IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Животински и растителен свет
  Активни теми Активни теми RSS - Се околу песови и одлична дресура
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Се околу песови и одлична дресура

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2010 во 19:29


Алфа доминација....

Што е тоа????  

Без обзир на разликите за набавување на кученце, во целта на здравиот меѓусебен однос Вие ќе морате да ја придобиете неговата доверба и почитување. Вие (а не вашиот пес) ќе морате да ја завземете улогата на водител на чопорот доколку сакате кученцето да се развие во пристоен член на фамилијата наместо во една голема грижа. Доминацијата и алфа однесувањето се многу важни елементи на кучешката психологија која секој сопственик треба да ја разбере. Пред се, песовите се животни а не човечки суштества иако ние понекогаш сакаме да им доделуваме човечки особини. Тие по природа се животни кои живеат во чопор. Секој чопор има свој водител, така наречен алфа единка која доминира и ги предводи останатите припадници на чопорот. Чопорот обично има алфа мажјак и алфа женка. Алфа е шеф и ги донесува сите одлуки во име на останатите од чопорот. Останатите припадници на чопорот ја прават хиерархијата базирана на доминација и потчинување, `друштвено` уредување во кое секој си го знае своето место.

Сега да видиме кога ќе земеме куче дома ....што се случува ???

Семејството постанува чопор за своето куче. Доколку имате повеке кучиња работата се менува уште во основата, и другите кучиња во домот ке припаѓаат на одредената хиерархија.НО !! важно е  да се поставиме во положба на алфа единка. Доколку тоа не ни успее, нашето  куче според работите на природата ке го потполни тоа место. Многу луѓе сметаат дека автоматски се наоѓаат на таа положба од причина што луѓето се посупериорни суштества од животните. Меѓутоа...

Дали сте Вие навистина водител на чопорот? Дали вашето куче го знае тоа? Улогата за водител на чопорот не значи дека морате да бидете големи и агресивни. Ниту пак тоа значи дека е неминовно да дојде до `ментален` сукоб од кој вие ке излезете како победник. Секој може да биде водител на чопорот. Да бидеш водител подразбира одреден став и атмосфера на авторитет. Исто така тоа е и основата за взаемно почитување кое обезбедува `материјал` за комуникација помеѓу вас и кучето.

Единката од чопорот постанува полноправен припадник на групата низ процес кој се вика потчинување (субординација). Кај кучињата потчинувањето започнува набргу после третата недела од животот и се продолжува низ раното развивање. Повекето нормални, здрави кученца во основа се многу `нападни` животни кои ке се обидат колку што може повеке да напредуваат во дадените друштвени рамки на чопорот. Клучот за успешно одгледување на кученцето е дефинирање на сопственикот како водител на чопорот а потоа одржување на таа положба за време на целиот живот на песот.

Како се постанува водител на чопорот? Во природата, возрасните единки на чопорот започнуваат да ги учат кученцата на правилата уште додека се сосема малечки. Возрасните внимателно но цврсто го фаќаат кученцето околу вратот и ги притискаат на земјата. Кученцата се учат да ги поздравуваат повозрасните со почитување приоѓајки им во наведната положба, си ушите зафрлени на назад, мавтање на спуштена опашка и лижејки им ја устата. Кученцата ова го прават во знак на почитување и наклонетост а не од страв. Опишаниот однос е гореспоменатото искажување на потчинетост а целта му е одржување на мир и хармонија во оквирот на чопорот.

АЛФА ВЕЖБИ

Увежбувањето на лидерската положба може да ги утврди луѓето како водители на фамилијарниот чопор (во очите на кучето). Кога еднаш овој поредок ке се заснова, песот стално ке се угледува на вас. Ке сака да биде покрај вас и ке ви приоѓа со почитување и наклонетост. Кога еднаш ке се научи да се повинува на управувањето, сите останати активности како што се на пр. чешлање, одржување на ноктите, чистење на ушите или третирањето со лекови ке биде многу поедноставно. Пред се,кучето мора да научи дека вие имате моќ да управувате со него и дека тоа управување нема да го доведе до непријатности и болки...... мора во потполност да ви верува.

