зараснуваат и раните во устата

БЕЛИ ДРОБОВИ

По една седмица се подобрува дишењето и капацитетот на белите дробови.

Се намалуваат слоевите штетни материи (катран). По шест месеци има значително помалку слуз во бронхиите, хроничниот притисок во нив престанува, а го нема и надразнувањето кое ве тера да кашлате.

МОЗОК

Два часа од последната запалена цигара никотинот ќе почне да исчезнува. Никотинските рецептори кои ја поттикнуваа желбата за цигара не се создаваат по веќе во мозокот. Рецепторите се гаснат.

По две седмици поранешниот пушач ја совладува и најјаката желба за пушење, почнува да чувствува ментално задоволство, а се зајакнува и самодовербата. 
 

КРВОТОК

20 минути од последната запалена цигара се урамнотежува бројот на отчукувањата на срцето и телесната температура.

По еден ден од белите дробови исчезнува јаглениот моноксид и отровите го напуштаат телото

Шест месеци од престанокот со пушењето, во телото се корегираат затворените, нееластични крвни садови. Ризикот од болести на срцето и крвните садови е двојно помал за разлика кај пушачите. 

СРЦЕ И ИМУНИТЕТ

Дури по еден ден од престанокот на пушењето се намалува ризикот од срцев удар. Срцето подобро пумпа, па обезбеденоста на органите со кислород е подобра.

Силата на одбранбениот систем е значително поголема и дури во првите месеци од непуштеното, па борбата со инфекциите е полесна.

Ризикот од коронарни болести се намалува за 50 проценти по една година. Треба да поминат 5 години за да се изедначи ризикот од инфаркт како оној кај непушачите. Ризикот од тумор (посебно ракот на белите дробови) е намален за половина по 5 години.

КОЖА

Четири седмици од последната цигара лицето изгледа посвежо бидејќи е подобрен и крвотокот во малите поткожни крвни садови.

Образите добиваат црвен тен. Кожата по веќе не мириса на катран и чад. 

 
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 11:30
Издржете без цигара

Речиси и да не постои пушач кој во текот на животот не се обидел да се ослободи од оваа штетна и опасна по здравјето навика. Најголем дел со помош на цврстата волја и силата успеваат да се одвикнат од пушењето, но некои тоа го прават со неуспех. Кога ќе дознаете како никотинот делува на мозокот, веројатно никогаш нема да започнете да пушите. Сликовито кажано, помеѓу молекулата на никотинот и ДНК во нервните станици на нашиот мозок постои "тајна врска“. Невролошките истражувања докажуваат дека колку повеќе никотин им даваме на невроните, толку повеќе во нашата свест се засилува чувството за палење цигара. Научниците не го поврзуваат никотинот со појавата на заболувања поврзани со пушењето. Тие сепак се сигурни дека заболувањата се предизвикани од канцерогениот катран кој се внесува преку тутунот.

Никотинот не е единствена штетна состојка во чадот. Присуството на јаглениот моноксид во крвта го намалува дотокот на кислород до срцето и до другите делови од телото. Заради однесувањето на невронската ДНК, научниците тврдат дека таа ги привлекува молекулите на никотинот. Може*и ниту изразот "страст“ со кого најчесто ја поврзуваме навиката за пушење не е нималку случаен. Како и да е, кога станува збор за невроните, тој израз точно ја опишува поврзаноста на никотинот со внатрешните процеси.

Пушењето и крвотокот

Пушењето или изложеноста на високи количества чад од цигари во околината предизвикува заболување на срцето и крвните садови.

Чадот исто така предизвикува стеснување на артериите во рацете и нозете.

Пушењето ја зголемува опасноста од развој на кардиоваскуларни заболувања кај луѓето со висок крвен притисок. Пушењето го забрзува и развојот на малигната хипертензија, многу опасен облик на зголемен притисок.

АРТЕРОСКЛЕРОЗА

Артеросклерозата настанува кога на внатрешните ѕидови од артериите ќе се создадат масни слоеви, со што садови те стануваат се пократки и помалку еластични. Кога ќе се случи ова, срцето мора да ја засили својата работа за да минува крвта низ неопходните канали. За творените артерии се главна причина за срцевиот и мозочниот удар.

Стеснувањето на срцевите артерии (коронарните артерии) е најчеста кај пушачите за разлика од непушачите, а кога ќе настапи, кај првите е од потежок облик.

Покрај пушењето, и високото ниво на холестерол во крвта е ризик фактор за болестите на срцето и крвните садови. И кај мажите и кај жените пушењето делува заедно со холестеролот, значително зголемувајќи ја опасноста од кардиоваскуларните болести. Со други зборови, кај луѓето кои пушат и имаат високо ниво на холестерол во крвта е поголем ризикот од ваквите болести.

ПУШЕЊЕТО И ПЕРИФЕРНАТА ВАСКУЛАРНА БОЛЕСТ

Периферната васкуларна болест е стеснување на крвните садови кои ја доведуваат крвта до рацете и нозете. Таа е опасна, бидејќи ако крвната грутка ја затвори и така стеснетата артерија, резултат од тоа може да биде оштетување или одземеност на рацете и нозете. Пушењето е главен ризик фактор за периферната болест на крвните садови.

Луѓето кои престануваат со пушењето можат битно да ја намалат периферната васкуларна болест.

Шеќерната болест е уште еден ризичен фактор за оваа болест на крвните садови. Дијабетичарите кои пушат со тоа го зголемуваат ризикот од нејзина појава.

 

Идниот викенд читајте: Пушењето и срцевиот удар, Пушењето и контрацептивната пилула, Пушењето и тинејџерите

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 14:08
....i sto mislite vo vakvi uslovi moze rak da zaviee..?ma ajde..
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 14:08
План за одвикнување од пушење

Како да се одвикнете? Дали постепено да го намалувате пушењето, или едноставно да прекинете наеднаш?

Ве запознаваме со неколку причини поради кои е најдобро да ги отфрлите цигарите, ВЕДНАШ.

Пушењето може да ви уништи одделни органи од телото - мозокот, срцето, крвните садови, белите дробови и другите органи.

Затоа веднаш прекинете со пушењето. Во ова издание ќе го најдете единствениот план со помош на кој неколку милиони луѓе престанале да пушат. Планот опфаќа 10 едноставни упатства кон кои треба да се придржувате пет дена. После тоа, ќе сфатите дека животот без цигари е многу поубав.

Со победата над оваа навика ќе добиете многу подолг живот, подобро здравје, поголема животна сила, помалку лекување.

ПРВИТЕ ТРИ ДЕНА

Ако сакате да се ослободите од пушењето, потребно е тоа да го направите плански.

Најдобар начин за оставање на цигарите е тоа да го направите одеднаш. Подобро е да прожи веете неколку тешки денови, отколку да го развлекувате мачењето со недели и месеци. Ако наеднаш престанете да пушите, ќе ја совладате таа навика многу побрзо отколку што мислите. Сакаме да ви помогнеме колку што е можно побрзо да се ослободите од таквата страст, всушност, во рок од пет дена.

НАЈТЕШКИ СЕ ПРВИТЕ ТРИ ДЕНА

На крајот од петтиот ден повеќемина заклучуваат дека желбата за пушење е намалена или исчезнала. Ако издржите десет дена, тогаш сте успеале. Речете си самите себеси: "Одлучив да не пушам“! Повторувај те ја својата одлука цел ден, од утро до последниот миг пред да ве совлада сонот. Додека ја повторувате мора и да верувате во неа. Со тоа расте отпорот кон желбата за тутун.

Сега е вистинскиот момент, целосно да сфатите дека начинот на кој мислите и силната волја што при тоа ја применувате има непосредно влијание врз намалувањето или зголемувањето на желбата за тутун.

Немојте да заборавате на таквиот основен однос помеѓу разумот и телото, бидејќи тоа ќе го искористите во борба та против пушењето. Секој ден кога се поуверливо повторувате "Јас нема да пушам“, присетете се дека таа позитивна и силна одлука непосредно влијае на самата желба за пушење и тоа, во таква мера, што кај повеќето луѓе таа потреба забележливо слабее. Со правилно насочена волја, малку по малку совладајте ги вашите навики. Кога ќе ве обземе силна желба за пушење, погледнете го сопствениот часовник. Набљудувајте ја големата стрелка и нејзиното движење. Без разлика на силината на желбата, сигурно ќе и одолеете барем во следните шеесет секунди. И сега, кога поминала една минута, издржете уште една. Секако, вие го можете тоа! При тоа, внимавајте на уште нешто. Штом отчукне и третата минута, многумина чувствуваат дека желбата достигнала до врв, а потоа почнала да слабее. Ќе ви би де потребна целата сила и волја која ја поседувате, секој час, секој ден, да бидете се поупорни.

Сакаме да ви посочиме неколку правила кои треба да се следат, без исклучок, ако сакате да тргнете во нов живот.

Идниот викенд читајте: Спасот е во течноста, Туширање, Редовноста е важна

Кон врв
-Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 750
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај -Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2010 во 13:11

Не постои човек кој не знае дека пушењето е штетно за здравјето. Некои поради тоа избираат да се држат подалеку од овој порок, но често луѓето го пренебрегнуваат фактот дека цигарите можат да бидат смртоносни и продолжуваат да уживаат во секој дим.

Фрапантни се податоците дека Македонија се наоѓа на второ место во Европа по бројот на пушачи и дека скоро половина од населението е зависно од пушењето.

Од друга страна, денес сè повеќе пушачи се обидуваат да се откажат од цигарите. Дел од нив заради финансиите, а дел поради тоа што сакаат да го заштитат своето и здравјето на своите најблиски.

Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2010 во 19:05
Најверојатно и моите се “подзапрљани“...
Не дека дувам цигари, туку го дишам чадот што го изспуштаат луѓево околу мене, вклучувајки го и татко ми...За жал...
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,113 секунди.