|
Народноослободителна борба на Македонија |
Внеси реплика | страница <1 1011121314 39> |
Автор | ||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па треба да одговорат . Колкав број на убиени Македонци би бил доволен за да можат слободно да кажат дека македонскиот народ дигнал востание , гинел за да формира држава Македонија и сл. Само во Бугарија , од формирањето на ВМРО ( 1919 ) до неговото растурање , дојдено е до бројка од приближно 4 000 убиени Македонци , во мегусебни пресметки . Кој нормален , кој Македонец би давал проценка дали е тоа многу , малку , недоволно , “ поголема бројка “ и слично ? Изменето од eptendosadno - 24.Јануари.2010 во 19:18 |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тоа и јас прашувам - зарем кумановскиот одред кој изгина вечерта на кревањето на востание не е пример за борба за слобода - мора ли тој одред да е дивизија
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
8 Април 1942 година
Трагедијата на Орде Чопела Самопрегорниот комунист од Варош, прилепско Орде Чопела по директива на партијата дошол во Битола каде станал член на МК и раководел со Воениот комитет во истиот. Чопела работел неуморно. Тој во врска со подготовките за исфрлање на нов партизански одред ги посетил селата Братиндол, Ѓавато, Лера и Ротино. Во сите села одржал долги состаноци со членовите на КПЈ на кои им укажал на низа потребни мерки во нивната илегална работа, собрал сведенија за сокриеното оружје, храна, облека и слично, ја испитал спременоста на комунистите и сл. По извршената ревизија Орде Чопела се вратил во Битола, баш во моментот кога беснеела големата априлска провала. Наскоро, на 8 Април 1942 година, бил блокиран еден квартал на градот, т.е.улицата и станот во кого престојувал штотуку дојдениот од ревизија во Први Реон Орде Чопела. По куса борба Чопела бил ранет, а потем измачуван и убиен во затворот. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
10 Април 1942 година
Убиството на Вангел Тодоровски-Мајоро Фашистичката полиција успеала во текот на априлската провала да го открие илегалниот стан на Вангел Тодоровски-Мајоро, т.е. куќата на Михајло Василевски, која се наоѓала во близина на денешната осмолетка „Д-р Трифун Пановски“, бивша улица „Рила “ бр. 5, а во која куќа била сместена партиската техника на МК на КПЈ-Битола. Со техниката раководел Мајоро, кој подолго живеел илегално кај синот на сопственикот на куќата на Вангел Василевски. Тука Мајоро умножувал летоци, прогласи, повици, билтени, куси информации исл. Се случувало да умножи и по 200 летоци наменети за градот и битолските села. Ноќта спроти 10 Април трповиот началник Петар Стојчев и цивилниот агент Трајко Панов, заедно со неколку полицајци ја блокирале куќата. Во зорите на 10 Април влегле во куќата, при што Мајоро им пружил отпор, т.е. го ликвидирал Петар Стојчев, а ранил еден од агентите. Потоа, борејќи се за живот и смрт со еден агент Мајоро од в грб бил убиен со шмајзер од еден бугарски униформиран полицаец. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
6 Мај 1942 година
Убиството на Ќурчиев За сите уапсени членови на КПЈ во Битола, сите службеници на полицијата биле опасни, затоа што нивниот однос бил повеќе садистички отколку службенички. Меѓутоа, меѓу нив особено бил неснослив бившиот член на БРП, а во Битола обласниот политички началник Ќурчиев. Во една ненадејна средба пред денешната зграда за дефектни деца, секретарот на МК на КПЈ-Стив Намов немајќи друг избор, наместо лична карта извадил револвер и на место го усмртил Ќурчиев. Иако Партијата не била за примена на индивидуален терор, сепак го оправдала Стив зошто за него тоа бил единствен излез од безизлезната ситуација. Што знаете бугари за овој? Изменето од mungos80 - 24.Јануари.2010 во 20:08 |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Господине Бугар , повторно манипулирате со агрументите , повторно истите ги злоупотребувате . Секој припадник на БКП не е по дефиниција Бугар по народност , зашто тоа би бил и припарникот на фашистичката организација “ Бранник “ ? Ги знаеме законите на Бугарија од пред втората светска војна , знаконот за зашита на дршавата , законот .... јас ве уверувам дека поради тие закони вие нема да најдете документ во кој истиот е заведен како Македонец . Тоа правило важи и за моите дедовци , баби , прабаби ... во периодот 1941-44 год. Димитар Гоцев , ја нема прочитано пресудата поради која Евтим Гашев е ставен во затвор , тие документи се во македонските архиви , кои од скоро се отворени и достапни само за лицата кои се жртви на комунистичкиот режим .... |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Daj Boogie, ziti se raskazi za izginuvanjeto na kumanovskiot odred, pa bas na denot na vostanieto. Kako e mozno da izgine odredot na denot na vostanieto koga toj na 11 oktomvri e formiran, so vkupna sila od duri 35 lugje i toa podelen vo dve grupi. Ednata grupa od 19 borci bila na Kozjak a drugata od 16 borci bila na Skopska Crna Gora. Na istiot den se formira i Skopskiot partizanski odred na Skopska Crna Gora so vkupno 17 borci. Daj raskazi ni za sluckata ziti se, garant povekemina od nas sto barem malku ja poznavame istorijata od toa vreme nestrplivo go cekame toa. |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јуни 1942 година
Димитровски Ристов Блаже- Блаже Рогузинаро Блаже Рогузинаро е роден во село Путурус 1904 година. Немајќи средтсва за исхрана, заминал во Франција на печалба. Таму и пристапил на КП на Франција. По враќањето во татковината Блаже продолжил да се придржува кон комунистичките принципи-борба против ненародниот режим. Во времето на окупацијата во неговиот стан се одржувале мошне значајни состаноци, а воедно престојувале и партиски активисти како Мирче Ацев, Стив Наумов и други. Во 1942 година му пристапил на одредот „Пелистер“ , но по познатата битка паднал во рацете на полицијата. По судењето бил спроведен во Скопје, каде бил и обесен. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јуни 1942 година
Ѓорги Василев Наумов Ѓорги Наумов е постар брат на легендарниот Стив. Роден е 1916 година, а по занимање бил механичар. Секако под влијанието на помладиот брат кој бил мошне политички активен, Ѓорги ја прифатил комунистичката идеологија. Непосредно пред Априлската војна, бил примен за член на КПЈ. Со формирањето на првиот партизански одред „Пелистер“ Ѓорги Наумов станал негов командант. Неочекувано, кога немал при себе оружје, бил ранет. По големо мачење бил изведен пред суд. Бил осуден на смрт со бесење.Егзекуцијата била извршена во Скопје. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јуни 1942 година
Кочо Вангелов Десановски Кочо Десано е роден во Битола 1920 година. По занимање бил занаетчија-столар. За време на стара Југославија бил истакнат синдикалист. По окупацијата на Битола, Десано бил примен за член на КПЈ. Во подготовките на исфрлување на првиот партизански одред „Пелистер“, Десано ги одржувал каналите по кои се префрлале илегалците до над селото Лавци. По априлската провала бил уапсен. Му било судено од фашистички суд кој го осудил на смрт со бесење. Смртната казна била извршена во Скопје. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Исповед на еден скопски иселеник во Софија?! Објективен и без предрасуди, најверојатно бугарофил, борец за бугарската кауза? Комунистчките власти во СФРЈ поточно ФНРЈ се српавеа со домашните издајници, а во Македонија со оние кои не и мислеа добро на Македонија. Се справуваа со бугарофилите. Оние кои беа за самостојна Македонија беа третриани како сепаратисти, а последователно на тоа и маргинализирани или остранети. Како и да е, тој Ефтим Гашев, ако бил бугарофил сигурно ќе завршел како и другите соработници со окупаторот. Но, по некоја случајност тој, прави висока кариера во повоена Македонија. Да некој држи високи функции во тоа општество, пред се требало да биде идеолошки подобен. Некој да помине толку лесно со декларација, е само илузија. Кариерситите и опортунистите ја демнат секоја една прилика од која сметаат дека ќе имаат корист, па макар станале и комунисти. Такви примери има доста. Нејсе, Гашев е можеби еден од таквите, ама со сигурност може да се тврди дека е Македоенц. Самиот го вели тоа. Имагианцијата на бугаризираните Македонци е безграници, па и живите сведоци ги прави Бугари. Боже, боже до кога ќе се поситиветувате со азиатското име, а ќе зборувате на македонски дијалект. Во времето на бугарската фашистичка окупација, не по желба туку по принуда децата од основните и средните училушта се регрутираат во фашистичката младинска организација Браник, создадена по урнек на германската, Хитлерјугенд. За тоа знам од примерите кои ги имам во мојата непосредна близина. Немам причина да не им верувам, затоа што ги знам нивните национални чувства, а уште повеќе нивниот став за Бугарите и Бугарија. Повторно ќе излезам надвор од темата, пак неможам да разберам за какви тоа Бугари станува збор? Ќе ве молам дефинирајте што значи Бугарин? Човек може да го смени своето политичко убедување, но националсноста, никако, единствено ако не е бугаризиран. Значи Гашев бил Македонец тогаш, а мене ми изгледа дека и денес е таков, Македонец. Изменето од Platenik - 25.Јануари.2010 во 01:32 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Kaртата од Фебруарскиот поход Во втората половина на декември 1943 година и во јануари 1944 година во Мегленско, Егејска Македонија, јужно од Кожуф Планина, се наоѓаше главнината на македонската војска со македонското партиско и воено раководство. По формирањето на Втората македонска бригада на 20 декември 1943 година во тој реон, с. Фуштани, Главниот штаб на НОВ и ПОМ формира три борбени групи од воените единици што беа таму и им даде задача да тргнат во напад на окупаторските сили во Тиквешко, Гевгелиско и во Мариовско. Борбените активности, кои во тие реони беа мошне успешно изведени, ги предизвикаа германските и бугарските окупатори да преземат две офанзивни дејства против нашите сили во Мегленско, кое го користеа како своја оперативна база. Во Првата офанзива што траеше од 4 до 8 јануари 1944 година, учествуваа само германските војници од Солун и Воден, а во Втората офанзива покрај германски учествуваа и бугарски единици од 17 дивизија во Штип, и траеше од 16 до 20 јануари 1944 година. По завршувањето на овие офанзиви во кои нашите сили беа победници, Главниот штаб оцени дека се создадени услови воените операции на нашите сили од Мегленско да се насочат кон централна, западна и источна Македонија. За таа цел, Главниот штаб го направи следниот план: Првата борбена група ја сочинуваше Првата македонско-косовска бригада, на 31 јануари 1944 година изутрина од с. Бахово да тргне преку Мариово, Азот и Порече кон западна Македонија, а Третата борбена група наречена Тичова група, што ја сочинуваа еден македонски баталјон и бугарскиот баталјон "Христо Ботев" со Главниот штаб да тргне истиот ден во исто време од с. Зборско преку Беласица, Плачковица и Осогово да дојде до Кумановско. Втората борбена група, што ја сочинуваше Втората македонска бригада, да тргне изутрината на 31 јануари 1944 година од с. Зборско во борбени акции во реонот на Тиквешко и Гевгелиско, со задача на себе да привлече што повеќе непријателска војска за да им го олесни пробивањето на Првата и на Втората борбена група. Така започнаа борбени операции од пошироки размери на Македонската партизанска војска познати како Февруарски поход. Во тој поход нашите единици водеа тешки борби, полни со храброст, издржливост, ранувања, умирања... како што беа борбите кај Богомила. Бугарскиот окупациски сили, кои ја презедоа целата администрација во Македонија, и очекуваа од луѓето да ги поздравува со отворени раце, но беа изненадени од отпорот што го решаваа со силна репресија. Според документи од бугарските архиви, тие уапсиле само во 1941 година 1.537 лица. Многу од нив ги интерниран во логор во Бугарија, 134 комунистите дојдоа на судот, 38 беа осудени на смрт. Изменето од mungos80 - 26.Јануари.2010 во 18:10 |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Гашев ако имаше зрнце морал и совест требеше да си молчи. А он има наглоста да се пише хероj. Дали е бил Бугарин - не е битно. Суден е како симпатизант на ВМРО на Ванче Михаjлов: Го примивме обвинителниот акт под бр. 618/45 од 25 февруари 1946 година со што почна фактичкото одбројување пред првиот повоен политички судски процес против застапниците на идеите на ВМРО, со срамната импутација на ванчовистичката големобугарска опција. Јавниот обвинител Благој Поповски, само со една реченица ќе ја разоткрие сета фалшива конструкција: „...По завршената истрага и совесна оценка на спроведените докази: исказите на самите обвинети и распрашаните сведоци...“Обвиненијата против првообвинетиот Трајко Костов Попов, фактички се срцевината на обвиненијата против целата единаесетчлена група: „Како стар приврзеник на злогласната ВМРО, после ослободување на Македонија, во почетокот на 1945 год. почнал да ја обновува таа организација на која тој е водач, се бори за самостојна Македонија, односно Македонија да се отцепи од рамките на денешна ФНРЈ. Како иницијатор и организатор на горната организација, истиот Трајко предлага и формирање на атентаторски групи, кои да извршуваат атентати... Со цел да ја снабди организацијата со оружје, обв. Трајко ги вовлекува во организацијата и обвинетите Германци (воени пленици, заб. Е.Г.) Ханс и к*рт, на кои им налага да ја снабдат организацијата со оружје...Што се спремал да оди во шума и заедно со приврзаниците на таа организација да се бори со оружје в рака против денешната народна власт и против денешниот државен строј за отцепување на Македонија од рамките на Југославија, за Македонија да биде самостојна на чело со Ванчо Михајлов“....На 10 март 1946 г. Окружниот суд на Скопје ја донесе својата драконска, инквизиторска пресуда бр. 32/46: Трајко Попов, осуден на смрт со застрелување, која казна е и извршена; Борислав Градишки осуден на 20 години лишување од слобода со тешка присилна работа - издржал 12 години; Никола Попов, 8 години - издржал 5; Ратко Градишки, 9 години - издржал осум; Ефтим Гашевски, 12 години - издржал 7; Милка Цветанова, 5 години, Бранислава 3 години, Слоботка Дилева, една година; Ана Костова 5 години; к*рт Бекер 8 год. - издржал 5 год. и Ханс Хицман осуден на смрт со застрелување - казната е извршена. Црвено ни било пишано Дали е бил основателно обвинет како "Ванчомихаjловист"? Гашев отрича... и мене не ми се верва да е бил. |
||
tanas_1902
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 346 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Што ново требе да разбереме от горниот пост????
|
||
Внеси реплика | страница <1 1011121314 39> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |