IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Гркот што се бореше за обединета Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Гркот што се бореше за обединета Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Гркот што се бореше за обединета Македонија
    Испратена: 16.Септември.2009 во 14:19

Панделис Пулјопулос - Гркот што се бореше за обединета Македонија


Еден од главните грчки аргументи во спорот со името на Република Македонија и идентитетот на македонскиот народ е дека овој последниот е измислица на Коминтерната, односно дека станува збор за бугарски народ што со декрет на Комунистичката интернационала меѓу двете светски војни е трансформиран во македонски.

Таквите грчки ставови, меѓутоа, изворно ги побил токму еден Грк, уште пред седум и повеќе децении. Панделис Пулјопулос, во мај 1940 година, кога се наоѓал во затворот „Акронавплија“, во партискиот весник „Ризоспастис“ ја објавил статијата „За македонското прашање“, во која, меѓу другото, вели дека „комунистите не се зафаќаат да создадат национални движења таму каде што тие не постојат“, зашто „тоа би била попуста работа“, туку „тие поддржуваат такви движења таму каде што самите се појавуваат“.

Оттука, според Пулјопулос, во случајот со македонското национално прашање не може да стане збор за нешто што е измислено, ниту, пак, за нешто што е октроинирано од комунистите. Тоа што тој и неговите приврзаници го направиле е давањето поддршка на нешто што веќе постои, а врз основа на правото на народите на самоопределување, кое допрва ќе стане дел од Универзалната декларација за човекови права. Кој не го признава постоењето на македонското национално прашање во грчка, српска и бугарска Македонија, во минатото и денес - тој бездруго е слуга на буржоазијата, вели Пулјопулос. Кој не го признава историското ослободително движење на Македонците и неговите херои, тој е слеп, додава тој.

Впрочем, поради комунизмот, но и поради неговите ставови за македонското прашање, тој е затворан од страна на грчките диктаторски режими, кои не би си го трошеле времето на него доколку навистина такво прашање не постоело и доколку поради тоа не го сметале за опасност.

Статијата во „Ризоспастис“, мај 1940 година
Македонскиот народ има право на самоопределување


%20Еве што од затвор напишал Пулјополус во партискиот весник:

1. Кој не го признава постоењето на македонското национално прашање во грчка, српска и бугарска Македонија, во минатото и денес - тој бездруго е слуга на буржоазијата.

2. Кој не го признава историското ослободително движење на Македонците - тој или е неписмен и треба да ја научи историјата на тоа движење и неговите национални херои или, пак, е лакеј на една од трите угнетувачки буржоазии.

3. Ова движење досега беше задушувано во крв и предавство или имаше уништувачки последици за интересите на македонските работници и селани и беше искористувано од балканските буржоазии (особено од бугарската).

4. Ова движење може да најде нов развиток во новите поволни историски услови: општествени, економски..., политички и во различните политички услови.

5. Кој не ја признава оваа можност - тој е слеп или намерно слеп ако не е лакеј на националистичките прогонувачи на измачениот македонски народ.

6. Комунистите не се зафаќаат да создадат национални движења таму каде што тие не постојат, тоа би била попуста работа, тие поддржуваат такви движења таму каде што тие се појавуваат.

7. Комунистите не ги затвораат очите пред едно поразено националноослободително движење или пред национализаторските стремежи на нивната националистичка буржоазија и не стануваат приврзаници на свршениот чин. Ние нема да се откажеме од реалноста на националното угнетување на една нација и нејзината желба (што постои во срцето на секој македонски трудбеник), еден ден да го отфрли националното ропство. Комунистите ги усвојуваат овие слободарски желби на македонскиот народ и отсега изјавуваат гласно дека народот има право на самоопределување до државно отцепување, ако тоа е негова желба...

Извор: Нова Македонија, 05.09.2009

Благодарност до Анастеа за статијава!


Изменето од Македон - 16.Септември.2009 во 16:01
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 14:36
Vo toa vreme za gragjanskata vojna se javuvalo makedonskoto cuvstvo kaj Makedonci koi zaedno so Vlasite(Armnaj -Macedon) i Grci(koi bile predadeni od onie na jug).Sakale samostojna drzava Makedonija ama ne ovaa denesna tuku Egejska , Pandelis se zalagal i za soedinuvanje so Trakija .


Изменето од ADVISOR - 16.Септември.2009 во 14:37
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 14:44
Originally posted by ADVISOR ADVISOR напиша:

Vo toa vreme za gragjanskata vojna se javuvalo makedonskoto cuvstvo kaj Makedonci koi zaedno so Vlasite i Grci(koi bile predadeni od onie na jug).Sakale samostojna drzava Makedonija ama ne ovaa denesna tuku Egejska , Pandelis se zalagal i za soedinuvanje so Trakija .


Според тебе се јавувало македонско чувство кај Македонците дури за време на граѓанската војна?!изненадување
Јас имам потекло од таму ( по мајка, од село Шештеово- го имаш на клиповите на темата за Македонците од Грција ) и тоа што го зборуваш нема никаква вистина. Тие си биле Македонци отсекогаш, мојата фамилија за тоа и беше малтретирана и принудена да избега
Ајде прочитај ја статијата убаво, па види дали станува збор за Егејска Македонија, или за обединувањето на Македонија и остварување на логото "Македонија на Македонците".

П.С. Тоа за Егејска Македонија е сосема друго. за време на Втората Светска Војна е создадена фашистичка творевина таму, како еден вид  протекторат на Власите и Македонците, ама Македонците не ја прифатиле истата.


Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 17:48
Чудно но вистинито.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2009 во 20:59
Eве ја истата статија и на грчки, а истотака на таа страна е преведена  на македонски и англиски.

Статијата ( на грчки )
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2009 во 21:51
Originally posted by Македон Македон напиша:

Eве ја истата статија и на грчки, а истотака на таа страна е преведена  на македонски и англиски.

Статијата ( на грчки )


ovde procitav deka ova e statijata na grcki среќа
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2009 во 21:53
Originally posted by ADVISOR ADVISOR напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Eве ја истата статија и на грчки, а истотака на таа страна е преведена  на македонски и англиски.

Статијата ( на грчки )


ovde procitav deka ova e statijata na grcki среќа


Секако дека статијата си е на грчки, не знам што е чудно.


Изменето од Македон - 18.Септември.2009 во 02:02
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 16:26
Зошто забелешките на Уредникот и Преведувачот на англиски се повеќе од забелешките на Преведувачот на македонски? Забелешката Делта е половината.


Забелешки на уредникот/преведувачот на англиски/преведувачот на македонски

makedonski

angliski

grcki


Изменето од Каснакоски - 19.Септември.2009 во 17:22
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 23:28
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Зошто забелешките на Уредникот и Преведувачот на англиски се повеќе од забелешките на Преведувачот на македонски? Забелешката Делта е половината.


Забелешки на уредникот/преведувачот на англиски/преведувачот на македонски

makedonski

angliski

grcki



Како што кажав, забелешките покажуваат дека не се сложуваат македонскиот уредник и англискиот околу некои историски факти. Тоа значи дека има несогласување меѓу уредниците на страната, но нема никакви несогласувања во рамки на статијата!
Статијата е еднаква, независно дали е на грчки, македонски или англиски.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2009 во 17:22
Бидејќи ADVISOR излезе со теза дека Гркот се залагал за некоја друга Македонија, меѓутоа статијата докажа дека не е во право, а Каснакоски ги приложи забелешките на уредникот, со помошта на mungos80 ја имаме оригиналната статија во читка форма, па кој разбира грчки, веднаш ќе разбере за што станува збор, па и ќе напради споредба на преводите кои ги анализиравме.




Благодарност до mungos80 за статијата!големо%20гушкање
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2009 во 17:30
Се за вистината
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2010 во 03:15
Пантелис Пулјопулос


Пантелис Пулјопулос (10 март 1900 година – 6 јуни 1943 година) е грчки троцкист, некогашен генерален секретар на Комунистичката партија на Грција и основач на троцкистичкото движење во Грција. Ги бранеше правата на етничките малцинства, вклучително и на македонското, во Грција и тоа беше една од причините за судирот со КПГ.

Во 1919 година Пулјопулос се запишува на Универзитетот во Атина, каде студира право. Истата година се приклучува кон Социјалистичката работничка партија на Грција (претходник на Комунистичката партија на Грција). Во 1920 година, за време на Грчко-турската војна 1919-1922, е регрутиран во грчката војска. Во 1922 година е уапсен за антивоено делување, но со крајот на војната е ослободен. Во периодот 1923-1925 година е активен во движењето на воените ветерани, а во 1924 година е избран и за претседател на Панхеленската федерација на ветераните.

Во летото 1924 година Пулјопулос е дел од партиската делегација што учествува на Петтиот конгрес на Коминтерната. На Третиот вонреден конгрес на партијата во ноември истата година Пулјопулос станува генерален секретар на КПГ и застанува на чело на мнозинството кое ја прифаќа ориентацијата на Коминтерната кон создавање обединета и независна Македонија.

За својата поддршка за автономијата на Македонија и Тракија Пулјопулос, заедно со 23 други, на 24 август 1925 година е изведен пред суд од страна на диктаторската власт на Теодорос Пангалос. За да се избегне изрекувањето на смртни пресуди, Коминтерната преку својот претставник, Романецот Елек Коблош (Бадулеску), ги советува обвинетите комунисти да ја повлечат пред судот паролата за независна и обединета Македонија, но Пулјопулос ги отфрла советите и во својата одбрана од повеќе од 4 часа го брани правото на националните малцинства самите да одлучуваат за својата судбина. Судењето е обновено на 22 февруари 1926 година и иако обвинувањата се отфрлени, обвинетите се протерани на островите Анафис, Аморгос и Фолегандрос. Пулјопулос е протеран на Фолегандрос, но набрзо, по падот на диктатурата на Пангалос во август 1926 година, е ослободен.

Во септември 1926 година поднесува оставка на функцијата генерален секретар на КПГ, но делегацијата на Коминтерната не се согласува со таквиот потег и го враќа на раководната позиција. Сепак на Третиот редовен конгрес на КПГ во март 1927 година Пулјопулос и неговата група е отстранета од Централниот комитет поради троцкизам. На 15 јули Пулјопулос (заедно со Пастијас Ѓацопулос) го објавува своето „Отворено писмо до КПГ“, поради што по три месеци тој и неговите приврзаници е исклучен од партијата.

Исклучени од сталинизираната КПГ, Пулјопулос и неговите приврзаници се приклонуваат кон Левата опозиција. Сепак, во тоа време тие не наоѓаат заеднички јазик со една друга троцкистичка група, т.н. археомарксисти, кои и официјално се признати како грчка троцкистичка групација од страна на Лав Троцки. Всушност, Троцки ги осудува како фракционери и групата на Пулјопулос и групата што се отцепува од археомарксистите на чело со Мишел Пабло. Подоцна, во 1934 година доаѓа до обединување на овие две групи. Во февруари 1937 година доаѓа до ново обединување со друга троцкистичка група, за чиј лидер е избран Пулјопулос. Оваа група е една од двете троцкистички групи што ќе испратат свои делегации на Основачкиот конгрес на Четвртата интернационала во септември 1938 година.

За време на диктатурата на Метаксас, во јуни 1937 година Пулјопулос преминува во илегала, но на почетокот на 1938 година, силите на диктаторот го пронаоѓаат и го апсат. Во 1943 година, италијанските окупациски сили го стрелаат, заедно со преку 100 други затвореници, во знак на одмазда на активностите на грчките партизани. При стрелањето, Пулјопулос им се обраќа на војниците да не прават злодело против антифашистичките борци. Тие одбиваат да стрелаат, по што карабинерите го извршуваат стрелањето.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2010 во 03:16
Македонското прашање и комунистите

I

Невозможно е обликување на револуционерна пролетерска партија во Грција без борба против национализмот воопшто, а посебно во однос на македонското прашање. Национализмот на ККЕ (КП Грција) не само што ја олеснува предавничката политика на класна соработка - „Народниот фронт“ (истото е точно и за Архивата [A] со нејзиниот провокативен шовинизам за македонското прашање и нејзината срамежлива народно-фронтовска политика). Ја олеснува нејзината капитулација пред Диктатурата (диктатурата на Метаксас од 1936); а ќе се одрази недвосмислено и за време на војната, со социјал-патриотските ставови и на другите полиња, на пример на националното прашање за луѓето на Додеканезите, Кипар (Додеканеските острови со претежно грчко население беа под италијанска окупација).

Тука треба да се наведат документи за историјата на нашата теорија и нашата политика воопшто за националното прашање. Ќе споменеме некои.

Дискусиите во германската социјалдемократија (посебно на австромарксизмот, „Прашањето на националностите“ од Бауер, одговорот на Кауцки) се водеа околу општа теорија, што е нација итн. Бауер го сметаше јазикот како критериум за нација, Кауцки сметаше на културните елементи (Kultur) и заедничкото историско искуство . Нивната заеднички исход: мирна реформа во рамките на завршениот факт за злоупотребите на „нашата“ национална буржоазија.

Теоријата на болшевизмот го поставува прашањето на националностите во руската империја врз основите на револуционерниот марксизам, на ист начин како и Маркс за Ирска. Лениновите дискусии со „бундистите“ и Роза за полското прашање ги изнесе на виделина исправните ставови и нашите задачи во епохата на империјализмот и светската социјалистичка револуција. Сталин во една од неговите мали брошури изнесе опортунистички погледи, кои ги нападна Ленин како такви. За жал ги немаме точните елементи за таа полемика, која патем е од секундарно историско значење за нашата тема. Бундистите [C] и сите опортунисти во руската социјалдемократија ги подржуваа австромарксистичките погледи (на срамежлив национализам и пацифизам). Тоа е првата тенденција на која се спротивставија руските марксисти, Ленин, Троцки. Втората беше механичката центристичка, која се сведуваше на служење на царизмот за националното прашање, во име на економскиот социјалистички идеал за идната централно организирана економија (во таа насока е антисталинистичката полемика на Ленин за грузиското национално прашање). Третото гледиште кое исправно беше победено е гледиштето на Роза. Нема национално ослободување на поробените националности под капитализам, а посебно полската националност во наше време. Затоа треба да имаме само социјалистички револуционерни слогани за нив, а не национални.

Политиката на болшевизмот за националното прашање беше комплетирано на Вториот и Третиот конгрес на КИ (Комунистичката Интернационала) со ставовите за колонијалното прашање кое е истовремено национално и земјишно прашање. Нашиот фундаментален став за важните одлуки е добро познат. Ќе појасниме неколку работи на кои можеби некој не се сеќава.

1) Ленин и одговори на Роза пред војната: Пред се не е точно дека постигнатата независност на националните држави е невозможна за поробените нации под капитализам пред социјалистичката револуција. На пример, со Норвешка, како што спомна тој. Исто така и со Полска итн.

2) Се разбира само со социјалистичка револуција национално угнетените ќе најдат конечна и вистинска национална слобода. Но погрешно е да се задржи политичкиот нихилизам за националните револуционерни движења и да не се бара да се завртат во помошни сојузнички елементи на општото револуционерно движење за отфрлање на капиталистичката власт низ светот.

3) Лидерите на националноослободителните движења (селанство во колонијалните народи, назадни или не-мали националности во Европа) денес ќе се борат со буржоазијата и со новородениот пролетаријат. Буржоазијата, дури и да доминира во почетокот (Индија, Кина), дури кога се бори на патот на националното ослободување, на крајот ќе се спогоди со угнетувачите или нивните ривали-странски угнетувачи. Од тие причини нашата политика е: Со целиот потчинет народ за самоопределување до отцепување - но независен политички став против предавничката на национал-револуционерните цели на буржоазијата - за пролетерска власт која самата е доволна гаранција за победа против странскиот национален јарем. Борбена комбинација за кршење и на националниот и на социјалниот јарем. (Ленин и Троцки се соочија со истите опортунистички тенденции на индискиот десничарски комунистички лидер Рој на конференциите на КИ посебно на Втората и Третата).

4) Катастрофалните резултати на сталинистичката политика во Кина (1925-27, 1936-40) се предизвикани од сталинистичкиот опортунизам на национал-колонијалното прашање: Напуштање на независната позиција на пролетаријатот.

5) Можноста неодамнешниот пролетаријат на угнетените националности во колонијалните и назадни мали нации да го превземат водството во националноослободителната борба се оснива на а) општиот карактер на епохата б) придонесот на напредниот пролетаријат на метрополите, пролетаријатот на угнетувачките нации.

6) Револуционерниот пролетаријат на угнетувачките нации со одбраната на правото на самоопределување на угнетената националност го исполнува неопходниот услов а) за интернационалистичко образување на масите и нивно целосно одделување од влијанието на идеологијата на владеачката класа, б) за успехот во изградбата на социјализмот, утре. Англискиот пролетаријат кој сега нема да бара национално ослободување на Ирците не е во состојба успешно да бара сопствено социјално ослободување од англиската капиталистичка власт - рече Маркс во средина на минатиот век. Меѓу експлоатираните маси, пролетери и селани, на угнетената националност и пролетаријатот за угнетувачките нации постојат чувства на сомнеж, систематски потхранувани од владеачката класа, на омраза и општо на отуѓеност, непријателство спрема нивните класни браќа и сестри. Елемент на групна психологија кој ја попречува обединетоста на сите експлоатирани во борбата против заедничкиот национален и социјален непријател, и, без двоумење, ќе го поткопа нивното збратимување, утре за изградбата на социјализмот. Овој сомнеж и отуѓување не може поинаку да се победи освен ако пролетаријатот и селанството на угнетената националност не се УБЕДАТ СЕГА дека пролетаријатот на угнетувачката нација е вистински, не само во зборови, во корист на нивно ослободување, дека сега, дури и ВО РАМКИТЕ НА ГРАЃАНСКИОТ РЕЖИМ време е да се бориме со нив за нивно национално ослободување дури и за нивно државно отцепување, ако така тие сакаат.

Болшевизмот го даде ова ФАКТИЧКО образование од времето на царот за бројните угнетени националности на Руската империја, и така ја придоби довербата за новиот доминантен поредок - т.е. кон конфедерална, братска и слободна соработка во задачата за децентрализирана социјалистичка економска реконструкција. Уште е познато дека оваа соработка им даде најширока културна автономија која некогаш не можеа да ја замислат буржоазијата или социјалдемократските теоретичари за националното прашање. Сталинистичкиот апсолутизам денес го укинува предусловот и подготвува нови страшни разделувачки експлозии во голема опасност од она што остана од освојувањето на Октомври (Украина денес!).
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2010 во 03:16
II

За македонското прашање другарите Л., Т. и Кр. прилично добро дадоа разни погледи за историското и националното прашање [1]. Непосредните барања на крајот на препораките на другарите Л. и Т. посебно ги заокружува точно нашите погледи. Нивните завршни општи пароли се само апстрактни и затоа немаат супстанцијална карактеристика на комунистички слогани, специфична форма и непосреден допир до широките маси.

1) „Самоопределување на македонската нација до отцепување“ (од државата во која е). 2) „Балканска Федерација на Социјалистички Советски Републики“. Ова треба да бидат нашите општи пароли; сепак не е точно дека ставовите на Архиомарксистите и ККЕ се „бундистички“ или „австромарксистички“. Овие две партии (Архио отсекогаш, а ККЕ од 1932 понатаму) никогаш не се бореа ниту за едно (1) непосредно барање на Македонците. Тие го игнорираат нивното постоење јасно и гласно и велат дека грчката буржоазија ги расчисти прашањата со двојно подјармувачкото етничко чистење во Македонија, т.е. грчко-бугарската „доброволна“ размена и грчко-турска размена на население. Тие се буквално партиски агенти на грчкиот национализам. Кога се случило сталинистички парламентарец да проговори барем за едно, макар и неважно прашање од непосреден интерес за Македонците во Парламентот? А помеѓу останатите трагедии на таканаречена „Тврдина Акронафплија“ (во која Пулиопулос беше затворен во тоа време), најтрагична е таа на Македонците кои се затворени тука како сталинисти. Слушнавме дека има и Архиомарксист од овој најтрагичен вид.

Во критика на другарите Л. и Т. на стариот слоган на ККЕ (1924-1926) потребно е да направиме појаснување и додадеме за да ги избегнеме грешките кои немаат само историски значај: точно е дека слоганот „Обединета и Независна Македонија - Обединета и Независна Тракија“ на 7-та Балканска Конференција и на Посебната Конференција на ККЕ во 1924 не беше подржан. (Пулиопулос тогаш беше генерален секретар на ККЕ)

1) Не постои такво нешто како тракиска нација. Мешањето на Турците и Грците (Бугарите секогаш тука биле мало малцинство) не го поставува националното прашање таму во таа форма („тракиска нација“ како во времето на доријскиот упад - ова е очигледно.

2) Според тоа овој слоган го признава македонското прашање како територијално, а не како национално што и е. Македонија е територија која ги доведува до забуна бугарските националистички „автономисти“ и тие кои бараат слобода за македонскиот народ. Овој народ е конкретен само во дел од географскиот ентитет кој е наречен „Македонија“. Се разбира (а тука препораките од другарите Л и Т се најзадоволителни) револуционерната политика не ја разгледува целата проблематика статистичко-територијално, како што прават етнолозите и „социјалистичките“ лакеи на балканската буржоазија, туку динамички- револуционерно, и го остава дефинирањето на националните територии на вистински слободна волја на заинтересираните страни во братски односи. Но забуната што лошата формулација на нашите пароли ги погодува масите на угнетените и угнетувачките нации, може да ја попречи наместо да ја помогне целта на нашата интернационалистичка политика. И навистина ним им помогна: без поголема тешкотија грчкиот пролетаријат ја прифати супершовинистичката политика на ККЕ која ја наследи таа погрешна парола! Каков стравичен хаос се создаде во главите на сите борци и како тоа го попречува и ќе го попречува интернационалистичкото образование на нашата Партија!

Но грешката на тие слогани не е Тракија (која беше толку неважна, та недостасуваше од документите на ККЕ сè до 1 декември 1924 – таква беше стварноста!) ниту „неоснованата“ стварност на формулирањето на македонски слоган. Тие пароли се вистински опортунизам од најсилен авантуристички вид. За тие кои не се запознаени со анализата на првата лева опозициона група на ККЕ (се однесува на групата „Нов почеток“ на Пулиопулос сеуште членови на ККЕ во 1927) и подоцна тие на „Спартакос“ (теориски орган на Пулиопулос по исфрлањето на неговата група од ККЕ) во врска со ова најважно прашање, ќе појасниме тука.

По првиот (1923) и вториот (1924) бугарски пораз и по големиот германски пораз од 1923 (есента) сталинистичката бирократија почна да се стабилизира и сериозна ја поткопа Интернационалата (авантуристичкиот период на Зиновјев-Сталин (1924-1926)) и се центрираше на европската политика околу националните револуции (Радиќ, Словенците, Чесите, Украинците, Македонците итн.). Говорникот Мануилски на 5-от конгрес (1924) рече: „Бомбата што ја ставаме за успех на европската револуција сега се националните револуции“. Централно прашање кои ги засени сите други на 5от конгрес беше националното. Тогаш ККЕ се задолжи да го стави македонското прашање во центар на својата политика затоа што – како што изјавија Димитров и Коларов во Москва – „само така ќе ги победиме комитите, во сојуз со нас за освојување на власта во Бугарија. ККЕ мора да се подготви да даде некаква жртва за бугарската револуција, односно, балканската револуција“. Откако опортунистичките водачи на Бугарската КП го разјадоа движењето, тие паднаа во авантуристичка самоизмама кога поверуваа дека, поради тоа што работниците и селаните не може да ја освојат власта, тие ќе го направат тоа со договор за политички сојуз потпишан во Виена во мај 1924 со Александров и Протогеров [D]. Само за 6 месеци, мрачниот сојуз колабираше со разоткривање на величината на слепилото на бугарската партија – според состав сталинистичка, под водство на Коларов и Димитров. Александров го убија, потоа и Протогеров, а комитите Македонци уште еднаш ја одиграа крвавата улога против комунистичките работници и селани на Бугарија (колежите по пучот на Велигден во април 1925[E]), и падна жртви на „вечното пријателство“ на српската и бугарската буржоазија. Македонското движење како одвоена револуционерна организација беше забранета и во Бугарија, исто така.

Согласно логиката на политичкиот опортунизам спрема македонскиот Комитет, нашата парола не би требало да ги изразува нашите ставови и принципи за националното македонско прашање, ама требало да бара независна Македонија (и Тракија). Затоа и сталинистичката бирократија, која по екстремистичката фаза на зиновјевизам премина во опортунистичката, бухаринистичката, го прати Батулеску како претставник на Интернационалата во Грција. Тој одненадеж предложи да „се повлече паролата“ токму во моментот кога ЦК на Партијата требаше јавно да ги брани на суд (Пулиопулос, меѓу другите како генерален секретар на Партијата) пролетерскиот интернационализам и честа на Партијата. И ЦК со своите ставови ја зачува честа на борбениот пролетаријат и на ККЕ[F], со тоа што го испрати поѓаволите смешниот апаратчик на Сталин, но „бомбата“ на Мануилски се покажа дека не е бомба во основите на европскиот капитализам, туку во европскиот комунизам. Навистина, за една година, целата жестока литература на 1924 за националното прашање се префрли во тажните архиви на сталинизираната Интернационала.

На 3от Конгрес на ККЕ (март 1927) сталинистичкиот претставник на КИ Ремел (по победата над троцкизмот и првата лева опозициона група на ККЕ со клевети, заврши во концентрационите логори во Туркменистан и конечно пред стрелачкиот вод) ја повлече паролата. Типично, се разбира, тој ја насочи против нашата опозиција заради внатрешен престиж на бирократијата, искористувајќи ја општата доверба во Партијата на Лениновата Интернационала и партиската незапознаеност со лево опозиционерското движење, кое што што туку ги напушташе руските граници.

III

1. Koj го побива постоењето на до ден денес нерешеното, национално македонско прашање во грчка, бугарска и српска Македонија, е без сомнеж лакеј на буржоазијата.

2. Кој го побива историското ослободително движење на Македонците, е или неук и мора да ја научи историјата на тоа движење и нејзините национални херои, или е повторно лакеј на една од трите угнетувачки буржоазии.

3. Ова движење до сега е задушувано во крв и предавство, или претрпе штетна, со оглед на интересите на македонските работници и селани, експлоатација од страна на балканската буржоазија (посебно бугарската).

4. Ова движење може повторно да се развие под нови поволни историски услови – социјални, економски (безмилосната експлоатација на македонските маси од освојувачките национални буржоазии, аграрното прашање итн.) политички (внатрешна криза на балканските држави, војна) и културни услови.

5. Кој ја побива оваа можност е слеп или се прави слеп, ако не е лакеј на националистичките подјармувачи на многу-страдалниот македонски народ.

6. Комунистите, соочени со скршените и предадените национално-ослободителни движења или со етничкото чистење и подјармување на нивните национални буржоазии не ги затвораат очите и не стануваат обожувачи на „свршен чин“. Тие нема да ја одрекуваат стварност на национално угнетување на нацијата и нејзиниот копнеж (во срцето и душата не секој македонски работник) и да се урне националниот синџир еден ден. Комунистите овие ослободителни копнежи на македонскиот народ ги прават свои и гласно го изјавуваат од сега неговото право за самоопределување, до отцепување ако така посакаат. Тие секојдневно ги бранат непосредните национални барања, економски, политички, културни и така ја подготвуваат идниот револуционерен сојуз на социјалното револуционерно движење на пролетаријатот со националното револуционерно движење на Македонците против заедничкиот непријател: балканската буржоазија.

Панделис Пулиопулос

Акронафплија, мај 1940


Изменето од Македон - 24.Февруари.2010 во 14:59
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.