IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Нибиру - X planet
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Нибиру - X planet

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 13:20
2012 Нубиру и апокалипса

Иако низ историјата луѓето многу пати најавувале апокалипси, науката сепак познава случаји кога нашата планета навистина минала низ такви настани, но дека тие и во иднина ќе се случуват и ќе го креират животот на планета. Секој чин на деструкција на крајот се покажува и како чин на креација на еден нов квалитет.



На ова предавање Скопското астрономско друштво ќе се обиде да ги разоткрие небулозите во врска со претскажаната апокалипса во 2012та година, како и за уште понебулозна планета Нубиру. Без да се влегува во причините за настанокот на овие приказни ќе се обиде со научни факти да се разоткријат тврдењата на творците на овие теории за уништување на Земјата.

Предавањето можете да се проследите во четврток 12.11.2009, 20h, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

повеќе информации на astronomija.com.mk

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2010 во 09:25

Светот нема да пропадне во 2012

Ако апокалиптичната планета веќе е на пат кон Сончевиот систем, тогаш веќе ќе можеа да се почувствуваат и последиците од нејзиното приближување

21:00 | 26.02.2010 | Автор: Шпиц

/ Блокбастерот „2012“ ја разбранува јавноста до толкава мера што експерти на Си-ен-ен мораа да објаснуваат дека тоа е само филм со добри ефекти и дека нема врска со реалноста. Кај нас, пак, многумина што на шега, што сериозно во поплавите, одроните и во расцепувањето на патот кај Ѓавато видоа остварување на пророштвото од филмот - светот да доживее катаклизма по две години. Идејата на филмот е преземена од верувањето на древниот народ Маи,

кој живеел во денешно Мексико. Според нив, во 2012 година во близина на Земјата ќе помине планета со големина на Јупитер, која ќе предизвика изумирање на животот на Земјата.
Е, сега тело со големина на Јупитер, која е најмасивната планета во Сончевиот систем, многу би влијаело врз целокупниот Сончев систем. Покрај Сонцето, кое со својата маса ги држи планетите и другите тела (астероиди, комети, метеороиди) во орбита околу него, така и самите планети си дејствуваат гравитационо едни на други. Исфрлете ја, на пример, планетата Сатурн од Сончевиот систем и веднаш ќе настанат промени на патеките на сите други планети.
Наводната планета Нибиру би требало да помине низ Сончевиот систем во 2012 година, што е за многу краток период, гледано астрономски. Штом таа планета за две години треба да помине низ Сончевиот систем, таа веќе би се наоѓала во него. Ако планетата веќе е на пат кон Сончевиот систем, тогаш веќе ќе можеа да се почувствуваат и последиците од нејзиното приближување. Значи, под дејство на нејзината гравитација, планетите ќе почнеа да прават промени во своите патеки, ќе настанеше една конфузија во целокупниот Сончев систем. Така што, не

треба да чекаме до 2012 година за да ги почувствуваме тие последици. Бидете сигурни дека ако ова беше вистина, немаше да треба некој да ви каже дека нешто „големо“ ни се приближува, туку сами ќе забележевте дека нешто не е во ред со нашата планета.
Доколку Нибиру сега би била во близина на Сатурн, според нејзината големина и растојанието што го има, би значело дека секој од нас би ја видел како една ѕвезда на небото. Доколку сте имале можност да станете деновиве пред да изгрее Сонцето и сте погледнале кон Исток, сигурно сте ги виделе планетите Јупитер и Венера близу една до друга. Значи и Нибиру би се гледала како нив, но најверојатно со нешто помал сјај.
Нашава планета е убаво место и ние треба да бидеме исклучително среќни што се наоѓаме на неа, па затоа искористете го секој момент што ви е пружен и уживајте во него. Земјата ќе си биде сина и убава и ќе ни го нуди и понатаму овој прекрасен дом.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2010 во 09:27
кога ja откриха 9тата планета па веке и 10та имаизненадување
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.