Овие вежби ке ви помогнат да го остварите водството но не треба да ги практикувате со постаро кученце кој веќе научил да ги користи своите заби како би го искажал своето. Првите две вежби се наменети за кученца на возраст до 3 месеци. Вежбите 3 и 4 се наменети за кученца до 6 месеци возраст доколку немаат проблем со агресијата. Бидете нежни но упорни кај сите вежби, баш како што би биле и со човечко бебе.

1. Седнете на подот а потоа со двете раце подигнете го кученцето од подот потпирајки го испод предните шепи, така да главата му е завртена кон вас. Држете го од себе на должина на испружени раце. Гледајте му директно во очите. Со длабок тон од стомакот заржите на него ако се спротивставува. Држете го во таа положба додека не се опушти. Менувајте го траењето во кое вака го држите од 15 до 45 секунди. Исто така менувајте ја и локацијата каде што ја изведувате оваа вежба.

2. Седнете на подот и лулајте го кученцето (нежно, како да го заспувате) со едната рака испод неговата глава а со другата рака испод грбот, така да кученцето лежи во вашите раце на грбот. Покрупното кученце држете го во скутот во траење од 15 до 45 секунди применувајки ја истата врста на `ржење` како во претходната вежба ако кученцето се буни. Држете го така додека не се опушти..

3. Ако кученцето е големо, применете ја оваа вежба наместо претходните две. Опчекорете го кученцето, така опчекорувајки го да вашите нозе стојат секоја од по едната страна на кученцето. Завртете се во правецот во кој е завртен и кученцето. Спојте ги прстите испод неговиот граден кош веднаш позади предните нозе. Подигнете му ги предните нозе од земјата во траење од 15 до 45 секунди. Доколку кученцето започне да се буни, ржите на него додека не се смири. 

4. Легнете го песот на подот со сите негови нозе усмерени во спротивен правец од вас. Држете го за вратот цврсто со едната рака а со другата рака притиснете му го средниот дел на телото. Смирено зборувајте му кога ке се смири. Обично се потребни неколку минути за кучето да се смири. Ако кучето го открие стомакот како би го чешкале се наоѓате на вистинскиот пат. Не дозволувајте му да се мрда, станува или да гризе. Кога ке се смири обавезно пофалете го. Тогаш е и правиот момент да му ја прегледате секоја шепа и накратко усната дупка како би започнал да се навикнува да го толерира внимателното прегледување. Во почетокот оваа вежба обавезно повторувајте ја 4 - 5 пати на ден. Намалете ја зачестеноста на вежбата кога кученцето ке се навикне на вас и го прифати вашиот авторитет.

Очи во очи
Контактот со очите исто така е еден од начините со кој се одржува ред во волчјиот чопор. Само алфа единката може да го користи погледот како би ги потсетила другите на тоа кој е главен. Кога ке употре*ите директен поглед во очите на своето куче , вие го изразувате својот алфа статус. Охрабрувајте го своето кученце да го одржува очниот контакт на неколку секунди и да се привикнува дека тоа не е непријатно искуство. Немојте да го приморувате на ова. Користете ја командата `ПОГЛЕД` и многу пофалби до кученцето штом ке ве погледне во очите. Од друга страна оваа техника не треба да ја практикувате кај кучињата кои мислат дека тие се водители. Кучето  пред се мора да знае дека сте вие водител инаку во спротивно ке започне натпреварување КОЈ-ПРВ-КЕ-ГО-ТРГНЕ-ПОГЛЕДОТ. Алфа кучето нема да сака прв да го тргне погледот. Ако вие прв го тргнете погледот или дури и трепнете песот тоа ке го протолкува како потврда на неговиот алфа статус.

Алфа дисциплина: Активност на алфа единката
Многу активности на водителот на чопорот можете да ги искористите како дел од секојдневната рутина за вежбање. Веројатно најважната команда која кучето  мора да ја научи е `СЕДИ`. Корисно е да ја воведете командата `СЕДИ` во секојдневните ситуации како потсетник на тоа дека вие сте водител. Барајте од своето куче да седне пред да го нахраните, пред да започнете да си играте со него, пред да го изведете во прошетка итн. Ова на песот ке му покаже дека мора да се повинува на вашите желби пред да ги исполни своите желби. Ако е песот научен на основните команди наредете му да легне или седне додека му ја припремате храната.
Песот ке ве прифати како водител на чопорот се додека сте доследни и исправни во своите наредби. Едноставно никогаш не смеете да му дозволите да ржи или штрака со забите на вас. Ако го направи тоа, грубо загребете го за кожата изнад вратот и протресете  го а потоа игнорирајте го најмалку 10 минути. Ако песот после тоа заржи или штрака со забите а вие не се плашите да го доведете во ред, фатете го нежно со двете раце за кожата околу вратот погледајте го право во очите и протресете го. После тоа испратете го во неговиот бокс и игнорирајте го некое време.

Ако песот ржи и штрака со забите а вие се плашите да го казните најдобро е да побарате професионална помош. Немојте да го игнорирате овој инцидент, песот на кој ке му се дозволи да прети на било кој член на фамилијата многу лесно може некого и да гризне.

Немојте никогаш да ја игнорирате проверката на вашиот авторитет од страна на кучето......тие  повремено ке ги тестираат своите сопственици, почесто оние помладите. Ако проблемот веднаш се примети и започне да се решава, големи се шансите дека нема да се повторува................

ајјјј доста е за почеток ..........да




Изменето од bijonse1 - 14.Февруари.2010 во 17:58
Кон врв
Генерал Митре Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
бадајалџија

Регистриран: 19.Ноември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 646
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Генерал Митре Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2010 во 01:12
Еве ти добар линк за дресирање.....http://mojpas.rs/Dresura/osnovi-teorije-dresura-pasa.html
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2010 во 21:50

Кој е овде главен....Како да постанете алфа

Еве неколку примери ...........................
  • "Моето куче штотуку се обиде да ме гризне! А само му реков да се тргне како би можел да седнам до него на каучот."
  • "Мојата кучка навали на кантата за ѓубре и кога ја искарав, р*жеше на мене. Што не е во ред со неа? Мислев дека ме сака!"
  • Нашето куче воглавно многу не сака и нежен е према нас, но кога ке се обидеме да го придобиеме да направи нешто што не му е по волја, штрака со забите и се обидува да не гризне."

   

Што им е заедничко на овие три кучиња? дали се лоши или баш злобни? Не!! - тие се "алфа".да Го превзеле водството во фамилијата која ги сака. Наместо да ги слушаат наредбите од своите луѓе, овие кучиња ги задаваат наредбите. Вашето куче може многу силно да ве сака и сепак да се обиде да доминира со вас или со останатите членови на фамилијата.

Кучињата се друштвени суштества и веруваат во друштвениот поредок. Друштвениот состав на кучето е "чопор" со точно утврдена хиерархија. Водителот на чопорот е алфа, поглавица, главен шеф. Тој (или таа) добива најдобро од се - најдобра храна, најдобро место за спиење, најдобра играчка итн. Водителот е исто така прв во се - прв јаде, прв оди и прв го придобива туѓото внимание. Сите останати кучиња во чопорот ги почитуваат желбите на алфа кучето. Секое куче кој ке го предизвика авторитетот на алфа добива брза физичка опомена како потсетување кое и каде му е вистинското место во чопорот.

Вашата фамилија е "чопор" за вашето куче. Повекето кучиња лесно се вклопуваат во редот на хиерархиската скала на своите човекови чопори и не ги 'дигаат брановите'. Го прават она што ке им се каже и не го предизвикуваат авторитетот. Останатите куќиња не се вклопуваат баш така добро. Некои од нив се родени водители и секогаш ги предизвикуваат своите алфи во обликот на човекот. Другите кучиња пак се искачуваат на друштвената скала - тие секогаш бараат начин како да се искачат малку повисоко на фамилијарната скала. Овие природни водители и качувачи на друштвената скала можат да постанат проблем на фамилијата која ништо не се сомнева и не е свесна за природниот инстинкт на чопорството во песот.

Некои фамилии ги потикнуваат своите кучиња да го превземат „чопорот", а за тоа и да не се свесни. Спрема своите кучиња се однесуваат како спрема на себе рамноправни, а не како спрема подредени. Им даваат посебни повластици, како што се дозволување да спијат на креветот или на каучот. Не ги тренираат своите кучиња и им дозволуваат неказнети да се извлечат од ситуацијата кога не ја послушале наредбата. Во вистинскиот чопор на кучињата таквиот третман не би имал никој освен алфа кучето. Алфа нема никаква врска со големината на кучето. И најситното кученце како што е од расата chihuahua може да биде кучешки Hitler. Всушност, колку е куќето помал, тоа е зачестена тенденција луѓето да ги третираат како бе*иња и да ги тероризираат со храна - што на кучињата им овозможува да се осекаат уште подоминантни па своите луѓе да ги имаат под уште построга контрола.

Алфа кучињата се често многу добри куќни миленици. Верни се, попаметни од просекот и многу отворено ја искажуваат својата љубов. Можат да бидат прекрасни спрема децата и добри спрема непознатите луѓе. Се чини дека се е во најдобар ред со нивниот однос спрема луѓето - се додека некој не ги налути или ги примора да направат нешто што не сакаат. Тогаш, одеднаш, тоа прекрасно куче започнува да ржи или се обидува некој да го гризне и никој не разбира зошто.

Во вистинскиот чопор на кучињата, алфа кучето не мора на никој да му одговара. Никој не му задава наредби ниту пак му говори што да прави. Останатите куќиња во чопорот ја почитуваат неговата положба. Ако некое друго куќе е доволно глупо да го предизвика на алфа обидувајки се да му ја земе неговата коска или да го присвои неговото место со остар поглед или режање. Ако тоа не функционира, алфа кучето своето водство ке го наметне со забите. Сето тоа е потполно природно, инстинктивно однесување - во светот на кучињата. Во човековата фамилија, сепак, таквото однесување е неприфатливо и опасно.

На кучињата им требаат и ги сакаат водителите. Тие имаат инстинктивна потреба да се вклопат во чопорот. Сакаат да бидат сигурни да знаат каде им е нивното место и што од нив се очекува. Повекето од нив не сакаат да бидат алфа - тие сакаат некој друг кој ке ги задава наредбите и ке донесува одлуки. Ако нивните луѓе не осигураат такво водителство, кучињата самите ке ја превземат таа улога. Ако сте му дозволиле на вашето куче да биде алфа, во негова милост и немилост сте, а како водител тој може да биде добар крал или тиранин!

Ако мислите дека вашето куче е алфа во вашето домакинство, тој тоа сигурно и е. Ако вашето куче почитува само еден или два члена на фамилијата и доминира со останатите, сеуште имате проблем. Местотот на кучето мора да биде на самото дно на чопорскиот поредок на вашата фамилија, никако не на врвот или некаде во средината.. да

За да го вратите оправданото место на вашата фамилија како водител на чопорот, вашето куче мора да добие лекција, односно своето куче мора да го научите како да биде подреден, а не рамноправен. Вие ке му покажете што значи да биде повторно куче. Мајката на вашето куче уште многу рано во животот му покажала дека таа е алфа и тој неа морал да ја почитува. Како кученце, добил сигурно место во чопорот на своето легло и благодарение на таа сигурност можел слободно да се концентрира на растењето, учењето, играњето, љубовта, на тоа дека тој е само куче. Вашето куче навистина не сака одговорност која ја носи статусот алфа, не сака да донесува одлуки и да ја брани својата положба на врвот. Тој сака водител кој ке го следи и ке обожава, како повторно би бил слободен само да биде куче........ куче

 



Изменето од bijonse1 - 14.Февруари.2010 во 17:55
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 18:09
   Повеќето новопечени сопственици на песови осеќаат понешто изгубено после доаѓањето на кученцето во својот дом.
Кога да започнете како да го учите?
Што е воопшто така малечкото преслатко разиграно бебенце способно да научи? Одговорот е - готово се.

Совршеното време за одгледување и социјализација на кученцето тече од моментот кога со 3 недели старост 'ке му проработат'' сите сетива, па се додека наполни 4 месеци. Се што во тој период на својот живот кученцето ке доживее и научи ги ствара основните негови способности како возрасен пес. Иако често можат да се слушнат совети дека со песовите најдобро е да се започне со обуката кога ке наполнат 6 или 9 месеци - кога ке го поминат безгрижното детство и 'се смират'', таквото размислување е голема заблуда. Пробајте само да замислите како би изгледало во 'човековиот'' свет - да просечниот бунтовен тинејџер, кој го поминува врвот на пубертетот, тек тогаш да го испратите во прво одделение основно училиште и по прв пат во животот да го натерате да учи за се што ке му треба во нормалниот живот на општеството.
 
Значи, од истиот момент кога ке го земе кученцето, сопственикот мора озбилно да се позанимава со неговото одгледување, социјализацијата и школувањето. Така на кученцето уште како мал ке му се дадат точни упатства за тоа што се бара од него, со што уште во стартот ке се избегнат можностите за развивање на некое несакано однесување. Одгледувањето е учење на кученцето на правилата на убаво однесување, каде да ја врши нуждата, да оди на поводникот без влечење, да не лае кога останува сам, да не наскокува на луѓето, да не ги уништува предметите во домот, те, учење на се што смее и што не смее да прави. Меѓутоа без правилен однос со песот, кој првенствено се темели на авторитетот на сопственикот, нема да биде успешно ни одгледувањето. Накратко, половина час дружење со песот низ прошетка или фрлање на топкичка на ливадата не е доволно за неговото добро одгледување.
 Најважен е начинот на кој секој ден се однесувате спрема него во останатиот „нормален„ живот. Човекот го одгледува песот низ секој момент од соживотот со него, со својата доследност и со јасното поставување на границите.
 
Kod%20vucice%20u%20posjeti..%20oooooooooooo%20vajaaaaaaaaaaaaa..

Соција
лизацијата е прилагодување на песот на сите работи од околината која го опкружува, тој мора да биде навикнат на сета галама на прометот, на средбите со непознати луѓе и песови, на изненадните покрети на минувачите, отворањето на чадорот, трчањето на децата, на висина, на мрачни простори, на возење во автомобил, на шетање по влажна трева, итн. Изложувањето на песот на вакви, како и многу други искуства уште додека е кученце, сопственикот ке му помогне на песот да порасне во единка на стабилна личност, која може да се носи со сите стресови кои околината му ги приредува........................куче
 


 

Изменето од bijonse1 - 22.Февруари.2010 во 22:49
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 17:04
ОГРЛИЦА и ПОВОДНИК
     Основната опрема за песот опфаќа повеќе работи, но секој нов сопственик на пес знае дека најмногу прашања се поставуваат околу огрлицата и поводникот. Каква, од кој материјал, како да ја користите и најважното - како малото кученце да го научите на сето тоа?

Секој сопственик на куче треба огрлицата и поводникот да ги свати како најважен дел од опремата за песот. Вашиот миленик може да спие надвор во боксот или во вашиот кревет, може да јаде од стара чинија или од вашиот тањир.

Побарувањата околу огрлицата често се менуваат во зависност од расата на песот и поводниците според начинот на шетањето ....најпрактични се поводниците од вештачки материјали. Можете да ги исперете во машината за перење, кога се извалкани од кал и земја, постојат во сите возможни должини и дебелини, во сразмерност со големината на песот. Металните поводници не се практични бидејки ви ја зарежуваат раката, кога песот ке повлече, па така можете да ги држите само на крајот, каде што е делот од кожата. Можат да бидат и многу опасни за кученцата, кои го грижат поводникот, бидејки можат озбилно да си ги повредат забите.

     Кога бирате поводник, треба да обратите внимание на "карабинот" и рабовите. Овде постои правило, дека ланецот е толку силен, колку што е силен неговиот најслаб дел. Ништо нема да ви значи дебелиот кожен поводник за огромниот пес, ако на него е мал карабин. Треба да бидете свесни, дека секој поводник е доволно безбеден, се додека песот не го затегне. Но поводникот ја обавува својата функција всушност тек тогаш кога вашиот миленик ке повлече со сета своја снага. Посебна приказна се автоматските поводници кои се развлекуваат на неколку метри, често едноставно ги викаме флекси [според познатиот производител на овој тип на поводници]. Овој тип на поводници е совршен за мирните песови и шетањето во парковите. Проблемите настапуваат кога песот ке започне да си игра, бидејки тогаш поводникот неверојатно брзо се заплеткува. Исто така не се добри за песовите кои сакаат да влечат. Проблемот со самиот поводник не се решава, песот едноставно влече неколку метри напред а вие се потешко го држите пластичниот дел во раката. Многу опасни можат да бидат во гужва, кога го шетате песот по тротоарот. Кучето може одеднаш да потрча према автомобилот, а вашите рефлекси да го запрете на неколку метри долгиот поводник можеби не се толку брзи.

     Огрлицата треба да ја изберете според големината на песот, што значи дека кученцата (поготово оние од поголемите раси) често се менуваат. Огрлицата пред се треба да се закопчи... - кај големите песови треба да биде толкава да можете помеѓу орглицата и вратот да ја ставите истегнатата дланка, а кај малите 2 - 3 прста.
Навикнувањето на огрлицата треба да започне веднаш штом кученцето дојде од одгледувачот. За прва огрлица одберете лесна и тенка, бидејки вратот е малечок и краток. Првите денови ставајте ја на кученцето само 2 - 3 минути, кога си играте со него. Веројатно ке му смета, ке се драска по вратот во желба да ја извади. Бидете истрајни и заиграјте го со неговата најмила играчка. Вашиот миленик полека ке прифати дека има нешто на вратот, важно е тоа искуство да биде само позитивно. Никако не влечете го за огрлицата и не ставајте на неа поводник. кога малиот миленик повеќе не се бори против огрлицата, времето на носењето постепено продолжувајте го. Така огрлицата можете да му ја ставате додека јаде, спие и ги работи сите други вообичаени работи.
  Кај првиот поводник најважен е карабинот, кој не смее да биде тежок и голем, за да не му смета на кученцето додека оди. Флекси (автоматскиот поводник) не е баш најдобар, бидејки на кученцата им испушта необичен звук, кога се запира и пластиката може озбилно да го повреди, ако се случи да од страв истрча со неа. Сето тоа смешно се слуша, но не можете да замислите, колку брзо флекси ''побегнува од рацете'', се додека тоа не ви се случи. Оставете го тој поводник за прошетките во покасниот период. Првиот пат закопчајте го поводникот на огрлицата во станот или дворот и едноставно пратете го песот. Поводникот цело време нека биде лабав, не затегнат. После неколку минути извадете го поводникот и поиграјте си со кученцето. Следниот пат застанете во место и повикајте го песот да дојде, пред поводникот да се затегне до крај. Кога малиот миленик ке дојде, убаво помилувајте го и откачете го поводникот.

     Песот треба да свати дека не е поводникот оној кој го влече и ограничува, него дека тоа е некоја врста на ваша подолга рака. После неколку дена играње и повикување на поводникот, тргнете во кратка прошетка по познат терен. Ако во иднина не сaкате да имате проблеми, песот наградувајте го секогаш, кога ке дојде до вас. И секогаш кога не влече, него убаво шета, охрабрете го и кажете му дека е добар. Тек кога кученцето потполно навикнало на поводникот и огрлицата, тргнете со него во подолга прошетка и во непозната околина.......................да


Изменето од bijonse1 - 19.Март.2010 во 17:04
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.