IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Ветерани од одбраната 1991/2001
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ветерани од одбраната 1991/2001

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4142434445 49>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2010 во 12:28
Originally posted by bimba bimba напиша:

ќе бидам краток..Да, должна ми е државата,и за сите неправди сторени према Армијата и армиските резевисти.И да не претеруваме кој колку е моќен и обучен.Знаете ли колку имаше спец.од поранешната ЈНА во редовите на резервистите кои не беа вклучени после распаѓањето на СФРЈ,а не само пијаници или не знам што..да не се напаѓаме меѓу нас затоа што за сите има по некоја..(имаше една и за некакви мачиња,па за некои глумци итн)..За жал не се снима ниту еден спот за резервистите кои исто беа изложени како и другите(беа најбројни).Имаше и доброволци меѓу нив кои со своите патриотски чуства учествуваа а можеби и не подготвени земаа пушки.Кој бил на терен,?па и касарната е терен,зар не беа напаѓани стражарите и касарните со по некој 'залутан'к*ршум како и 'честитки' од ВЕДРО небо.(затоа некои мирно си спиеа во касарната)Секој ја одбрал својата професија каде ќе служи и е под заклетва,ако не може - дома!
А што да кажам кога на караула ги носеа (од учк)со 5-тто одделение и веднаш ги ставаа командири на караула или водачи на патрола.Или сега кога ги вработуваат во администарција а не си го знаат работното место па уште незнаат ни да зборнат на македонски.
Како ни беше на сите кога државата не потресе кога ги бараше парите назад од семејствата на погинатите?Е колку е само крива државата.Знам дека ја спомнувам мојата држава Македонија за кој бев отиден да ја бранам и да го дадам мојот живот но не е крива таа..Раководстото на државата!!!Како ни враќа??Ги вработи сите кои дезертираа и пиеа по скопските и други кафулињаНе сакам повеќе да пишувам чуствувам јад и огорченост од неправди,а тоа е лошо.
Кога го прашале војникот за што служи авт.пушка?одговорил.,за уништување на жива непријателска сила. Прашал војникот,дали ако ја завртам авт.пушка према назад ќе пука?
Што мисле државата да не признае заедно со учк?..па ете им го одговорот од погоре.
Жалосно но вистинито.Еднаш се боревме но и пак акао Македонија а не власт го бара тоа од нас пак ќе се бориме
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2010 во 21:46

Погледнете го излаганјето на една насха колешка на ДЕБАТАТА, а на која во војната и огина сопругот а и самата беше активен учесник во војната 2001 година.

 

Мое лично мислење е дека кнфликтот сеуште не е завршен, жалосно е што до ден денес во нашата земја актерите на тие настани не дадоа јасен одговор на прашањето што навистина се случи во РМ и зошто дојде до вооружен конфликт?

За да одговориме на ова прашање мораме да дефинираме колку целини или димензии го сочинуваат конфликтот. Ако внимателно ја разгледаме неговата содржина ќе сватиме дека вооружениот конфликт е само дел од општиот конфликт чија главна содржина претставува вооружениот дел од конфликтот.

Акумулираните противречности и недоразбирањата околу конпонирањето на меѓусебните односи помеѓу албанците и македонците допринесоа за случување на вооружениот конфликт. Нивните меѓусебни односи во минатото беа оптоварени со многу предрасуди наследени од стариот систем на уредуање на меѓусебните односи во државата. Немајќи доволно капацитети за развивање на нови демократски односи се случија настаните во 2001 година.

По склучувањето на Охридскиот договор и завршувањето на вооружениот конфликт постепено се навлезе во фазата на решавање на причините кои доведоа до појава на меѓунационалниот конфликт во целина.

За завршување на овој процес, за завршување на конфликтот, потребно е да се створи клима на взаемна доверба за започнување на отворен дијалог во општеството без било какви оптоварувања или предрасуди да се разговара за сите прашања од интерес на меѓунационалните односи и интересите на граѓаните во целина. Без стварање на доверба и позитивна клима тешко се затвараат прашањата кои ги оптоваруваат односите помеѓу двете најбројни етнички заедници во државата.

Целосното завршување на конфликтот ќе започне тогаш кога сите ќе сфатиме дека мораме отворено да разговараме за сите прашања без страв дека ќе изгубиме нешто, вистина е дека сите ќе изгубиме доколку поскоро не го отвориме дијалогот помегу нашите заедници. Ние еднаш го изгубивме мирот и спокојството не смееме да дозволиме тоа да ни се случи повторно, не поради нас туку поради нашите најмили.

