|
Православна самокритика |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | |||||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Marko,edno e ceremonii, drugo e vera. Verata e ona sto covekot go nosi vo svoeto srce i vo svojot razum. Inaku, jas iako sum Pravoslaven, sepak ne se slozuvam so mnogu raboti vo Pravoslavieto, no najlesno e da se kritikuva, toa sekoj moze da go pravi. Ima mnogu razlika pomegju tradiciite i sustinata na Hristijanskata vera, razlicni Crkvi razlicni tradicii, no vo site Hristijanski Crkvi bez razlika dali se Pravoslavni,Katolicki , Protestantski itn. ima iskreni lugje na koi ISUS im e vo srceto. Inaku me raduva sto pocna pak da pisuvas na forumot Veroispoved, pisuvaj si, mene nema da me otkazes od verata. Ako mojata vera e tolku slaba, poarno da ja nemam . Изменето од KINGDAVID - 05.Февруари.2010 во 00:08 |
|||||||||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Верувањето во Бог мисловно се образлага со ВероНАУКА со ТеоЛОГИЈА. Тоа значи дека подлежи на истите технички закони на разумот како и при секоја филозофска или емпириска наука. За Верувањето во Бог суштинско е искуственото поврзување меѓу верникот и Бог. Така што не се вреднуваат верниците според умственото познавање на верата туку со степенот на внатрешна поврзаност со Бог. Од таму и оние кои мисловно многу не знаат, може и да се неписмени може да се поблиски со Бог од други кои мисловно знаат повеќе. Впрочем колку и да се знае тоа е малку во однос на она кое не се знае. Меѓутоа како комплетни личности и она искуственото, суштинското го извлекуваме од себе и го формулираме во поимниот свет. Тоа така може да послужи како патоказ за другите и како одговор на надворешните прашања. Од таму Светите Отци се оние кои мисловно извлекле сознанија од сопствените искуства со Бог и ги формулирале за идните генерации. Така како што во физиката се повикуваме на Њутновиот закон (Њутн), Брауновото движење (некој си Браун веројатно), квантната механика (Бор) и тн. така и ние се користиме со откритијата на Светите Отци. Така Св. Ефем Сирин ни откри кое достигнување е најголемo и кој е најголем христијан - оној кој ги гледа своите гревови е поголем и од оној кој може со вера планини да поместува. Св. Антониј за монашкиот подвизување. Св. Аеропагит за небесниот свет, Св. Григориј за надрационалноста на верата и тн. Тие закони откриени и формулирани од Св. Отци дури и се потрајни од физичките и никогаш нема да престанат да важат. Така целата градба на Христовото учење изградувано од целата Црква. Живите и мртвите, постојано се доградува Соборно од сите. Најголем придонес имаат оние кои најдлабоко искусиле и пренесле но и сите ние додаваме по нешто. Како што не може да се гради ниедна наука без сознанијата на оние претходно така и ВероНАУКАТА се гради врз претходните објави и откривања. Скоро и да нема било каква учење кое постојано стартува од нула. Можеби протестантизмот сакајќи да го отфрли она претходно промовираше толкување без никакви претходно авторитети меѓутоа поради самата природа на објаснување на еден одржлив вредносен систем, сакале или не и тие мораат да градат аворитети на кои ќе се повикуваат. Неповикувањето на авторитетите на Светите Отци значи исто како еден физичар да не ги повикува претходните теореми, аксиоми, закони утврдени од претходните научници од соодветните области.
Имаш ли образложение за твоето мислење за примитивноста на верата за да можеме да ти докажеме дека грешиш. Бидејќи мислењето на верниците е сосема спротивно од твоето. Верата е вонвременска и можеме да го образложиме тоа.
Менторскиот систем на учење или на образование е признат за најдобар систем за комплетно личносно образование и оформување. Најбогатите сеуште го користат за своите деца. Сегашните школски системи се индустријализирана форма на профилирање на личностите. Духовникот самиот верник си го бира. Што значи каков ќе биде неговиот духовниок тој самиот си одбира. Го одбира оној од кого мисли дека може да стекне духовна добивка. Јас на пример не сакам толку интелектуален духовник, повеќе сакам практичар со здрав дух и со едноставна психа. Со оглед на тоа што односот на еден духовен раководител со неговиот ученик не е ставен под некаков повисок надзор ниту има казна за тоа несогласувањето на ученикот нема никакво влијание за останатите во Црквата. Се бара послушание, но на доброволна основа. За разлика од тоа зад државниот учителско-ученичкиот однос зад одлуките на учителот застанува целиот школски систем. Aко еден учител изрекол казна целиот систем таа казна ја прифаќа и применува. Во Православниот менторски систем ученикот при изборот изразува доверба врз основа на докажаната вера кај духовникот. А ако не ги разбира сите нешта ги применува без да се распрашува пред да дојде исходот на применувањето. Ако дојде до поголем број промашувања од поуките се разбира дека има право да се повлече. Овој однос е далеку послободен отколку на училиште каде следуваат неизбежни принудни казни. Од друга страна раководителот има свои одговорности во однос на ученикот. Доколку не ги исполнува, ученикот слободно може да го напушти и да побара друг учител. Внатре во тој нивен однос ретко кој се вмешува. Во текот на животот верникот може да менува повеќе духовни раководители, а Црквата воопшто да не обрнува внимание на тоа. Меѓутоа во случаевите на непослушност кон совесен раководител и постојано менување на раководителите, според слободата на мислењето на другите на природен начин сам се унизува во црковната заедница.
Само ти држи се до „respektabilno, bez omalovazhuvanje“ и сосема нормално како Македонци, сонародници, сожители и сограѓани ќе си разговараме за овие прашања. Изменето од sard - 05.Февруари.2010 во 04:31 |
|||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||||||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Верата е за сериозни и развиени личности, а не за плашливи деца. Кога еднаш ќе ја сфатиш ужасната сериозност на животот тогаш ќе сфатиш дека Верата не прилагодувајќи се на човековата распекмезеност во својата облека како и во целата форма ја претставуваа таа ужасна, но прекрасна серизност. Наместо задоволствата на лажливата, но празна уметничка имагинација прикажува нешто силно, реално, сериозно, исполнето и прекрасно. Храмот е место за сериозна и силна духовна борба, а не за распекмезени уметнички доживувања. Вистинска уметност не е онаа која директно се бара туку онаа која ненаместено произлегува како страничен елемент при внатрешните духовни и реални барања на човекот.
Самите облеки во текот на човековата историја значително се менуваат. Направи споредба низ вековите и ќе видиш какви огромни разлики има. Зарем Црквата тоа треба да го менува при секоја нова мода? Не таа бидејќи е проповедач на вонвременското она кое еднаш ќе го избере ќе остане засекогаш. Секоја изразна форма е само облик, чин. Круната како и многу елементи од облеката сите чинови на изразување на верата си имаат одредени симболики. Митрата со нејзиниот заокружен облик ја претставува Вселената. Би можело да биде и друга форма на чинот или обликот. Има слободниот избор на формата но само еднаш и тоа е искажано од Господ Христос во Новиот Завет. Затоа и таа форма не е сосема иста секаде. Постојат разлики во тие форми во различни простори. Меѓутоа еднаш утврдената, зависно од даденото време и простор има обврска да се чува и да не се менува. Според принципите на љубовта, еднаш повиканата обврска треба да се држи до успехот, а не обврските да се менуваат според моменталните желби и трендови. Ако Црквата тргне по човековите хормони каде би завршила?
