IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Преговори за името
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Преговори за името

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 184>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9425
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2010 во 18:56
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:



Se slozuvam so tebe deka ne treba da molcime samo zatoa sto sme mala zemja . Taka velese Josip Broz Tito
I mu rece hrabro NE na Stalin.Taka i sega Gruevski, hrabro DEMANTIRAM. Dovolno e vospitan da ne mu kaze - Abe batka ne lazi, ne rekov takvo neshto.голема%20насмевка




Da, taka e
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2010 во 21:07
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:




Se slozuvam so tebe deka ne treba da molcime samo zatoa sto sme mala zemja . Taka velese Josip Broz Tito

I mu rece hrabro NE na Stalin.
Taka i sega Gruevski, hrabro DEMANTIRAM. Dovolno e vospitan da ne mu kaze - Abe batka ne lazi, ne rekov takvo neshto.голема%20насмевка
koj be mala zemja bila?!изненадување.....a, kolkava pa treba da bide edna zemja da ne bide mala?...aman vishe so toa!...ima i mnogu pomali zemji od ovaa,..ama , ne veruvam dek stalno se vadat so toa deka bile malechki....koga  neshto ne im odi od raka !

...goleminata na edna zemja se gleda najprvin  sprema ...pametot na nejziniot narod,..tek posle doagja se drugo.

a i  ako yugoslavia bila mala pa, ...shto da se kaze .,..za deset pati pomal nekoj?!изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9425
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2010 во 21:31

Jugoslavija bila mala sprema SSSR, toa e fakt.

Makedonija ne e mnogu golema drzava, no pomala e od Grcija.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 11:04
Профил на ‘рбетовиткачите


Отворено го поддржуваат катастрофалниот предлог за преименување во виртуелна „Северна Македонија“, божем само за некаква надворешна употреба. Не е возможно да не им е јасно дека тоа значи, макар постепено, откажување од националниот идентитет, јазикот, културата, историјата...


     
     
Евидентно е дека имаме два табора. Најкусо, едниот: сака да се брани името на државата, како симбол на националниот идентитет на народот; не дозволува да се згази на достоинството на Македонецот и да се прифатат непристојни услови, колку и да се атрактивни погодностите кои ги нудат членствата во НАТО и ЕУ... За вториот: името не смее да биде пречка за евроатлантските интеграции; треба да се свитка ‘рбетот и да се плати цената за влез во нив: опседнати се со власта (читај: со премиерот!) и – ништо друго не гледаат; јавно, не прифаќаат промена на идентитетот и јазикот (бидејќи тоа би било самоубиство) и бараат некакви гаранции за нив (како за шпорет), ама нивната согласност да ни се смени името неизбежно води точно кон тоа. Впрочем, што е името ако не е основно обележје на идентитетот?

Бегол поглед на ставовите и „аргументите“ на „нашите“ ‘рбетовиткачи (или „еурофили“) покажува:

1. Немаат лош збор, камоли критика, за грчката политика кон нашата земја. Нивната црвена линија не им пречи, а ги премолчуваат (или ги сметаат за неточни) сега веќе јавните барања за промена на нашиот национален идентитет и името на јазикот. Не сфаќаат (?!?) дека за Атина главен проблем се Македонците, а не името Македонија; дека сакаат да нé обезличат... Во јавните дебати бегаат од оваа тема;

2. Ги игнорираат причините на проблемот и катастрофалните последици ако го смениме името, а милуваат да нагласуваат: што ако (брзо!) не влеземе во ЕУ и НАТО? Ги заменуваат тезите: место вистинската опасност да ја лоцираат во обидите за разнебитување на македонскиот народ, со што државата го губи столбот на кој опстојува, вниманието го вртат на сосема друга страна;

3. Толерантниот однос на ЕУ кон Атина, политиката на двојни стандарди на Брисел кон нас, како и блокадите кои истите ни ги прават на патот кон Европа, се табу теми за нив;

4. Беа шокирани од демонстрациите (за жал, на шака луѓе) по повод „солидарната“ одлука на Брисел да не ни одреди датум за преговори. Веднаш измислија „опасност“ од некаква евроскептичност, а преку 90% од населението е за влез и во НАТО, и во ЕУ;

5. За сé што ни се случува во однос на името, крива им е власта. Сé до апсурд: ем тврдат дека ништо не се прави, ем сé што ќе се направи во наша корист - им пречи и исмејуваат. Никогаш не спомнуваат аргументи во наша полза. Спремноста да се бранат фундаменталните права, за нив е популизам дури – национализам! Критикуваат што не сме одредувале црвена линија и што сме немале иницијативи, а сем критики, не нудат ништо конкретно за излез од кризата;

6. Упорно се залагаат за наши нови концесии, пред процесот да влезе во некаква завршница. Од Атина - не бараат ништо;

7. Шират психоза дека проблемот може да се реши во кус период, за што била потребна само наша добра волја. Апелираат да не губиме време: сé било во наши раце. Тврдат дека ако решението не се најде веднаш, одговорноста е само наша. Атина и нејзините ултиматуми, не им пречат;

8. Инсистираат, за нереални шест месеци да се реши спорот. Создаваат атмосфера дека без тоа, земјата ќе остане изолирана, економски уништена, етнички конфронтирана. Со тоа: а) вршат силен додатен притисок да се самоуништиме и б) подготвуваат терен за незадоволство после шесте месеци, за да бараат виновници за „неуспехот“;

9. Сеат недоверба дека власта не е искрено заинтересирана за решение на спорот односно за влез во НАТО и ЕУ. Дека ништо не прави тие цели да се постигнат. А, беа исполнети критериумите и за НАТО, и за препорака во ЕУ;

10. И грчкото вето во Бук*решт 2008, го ставаат на наша сметка. Ние, божем, сме го оставиле Буш на цедило, а тој ги покани претседателот и премиерот на средба во Загреб;

11. Го глорифицираат членството во НАТО и ЕУ и шират пропаганда, без никаква аргументација, дека нема цена која не треба за тоа да се плати;

12. Го злоупотребуваат и подбуцнуваат албанскиот фактор. Ја лансираа тезата (најверојатно пласирана од странски тајни служби) дека Албанците во земјава не можат бескрајно да (нé) чекаат за влез во НАТО и ЕУ. Демек, ќе оделе сами! Дали пешки, или на магариња, не објаснуваат;

13. Постојано трубат против тн. „антиквизација“, како главен „аргумент“ против сопствената земја. Според Кумуцакос, поранешен портпарол на МНР, терминот бил лансиран во Стразбур. Погодете од кого?

14. Јавно се залагаат да си го свиткаме ‘рбетот. Некои дури тврдат дека после - ќе сме си го исправеле! Веројатно со некаков – корсет (против сколиоза);

15. Отворено го поддржуваат катастрофалниот предлог за преименување во виртуелна „Северна Македонија“, божем само за некаква надворешна употреба. Не е возможно да не им е јасно дека тоа значи, макар постепено, откажување од националниот идентитет, јазикот, културата, историјата...;

16. Се залагаат безусловно да ја повлечеме тужбата во Хаг, како гест на добра волја! (Дали како благодарност за блокадите?). Со тоа потврдуваат дека тужбата е тежок проблем за Атина и дека туѓите интереси (им) се поважни;

17. Го исплукаа Апелот за спас на Македонија, а тој беше своевиден тест - кој е да се бранат интересите на државата, а кој не е. Тоа беше потврда дека не дозволуваат да „помине“ ништо што не и одговара на Атина;

18. Ја минимизираат визната либерализација: што ќе ни е тоа кога народот е сиромашен и не може да патува!
19. Веројатно сами си ја ставиле и етикетата „предавници“ или ја прифатиле, штом некој ја спомнал. (Нападот е најдобра одбрана). Истовремено, сите што мислат поинаку ги етикетираат како „продолжена рака на власта“, „манипулирани“ од неа, како лица кои „своето мислење дневно го усогласуваат со потребите на власта“;

20....
Колку сите овие ставови целосно се вклопуваат во политиката на Грција и на меѓународните фактори кои неа ја поддржуваат, и колку сето тоа води во уништување на сé наше македонско - секој нека цени за себе.