Мораме да се ослободиме од нашите стравови дека другите ќе не загрозат, во дрзавата има место за сите нас, прашање е дали во нашите срца има место за другите. Дали во себе носиме љубов или омраза. Мораме да научиме да сакаме а не да носиме омраза. Љубовта и толеранцијата ќе отворат процес на искрена соработка и ќе отворат нови можности кои сега заслепени од нетолеранцијата не сме во мозност да ги видиме.

Несебичноста и толеранцијата мора да ја заменат омразата. Кога тоа ќе се случи ќе отвориме простор за дијалог и взаемно разбирање. Ова го велам затоа што тоа што ми се случи мене несакам да им се случи и на дргите да поминат низ пеколот низ кој помина моето семејство за време на вооружениот конфликт.

Нашите граѓани сите свои потреби мораат да ги артикулираат преку институциите на системот без посредство на еднонационални организации и здруженија. Во овој контекст најголем допринос треба да дадат научните и културните работници кои не се оптоварени со меѓунационалните односи и предрасуди. Ова треба да стане обврска на сите релевантни фактори во државата. Отварањето на научни трибини и тркалезни маси ќе го забрза процесот на завршување на конфликтот. Патот по кој денес оди нашето општество влева надеж дека поседуваме доволно позитивна енергија за градење на современи демократски капацитети за целосно завршување на конфликтот.

подолу следуваат и другите два дела од нејзиното излагање во целост кои мора да ги поделам од технички причини.



Изменето од orlov - 24.Јануари.2010 во 21:49
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2010 во 21:51
продолжение на погоре напишаното.........
читајте внимателно.........

-2-

.. Дали помирувањето се случи ?

Граѓаните на Република Македонија во 2001 година доживеаја една состојба на криза во меѓунационалните односи чија колуминација претставуваше вооружен конфликт помеѓу дел од етнички албанци од една страна и државата Република Македонија од друга страна. Во такви околности дојде до нарушување на меѓунационални односи што резултираше со разнишана доверба и силно изразени тензични односи пред се помеѓу двата најбројни етникуми. По настаните од 2001 година, нашето општество поминува една фаза на постепено враќање на меѓусебната доверба преку инкорпорирање на малцинските заедници во институциите на системот. Ова претставува континуиран процес што постојано се надоградува, со крајна цел, целосно инкорпорирање на малцинските заедници во секојдневното функционирање на нашето општество.

Помирувањето како процес ќе заврши тогаш кога граѓаните ќе станат свесни дека истите се одговорни за сите случувања во нашето општество и дека самите се креатори на општествените односи. Во овој период потребно е максимално ангажирање на интелектуалните ресурси за стварање на современи демократски односи.

Главни носители на враќањето на довербата и помирувањето треба да се регрутираат од редовите на истакнати научни и културни работници кои знаат да ги искористат постоечките човечки ресурси оплеменети со позитивна енергија а во исто време доволно прагматични да претставуваат движечка сила во позитивна насока. Во овој контекст интелектуалната елите мора да ги постави на дневен ред сите актуелни прашања кои се од заеднички интерес на сите етнички групи во нашата држава. Разрешувањето на истите ќе резултира со целосно помирување и градење на похармонични меѓунационални односи. Во контекст на ова меѓунационалните односи и толеранцијата треба да станат содржина на воспитно образовните институции и масовните медиуми посебно.

 




Изменето од orlov - 24.Јануари.2010 во 21:58
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2010 во 22:02
продолжение на погоре напишаното.........
читајте внимателно.........
-3-
< ="Content-" content="text/; charset=utf-8">< name="ProgId" content="Word.">< name="Generator" content="Microsoft Word 11">< name="Originator" content="Microsoft Word 11"><>

,,Дали последиците ги разрешуваат причините ?,,

Вооружениот конфликт во 2001 година, остави сериозни траги во психата на македонските граѓани без разлика на националната припадност. Република Македонија плати висока цена во вооружениот конфликт каде што беа изгубени многу човечки животи, многу наши блиски беа ранети, голем број на домови беа разурнати, неповратно беше нарушен и изгубен мирот и спокојството на семејставата кои беа жртва на на вооружениот конфликт.

Вака високо платената цена од страна на нашите грѓани ни во кој случај неможат да ги разрешат причините за конфликтот.

По вооружениот конфликт се сретнавме со нова состојба каде што се сретнавме со многу предизвици обременети со проблемите на семејствата кои изгубија член од семејстото, чија загуба остави трајни лузни во нивната душа. Дел од семејствата останаа без своите домови кои беа уништени во вооружениот конфликт. Многу граѓани без своја вина се раселени и мораа да ги напуштат своите огништа.

Напорите кои ги прави нашата држава за надминување на пследиците се нецелосни и недоволни за квалитетно разрешување на последиците. Како резултат на тоа имаме недоволно уредена правна рамка за правично обештетување на семејствата кои беа жртва на вооружениот конфликт. Постоечата легислатива која треба да помогне во намалување на последиците нецелосно се применува во праксата. Многу е тешко некој припадник на семејставата на погинатите и повредените да ги остварат правата кои им ги гарантира Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили. Посебна приказна претставува остварувањето на тие права а особено делот на правичнато обештетување на семејствата на погинатите и ранетите членови на безбедносните сили. Постои несфатлива логика за начинот и висината на средствата со кои се обештетени семејствата на погинатите и ранетите припадници на безбедносните сили. Начинот на кој е извршено обештетувањето во АРМ и МВР направи невидена поделба на семејствата како тие да припаѓаат на две различни држави а не како на граѓани од една држава. Како резултат на тоа за исти последици има разлика за обештетување во висина од сто пати. Оваа неправда нашата држава е должна да ја исправи и да внесе ред и едакви критериуми за обештетување.

Погоре споменатите состојби се превисока цена која ја платија граѓаните на нашата земја без разлика на етничката, националната или верската припадност. Самото тоа зборува дека последиците сами по себе тешко можат да ги разрешат причините за конфликтот. Оваа научена лекција несмеат да ја заборават граѓаните на Република Македонија бидејќи платија многу висока цена.

Загубата која што ја доживеа моето семејство со погинување на мојот сопруг за мене беше инспирација да покренам процес на помирување со помош на сите луќе кои не се плашат да се спротивстават на сите поделби кои ни се случија во вооружениот конфликт. Собрав сили и упатив писмо за помирување помеќу македонците и албанците. Тоа мое писмо во почетокот беше примено со голема доза на песимизам, неразбирање и лично деградирање. Многу мои блиски луге неможеа да сфатат што сакам да направам бидејќи омразата ги имаше заслепено нивните чуства и неможеа да сфатат дека мирот и спокојството имаат цена која сите ние мораме да ја платиме. Старо правило е дека нема поклонета љубов и слобода, за нив треба да се избориме сите ние, ако не за нас барем за сите оние кои ги носиме во нашите срца.


на крај би ве замолил за излаганјто на насхата драга и ценета колечка дајте и свој коментар......Сепак бече храбра за уште еднаш да ја доживее 2001 г..........
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2010 во 20:30
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Originally posted by bimba bimba напиша:

ќе бидам краток..Да, должна ми е државата,и за сите неправди сторени према Армијата и армиските резевисти.И да не претеруваме кој колку е моќен и обучен.Знаете ли колку имаше спец.од поранешната ЈНА во редовите на резервистите кои не беа вклучени после распаѓањето на СФРЈ,а не само пијаници или не знам што..да не се напаѓаме меѓу нас затоа што за сите има по некоја..(имаше една и за некакви мачиња,па за некои глумци итн)..За жал не се снима ниту еден спот за резервистите кои исто беа изложени како и другите(беа најбројни).Имаше и доброволци меѓу нив кои со своите патриотски чуства учествуваа а можеби и не подготвени земаа пушки.Кој бил на терен,?па и касарната е терен,зар не беа напаѓани стражарите и касарните со по некој 'залутан'к*ршум како и 'честитки' од ВЕДРО небо.(затоа некои мирно си спиеа во касарната)Секој ја одбрал својата професија каде ќе служи и е под заклетва,ако не може - дома!
А што да кажам кога на караула ги носеа (од учк)со 5-тто одделение и веднаш ги ставаа командири на караула или водачи на патрола.Или сега кога ги вработуваат во администарција а не си го знаат работното место па уште незнаат ни да зборнат на македонски.
Како ни беше на сите кога државата не потресе кога ги бараше парите назад од семејствата на погинатите?Е колку е само крива државата.Знам дека ја спомнувам мојата држава Македонија за кој бев отиден да ја бранам и да го дадам мојот живот но не е крива таа..Раководстото на државата!!!Како ни враќа??Ги вработи сите кои дезертираа и пиеа по скопските и други кафулињаНе сакам повеќе да пишувам чуствувам јад и огорченост од неправди,а тоа е лошо.
Кога го прашале војникот за што служи авт.пушка?одговорил.,за уништување на жива непријателска сила. Прашал војникот,дали ако ја завртам авт.пушка према назад ќе пука?
Што мисле државата да не признае заедно со учк?..па ете им го одговорот од погоре.
Жалосно но вистинито.Еднаш се боревме но и пак акао Македонија а не власт го бара тоа од нас пак ќе се бориме




Vo Pravo si mungose deka ako toa MAkedonija go bara pak kje se borime. No, ima edna surova realnost- vistina, MAkedonija kje pobara no nekoja politika kje go kreira BARANJETO  i pak izleguva deka Makedonija bara a niee sme svesni koj toa go bara. I? Shjhto togash od nas patriotite, kje ja branimeli? a, rezervna drzjava nemame.?

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2010 во 19:10
ВЕТЕРАНИТЕ на ОНА МОЖЕ И ДА ПОЧЕКААТ, според пре­тсе­да­те­лот на здру­же­ни­е­то на ве­те­ра­ни на ОНА, Фаз­ли Ве­лиу. Тој сега се заканува отворено но за првачињата: и тоа му се за­ка­ни на Гру­ев­ски де­ка до­кол­ку не ја пов­ле­че од­лу­ка­та де­ца­та Ал­бан­ци да учат ма­ке­дон­ски ја­зик од пр­во од­де­ле­ние здру­же­ни­е­то ќе пре­зе­ме и „дру­ги мер­ки“.

http://www.spic.com.mk/kat/hronika/fazla-nervoza-od-fazli-veliu.html


Изменето од orlov - 28.Јануари.2010 во 19:11
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Baze-14 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Baze-14 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2010 во 21:27


Кратко: СЛАВА И ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ!!!

ДОСТОИНСТВО И ЗДРУЖЕНИЕ НА ВЕТЕРАНИ, не се откажувајте, народот е со вас... што друго да кажам...
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2010 во 23:51
Originally posted by Baze-14 Baze-14 напиша:



Кратко: СЛАВА И ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ!!!

ДОСТОИНСТВО И ЗДРУЖЕНИЕ НА ВЕТЕРАНИ, не се откажувајте, народот е со вас... што друго да кажам...




Нема повлекување. Правите Воини не знаат (и не смаат) да се повлекуваат. Тие секогаш идат само напред и во освојувачки поход. Тоа  го покажавме и на ДЕВАТАТА на 20 и 21. Јануари 2010 година во Скопје.
Благодарам Баже во името на сите Борци од војната 2001 година. Ние секогаш сме спремни и во служба на ТАТКОВИНАТА
,.
Читај го мојот попис а нештата да ти бидат појасни.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2010 во 20:04

Ova i na nas ni se sluchuva. Shto ,pravi vlasta za NAS?
Pogledajte kako toa e vo Hrvatska...............




http://www.domovinskirat.hr/index.php?option=com_content&view=article&id=915:hrvatski-sam-branitelj-lijeim-se-od-ptsp-&catid=4:novosti


Изменето од orlov - 03.Февруари.2010 во 20:07
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
dras Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 858
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dras Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2010 во 16:56
...со сета почит, кон Вас, МАКЕДОНСКИ ВЕТЕРАНИ,..., но изгледа Македонија не сака да Ве признае!?....


На форумов употребувај го уставното име на државата, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА или само Македонија!


Изменето од Анастеа - 04.Февруари.2010 во 17:47
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2010 во 23:44
Veteranite se svetski priznata kategorija, pa taka i Republika Makedonija sakala ili ne mora da se vladee spored svetot.
No, Veteranite ne se predmet na DEBATIRANJE, vo prashanje e verifaikacija na Status Borec koj Ustavot na Republika Makedonija go definiral a politikata saka vo taa kategorija da gi uvrsiti i TERORISTITE. Na DBATATA na 20 i 21.Januari 2010 godina vo Holidej In vo Skopje tokmu toa i se debatirashe.  
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2010 во 21:22
ДЕБАТАТА,
закажана за 02. Март 2010 година во Охрид, нема да се одржи поради вонредни и неодложни работи на тимот кој ја организира и води. За следниот датум дополнително ке бидете известени.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2010 во 00:10
Godishen sobir na Armiskiote Zdruzjenija na na 05.03.2010 vo Skopje. 
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 23:46
ДЕБАТАТА,
која требаше да се одржи на 02. Март 2010 година во Охрид, се одржува на 11.03.2010 година.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4142434445 49>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,531 секунди.