Тоа ти беше објаснето погоре. Во поглед на нештата кои сакаме да ги учиме, учиме од други луже. Во поглед на Богопознанието човек му се доверува на оние кои веќе стекнале духовни искуства. Наместо училиште, во Православието се применува поинаков менторски систем кој скоро идентичен постоел и во антиката се до ден денес. Твоето прашање би требало да биде, дали тој однос функционира. Ако функционира, ако личносно ги издигнува оние кои имаат духовни раководство, тогаш немаш аргументи за критика. Да функцинира и е многу поквалитетен начин на учење отколку класично школскиот. Во слична форма постои во модерниот свет при посета на психолог, само што тоа финансиски е многу многу поскапо.
Сите молитви во сите вери се ротациони. Но верникот по свое наоѓање ја менува молитвата Измислува свои лични или во моментот се искажува. Има ли нешто кое само менува и никогаш ништо не повторува, па за да се критикува повторувањето? Секое развивање има повеќе или помалку ротационо работење.
Од каде помислата дека тоа е највисок степен на духовност?
Да, заповедал Лука 21:36 бидете будни во секое време и молете се, за да го избегнете сето она, што ќе настане, и да се исправите пред Синот Човечки!” Лука 18 3 Во истиот град живееше една вдовица и доаѓаше кај него, велејќи: ‘Заштити ме од мојот противник!’ 4 Но тој за долго време нејќеше. Најпосле си рече во себе: ‘Иако од Бога не се бојам и од луѓето не се срамувам, 5 но, бидејќи оваа вдовоца не ми дава мир, ќе ја заштитам, за да не доаѓа веќе и да не ми додева.’” 6 И рече Господ: “Чујте што зборува несправедливиот судија! Го зема примерот на упорната вдовица која досаѓала со молитвите и го приморала несправедливиот судија да донесе пресуда, а колку повеќе праведен Бог би помогнал на повиците. И потоа додава 7 Та Бог нема ли да ги заштити Своите избраници, што викаат кон Него дење и ноќе; макар и да забави? а за упорноста во барањето/молењето најдиректно е укажано Лука 11 5 И им рече: “Ако некој од вас има пријател и отиде при него на полноќ, па му каже: ‘Пријателе, дај ми назаем три леба; 6 оти ми дојде еден пријател од пат и немам што да му принесам; 7 а оној однатре да му одговори и рече: ‘Не ме обеспокојувај; портата е веќе затворена и децата се со мене во постела; не можам да станам да ти дадам.’ 8 Но ви велам, макар и да не стане да му даде затоа што му е пријател, но ќе стане заради неговото настојување и ќе му даде, колку што му треба.
Секое човеково посветување кон било што го поврзува со тој субјект или објект и врши влијание повратно на човекот. При секоја комуникација од било кој вид се случува размена на природата на страната на субјектите. Затоа и оние кои се посветуваат и на дрвен тотем знаат да дојдат до чудни и невообичаени постигнувања, пример левитација, нечувствување на болка и тн. Тоа е затоа што сите нешта носат во себе делови од Божјата енергија. Но најсилно и најчисто е посветеноста на Изворот, на самиот Бог. Другите нешта се како подолни извори од каде извираат подводните води со нечисти и штетни примеси. Така кога има негувана достоинтвена комуникација со Бог, молитва/разговор, започнува совршено преформирање, метаморфоза. Во текот на молитвата тоа се чувствува. Доаѓа до промени физички и психички. Свеста полека се отвора, духот се ослободува. Физички тежини се олеснуваат. Промени се случуваат и при било кој однос со било кој друг субјект/објект, меѓутоа овој пат тие промени се совршени. При тоа ние се менуваме согласно со универзумот, меѓутоа и универзумот го менуваме и прилагодуваме. Општо енергијата околу нас одеднаш се смирува и се сталожува.
Тогаш би имале некој прекрасен свет, со меки преубави достоинствени личности. Сите би се сакале и би имале некаков величествен светол дух во себе и во просторот околу нас. Слика спротивна на се поголемата темнина и жолчност во овој свет кој мисли дека самиот нешто може. Изменето од sard - 05.Февруари.2010 во 05:56 |
|||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||||||||
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
A ne, teorijata na fizicharot ili negovoto otkritie lesno se proveruva. Taka da, teoriite i zakonite na sv. otci i fizicharite, vo svojata nauchnost i izdrzhanost se slichni kolku neboto so zemjava :).
Tuka ne bi komentiral, i kratko kazhano samo vernicite se opsendanti so nekoi misli deka mozhe da padnat vo pogibel, se nekoj strav, nekakva chudna opsesija…a nesakam I da `hulam` spored vash*te kriteriumi. Pr. samo: Kade e etichnosta vo seta chovekova istorija koja e stavena vo funkcija na prviobitniot grev, Vinata e lichna odgovornost, kolku e neetichno nekoja tugja vina siot rod da go sledi… I kako toa na tolku primitiven nachin se prezentira t.e. se stava vo funkcija ovoj zhivot so onoj nebesnion, demek strav vo KOSKI, bidi poslushen, ne mu se protivi na VLADETELOT- CAROT I na POREDOKOT, Moli se, na onoj svet kje bidesh nagraden ! Gledash li kolku ovie poraki se chovechki isntruirani vo polza na vladeachkata klasa.
GRESHKA. VO GRUPA PODOBRO SE UCHI ! Mentorski system, eden uchenik i eden uchitel e minato svrsheno vreme. Uchenikot e hendikepiran od socijalizacija i konk*renciuja na negovite soouchenici, kako i hendikep da slushne predavanja i uchenja od drugi uchiteli. Изменето од Marko sk - 05.Февруари.2010 во 21:58 |
|||||||||||
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Zashto UZHASNATA serioznost, chumu vakvi pogubno defetistichki atributi. Zashto zhivotot da ne bide svaten pred se kako RADOST i blagodat shto kje se ima prilika da se osoznava svetot, da se gradi sopstevena nadgradba i realizacija na samiot sebesi kako na lichen plan taka i na opshtestven, da se formnira semejstvo, svoi potomci i t.n.... Zashto uzhasi, zashto preopteretenost samo so borba so mrachni sili, koi se tie mrachni sili, samo gjavoli vo glava na ova vernicive im se vrtat. A za umetnichkiot vpechatok, ne pravi muabet, od necrkovni i ateisti povekje se `uchi i osoznava` za `kosmichkata sostojba`, umetnichkite izrazi koi te teraat da razmiluvash se daleku pobrojni i popredizvikuvachki bash od lugje koi se nadvor od crkvata i toa za predizvicite i opasnostite na zhivotot, za vitalnosta na chovekoviot duh, za makite i iskushenijata, za etikata i moralot, za migot kako vechnost, za lubovta ne samo kon sprotivniot pol, decata roditelite, i svoite bliski, tuku mnogu poshiroko....