Авторот е поранешен амбасадор     
     
Автор: Ристо Никовски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=21910113153&id=13&setIzdanie=21914


На крај што да се каже освен дека за Македонија како и секогаш најголемата опасност доаѓа од внатре од сопствениот народ...
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 15:07
Нешто е  (случајно ли не) „испуштено„ во текстот....!!!
После сето ова премрежие..каде (ли) мислат дека ќе живеат..и знаат ли (со) СВИТКАНИВЕ КИЧМИ .. дека ..можеби (изгледа) им е засега простено..но заборавено..никојпат (нема да им биде) ...
С(в)Е се ПЛАЌА (дебело чинам)  ..и СЕ ...СЕ ВРАЌА ... голема%20насмевка
пс
Непознат (засега) останува ..само наплатувачот...на каматите
намигнување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 23:09
Супер колумна

Изменето од mungos80 - 20.Февруари.2010 во 23:58
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 23:57
"И ма многу муабети во рестораните, кафе-баровите и во медиумите за тоа кон што се движи Македонија, колкава поддршка има, за тоа како е заборавена и што да се прави. Еве го мојот став, по 14 години поминати во Македонија и 18 на Балканот."


...........chovekot ubavo kaza odma,изненадување.....deka toa bil,...negov stav !.....iscrpen nekoj ...stav mislam !...mnogu kazano...ama , nishto novo,...i so desetina od toa ,...istoto moze da se kaze!samo ete,..nekoi miluvaat ...i "uzduz i popreko" !намигнување


Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 07:37
Муабетите за  името се секојдневие затоа што од тоа решение во суштина зависи и целокупната понатамошна надворешна и внатрешна политика и економија на Македонија. Но неоспорно е дека на тој пат многу се погреши во секој нареден чекор. Ако се имаше политичка зрелост, ако секоја наредна влада место да докажува колку е голем патриот и не се обидуваше да ги девалвира претходниците можеби немаше да бидеме до ова дереџе.
При осамостојување и влегување во институции кои беа од важност за опстанок се направија отстапки ( со тоа и прифаќањето на додавката ФИРОМ) и место во тие потези да се гледа една позитива дека од СФРЈ излеговме без војна токму партијата на сега омразениот војвода фрли премногу кал врз првиот претседател на самостојна Македонија и направи таквиот однос да се влече до денешни дни. Од денешен аспект сме сведоци дека нити тој, нити многумина по него не направија нешто повеќе бидејки лесно е ’’од надвор’’ да си храбар и паметен, ама кога си седнат на маса карши оние белосветските аждаи очигледно е дека ситуацијата е поинаква.
Како последица на ’’распашана команда’’ а не единство и континуитет во интересите на земјата имаме ситуација оваква каква што е.
Колку утре мора да се направи стратегија на единство, без забегувања, без покажувања ’’голем патриотизам’’ туку рационалност.
Рационалноста ја гледам во застапување на ставот РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА за нас (значи земја со републиканско општествено уредување) а Грција нека си задржи Македонија кога толку инсистира на именување на нејзиниот северен дел.
Повеќето земји имаат пред своето име именител република (како оп. уредувањ4е) а идентитетот на народот не е републикански туку само по името.голема%20насмевка
Така ке се ослободиме од додавката, од инсинуациите дека имаме аспирации за присвојување територии, историја и незнам што. Значи ова што е наше, останува наше. 
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 09:01
Не би зборувал окулу тоа дали ќе се смени името...
јасно е...
мо малку би се осврнал на реалните причини заради кои Грција не дозволува користење на името Македонија...
Иако историјата е нивниот главен адут и наводното земање на историскиото наследство...
мислам дека многу малку кај нас се размисува за други фактори кои имаат големо влијание на ваквиот официјален став...

мислам на самото Македонско (Егејско) население кое е останато во Егејскиот дел на македонија...
и нивниот став околу овој проблем...
Оние шака луѓе кои се декларираат како Македонци се минорни во однос на реалната бројка...
Ги има многу повеќе, неспорно е барем за нас...
Но, сум имал можност, нели имам бааѓи другарчиња Егејчиња, да отидам со нив во Грција во неколку села од каде они имаат потекло. Таму се се' Македонци, но никој не сакаше да зборува на македонски...Ги прашуваш, знаеш дека те разбираат но одговараат на Грчки...И стари и млади...Ај тоа би го припишал на стравот од последиците...
Помислив дека се испомажени или испоженети со Грци, па и тоа е една од причините...Но не е така...меѓу себе се мешаат (нормално има исклучоци)...
Се запрепастив кога го слушнав нивниот став (на лош македонски помешан со грчки -и преведен од моиве кои не се ни родени таму па знаат чат-пат грчки)...

новите генерации за себе мислат, и не може човек да им докаже, дека они се Грци...
Веројатна причина е системот на образование кој така ги учи, па тоа они и така си го прифатиле како факт...
Но ме зачуди зошто и старите, ако и не го делат нивното мислење, воопшто не се мешаат во таквите муабет...

Не дека не беа гостопримливи, но една нишка висеше во воздухот...
Зошто сме дојдени...???
И да не одолговлекувам сега, мислам дека голем дел од македонското население во Егејска Македонија е наш голем противник...
Не се работи за македонскиот синдром, причината е многу едноставна...

Во моментот кога нашата држава ќе влезе во ЕУ, сите оние кои се наследници на избеганите Егејски Македонци, ќе си ги побараат имотите кои по Европското право им следуваат, а правото на имот не застарува...
Тогаш тие кои останале таму ќе треба да отстапат дел од тој имот кој сега го користат како свој...
и таквите воопшто не се малку на број...

Од друга страна, колку што сум слушал - не сум историчар (повторно од старите на моиве Егејски другарчиња), на местото каде се одселени цела села за време на граѓанската војна, доселувани се Грци од грчките острови кои добивале земјиште без воопшто нешто да платат за тоа...
И тие не се вооопшто малку...

Овие две категории на население во Егејскиот дел на Македонија се де факто противници за решавање на спорот со името...
Затоа што тие се тие кои најмногу би изгубиле во таква ситуација...
Па затоа и не ме чуди фактот што , таму некаде во 90-сетите на митингот во Солун се собраа окулу 1 милион демонстранти...
Во Солун...
Не во Атина...

Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 16:44

Ако сака Грција да ве внесе на рамена во ЕУ нека го реши спорот за името

1. Г-дине Шацимаркакис по средбата со премиерот Груевски изјавивте дека сте позитивно изненаден од неговата идеа за решавање на спорот за името. Нагласивте дека спорот за името би можел да биде решен во следниве недели. Што конкретно ви презентираше Премиерот како негова идеја?
– Ни изгледаше дека е посветен да најде решение. А, тоа е нешто ново. Но, сфатете дека какво решение и да понуди, тоа треба да го понуди на својот народ. Тој е Премиер. Мислам дека тој сега има јасен поглед за што би преговарал и знае дека има неколку недели. ЕУ и ОН веќе притискаат во целиот процес, а г-динот Груевски ни остави впечаток дека не само што го чувствува притисокот, туку и дека има вистински одговор на вистинските можности што би ги понудил во преговорите. Презентираше конкретни идеи, но сметам дека едноставно е фер тој да му го пренесе тоа на својот народ. Навистина ќе ја почитувам неговата стратегија да комуницира со медиумите во вистински момент. Ова е прашање на искреност. Тој сака да биде сфатен сериозно и мислам дека има право да го направи тоа.
2. Дали е вистина дека функционерите во Брисел очекуваат да видат од македонските власти план за решавање на спорот за името кој би содржел прифаќање на географската одредница во името кое би се користело за севкупна употреба?
– Комплицирана работа е што прашањето за името беше изнесено од ЕУ членка, од Грција, а во ЕУ сите членки за суштински прашања имаат моќ на вето. Европската комисија и Европскиот совет точно ги знаат грчките позиции. Тоа е една од причините зошто се обидуваат да ги убедат политичарите во вашата земја да размислат за географската одредница, а мојот впечаток е дека политичката класа веќе го има направено тоа и веќе има размислено како да ја примени географската одредница во името. Прашањето за севкупна употреба е многу комплицирано. Можеби покомплицирано од географската одредница. Мислам дека треба јасно да се пресече, да се има јасна употреба на името. Ако е за севкупна употреба тоа треба да се разгледува по преговорите.
3. Можно ли е да се постигне договор за името, кога од другата страна постојано се зборува за црвени линии?
– Новата грчка влада го смени барем тонот и атмосферата, а точно е дека претходната влада воопшто не разговараше и дискутираше, што беше голема грешка. Не можете да го правите тоа како европска држава. Мислам дека црвените линии секогаш и во сите преговори се многу лоша околност. А, црвените линии не се користат само од Атина, туку се користат и од Скопје. Мислам дека она што не се гледа од двете страни е дека надминувањето на спорот ќе биде нерешена ситуација за двете страни. Во моментов го имаме старото балканско размислување – ако јас добијам нешто, другиот мора да изгуби.
4. Како ќе ги коментирате изјавите на грчките власти со кои го негираат постоењето на македонскиот јазик и идентитет?
– Мислам дека со тоа се враќаме на катастрофалните грешки направени во 91-та и 92-та, кога земјата стана независна. Морам да речам дека многу грешки беа направени не само од Грците, туку и од Европејците, бидејќи Европејците можеа да помогнат повеќе и да создадат како сега вистински притисок, вистинска рамка. Не го направија тоа. Мислам дека секој има право на свој идентитет и секој треба тоа да го прави во европски дух. Земете го примерот на луѓето во Финска кои зборуваат шведски, кои имаат идентитет, иако јазикот им е различен од оној на земјата во која припаѓаат. Мислам дека вашата земја заслужи да биде третирана на слободен европски начин. Тоа не беше случај и се уште ги чувствуваме грешките од тоа време.
5. Дали Грција го губи кредибилитетот со планот “Агенда 2014“, а притоа го блокира добивањето на датумот за преговори?
- Вистина е дека ако сакате да го внесете вашиот сосед на рамена во ЕУ, тогаш морате да го искористите моментот. Ова е моја порака до Атина – сега или никогаш.Нема премногу возови кои одат кон ЕУ.Првиот дефинитивно ги содржи Исланд и Хрватска. Вашата земја треба да биде на тој воз, бидејќи економски и политички е подготвена..


http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=57907


Овој човек е Грк по потекло но за среќа израснат во цивилизација...или околностите и функцијата му налагат доза на неутралност...

Во секој случај не ми е јасно шо сака да каже со шведскиот јазик во Финска...Дали дека ние живееме во Македонија а говориме туѓ јазик или дека Егејците во Грција треба да имат свој идентитет бидејки говорат туѓ јазик...


Изменето од kultuzin - 21.Февруари.2010 во 16:51
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 12:31
Вечер": Македонија може да стане член на ЕУ пред Исланд, ако го реши проблемот со името 
 
Македонија може да стане членка на ЕУ и пред Исланд, ако го реши проблемот со името, пишува денеска македонскиот весник "Вечер". Според неименувани дипломати од Брисел, ако Македонија реши спорот со Грција, членството на земјата може да биде во еден пакет со Исланд, која се надева да стане полноправен член на Унијата во 2012 година
"Штом еднаш започнат преговорите, луѓето треба да бидат подготвени за изненадување. Сите мислат дека Исланд е таа која ќе прелети во преговорите поглавја, а всушност Македонија е хармонизирала законодавството со тоа на ЕУ, освен проблемите во правосудството и борбата против корупцијата ", рече неименуван извор од ЕУ. 
 
аплаузУште малце и ќе сте кај нас во унијата да си муабетиме по европски начин среќа
Кон врв
abnormalen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 05.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај abnormalen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 12:38
прави занесењаци брее! изненадување а бе гледајте албанија.......................па дури и косово да не ви влезе прво.газење%20од%20смеење
исланд го рамнат со македонија.изненадување
Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 16:55
и со Афстралиа проблеми

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120178

Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 11:03
Гордон наведе дека иако регионот не фигурира толку во насловите колку Авганистан или Иран, неговата натамошна стабилизација и интеграција во Европа е важен дел од фокусот на американската надворешна политика, со крајна цел - цела Европа да биде демократска, просперитетна, обединета и безбедна.

изненадување

ке се обединувамезадоволство
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 184>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,984 секунди.