IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - ЛЕГЕНДА ИЛИ КАКО НАСТАНАЛО ИМЕТО НА ВАШЕТО МЕСТО..
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЛЕГЕНДА ИЛИ КАКО НАСТАНАЛО ИМЕТО НА ВАШЕТО МЕСТО..

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ЛЕГЕНДА ИЛИ КАКО НАСТАНАЛО ИМЕТО НА ВАШЕТО МЕСТО..
    Испратена: 14.Февруари.2010 во 22:33
Секое име на град или село да не речам место......
не е случајно ......
си има своја историја......
или своја легенда......
ајј да видиме ......
што мислите како настанало името на вашето омилено место...........да

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 22:41
Како настанале имињата на  Подмочани ,Мокрени, Палик*ра ???
Има листа на села, како Горно и Долно Дупени, Прдејци и Подмочани, кои меѓу народот неоправдано служат за потсмев и за невкусни споредби, затоа што ретко некој го знае нивното вистинско потекло......губитник

Во Македонија добар дел од имињата на селата звучат многу хумористично и срамотно. Некои топоними наведуваат и на вулгарни помисли, асоцираат на некакво значење, кое, всушност, е далеку од значењето на соодветниот топоним.
"Од кај си ти, да не си од Подмочани што си се измочало во гаќи?", ги прашуваме понекогаш малите деца, без да знаеме дека во толковниците за топонимите во Македонија некој истражил и објаснил дека името на селото доаѓа од составот "под моч", што значи место што се наоѓа под моч, под мочурливо и влажно место. Луѓето доселени од ова место формирале село, кое се нарекло по мочурливото место од кај што дошле........
И селото Мокрени, кое се наоѓа во Костурско, Егејска Македонија, е наречено по доселениците кои го формирале, а кои дошле од место викано Мокра, кое било влажно и мочурливо место.
Кај нас има и село што го добило името од сушната почва на која се наоѓа. Такво е велешкото село К*ри Дере, кое кај многумина што не слушнале за коренот на овој топоним предизвикува реакција на смеење или чудење и неизбежна асоцијација дека потеклото му е од случка поврзана со дерење на нечиј пенис.....хи,%20хи.... "Селото к*ри Дере значи сув дол и е со турско потекло. 'к*ри' значи сув, 'дере' е дол. 'к*ру' е, всушност, оригиналниот турски збор со значење сув".

Низ Македонија има имиња формирани од називи на полови органи, но тие се микротопоними и обично ги нема на географска карта. Такви се Пичкуш, Голо Маде, Висок*рца.........
Интересно е името и на тиквешкото село Палик*ра. За потеклото на ова село, кое се наоѓа на височинка, всушност, има две приказни. Според жителите на Палик*ра, името е од пред неколку века, уште од турско време. Кога доаѓал аскерот да ги гаѓа комитите на височинката со топови, се слушале команди: "Пали!" Бидејќи Турците промашувале, овие одозгора им покажувале среден прст или цела рака и ги провоцирале на цел глас.......голема%20насмевка
името Палик*ра има грчко потекло. "Палаиос" е грчка придавка, со значење стар.... и именката "хорион" е грчка, а значи село, па, според тоа, Палик*ра е Старо Село.............да



Изменето од bijonse1 - 14.Февруари.2010 во 22:49
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 22:47
Дали знаете како настанале имињата на Долно и Горно Дупени,Прдејци и Мрзенци??????

"Кај да се бара вечер нешто за да се омрсам, во Горно или во Долно Дупени?", е честа шега кај младите, а е чиста заблуда.
Дупени е добиено со топонимизација на етникот во множина 'дупјани', луѓе што доаѓаат од местото дупа, со значење вдлабнато место, дупка".......губитник

Гевгелиското село Прдејци,
во кое не живеат луѓе што многу често и на јавни места испуштаат издувни гасови, како што е неизбежната помисла кога ќе го слушнеме овој топоним. Прдејци потекнува од лично име Прде, Прдо, Прдан, односно од фамилијарното име Прдевци......губитник

И Мрзенци, кое, исто така, е гевгелиско село, не настанало од мрзливо население, туку по луѓето кои дошле таму од мрзен дол, каде што било ладно и мрзнело"...........губитник
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 22:53
Еве вака е настало моето умилено место: 
Се претпоставува дека Куманово било основано во XII век во близина на селото Жеглигово, со цел да го чува преминот меѓу реките Вардар и јужна Морава. Во 1519, во турските документи се спомнува како село во состав на Нагоричка нахија со 52 семејства и околу 300 жители. Како градска населба (касаба) се споменува во втората половина на XVII век. Се претпоставува дека населбата во овој период има слабо развиено стопанство. Тоа го потврдуваат и патеписните забелешки на Евлија Челе*ија од 1660, според кои населбата имала околу 600 куќи, џамија, медреса, хан, хамам и одреден број на дуќани. Градската населба, административен центар на нахијата, Куманово станува при крајот на XVI или почетокот на XVII век. Првите изворни податоци за населбата Куманово се споменуваат во 1519 година, од патеписните дефтери во архивот на Република Турција во Истанбул со 52 семејства и околу 300 жители. Најопширни и најзначајни податоци дава Евлија Челе*ија во 1660 година кој напишал: „Населбата Куманово се наоѓа на територијата на Скопскиот санџак и претставува еден војводлак. Градот е украсен со многу реки, закитен со 600 куќи, покриени со керамиди.“
големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање 
 
Кон врв
Генерал Митре Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
бадајалџија

Регистриран: 19.Ноември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 646
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Генерал Митре Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 22:54
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:

Дали знаете како настанале имињата на Долно и Горно Дупени,Прдејци и Мрзенци??????

"Кај да се бара вечер нешто за да се омрсам, во Горно или во Долно Дупени?", е честа шега кај младите, а е чиста заблуда.
Дупени е добиено со топонимизација на етникот во множина 'дупјани', луѓе што доаѓаат од местото дупа, со значење вдлабнато место, дупка".......губитник

Гевгелиското село Прдејци,
во кое не живеат луѓе што многу често и на јавни места испуштаат издувни гасови, како што е неизбежната помисла кога ќе го слушнеме овој топоним. Прдејци потекнува од лично име Прде, Прдо, Прдан, односно од фамилијарното име Прдевци......губитник

И Мрзенци, кое, исто така, е гевгелиско село, не настанало од мрзливо население, туку по луѓето кои дошле таму од мрзен дол, каде што било ладно и мрзнело"...........губитник

сега уште да ми објаснеше од каде па името на село Свиниште доаѓа?
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 23:05
Како настанале имињата на Грешница , Кривогаштани, Злокуќани, Издеглавије и Лажани....да

Во околината на Скопје има село кое се вика Грешница......ангел
Звучи како да станува збор за жена со гревови, но во основата на овој топоним е зборот градец, или мало гратче.....губитник
Иако населението во Прилепско отсекогаш било мајтапчиски настроено, познатото село Кривогаштани има географско значење и воопшто не е досетка на прилепчани поврзана со криви гаќи, односно гашти.....смеење Кривогаштани е етничко име на луѓе дојдени од крив "гат", што значи крив канал, крив прокоп, насип.
Дека Македонија навистина изобилува со вакви имиња на села, доказ се и скопското село Злокуќани ....... не живеат зли луѓе во зли куќи, туку ова село го добило името по зборот лош кат, агол, кут. Луѓето што го формирале селото дошле од место со лоша поставеност, може*и од некое тесно или стрмно место............губитник
Охридското село Издеглавје, пак, асоцира на изедени глави, но во толковниците стои дека тоа е село кое потекнува од личното име Здеглав и дека било село што му припаѓало на некој човек со такво име.
Селото Лажани. "Тоа не е село во кое живеат луѓе кои многу лажат, како што наведува првата помисла за значењето на овој топоним. Лажани потекнува од прасловенскиот збор 'лаг', што значи долина, место покрај река, обраснато со дрвја"..........губитник
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 23:14
Преспа и Преспанско Езеро..........мечтаење

На местото на денешното убаво Преспанско Езеро, според легендата се простирало широко плодородно поле. Во близината на ридот имало седум кладенчиња, кои никогаш не замрзнувале. Нивните бистри води биле гордост за цела долина. Навечер кладенчињата со чепови (цифуни) се затварале. Во тоа време, две племиња, непрестано војувале за убавата долина. Ќерката на кнезот од едното племе Преспа, била многу убава. Таа секоја вечер одела под ридот, до кладенчињата, по вода. Еднаш, кај кладенчињата Преспа го видела синот на кнезот од другото племе. Нивните погледи се сретнале. Срцата им затрепериле. Се родила љубов. Оттогаш, младите почнале скришум да се сретнуваат. Една вечер, младиот син на кнезот кој се викал Лабид, ја чекал убавицата недалеку од кладенчињата. Таа стрчала, неосетно му се приближувала убвата девојка, лесна како срна. Таа стрчала, намерно ги извадила седумте чепа од кладенчињата и водата бликнала на долж и шир по долината... Кога ја видел младичот, со неколку скока ѝ го попречил патот и се нашле лице в лице ... Се фатиле за раце и тргнале кон ридот. Се качиле на врвот. Се прегрнале и паднале во љубовна игра. Шумолењето на водата и љубовната игра ги успала двајцата млади. Кога се разбудиле, во раните зори, пред нивните очи светнало едно сиво-зеленикаво езеро ... Дотогаш, стражарите на двете племиња ги известиле своите кнезови за покачувањето на нивото на водите и тие, племињата тргнале на пат - едното тргнало на југ, а другото се населувало во полите на Галичица... Лабид ја прегрнал Преспа и бакнувајќи ја, му рекол: “Сега нема за што да војуваат нашите племиња!“ Младите стапиле во брак, а настанатото езеро, во чест на убавицата се нарекло Преспанското Езеро а населбата околу него го добила името Преспа..............мир
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 23:47

Охридско село........ се нарекува со името „к*рајца" или „к*раица"...„к*ратица"..да

Засега најстар пишан документ за името на селото претставува Опширниот пописен тефтер за Охридскиот санџак од 1582 година, каде што селото е запишано како „к*ратица,,) Кон крајот на XVI в. и почетокот на XVII век во кодика-та на Слепченскиот манастир е запишано како „к*ратица"5), во 1888 година Верковиќ), а иодоцна и Кчнчов7) селото го запишале како „к*ратица". Во 1892 година во своите белешки од Охрид Бранислав Нушиќ го запишал како „Коратица"8), а со ова име се среќава и во административните акти непосредно по војната. Меѓутоа, пикој од досегашните наведени автори и документи не го објаснува значењето на името на селото. Во врска со потеклото на името на селото к*ратица, кај постарите жители од ова село постојат различни мислења. Некои сметаат дека селото го добило името заради тоа што е сместено во терен што личи на корито и би требало да се вика ..Коратица" Според други името на селото доаѓа од турскиот збор „k*ri", што значи „сув, а, о", па оттаму и мислењето дека селото порано се викало „Суво село" или „Суви дол". Постои и мислење дека селото го добило името по личното име к*рат или к*рт. Од научниците прв и единствен што досега се зафатил со знаечњето на името на селото к*ратица е полскиот славист Влоѓимјеж Пјанка, кој го застапува мислењето дека името на селото во основа има влашко потекло и доаѓа од манскиот збор „curat" што значи „бистар, брз, чист".  Може*и е во право Пјанка кога истакнува дека името на селото е од романско потекло заради тоа што одредени топоними во подрачјето на селото (Влашки колиби, Влашка чешма, Влашка вода, Влашко бачило, Влашки рид, Катуништа) даваат до знаење дека некогаш тука живееле Власи кои ги паселе овците по планинските предели на Мазатар и Плаќенска планина. Можно е селото да го носи името и од поранешната локација Горно Село во чија непосредна близина имало извори со чиста планинска вода, меѓутоа денес низ селото не минува „чист планински поток", туку постои само суводолица која повремено надојдува. Има податоци кои укажуваат на друго значење на името на селото к*ратица. Така на пример, во Етимолошкиот речник на Петар Скок10) се наоѓа зборот од латинско потекло „k*ratus, k*rat" m. (17 в. — западни кралеви), што значи „свештеник, жупник" со објаснување дека оттаму доаѓа и зборот ,,k*ratija"1'. (17 и 18 век) што значи„жупа". Аналогно на тоа зборот „к*ра-тица" би значел „жупица" или „мала жупа". Зборот „жупан" во словенските јазици значи управител на област кај Јужните Словени во минатото. Оттаму и доаѓа името „жупанија" за областа со која раководел Жупанот.11) Ако се има предвид конфигурацијата на теренот каде што е сместено селото к*ратица постои можност, овој дел, во периодот на доселувањето на Словените да претставувал посебна област или жупа. Оттаму сметаме дека името на селото к*ратица значи „мала жупа" или „жупица"...........голема%20насмевка

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 00:20
Како настанало името на Кривогаштани...!?

Според преданието ,Кривогаштани потекнува од некогашната градска населба Крив Град која се протегала од Македонски Брод(Дебреште) до Битола(Чепигово),формирана за време на доаѓањето на Јужните Словени на Балканот.Така била наречена според кривите,тесно и долги улици.Во одреден историски период дошлодо голем змејотрес и поплави па од тогашниот град останал само центарот денешното село Кривогаштани.Ова шиво предание за постоењето на некогашниот град населението го поткрепува со наодите што ги наоѓа при обработката на земјата,како што се темели од стари градби,камени плочи од гробови,разни керамики,чупови и сл.
Постои и друго предание (она што и го пастира bijonse1големо%20гушкање со мало дополнување)за потеклото на името на Кривогаштани според која тоа произлегува од носијата на кривогаштанци.Имено,околните места им се потсмевале на старите кривогаштанци како ги носеле своите гашти на криво.Од тоа потсмевање се добило и името на населбата а жителите не им се лутеле на другите за таа шега,туку напротив се гордееле од таквото именување и го прифатиле името на своето населено место.


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 22:27
http://www.vreme.com.mk/images/Copy%20of%20prilep-1.jpg


Според Марко Цепенков до престолнината на Кралe Марко  Варош почнале да се доселуваат луѓе и да градат куќи кои биле прилепени до ѕидините на Варош. Новиот град изгледал како ПРИЛЕПен на Варош па оттаму го добил името Прилеп......голема%20насмевка


Изменето од bijonse1 - 15.Февруари.2010 во 22:37
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 22:44
strumica ,...po rekata  struma...a, rekata....bog te pita kako..збунетост
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 18:53
Originally posted by brza brza напиша:

strumica ,...po rekata  struma...a, rekata....bog te pita kako..збунетост


Градот го добил името според царската ќерка Струма..........да

Првите докази за населби во струмичкиот регион датираат од 4.500 година пред нашата ера.  Од тоа време датираат остатоците од неолитската населба Страната, во близина на селото Ангелци.  Средниот век во Струмица оставил своја трага во царевите кули. Во Струмица тогаш живееле војници, занаетчии, земјоделци и трговци, кои ја бранеле тврдината.
Најстарото име на градот било Астрајон, а во периодот кога градот е во рамките на византиските граници го носи името Тивериопол - барем за власта и за црквата.  Денешното име Струмица, како што потврдуваат и старите пишани документи на старословенски јазик, се користи од средниот век......
Тогашниот римски цезар Тибериј (од кого произлегува името Тивериопол) и го посветил градот на својата ќерка Струма. ............да
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 23:25
Името на Тетово е добиено според јунакот ТЕТО
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2010 во 18:26
 Во Скопската Котлина имало огромна карпа со тркалезна форма. Таа, всушност, била глава на огромен џин, кој бил скаменет од злобен маѓепсник. Но, еден возвишен херој, разбеснет од оваа неправда, го победил меѓепсникот и со неговото магично копје ги пробил отворите на џиновската карпеста глава и на тој начин ги направил седумте природни патишта што водат преку седумте планини со Скопската Котлина.
„Името на возвишениот херој никој не го знаел, па во негова чест овој регион бил наречен со-копје, од каде што подоцна било добиено името“, вели легендата.
И Скопје, навистина, е град со седум влеза и со седум излеза: Качаничка Клисура, Вардарска долина, Дрвен, Матејче, Матка, Таор, Радуша.


Изменето од renatax - 26.Февруари.2010 во 19:01
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,299 секунди.