Tuka nema komentar, sepak teatralnosta e ochigledna, vrti suchi ama seto toa e samo edna pretstava, bez razlika dali i kolku namerata e seriozna, sepak TOA E PRETSTAVA - Teatarska- svatena vo najshirok smisol na zborot, so scenario, akteri, dekor, garderobel, ukrasi, duri i potencirash deka seto ima svoja simbolika, pa jasno e deka e so simbolika, t.e. chovekot niz seta svojata istorija od najrani vreminja e domakjin na niza promenlivi simboli na umot, toa ja sochinuva negovata kultura....ok, takvi chinovi ( so razni sodrzhini) bile poznati kaj site narodi ushte od sumerite.
Konechno dojdovme do DOSTOINSTVENOSTA. pa toa dostoinstvo se gradi se iznuduva so aktivno uchestvo vo polit i javniot zhivot, so pritisok kon nosenje na humanistichki i pravedno- realni zakoni, so poramnopravna raspredelba na trudot, so nadnici so koi mozhesh osnovnite potrebi da gi platish, so domovi vo koi mozhesh kako CHOVEK da se pochuvstvuvash, a ne da se zdovoluvash- pomiruvash so zhivot vo kolibi i molitvata da ti bide edinstvena uteha... dodeka velikodostojnicite i aristokratite kako misiri kje se debelat vo obrazite i stomacite i kje se nalevaat so vino... A ponatamu vo kvotiranovo pak gledam opsednatos so temnina, demek deneska sade temnina , a porano temninata bila pomala, more sard, kako odi svetov napred, `zhivotot` stanuva se poubav, a znaesh li zoshto, zatoa shto ja gradime demokratskata liberalna civilna opshtestveno- ekonom zaednica na suvereni pravni drzhavi, vo koi sekoj gradjanin direktno preku delegatskiot system ima ( barem teoretski mozhnosti) da vliae vo gradenjeto na ureduvanjeto. I shto e najbitno se odi kon afirmacija na chovekot kako Subjekt - kako lichnost so svoi prava, potrebi i dolznosti, afirmacija na lichnosta kako subjekti koi go sochinuvaat opshtestvenoto tkivo, (a ne object- brojka) , so pravo na glas da kazhe, da protestira koga gleda nepravda, a ne pokornost i molitva ( vsusnost koj vi brani da se molite) no umre toa vreme na poslushnost i neprotivenje na voljata na zakondavnata vlast, taa parola - `nagrada na onoj svet vi sledi ako ste poslushni` ovozmozhi pogubuvanje- bioloshko ( za duhovnoto se pretpostavuva ) na pola hristijaski svet da bide niz vekovite potepan, a ostatokot kako skot cel zhivot da molchi i da zhivee vo mizerija…. Kade e deneska EDNATA SVETA Soborna Pravoslavna Crkva da se ogradi, eve neka ne sudi, ama neka se ogradi od pomazanikot koj togshnite patrijarsi GO OPEJUVALE VO NIVNITE LITURGII, I SITE EPITETI NA VELICHENJE mu gi dodeluvale na Vasilie II, koj oslepe 15.000 vojska na Samoila. Znaesh shto znachi taa brojka vo deneshni uslovi, najmalku pola milion lugje, a znaesh li deka grev e zhivotinche da oslepesh, a kamoli zdravi lugje, koj grev e toa, a? CRKVATA MOLCHI den deneska. OK, dovolno e ! Iako i jas sum pravoslaven, fakt e deka koga se pojavi protestantizmot ( spored golem broj na istorichari, kapitalizmot - sistem koja deneska ja promovira demokratijata e bah produkt na protestantite, i ne deka samo toj e prichinata, tuku eden splet na okolnosti, pred se ulogata na Humanizmot i renesansata, razvojot na naukata i sl), svetot trgna pobrgi napred, toa e fakt. Zemi gi pravoslavnite, pa carska Rusija beshe ushte feudalna zemja, a ostanatite pravoslavni, Grcija ne ni postoela, beshe od UK I Fr. formirana i osobodena okolu 1820 god. , Srbija 4 veka pod turaka, nie sos bulgarcheta 5 veka , nepostjat narodi koi bile pod ropstvo vo novata era podolgo otkolku nie….. PS> Malku izlegovme od temava, go back to etnofiletizam, business i sl. raboti bea posocheni kako tochki na temava, po osnov tie tochki i crkvata e sepak od lugje izgradena, taka da nacionalizmite, matnite zdelki, polit vrzuvanja, interesi i sl, seto toa e imanentno za lugjeto, bez razl;ika dali nekoj e PATRIJARH ili GJakon, i tie imaat potreba da jadat i da pijat, ista pesna se kako i ateistite, duri bi rekol, ateistite vo prosek se pomoralnite lugje, pa koj normalen odi katadnevno vo crkva, odi onoj koj ima grevovi, pa neli Hristos samiot kazha: Dojdov da gi spasam greshnite ….taka da onoj koj E GRESHEN i ima potreba od takvo molenje za prostuvanje i nebesno spasenie, slobodno neka odi ako toa mu pomaga da se chuvstvuva podobro ! Изменето од Marko sk - 05.Февруари.2010 во 22:05 |
|||||||||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Се што е мислвно се проверува дали функцинира практично. Тоа важи и за емпириските науки, и за филозофските во чија група спаѓа и теологијата. Теоретското и поимното се потврдува со тоа дали практично функционираат. Ние ти тврдиме дека животните закони за настаните според правилата и законите образложени од Православната Вера се потврдуваат во животот како точни. Тоа се потврдува и од аспект на старите и новите пророкувања за глобалните настани. Тоа се потврдува од кажаните закони што ќе доживее еден човек со одредено однесување. Тоа се потврдува од влијанијата на молитвата врз човекот и настаните и тн. Исто така целиот концепт интегрално се проверува. Внатрешни поситни делови може да се непознати, бидејќи не може да се знае се, но концептот се потврдува за исправен во однос на се што се случува.
Јас сепак мислам дека имаш недоразвиен детински, (не детски бидејќи децата доста добро ја примаат верата) однос кон Верата. Таков однос на притисок од казна сум имал и јас во тинејџерското верување. За после атеистичкиот период тоа да се измени. Ситуацијата е обратна, Бог е само доброчинител и не прави зло. Теолошки став стекнат со новозаветната објава е: Господ по својата природа „не може“ да прави зло. Тоа е спротивно на Неговата природа. Бог е Оној кој само добро прави, нашите несреќи се последица на погрешното живеење кое по внатрешни закони не внесува или ги повикува несреќите кон нас. Дури и тогаш Бог сеуште го покрива настанокот на несреќата се додека има можност за исправка. Но зошто се вели Бог казнува. 1. Затоа што при долготрајно и непокајано живеење на човекот Бог одлучува да ја повлече заштитата и несреќата се случува, соодветно на гревот. Тоа е казната - повлекувањето на Светиот Дух. Бог ја повлекува заштитата, која спречува темната природа на грешникот да го одвлече во несреќа. 2. Самите тие закони кои функционираат во човекот и природата се произлезени од самата праведна и света Божја природа. И затоа иако недиректно може да се каже дека Бог ги казнил. Значи не ти пишувам само од себе, туку теолошки став на Православното учење според толкувањата на настаните и изреченото во Библијата, но и потврдено во животот. Зависно од грешноста во таков степен е падната и човековата светлина. Нивото на словесноста паѓа и иако непокајаниот грешник мисли дека забележува, способностите за да ја види ситуацијата околу него му се намалени. И тоа намалени се оние свесности кои се поврзани со обликот на неговата грешност. Така несмирен и затемнет иако мисли дека гледа најчесто и не се сеќава кога влегува или ја повикува несреќата да му се случи. Секој кој нагло влегол во гревови има искуство за ова. Ако се луѓето искрени, ама не се, ќе ти признаат дека баш пред таа и таа несреќа тие сториле такво и такво нешто. Бог само штити, а казните се внатре во самиот грев. Во погазувањето на светоста во нас.
Исто колку што е неправедно кога некој уништил луѓе им зел богатство и умрел. Синот наместо да го врати тоа богатство, тој ужива во она кое му следувало на други. Во тој случај тој си го носи товарот на казната која следи заради непокајаноста. Кога го враќа туѓото тогаш е ослободен од проклетството. Така и сите оние Адамови и Евини наследници кои се непокајани за Адамовиот грев пред Бог, го носат товарот на Адам. Оние кои го отфрлаат се ослободуваат од тој грев. Значи од нив индивидуално зависи. Од друга страна при вкусувањето од познавањето на доброто и злото, луѓето научиле нешто кое во основа не е лошо. Тоа требало да ги направи богови, ако вкуселе кога ќе дошло времето. Кога ќе дораснеле на тие сознанија. Меѓутоа вкусиле предвреме и не биле способни да се носат со тоа сознание. Истото важи за сите нас. Светот самоуверено мисли дека може да се носи со доброто и злото, а постојано греши. Самиот обид да ја разбере природата на злото човекот/светот го повлекува во темнина. Ние Адамовите наследници, САМО со Божја помош можеме да се соочиме со тој товар. Секој самостоен обид, само ја повторува гордата Адамовата грешка.
Самиот овој свет недвојбено искажува суштинска и непоправлива изопаченост. Во овој свет, настрана од духовно-морално-културната сфера, не постои добро. Никаде во природата освен мали струготинки, не постои доброто. Го нема доброто во светот на инсектите, го нема во светот на дивите животни, ја нема милоста во физичките закони и тн. Напротив насекаде постои само суров безмилосен егзистенцијализам. Таа е реалноста за оној кој сака да ја погледне. А сепак знаеме дека во нас сакаме, се стремиме кон нешто друго. Во нас, не сакаме да се претвориме во животни, сакаме да бидеме нешто повеќе. Тоа иде од нашата божествена природа. Другите суштества свесно кон тоа не се стремат. Во себе и во подлабоката природа откриваме дека постои и друг закон. Покрај законот на моќта, законот на посилниот, постои и законот на љубов. Само тој уште посилен закон е внатрешен и прикриен иако кога се погледне во длабочина тој е и пореален отколку оној на површина. Од таму овој извитоперен свет, не може да не задоволи, туку оној кој во себе го откриваме. Кој се сврти кон овој свет, потпаѓа на неговите закони и му идат само разочарување до разочарување. Тоа е мат позиција. Поглупавите се ситат дека законот на посилниот владее и тие како силни ќе опстанат. Ама глупави едни не погледнуваат дека додека се тие посилни од нешта, други нешта се посилни од нив и само прашање е на време кога самите ќе бидат уништени. Господ Христос ни го откри и објасни законот на љубовта и светот од каде таа љубов иде. Тој може да не смири соодветно на тоа колку го применуваме, но во целосна полнотија ќе биде во комплетниот свет. Во однос на уредувањата, Верата балансира да не се менуваат уредувањата со нивно рушење, туку со внатрешно културно-духовно еволуционо подобрување. При тоа не значи дека нема да ги осуди злите власти и владетели. Не значи дека нема да се бори против нив. Туку само се ограничува на дозволените христијански средства на борба. Падот или поточно метаморфозата на моќното Римско Царство со културно-духовното еволуционо подобрување е најдобар пример.
Духовниот раководител е само еден главен и најодговорен учител за одреден верник. Инаку сите свештеници и сите едни на други сме учители и ученици. Што значи применети се сите предности. Аристотеловата перипатетичка школа чиј најпознат ученик е Александар е една од најпрво познатите http://en.wikipedia.org/wiki/Peripatetic_school Изменето од sard - 06.Февруари.2010 во 02:41 |
|||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||||||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Животот е радост со Бог, но низ сериозна призма. Под несериозност се подразбира несогледување на постоечките објективни товари. Напуштањето на серизноста на реалноста значи повлекување во самозалажувачката имагинација. Најдување на задоволства во илузиите на имагинацијата. Свет се оддава на филмските, литературни и други имагинации кои достигнуваат се повеличествени претстави. И нови и нови имагинации за наслада. А таа наслада празна. Контра тоа светот на побожниот христијанин е сериозен, но и исполнет со основана радост.
Може преоптеретеност да има кај поединци во период на погрешна духовност инаку „за чистиот се е чисто“.
Православните христијани се underground. Нашите вистински знаења за тие теми ретко или многу тешко излегуваат во медиумите и јавноста. Ги има доста објавено, ама не се во духот на светот, затоа светот ги потиска.
Се што е внатрешно си има надворешен чин. И прегрнувањето не е нужно за љубовта, ама е еден од чиновите, актите кој ја изразува. Старците кои се подвизуваат по испосници, или пустињаците, имаат ретко или никакво учество во литургиите, не палат свеќи, ниту ја носат таа облека, но на друг уште повреден начин ја изразуваат љубовта кон Бог. Чинот на литургиите си има свои описи, не служи за удоволување на уметничките желби на верниците, туку за нивна духовна жртва и духовен напор. Служи како повик за внатрешна борба и работа, што треба да донесе душевно олеснување, а не за фантазерско опуштање и задоволство.
Оваа тема треба да ги постави тие работи ако и во која мера постојат. Но и да не се заборави дека Црквата работи пред се во борбата со „поднебесните духови на злото“ а помалку против конкретни зли луѓе. Според мене внатрешната и надворешната борба се поврзани и влијаат едни врз други. Што значи борбата со злото треба да биде и внатре во себе, но и со злите сили надвор од себе. Нема попрекрасно нешто за душата од молитвата?
Грешка си дека светот оди напред. Ако ги отвориш очите и погледнеш околу сега има повеќе страдања отколку во турско ропство само ние тоа не го регистрираме. Површно не изгледа така, ама под површина е така. Можам да ти направам анализа, ама тоа ќе потрае. Така е и во другите земји. Духот сега паѓа луѓето не се ни способни за да бидат среќни.
Модерниот човек е полухибидизиран, физички и личносно. Исто како што имаме хибридни семиња, хибридни крави, овци и тн. Човекот е поставен да служи на стопанскиот развој, наместо стопанството да му служи на човекот. Колку е поразвиено општеството (САД, ВБ, Германија), толку луѓето се похибридизирани. Како што една крава треба да биде набилдана за месо и да дава 10 пати повеќе млеко така и денешното општество го оформува човекот да биде соодветен на поребите на стопанството. Сите робуваат дури и оние богатите. Робуваат на трката од која не смеат да се откажат за да не бидат лузери, иако гледаат дека таа трка ги уништува сите. Правата се само за работите кои се во склад на она кое му одговара на владетелите. За нештата кои луѓето би ги посакале спротивно на владетелите ѓаволски тешко е да се остварат тие права. Тие се запишани во уставот и законите, ама тоа не значи многу кога нема реална сила за да се добијат. Така што се бориме за истото, само ти исклучиво против конкретни луѓе, а ние повеќе против мисли, енергии и духовни сили. Една од тие опасни мисли е Дарвинизмот во умовие на луѓето кој всадил убедување за ЕДИНСТВЕНАТА сурова реалност на опстанок на посилниот. Тоа ја создава цивилизациската џунгла. Бидејќи луѓето наместо да се гледаат себе како суштества со света основа, се гледаат како егзистенцијални животни во цивилизациската џунгла на меѓусебните борби.
Василије II не е сметан за Светител или за нешто посебно добро. Тој ослепел војска која влегла во судир со неговата. Во тој момент не знаеле дека тоа ќе биде последната битка. Според некои објаснувања тоа било поради огромната непоштеност на Самоил. Имено Самоил ги убил дури и преговарачите кои Василиј му ги испратил. Познато е дека Самоил ги убил и 3та браќа за да ја освои власта. Тој го поддржал еретизмот, богомилството, се свртел кон Рим непосредно пред расколот, станал опасност за целата византиска империја. Затоа што треба да рече Црквата за световни војни меѓу суровиот Василиј II со лакомиот Самоил на штета на народот. Кого да го осуди, кого да го брани. Скоро секогаш е така во световните судири. Нема чиста страна за Црквата да застане од таму.
Се согласувам, но таа рационализација на верата, одведе во атеизам, а атеизмот во нихилизам. Така што човештвото сега не знае зошто да живее. За да има било каква храна за живот човештвото се фрли на хедонизам. Втората рационализација - протестантизмот, како последица на првата - римокатолицизмот, го зголеми нарушуваето на балансот на човекот каде тој во животот го бара и духовното решение внатре, а не само надворешното. Рационализмот не е способен да даде одговори на сите прашања. Има области кои се одговараат со надрационални форми на спознание. Пред протестантско ренесансниот општествен напредок, постоеше блескав научен и културен напредок во Православието, во Византија. Византија прво пропаднала духовно, па економски и политички, иако умствено никогаш не пропаднала. Откако се украде се од таму на Исток. Културно и економски се случи овој вториот значително понебалансиран напредок на запад. За да не се признае таа кражба, се се затрпува. Се прескокнуваат илјада години и филозофските и правни основите се поставуваат пред Византија, во робовладетелскиот Рим и во античка Грција. За парламентаризмот и демокатијата кои ги споменуваш развиените основи се во Византија поучена од Соборноста на Црквата. Византија прва го развива банкарскиот систем, подоцна украден заедно зо византиското злато. Прва воведува модерна и нотна музика. Многу порано од барокот со друг систем на симболи кој поединци го користат и ден денес. Византиската култура е со мали додатоци метаморфозирано вградена во исламската култура во музиката и архитектурата. Системот на школување најпрво се развива во Византија многу порано од Болоња и другите универзитети на запад. Се е искрадено и кражбата се прикрива. Во источните комунистички земји дури и постоела формална забрана да се изучува Византија. Зошто? Па како ќе објаснат една таква појава. Теократска држава со такво ниво на општествена праведност? Како ќе објаснат дека уште во РАН СРЕДЕН ВЕК Василевсот се бирал со избор од делегати. И тоа откако низ школскиот систем избереле 3-4 најталентирани и во текот на неколку години ги припремале за владетелска функција. И уште колку вакви работи не знаеш за достигнувањата на единствената православна теократска држава. Првиот модерен систем на земјоделство и пласман на производството. Поморска трговија, подоцна на измама превземена од Венеција и Џенова. Најсилна емпириска научна мисла во тоа време. Дали знаеш дека Константинополскиот колосеум бил 3 пати поголем од овој постоечкиот, Римскиот кој се смета за едно од чудата на стариот свет. Откатко е отфрлено гладијаторството и робувањето дошле некои похумани спортски натпреварувања. Како што е денес фудбалот, така низ цела Византија било тркањето со коњи. Секаде каде што ќе видиш коњи низ европските метрополи (пример Брандербуршката порта во Берлин) знај дека се украдени од Византија. Како ќе се објасни дека силата на Православната филозофска мисла ги збришала претходните антички филозофии. Тие денес силно промовирани филозофии во директен судир ја изгубиле битката. Кога се судрат мисли не е битно кои се носителите. Победата не зависи од носителите туку од мислата. Онаа физички послабата православната ги збришала тотално овие претходно устоличените. Верски или филозофски. Може ли да се споредат тие неколку таблици од Римското право со првиот комплетен законик - Јустинијанов Кодекс уште од 5 век. Да се сечеле раце за кражба и слично, ама бил ран среден век. Времето било егзистенцијално. И за крај. Рационализмот прво удрил во Византија. И логично е тоа, затоа што била најнапредна. Новите помисли најпрво таму се јавуваат. Ама ја изгубил битката од православниот надрационализам. Поразените рационалисти од Византија со подвиткани опашки се преселиле на запад и таму го пренесле семето. Рационализмот не се раѓа во Западна Европа туку овде. Тој таму победува бидејќи ограничениот римокатолички рационализам ја изгуби битката од послободниот протестантскиот. Послободниот протестантски рационализам ја изгуби од тотално слободниот атеистички рационализам. Но сега овој попаметен да ги негира римокатоличките и протестантските одговори за светот не знае да најде афирмативна смисла за било што. Затоа замина во нихилизам и дегенерација.
Од световна страна тоа е поради западната стратегија на континуиран и вечен судир на исламот и православието. Кога е некој паднат дури и да е многу силен, друг само со една рака може да му ги стопира обидите да стане. Трошењето на двете страни (Православни и Муслимани) во меѓусебните судири им овозможува несметано превладение на западните општества. Тоа било тогаш така, така е и сега. Од духовна страна тоа е поради Божјата промисла да не спреми внатре за ударите на хедонизмот. Подобро порано да се изеде горкото од татковците, за да се остави слаткото за децата. Тоа е изборот на нашите предци пред Бог кои имале таков однос кон своето потомство.
Христијанинот треба повторно да се роди со Дух. Ако не се роди со Дух, не може биде и да се нарече христијанин. Кога по втор пат се роди со Светиот Дух, тогаш веќе може да живее различно од другите не понизувајќи му се на телесното. Ако свештениците не можат да живеат како што налага Верата, тоа е бидејќи не сакаат. Тогаш нека живеат обично како мирјани. |
|||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||||||||
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Me raduva faktot shto moite zabeleshki za verata i pravolsavieto pridonesoa Sard da ni iznapishe poopshirno za doktrinata na Pravoslevieto a osobeno dade povekje info za Vizantija kako prva i edinstvena pravoslavno teokatska organizirana zaednica na narodite koi zhiveele vo nezjinite granici.
Vred e, znam deka sekoja golema religija gi ima izgradeno svoite koncepciski stavovi i tezi vo detali, i koga pishuva Sard, mi zalichuva ( analogno) kako na vremeto koga uchevme za Samoupravniot Socijalizam, teoretski - skoro i da nemozheshe mana da mu se najde, ama na prkasa panda kako krusha… ok, mal `sarkazam`- shega ne e na odmet. Iskreno, iako vo dialogov se javuvam kako oponent, me raduvaat vakvite solidni odgovori, ednostavno i jas sum na istata strana, no sepak po nekoi stavovi ne se slozhiuvam, no vo interes na diskusijava ne gi komentiram, da se zadrzhime na poglavnite `segmenti`. 1. Mozheme li slobodno da konstatirame deka po prashanjeto na steknuvanjeto na avtokefalnost na pomesnite crkvi, deka `nachinot`- patot e edno bi rekol nebash spretno reshenie? Se dobiva vpechatok deka bash toa apostolskoto preimstvo se zloupotrebuva od Crkvata Majka, nekoja kanonska zloupotreba da ima, ednostavno realnosta pokazhuva golemi problemi kako vo minatoto taka i denseka so Ukrainskata Crkva, so Esatonskata misaim deka ima, so MPC…. 2. Okolu etnofiletizmot i da ne zboruvam, sl. tekst dava edna ubava analiza za takvite sostojbi kako i poshiroko : Тема: Quo vadis Pravosavie http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=17680 3. Shto se odnesuva na tvojata zabelshka deka deneska svetot e `padnat` povekje od porano, ne bi se slozhil, od prichina shto takvite konstatcii, zapochnuvajkji od pochetokot na 19 vek pa navamu se istovetni. I togash se velelo deka togashnite sostojbi se padnati, pa vo pochetokot na 20 vek istoto, sega vo 21 vek ima analitichari i misliteli koi istite konstatacii go nostat,ama ima i poinakvi, kako i da e sepak fakt e deka svetot odi napred , i toa vo sekoj pogled( ova malku komunistichki zvuchi, ama toa e :))) Isto taka ne e odrzhliva tvojata prospekcija deka preku `verata` mozheme da napreduvame, od prichina shto samo materijalniot progress kako i vidovite na sopstvenichkite odnosi, strukturi i sostojbi na sred. za proizvodstvo go determiniraat celokupnoto milje i ja finansiraat seta nadgradba, nadgradba koja e sekogash vo funkcija i zavisnost od finansierot. Ok, za ova ne mi spori zashto crkvata nema argumenti, a nitu pak mozhe da gi ima, i kje treba da izlezeme od temata i da se prefrlime na ekonomija , sociologija, pravo, politika i sl. 4. Okolu podelensota na Crkvata, neli samo edna e Crkvata Hristova, neli sme protiv raskol, taka, togash zoshto pravosavnive ne se angazhiraat kon obedinuvanje na crkvata.? Citat: Досега, помесните православните цркви не одржале сеправославен Собор на кој би се потврдило повлекувањето на анатемите од страна на патријархот Атинагора и би се зазел заеднички став за односите со Ватикан. Поради ова, на некој начин, меѓу другото, е сопрен и теолошкиот дијалог започнат во 1979 година помеѓу Цариград и Рим. Ставот на Ватикан е дека „расколот помеѓу христијаните е скандал за светот“. Ја блокира мисијата на христијанството. Помеѓу источните и западните христијани има повеќе заеднички нешта отколку поделби. Не ги занемаруваме разликите, но нам ни е поважно она што е заедничко. Цел на екуменското движење е заедништво во различностите и ставот на Концилот дека источните цркви треба да ги зачуваат сопствените традиции. Но, за да се приближиме, потребни ни се уште многу чекори, средби за да се надвладеат постојните неразбирања, осуди и клетви. Исто така, за самата деликатност во идното приближување на црквите голема улога има не само прикриеното ривалство помеѓу Цариград и Москва, „вториот и третиот Рим“, за примат меѓу еднаквите, туку и самата идна позиција, која во општохристијанскиот поредок „првиот Рим“ ја очекува за себеси. http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=E31A1B89A67B184181506C888FF88807 Изменето од Marko sk - 06.Февруари.2010 во 20:46 |
|||||||||||
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Na istiov link, ima glava za Apostazijata, sakam da ja izdvojam, i me interesira tvoeto viduvanje za iznesenite konstatcii i predviduvanja, osobeno na boldiranoto vo dolenavedeniov tekst, moeto mislenje e deka iznesenoto e gore dole izdrhzano viduvanje na realnosta koja vladee vo crkvata:
ПАТ Кога за прв пат бил судбоносно изместен и испуштен односот христијанство – човек, за оваа релација да дојде на ниво на кое се наоѓа денес? Според некои размислувања, тоа се случило уште за време на политичките препирки меѓу цариградскиот патријарх Фотије и римскиот Папа Никола I во деветиот век, а до целосен раскин меѓу Христовата мисија и обичниот човек дошло со подоцнежните настани како Големиот раскол во 1054 година, инквизициите, крстоносните походи, Вартоломејската ноќ во 1572 година, цезаропапизмот и папоцезаризмот, православниот етнофилетизам во 19 век, православниот етноцентризам кој трае и ден денес на нашиве простори, и други останати хронични болести од кои христијанството со векови и векови боледува? Значи, расчекорот се случил тогаш кога христијанската црква престанала да биде слуга на човековиот род и станала негов господар, кога пастирскиот стап бил заменет со царско жезло, кога жедта за боженственото била замрена од црквената алчност за материјалното и земното. АПОСТАЗИЈА Затоа христијанството денес се наоѓа на најниското можно ниво кога е во прашање нејзината доверба и искреност, на глобално ниво. Црквата и натаму се фрагментира во државно-политички сфери на интереси и „патува“ во понатамошна и подлабока апостазија во која ги одвлекува верниците со своите скандали и противречности. Според некои теолози и критичари кои се интересираат за иднината на христијанството, сеопшта црковна реформа би подразбирала радикално и ангажирано корегирање на социјалните програми на црквите, формирање и тотално ревидирање на ставовите во однос на прашањата за биоетиката, контрацепцијата, хомосексуализмот, атеизмот; демократска и прилагодлива афирмација на екуменскиот дијалог. Ово последново особено важи за Православната црква, ако не сака во 21 век да заврши во изолација, фундаменталистичко гето и од себе да создаде секташки концепт, неспособен за служење и придонес во евентуалниот духовен препород на Европа и светот. Многу пати досега сме слушале од богословците дека за христијанската апостазија (отпадништво од црквата) виновна е општествената секуларизација, радикалниот индивидуализам, безбожниот хуманизам, антропоцентризмот, технократијата, нихилизмот, либералниот капитазлизам... Ваквите несовремени и полуписмени аргументи само уште повеќе ја продлабочуваат кризата во црквата и уште повеќе го цементираат расчекорот меѓу модерниот човек и христијанската религија. Исто така, постои незнаење, непознавање и предрасуди меѓу христијанските конфесии. И натаму, себеси доживуваат како конк*ренти и непријатели меѓу себеси, или се во целост рамнодушни едни за други. Кога ќе дојде до нивно вистинско надминување, не во нивните разлики, туку во нивното почитување и прифаќање како такви, тогаш би можела црквата да размислува за иднината и да почне да прави нешто за добробит на човештвото. Од друга страна, има размислувања дека христијанството треба повторно да им се врати на катакомбите од каде и потекнува, ако сака да доживее обнова и враќање кон оние фундаментални вредности, кои христијанството ги имало во времето на апостолите, кога христијанството од општеството било отфрлено, но било единствено и некомпромитирано во заедничката намера пораката на еванѓелието да биде пренесена во целиот свет. Било како, суштината е дека се' додека христијанството не е во состојба да констатира дека промените што треба да се направат, треба најпрвин да се случат/доживеат во нејзината мисла/структура, христијанството нема да има никаво квалитативно влијание врз новиот милениумски развој на човештвото. Значи, неопходна е базична промена на организмот внатре во самите христијански конфесии, за да може да дојде до вистинска ревитализација која би доживеала пошироки општествени импликации. „Лесно е да се биде христијанин кога ти е веќе дадено, тешко се станува христијанин“ - Кјеркегор. http://www.globusmagazin.com.mk/default.asp?ItemID=96770525212FCA4D94540B749C3BE4E5 Kako dopolna na pogore postiranoto, a vo prilog na temava strogo se preporachuva tesktot na sl. link: ГОВОРОТ И МОЛЧЕЊЕТО НА БОГА Што се' уште би можел Бог, по се' што се случи, да му каже на човекот? Или сега можеби е ред човекот да каже што планира со светот кој Бог му го довери ? http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=E31A1B89A67B184181506C888FF88807 |
|||||||||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Мило ми е што можеме нормално да разговараме без навреди. И државите кои сепаратистички се отцепувале од Византија имале извесна православна-теократска основа, сепак многу понедоследноо применета. Тие држави во тој поглед повеќе личеле на денешните со повеќе етноформалност во примената на христијанското верување. Владетелот има надмоќ и дури и ја злупотребува Вселенската Вера за националните потреби на својата држава. За разлика од Византија каде имало теократско уредување во кое на верските правила им било признато повисоко значење отколку на световните правила. За разлика од денес кога се расправаме за разни политички и економски прашања, расправиите во Византија пред се биле од идеолошки и филозофски карактер и често не завршувале само со академски убедуваања.
Грешка си, многу од овие прашања другите верувања вклучувајќи ги христијанските не знаат да ги одговорат. Односно не смеат да ги одговорат бидејќи би се судриле со други гледишта. Прашањето зошто злото се случува дури и на грешникот, кога Бог би требало да биде совршено добар, ниедна Вера го нема ВООПШТО одговорено како што погоре ти го пренесов Православниот одговор. И сепак функционирањето треба да се потврди во практиката. Дали некое учење функционира и какви се последиците од она кое го имаме во главата и во срцето би требало да се потврди во практиката. Самоуправниот социјализам не ни профункционира, додека Христијанството во исправна или изместена форма го освои светот.
Ние Македонците сме пробран народ. Тие кои ќе ја напуштале Верата или нацијата во најголем број веќе го сториле тоа. Кај нас Христијанското признале или не е многу силно внатрешно. Само треба внимателно и комплетно да му се објасни на модерниот секуларен Македонец. Слободно постави ги незгодните прашања, не од страв дека ќе бидат провокативни туку од љубопитство да дознаеш како е светот уреден од Бог и преку Црквата објаснет за нас. А јас сакам предизвици со кои ќе тропам на вратата, која Бог ветил дека ќе ја отвора секогаш кога некој бара одговори.
Постои еден општествен нерешлив проблем. Ако тој проблем беше решлив, уште овде на земјата ќе постигневме некаква форма на праведност. Назависно од идеологијата, независно од добро разработениот систем, нема како да се спречи оној кој се нашол на власт, власта полека полека да ја измести и да ја уреди според своите лични интереси. Ова зафркнато нерешено проблемче ги расипува и најдобро смислените системи. Затоа како Бог ја уредил Црквата за да може да устои: Наместо централно владеење има помесни Цркви сите административно самостојни, а заедно преку единството на духот и учењето. Секоја од нив е како жарче, како свеќа. Кога некоја од нив ќе го загаси жарчето од било кои причини, доаѓа до прелевање. Односно другите цркви во мнозинство тоа го отфрлаат иако може и самите не се соврешни. Поради принципот на јавност секогаш влече кон поисправните избори оние неисправните полека замираат, а исправните се прелеваат, поединечно или како епархии. Во една таква форма учењето излегува на површина, односно останува одлучувачко, се одржува како одлучувачко. Тоа го нарекуваме Соборност кое ја одржува целината на Црквата иако делови ќе отпаѓаат и пак ќе заздравуваат. Тоа дело на Светиот дух не е безболно бидејќи светот не е совршен. Дозволува отпаѓања, но многу тешко расипување на целата Црква. Така и се испитуваат и луѓето и народите. Спротивен и погубен принцип за одржување на Верата низ принципот на Соборноста е поставувањето на еден центар над сето Православие. Токму она на кое се заснова Ватикан и затоа папизмот е осуден од сите Свети Отци. Дури и се вели дека човештвото доживеало три главни падови: Адамовиот, Јудиниот и папиниот. Непријателите на Црквата веќе одамна се обидуваат токму тоа да го наметнат. Утврдување на некој суштински доминантен центар, кој секако порано или подоцна ќе ги измени работите според своите потреби, а не според она како гласи христијанското учење.
Се сложувам околу етнофилетизмот. Тој може и да биде гробарот на Православното Христијанство, но независно дали ќе бидам сметан за необјективен, сепак ќе нагласам дека причина за етнофилетизмот е секуларизмот. Тоа што кон правилата на верата не се постапува како кон рамноправна идеологија. Не се дозволува теократска основа на правните системи независно од тоа дали граѓаните тоа го сакаат. Иако демократијата би требало да биде владеење на мнозинството. И кога мнозинството граѓани сакаат христијански да живеат и државното уредување да ги примени христијанските принципи тоа е неформално забрането. Што значи ние (и сите вероисповеди) сме онеправдани христијанскиот начин на живеење да го ставиме на маса за вреднување и споредување со другите начини на живеење. Зошто? Да не се плашат од нешто? Догмата на секуларно општество независно од волјата на луѓето ги третира христијанските вредности како бесправни и штетни, но ете демек ги толерира. Веројатно и покрај ова етнофилетизмот би бил присутен. Но дури и кога некој простор би имал сила за повселенско христијанство, секуларната догма нужно турка подлабоко во етнофилетизам. Ајде за експеримент, нека се дозволи православно средно училиште во кое ќе бидат применети сите православни принципи на методологија и учење. Тврдам дека ќе се добие најмалку три пати подобар техничко-личносен квалитет во секој смисол од било кој друг применет систем на школување.
Продолжено е времетраењето на комодитетноста, но тоа не значи дека е зголемена среќата. Комодитетноста не е исто што и среќата. Од друга страна не знаеме која ќе биде цената на таа комодитетност. Долго време се си во ред, за оддеднаш да пропаднеме во бездна. Меѓу 19 и 20 век Европа технолошки напредна многу. Ама кога дојде напредокот, не можеа оние кои ги поседуваат митралезите да оддолеат да не ги употребат во Првата Светска војна. Кога излегоа тенковите и моќните авиони не можеа оние кои ги поседуваат во најголем број, да не ги искористат во Втората Светска војна. Така што 20 век беше најкрвавиот век во човековата историја. Така ќе биде и сега. Сега има нови оружја кои делуваат толку „восхитувачки“ што оние кои ги поседуваат нема да оддолеат да ги употребат за одржување или стекнување моќ. Добиваме илузии за радување, а суштинските радости изумреа. Во денешно време се радуваме дури и вкусен домат да пробаме. Кажи ми кога последен пат си пробал здрав домат? Знај повеќе нема ни да вкусиш. Старите семиња од нехибридни домати изумреа. Повеќе ги нема. Не може да се најдат. Истото и со пченицата и со другите прехрамбени растенија. Не само што нема никогаш да пробаш вкусен домат, туку идните години ќе бидат се поневкусни. И Хитлер донел огромен напредок во Германија, ама која била цената отпосле. Ние му робуваме на надворешиот свет, кој не нé прави среќни без внатрешното. Бидејќи среќата побитно е внатрешното да биде задоволено. Кога се гради квалитетен живот треба да има баланс меѓу двете, а не на надворешното да му се даде целосна доминација.
Ако во општеството е се зависно од физичките околности, економија, производни сили и тн, тогаш која е слободата на човекот. Тогаш ништо не зависи од нас, ние сме само играчка на производните сили. И општо атеизмот си има едно нерешено прашање: како да го реши прашањето на причинско последната детерминираност на физичкиот свет. Каде е тука слободата? Судбината како проблем е проблем на атеизмот, а не на Православното христијанство. Во Верата верникот може да го менува светот, културно-духовно што пак силно влијае и ги менува однесувањата на луѓето, а со тоа и на системите. А неговото културно духовно менување не е зависно од надворешните услови бидејќу му се обраќа и црпи сознанија и промени од независен фактор Бог. При тоа неговото барање од Бог што и колку, не е детерминирано од условите на живеењето бидејќи и самиот тој, човекот е со божествен потенцијал кој тогаш се активира и го прави самостоен од околностите. Законите на надворешноста го поробуваат човекот, додека човекот само преку Бог може да ги оплемени и постави во своја и општа корист.
За ова пишував погоре. Со оглед на тоа што светот не е совршен, би било противаргументирано ако работите тргнат на добро. Христијанското учење тврди дека овој свет е до коска расипан и нема тронка праведност, освен онолку колку што ќе прими од Богочовечкиот Христов Дух. Исто така е навестено дека ќе има нагорни периоди, меѓутоа во глобала со текот на времето и луѓето и црковните институции ќе се расипуваат се повеќе. Бог го поставил црковно уредување кое може да делува слабо но може да се одржува до крајот на светот. Тоа е поставено низ такви принципи, за да идат кризи, но исправните да можат да ги надвладуваат. Неисправните ќе се предадат на искушението да ги превземат средствата на моќта. Тие кои ќе паднат во искушението да ја употребат моќта, ќе изгубат, но пак имаат можност да се исправат. Оние кои иако послаби не се предадат и водат исправна борба, ќе се издигнат, но тогаш и ним ќе им дојде искушението на моќта. Кој како се одржува зависи од него самиот, но Црквата и Верата се одржуваат и му оставаат простор на секој да се спасува. Изменето од sard - 08.Февруари.2010 во 05:26 |
|||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||||||||
Bronhi
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 348 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Убава тема и начинот на кој е замислена е ОК, но во пракса не е релизирана. Зш?
1. Непознавање на терминологијата (кој збор што значи). ПР. „симонија во црквите„ најверојатно според контекстот се употребува за продажбата на свеќи, икони и сл. во црквите, но истиот има сосема поинаква смисла и се однесува на „купување свештенички чинови“. 2. Во православието нема „номинални христијани“. Има христијани и оние кои заради традицијата мислат дека се христијани. Христијанин има право да се нарече само оној кој го живее Христовото учење, но не и оној кој оди в црква затоа што и дедо му и баба му оделе. Таквите иако со крштението станале дел од Црквата, по избор се исклучиле самите од неа. Единството на верата и заедницата со Бога се остварува само преку причестувањето со Телото и Крвта Христови, оној кој Го нема Христа во себеси не може да се нарече христијанин. Признавањето на некој статус на „номинален христијанин“ е давање на тие луѓе повеќе од она што им следува. 3. Голем дел од постовите се мешавина на факти, претпоставки и теории што се однесуваат на Римокатолицизмот и Протестантските девијации на Римокатолицизмот и не можат да му се припишат или доведат во врска со Православнието но тоа сепак се прави. 4. Вистина е дека во XX век за прв пат се појавува името Македонска православна црква, како што е вистина дека во XIX и XX век за прва пат се појавуваат и Грчка православна црква, Српска православна црква, Бугарска православна црква, Албанска православна црква, Романска правопславна црква, Финска..., Јапонска..., Кинеска..., Американска... и така на таму да не должам. Читнете историја и ќе видите од кога почнува националното „хехе или како што велите етнофилетистичко“ именување на Помесните православни цркви. Одлично замислена тема, но поголем дел од текстовите се сосема надвор од истата. |
|||||||||||
Земете БРОНХИ полесно се дише
|
|||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
I mene temava s'e pomalu mi nalikuva na pravoslavna samokritika, a s'e povekje na neshto sosem sprotivno.
|
|||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
е па тоа е парадоксот на “православието“.... критиката е критика кога е издржана, а кога е клевета, тогаш се преминува во самоодбрана... Крајна сметка се бориме за Вистината... а не без аргументирани клеветници да ја клеветат историјата... тоа не може а биде така...
тука во прашање е човечкото его (не може некој денес да биде најпаметен па една култура стара 2000 год. со тоа што прочитал две три книги да на јавредува и да мисли дека го достигнал врвот) |
|||||||||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||||||||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
тука кај таквиот недостасува опит (искуство) и духовен и световен
|
|||||||||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||||||||||
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |