|
Закон за забрана на пушење на јавни места |
Внеси реплика | страница <1 2728293031 36> |
Автор | |||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Законот е пререстриктивен и тоа е факт. Им штети на многумина. Само со почитување на правата на сите чинители ке биде добар. И ај уште еднаш да повторам, добар закон ќе биде САМО ако обврзе на -угостителски објекти за пушачи и за непушачи по зибор на сопственикот (па нек се види кој кого ќе прими во своја кафана) - одредување простории за пушачи во сите инстируции па нека се тоа и образовни, здравствени, вакви-такви бидејки секаде има пушачи и срамота е да пушат на паузи на улица каде сите ги гледаат и ги сожалуваат (со контрола на паузите, надокнадување на времето изгубено за пуш пауза) Промена под хитно и да не ми се вадат на Европа, америка и незнам што глупости. |
|||
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Od koga stapi vo sila zakonov t.e. vo neceli 2 meseci, fativ povejke devojki otkolku vo cela 2009. Aj mozebi bez cigari sekoja vecer se vrajkam, ama se isplajka xD
|
|||
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ama ova?!....gluposti,...evropa,..amerika!...edinstvenite zemji koishto go turkaat, ( a, osobeno turkale!)svetot napred... |
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во однос на угостителските објекти, помалите и поголемите, си во право, ама во институции никако не смее да се дозволи. Колку што знам, во ниту една земја во институции, особено здравствени, не се пуши и не смее да се пуши, па никој ниту смее да го побара тоа, а особено не во здравствени институции, затоа што институциите се места каде сите мора да се обратиме некогаш, сакале или не, додека угостителските објекти не се такви места, односно зависи од нашиот слободен избор дали ќе ги посетиме или нема. Некои мора да разберат, дека умре "комунистичкото", кога и во институциите се пушеше, кому каде ќе му текне. Изменето од Македон - 21.Февруари.2010 во 14:07 |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Околу тоа колку е умрено комунистичкото нема да дебатирам затоа што има разлика во години меѓу нас и никако нема да се согласиме во гледањето кога било подобро и дали и сега во многу нешта не е ’’пусто комунистичко’’ Околу ’’кому каде ќе му текне’’ бев јасна и гласна (ама низ сите мои коментари на оваа тема), во засебни простории само за пушачи- пушални каде на вратата ке стои јасно и гласно- Забранет влез за непушачи. |
|||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Некои мора да разберат, дека умре "комунистичкото", кога и во институциите се пушеше, кому каде ќе му текне.
искрено,почнувам да имам нагон за повраќање од пречестото користење на зборот-КОМУНИСТИЧКО,КОМУЊАРИ и сл.
зар се што по вас е лошо е комунистичко?
денешницава многу повеќе личи на комунистичкото,
луѓето со „правите членски книшки“ имаат работа и отворени врати секаде...оние другите без книшките неможат никаде...
значи,не го корустете зборот КОМУНИСТИЧКО и кај треба и кај нетреба односно кај вас ќе ви текне...срамота е.
и да прашам-до пред еден месец живеевме во комунистичко време?
тоа би се заклучило според постот на Македон...зашто до пред еден месец се пушеше кому каде ќе му текне Изменето од Andjelina - 21.Февруари.2010 во 20:21 |
|||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Еееее да бевме комунистичко денес , законот ќе се почитуваше и никој немаше да смее да писне.... Но очигледно ние најдобро функционираме во режим општество бидејќи и ова малку демократија што ја имаме ја претворивме во анархија...Па така тој нагон на анархија не тера секој за себе да си крои закони на кој како му одговара... |
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ma'am vika:
- Забранет влез за непушачи. a, zoshto da mu e zabranet vlez na nepushach?...zabranata e za ona shto shteti na ostanatite poedinci,..a, ne na eden ili povekje ....ako nekoj saka da bide izlozen na toa,...negov problem, ama , ne mozesh da mu zabranish vlez tamu.....moze samo obratno ! inache,...ubavo ti kaza onoj makedonecon( ili shto i da e!)....na javni mesta ne moze da se pushi i ,...gotovo! |
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Намерно го употребив зборот комунистичко не како синоним на нешто лошо, далеку од тоа, не сакам низ идеологиризрани очила да гледам на нештата, најмалку на законите, ама како симбол на тоа дека често, тоа сите го знаеме, можевме да видиме дури и во здравствени институции, како си пушат, без око да им трепне. За администрацијата и да не говорам. Во институции, во развиените, демократски земји не е дозволено пушење, токму од таа причина што сите мора да се обратиме таму, сакале или не, а ние штом веќе решивме да ги следиме тие земји, мора да го правиме тоа доследно. Во однос на угостителските објекти, согласен сум со тебе, за помалите да одредува сопственикот, а поголемите да бидат поделени. Сепак, тие не се институции. |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Sakam da veruvam deka ova moze da se ostvari ama znam deka nema bidejki dosega iskustvata pokazaa deka nema edinstvo i za najmala akcija
Кафеански бојкот со пушење |
|||
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Mama znam deka mnogu si izrevoltirana od zakonot samo bi sakala da dadam svoe razmisluvanje nesto vo vrska so tvojot post pogore;
Za ugostitelskite objekti zabranata za pusenje e diskutabilno prasanje ama za javni ustanovi osobeno od zdravstveno--obrazoven karakter, treba bez razmisluvanje najstrogo da se zabrani pusenjeto, ne treba ni oznaceni prostorii da ima. Sekoj si ima pauza za rucek, dorucek pa neka si ja koristi kako saka.
Nekoj ke jade, nekoj ke si pusi nadvor so kafe. Pusenjeto e navika koja moze da se kontrolira i ne se umira ako ne se zapali cigara edno 4-5 casa pa i povekje. Poznavam eden kup pusaci sto ne gi pogoduva licno ova, tuku sekoj raboti dodeka treba da se raboti a vo slobodnoto vreme razmisluvaat za cigara.
Sepak vo interes na opstoto zdravje i dobrobit osobeno na bolnite i decata ne treba da postoi prostorija vo objektot koj e zagadena pa makar bila i izolirana.
Sepak treba site da sfatime deka kolku i da e prijatno da se pusi e apsolutno nezdravo i stetno vo zatvoreni prostorii kade sekojdnevno prestojuvaat pogolem broj na lugje.
|
|||
Beauty fades, dumb is forever
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Е тоа е тоа, што во образование нема пауза, туку еден голем одмор од 15 мин. И сега, со оваа забрана наставниците -пушачи се на 5 метра оддалеченост од училишниот двор, на улица каде минуваат учениците враќајки се од купување ужинка и ги гледаат како климчат на улица со цигарче и филџан кафе луѓето кои ги учат како треба да се изградат во свои стабилни личности и не треба да дозволат некој да им го руши дигнитетот, своето ЈА. Порано, заткриени во пушалните децата не ги гледаа, сега се е ачик.Порано се распоредуваа, едни па други, сега сите на улица. И уште една чудна појава- од некаде 50тина наставници (колку во просек има по училиштата) барем 40тина се пушачи. Наредени на улица оставаат слика на митингаши. |
|||
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Абе нели беше 30 мин порано на времето пауза за голем одмор, и ученици и професори? 15 мин ептен трагично звучат некако
За 15 мин не може никој да скокне и да си купи за јадење и да заврши со оброк или со кафе цигара.
А тоа за на улица,дека гледаат децата, што да кажам, сигурно и дома гледаат и дишат ама дома никој не може да ти забрани да правиш што сакаш.
Многу неправилности има, можеби со тек на време законот ќе се дополни и ќе се изгради како треба.
Со среќа
|
|||
Beauty fades, dumb is forever
|
|||
Внеси реплика | страница <1 2728293031 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |