IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Малечките вампири - паразити...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Малечките вампири - паразити...

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Малечките вампири - паразити...
    Испратена: 16.Февруари.2010 во 18:33
Паразит е наречен секој организам кој живеe на сметка на домаќинот.
 Во зависност од тоа дали живее на неговата површина или во неговата внатрешност разликуваме ектопаразити и ендопаразити. Ваквиот однос помеѓу два организми е наречен паразитизам, а го има и кај растенијата и кај животните.
Ектопаразите на човекот се: некои видови на болви и вошки, крлежите. Пијавиците и комарците исто така се вбројуваат во ектопаразити, но тие на некој начин се минливи, бидејќи се хранат со крвта на човекот кога за тоа ќе им се укаже прилика. Инсектите се посебно значајни за пренесување на различни предизвикувачи на заболувања, од кои некои се и смртоносни.
Најчесто ендопаразитите припаѓаат на групите на протозоа (праживоти) и на плочести и валчести
црви, ТЕНИИ .....

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 18:42
Кучињата со ехинококоза ги заразуваат луѓето..........
Заразувањето настанува кога консументот пие или јаде вода или храна заразена со ехинокок.......

Ехинококоза е болест што се пренесува од животни на луѓе, а причинител е паразитот кучешка тенија. Болеста во последно време е во голем пораст. Во најголем дел од случаите кучињата ја пренесуваат болеста. Најчесто се јавува во сточарските краеви на нашата земја, особено во семејствата што чуваат овци, свињи, каде што хигиената е на пониско ниво и се чуваат кучиња без здравствена заштита.....

Во развојниот циклус на паразитот се разликуваат два облика, што наведува дека постојат вистински и преоден домаќин. Возрасниот паразит ехинококус гранулосус е мала тенија со големина од три до шест 6 мм и живее во тенките црева на вистинскиот домаќин (кучиња, волци чакали). Оваа тенија има три членчиња, а последното е исполнето со јајца. Се исфрла со изметот и ја загадува околината (вода, ливади раноградинарски растенија во бавчите и др). ЗОШТО ВЕЛИМЕ ДОБРООО МНОГУ ДОБРО ДА СЕ ИЗМИЕ  САЛАТАТА ОД БАВЧА .........губитник
Ларвениот облик на ехинококус полиморфис е во вид на меур со млечно бела боја и различна големина во речиси сите внатрешни органи (црн и бел дроб, срце, бубрези, мозок и др.) на преодните домаќини (човек, овца свиња, коњи, говедо, мајмун и др.).

Заразувањето настанува кога консументот пие или јаде вода или храна заразена со ехинокок. Внесените јајца од ехинокок во органите за варење го пробиваат цревото и преку крвотокот доаѓаат во органот каде што се развива меур. За пет месеци од ембрионот расте меур, кој е голем како лешник, а за неколку години може да израсте колку детска глава. Меурот е полн со бистра течност, а од внатрешната страна се наоѓаат мали меурчиња секој со свој ембрион. Секогаш кога кучињата јадат од внатрешни органи во кои се присутни ехинококните меури во неговите тенки црева ќе се развие тенија. Друг начин на зараза е кога кучињата низ игра ги лижат рацете на сопствениците. Најзагрозени се децата, кои се заразуваат ставајќи ги рацете во уста, јадејќи со нечисти раце неизмиено овошје и зеленчук (јагоди, зелена салата, зелка, и др).

Во некои краеви при традиционално колење на добиток внатрешните органи што имаат меуровидни промени, за кои луѓето сметаат дека настанале поради недостиг од вода во исхраната, им се фрлаат на кучињата, кои секогаш се во близина на луѓето. Со ова несвесно сопственикот директно го заразува кучето. Од здравствен аспект кучињата не покажуваат промени. Во некои случаи се забележува слабеење, намалување на телесната тежина и покрај зголемениот апетит. Некои кучиња често го чешаат анусот интензивно влечејќи го по подот...............губитник

Клиничките знаци кај луѓето, во зависност од тоа кој орган е зафатен, се различни и зависат од тоа колку долго ехинококот е присутен во организмот. Во почетокот болеста е без симптоми, но подоцна може сериозно да ја наруши работата на некој витален орган. Ако ехинококниот меур поради дејство на некоја механичка сила прсне во организмот, илјадници ембриони ќе се разнесат во организмот. Лекувањето кај луѓето е исклучително оперативно. Основната заштита од тенија е уништување на развојниот циклус на паразитот. Превентивно се даваат средства што дејствуваат на тенијата кај кучињата. Се препорачуваат и антипаразитарни таблети на секои три месеци. Информираноста на децата од претшколска и школска возраст има огромно значење. Преку контролата на отпадоци од кланичната индустрија, давањето на променети внатрешни органи би се елиминирал голем процент на заразување................ох
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 19:44
Од паразитите на милениците се заразува и човекот..........губитник

Паразитизам е посебен вид асоцијација на два партнера, при што едниот живее на сметка на другиот. За да се развие тој сооднос потребно е извесно приспособување што би овозможило подолготраен престој на натрапникот. Науката што се занимава со проучување на обликот, формата, начинот на живеење и, воопшто, со биологијата на паразитите се вика паразитологија. Несомнено најатрактивен нејзин дел е оној што ги опишува паразитските причинители што директно или индиректно го загрозуваат здравјето на човекот и на животните. Болестите причинети од паразитите се викаат и инвазиски болести. Како една од најпроучуваните области во паразитологијата е хелминтологијата, која ги проучува валчестите црви. Фамилиите на Toksocara spp Acylostoma.spp Uciaria steocephala се основните претставници на валчестите црви, кои најчесто ги има кај кучињата и мачките. Тие несакани гости можат да го предизвикаат синдромот larva migrikas кај луѓето.
Малите организми се заразуваат од мајката (ако таа има глисти) уште во утробата преку плацентниот крвоток или веднаш по породувањето, кога на влакната околу дојките има налепено јајца од овие причинители. Со цицањето, младите се заразуваат. Ваквата состојба може дури и од втората недела од животот да го загрози здравјето на овие млади организми.

Како се заразуваат луѓето? Инцидентно кога, преку неизмиена храна (овошје, зеленчук, неизмиени раце), се внесуваат јајца или ларви или имале директен контакт на кожата со ларви што потекнуваат од земјата измешана со фецес од заразено куче. Поради тоалетните хигиенски навики на мачките луѓето значително помалку се заразуваат од мачешките соеви валчести црви. Кога човекот ќе проголта јајца или ларвени облици од тие глисти, овие малку и многу ретко се задржуваат во цревата. За кратко време ларвената форма на паразитот мигрира во некој орган или регија (најчесто во црниот дроб, белиот дроб, срцето), па во зависност од афинитетот на агресорот се јавуваат и клинички знаци. Организмот одговара со соодветен алергичен одговор. Најстрашен е примерот кога активните миграциски ларви преку порталниот крвоток одат во срцето (некои од нив таму остануваат, а поголемиот дел патуваат во белите дробови, каде што предизвикуваат т.н, верминозна бронхопневмонија. Дразбата што ја предизвикуваат во белодробниот паренхим причинува создавање на спутум (секрет, шлајм), кој организмот го искашлува.Тоа значи дека ларвите повторно се во надворешната средина подготвени за ново заразување. Многу сопственици не знаат дека многу лесно можат да се заразат од нивното милениче. Паразитските болести не се јавуваат случајно. Најчесто споменувани услови се: осетлив организам, масовна инвазија на паразитот, ларви и други развојни облици на паразитите.
Како споредни фактори ги набројуваме: недоволната информираност и едукација на сопствениците на животните, недостигот на ефикасни лекарства, поголема концентрација на животни (особено во урбана средина), неможност за имунизација (исклучително е тешко да се пронајде вакцина за борба против паразитските болести) и недостигот на законска регулатива.
Постојан можен резервоар на паразитите се оние животни што не биле подложени на редовно третирање со антипаразитни средства. Кај малите кученца со третманите може да се почне од втората седмица од животот и да се повтори во 4-та, 6-та и 8-та недела од животот, а за малите мачиња најдобро е да се почне во 6-та, а да се повтори во 8-та и 10-та недела од животот. За возрасните животни третманот се повторува 3-4 пати годишно.....................да
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2010 во 21:20

Токсоплазмоза

Токсоплазмозата е болест предизвикана од протозоарна инфекција со едно-клеточен паразит Toxoplasma gondii. Изолирана е кај човекот и други цицачи, како и птици.
Кај човекот болеста се манифестира во следниве форми:
-Конгенитална токсоплазмоза (пренесена од инфицирана мајка на фетус) – оваа форма може да има сериозни последици.
-Окуларна токсоплазмоза (ито така наречена retinochoroiditis, која обично резултира од конгенитална инфекција но некои симптоми може да се појават после 20-тата до 40-тата година.
-Акутна токсоплазмоза кај претходно здрав човек
Акутна токсоплазмоза кај имунокомпримирани индивидуи, на пример пациенти со СИДА, малигни заболувања или пак третирани со имуносупресивни лекови. Некомплицирани случаи може да се презентираат со благи симптоми, или пак да не покажат никаква симптоматологија, па според тоа и не би бил потребен третман.
Начин на инфицирање?
              
Токсоплазмозата обично се добива од мачки губитникединственото животно кај кое паразитот може да созрева и сексуално да се репродуцира. Паразитот живее во дигестивниот систем на мачката чии јајца ги испушта преку фецесот на мачката. Тие созреваат и стануваат инфективни апроксимативно за околу еден ден и остануваат контагиозни неколку месеци. Човекот и многу други животни можат да бидат инфицирани. Откако паразитот ке дојде во телото, се апсорбира преку цревата и навлегува во крвната циркулација. Паразитите конечно се инкапсулираат во ткивата и тогаш се нарекуваат ткивни цисти. Оваа циста може да се активира и да предизвика болест кај домаќинот кога ќе постане имунокомпримиран.·
-Нетемелно миење на раце после контакт со мачка, исто така може да предизвика инфекција.

-Јадење на недоволно термички обработено месо.
-Крвни трансфузии (поретко).
-Конгенитална инфекција.
Инкубационен период – периодот од инфекцијата до појавата на симптомите е непознат.
Кои се знаците за токсоплазмоза?
Знаци како субфебрилна температура асоцирана со болно грло со сраснати лимфни јазли, обично ситуирани во пределот на вратот и рамената, главоболки, мускулни болки и чувство на исцрпеност.
Апроксимативно 80-90% од случаите, инфекцијата се презентира без ниту еден симптом.

Совети
· Миете ги рацете после контакт со свежо месо и зеленчук.
· Миете ги рацете после ракување со земја.
· Не јадете месо кое не е доволно термички обработено.
· Доколку чувате мачка, замолете некој да се грижи за диспозицијата на фецесот. Ако се остранува секојденвно паразитите нема да имаат време да созреваат и да постанат контагиозни. Важно е секако да се носат ракавици за еднократна употреба.
Како се поставува дијагнозата?
Кога е суспектна токсоплазмоза, крвен примерок се зема за анализа и детекција на специфични антитела. Со овој примерок може да се утврди дали еден субјект имал токсоплазмоза, или пак таа сеуште е присутна во организмот.
Болеста е обично беззалезна. Во ретки случаи, може да се појават компликации, како на пример енцефалитис (инфламација на мозокот), миокардитис (воспаление на срцевиот мускул) или ретинитис (воспаление на ретината).Во текот на инфекцијата, телото создава антитела против паразитот и на тој начин се креира имунитет против друга инфекција.
Како се лекува токсоплазмозата?
Случаите на токсоплазмоза на кои им е потребен третман се решаваат специјалистички, од доктор инфектолог. Медикаменти кои се употребуваат во лекувањето се најчесто pyrimethamine и sulfadiazine...........да


Изменето од bijonse1 - 01.Мај.2010 во 21:27
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2010 во 23:36
ВОШКИИИ! ѓавол
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2010 во 16:52
Вошки

http://photos-h.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs160.snc1/5970_110070736783_105034531783_2756244_3699261_n.jpg                    http://www.najevtino.com/stepimages/397000000.jpg

се паразити кои наликуваат на инсекти без крила, живеат на косматиот дел на телото. Вошливоста е честа во училиштата, во центрите со дневен престој и други простори, кои се пренатрупани и каде децата се во близок меѓусебен контакт......
Како се пренесуваат и како да се препознаат?
Вошките не можат нити да скокаат нити да летаат. Се пренесуваат со директен контакт или индиректно со заедничка употреба на шешири, капи и четки. Женките ги депонираат јајцата во косата и тоа во близина на коренот (близина на скалпот) каде е најтопло. Јајцата наликуваат на беличасто-сивкасти зрнца кои се фиксирани за коренот на влакната и не може да се исчеткаат како перут. Најчесто се сместуваат во тилниот дел или зад ушите и може да се видат со голо око. Возрасните вошки се потемно обоени и се гледаат како се движат низ косата. Кај тешки инфестации присутен е интензивен јадеж на скалпот .
Погрешни верувања и предрасуди за вошките
Секој може да добие вошки. Вошките преферираат чиста и здрава коса и скалп. Добрата лична хигиена не може да го заштити вашето дете од вошки. Не е пријатно некој да добие вошки, но секако не е фатално. Единствениот начин на кој вошките вистински може да ве повредат, е ако заради чешањето секундарно се инфицираат раните.
Превенција и третман
Кога некој ќе добие вошки треба да се третира целата фамилија . Вошките се кријат во четките за коса, во креветот и во мебелот на куќата и лесно се шират. Во минатото, а кај нас се уште е раширена појава да се избричи косата на главата и да се намачка со газија Ова не треба да се прави, бидејќи денес постојат ефикасни шампони проти вошки....Уште поопасна појава е главата на детето да се мачка, не со шампони за вошки туку со други средства, на пример со инсектициди, во кој случај може да настанат смртоносни труења.Покрај главата, треба да се третира и облеката, капутите, шапките и другите работи вклучувајќи jа и постелнината, така што ќе се исперат во топла вода со детерџент.За предметите за кои перење не е возможно се препорачува хемиско чистење. Играчките и други работи кои не може да се исперат треба да се стават во затворена пластична кеса и да се остават неколку недели бидејќи вошките нема да преживеат без човечки домаќин повеќе од неколку дена.Мебелот и ќилимот се вакумираат со правосмукалка. Треба да се направи големо чистење......и то !!!голема%20насмевка

Кон врв
Генерал Митре Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
бадајалџија

Регистриран: 19.Ноември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 646
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Генерал Митре Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2010 во 17:16
Се извинувам  Докторке но би сакал да Ве прашам дали зборот “ ВОШКАР “ има некаква врска со овие малечки вампирчиња?
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2010 во 17:36
Originally posted by Генерал Митре Генерал Митре напиша:

Се извинувам  Докторке но би сакал да Ве прашам дали зборот “ ВОШКАР “ има некаква врска со овие малечки вампирчиња?

не знам на која докторка се обраќаш, ама пошто моментално сум јас тука ....да има !!! нормално Гнерале....ако една личност во еден месец најмалку уште три пати ќе се исчисти и пак добие вошки...
тогаш обраќањето е со епитет ,,вошкар,, или склон кон вошки...да
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2010 во 22:41
К  Р  Л  Е  Ж.....

ДАЛИ ТОА  СЕ СПРЕМА ИНВАЗИЈА ОД ОВИЕ ЗАРАЗЕНИ ПАРАЗИТИ???
Еве неколку извадоци од информатовни сајтови на нет....
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a2/Tick_male_%28aka%29.jpg/113px-Tick_male_%28aka%29.jpg  http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/4FC8172B49DBBB458905763716643BCB.jpg   http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/cb/Trombidium.spec.1706.jpg/200px-Trombidium.spec.1706.jpg  http://vesti.mt.net.mk/images/krlez2.jpg

,,....Петмина пациенти, кои поради убоди од крлежи се хоспитализирани во Загребската клиника за инфективни болести, се наоѓаат во кома и се приклучени на респиратори.

Според лекарите, здравствената состојба на еден од пациентите е многу тешка, па врз него е извршена вештачка хипотермија, односно температурата на телото му е спуштена на 32 степени Целзиусови на четири или пет дена за да се зачува мозокот.

На наш терен слична ситуација....

"И лајмската болест и хеморагичната треска, кои ги пренесува кр­ле­жот, во изминатиот период беа де­тек­ти­ра­ни на Косово, во Србија, Турција, во Гр­ци­ја, а некаде преминаа и во епи­де­ми­ја. Не е ништо чудно и не­во­о­би­ча­е­но да се јават и кај нас", кажува д-р Коњановски, стручен соработник во Цен­та­рот за јавно здравје во Битола. Кр­ле­жи напаѓаат во Битола. Над 40 пациенти неделно бараат помош во Кли­ нич­ка­та болница и во службата за Итна медицинска помош од убоди од крлежи. Ваквиот невообичаен број на битолчани, жртви на крлежи, спо­ред стручни лица, се должи на климатските промени во изминатиот пер­и­од кои придонеле овие напасници драстично да се нам­но­жат во Би­тол­ско. Загрижувачката бројка ги натера епидемиолозите да апелираат гра­ѓа­ни­те ќто се каснати од крлеж, навреме да реагираат и да побараат струч­на помош, оти крлежот е најчестиот преносител на лајмската болест и на конго-кримската хеморагична треска, болести кои мо­же да доведат до фатални последици.
"Лајм­ска­та болест е предизвикана од бактерија која ја пренесува крлежот, а извор се домашните и дивите жи­вот­ни. По каснувањето од напасникот, се јавуваат промени на ко­жа­та, а потоа болеста може да премине во ме­нин­ги­тис или да се јават кар­диоваскуларни проблеми", појаснува епи­де­ми­о­ло­гот д-р Тони Ко­ња­нов­ски, стручен соработник во Центарот за јавно здрав­је во Битола.

Кр­ле­жот не избира кого ќе го касне. На удар се сите што се движат по ли­ва­ди­те, високите треви во парковите, во шумите или се често во кон­такт со животни што имаат крлежи. Лекарите советуваат да се из­бег­ну­ва­ат ли­ва­ди во кои претходно се напасувал добиток.
"Пре­по­рач­ли­во е ко­га се оди во природа да се носи бела облека, маици со дол­ги ракави и по враќањето, да се направи самопреглед, посебно под па­зу­ви­те и бу­ти­ни­те каде што крлежите се задржуваат", вели д-р Ко­ња­нов­ски.

Не вадете крлежи на своја рака
Проб­ле­ми­те потенцираат лекарите најчесто се случуваат поради нестручното отстранување на кр­ле­жи­те, како и поради задоцнетото јавување на лекар."Па­ци­ен­ти­те се обидуваат са­ми да го отстранат крлежот, мачкувајќи го со масло, кремови или со го­ре­ње. Притоа, во најголем број случаи,

http://www.kanal5.com.mk/pictures/upload/vesti/stari/images/krlez_230_180.jpg   
гла­ва­та на крлежот останува во телото на човекот, што е опасно. Кога такво нешто ќе се случи граѓаните веднаш ги преп­ра­ќа­ме во Клиничката бол­ни­ца каде што стручно се интервенира и со хируршки зафат се вади остатокот од крлежот", вели д-р Хрис­то Бојаџиев од Служ­ба­та на брза помош.

Изменето од bijonse1 - 04.Јули.2010 во 22:49
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 01:54
I hate крлежи....taka da znaete...не%20зборувам
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2010 во 21:59
  http://static.cosmiq.de/data/de/215/52/21552ae1e5a852592a710d0ccba7df73_1.jpg  http://www.mieliestronk.com/sarcoptesscabiei_cdc.jpg  http://ades.tmu.edu.tw/English/pcare/course/scabies/Scabies-2.jpg

Skabies
или попознато како шуга
преставува паразитска болест на кожата предизвикана од паразитот шугавец. Женката на овој паразит влегува во телото  преку кожа и тоа каде е најтенка кај препоните и меѓу прстите при тоа правејќи ходиници низ кожата при што ги дразни нервните завршетоци од каде иде и неподносливото чешање.Со самото чешање се оштетува кожата и доаѓа до дополнителни секундарни бактериски инфекции. Шугата најчесто се појавува во средини каде нема услови за лична хигиена или пак е занемарена...
Како најстар лек против шуга преставува сулфурот кој го размекнува површинскиот слој на кожата и ги растворува опните на паразитот како и неговите јајца па на тој начин ги уништува.Се применува на тој начин што препаратите што содржат сулфур се втриваат во кожата на целото тело и тоа три вечери едноподруго и веќе четвртиот ден болниот треба да се избања со топла вода . Денес се користат и други средства како Scabitox што преставува benzyl benzoate  и тоа се мачка три пати со разлика  по 12ч па наредна вечер се бања болниот. Scabin што преставува gama-benzenheksahlorid се мачка  после бањање  по цело тело и се остава 24ч да делува значи тука шугата  се излекува само  со едно мачкање. За успешно лечење потребно е целата фамилија која живее заедно со болесникот да се намачакаат на ист начин и сите алишта и постелнина да се испере на 90степени.

http://www.medical-tribune.at/mm/mm006/skabies_scabies.gif  http://www.abaelard.de/abaelard/images/265kra10.jpg  http://www.aerztezeitung.de/docs/2007/06/28/330_008_1818191_118a1001.jpg    http://www.skincarebeautyzone.com/wp-content/uploads/2007/02/scabies1.jpg

Изменето од bijonse1 - 09.Јули.2010 во 22:16
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,195 секунди.