![]() |
|
Народноослободителна борба на Македонија |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2627282930 39> |
Автор | ||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Јуни 1942 година
Димитровски Ристов Блаже- Блаже Рогузинаро Блаже Рогузинаро е роден во село Путурус 1904 година. Немајќи средтсва за исхрана, заминал во Франција на печалба. Таму и пристапил на КП на Франција. По враќањето во татковината Блаже продолжил да се придржува кон комунистичките принципи-борба против ненародниот режим. Во времето на окупацијата во неговиот стан се одржувале мошне значајни состаноци, а воедно престојувале и партиски активисти како Мирче Ацев, Стив Наумов и други. Во 1942 година му пристапил на одредот „Пелистер“ , но по познатата битка паднал во рацете на полицијата. По судењето бил спроведен во Скопје, каде бил и обесен. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Daj Boogie, ziti se raskazi za izginuvanjeto na kumanovskiot odred, pa bas na denot na vostanieto. ![]() Kako e mozno da izgine odredot na denot na vostanieto koga toj na 11 oktomvri e formiran, so vkupna sila od duri 35 lugje i toa podelen vo dve grupi. Ednata grupa od 19 borci bila na Kozjak a drugata od 16 borci bila na Skopska Crna Gora. Na istiot den se formira i Skopskiot partizanski odred na Skopska Crna Gora so vkupno 17 borci. Daj raskazi ni za sluckata ziti se, garant povekemina od nas sto barem malku ja poznavame istorijata od toa vreme nestrplivo go cekame toa. ![]() ![]() |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
![]() |
||
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Господине Бугар , повторно манипулирате со агрументите , повторно истите ги злоупотребувате . Секој припадник на БКП не е по дефиниција Бугар по народност , зашто тоа би бил и припарникот на фашистичката организација “ Бранник “ ? Ги знаеме законите на Бугарија од пред втората светска војна , знаконот за зашита на дршавата , законот .... јас ве уверувам дека поради тие закони вие нема да најдете документ во кој истиот е заведен како Македонец . Тоа правило важи и за моите дедовци , баби , прабаби ... во периодот 1941-44 год. Димитар Гоцев , ја нема прочитано пресудата поради која Евтим Гашев е ставен во затвор , тие документи се во македонските архиви , кои од скоро се отворени и достапни само за лицата кои се жртви на комунистичкиот режим .... |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
6 Мај 1942 година
Убиството на Ќурчиев За сите уапсени членови на КПЈ во Битола, сите службеници на полицијата биле опасни, затоа што нивниот однос бил повеќе садистички отколку службенички. Меѓутоа, меѓу нив особено бил неснослив бившиот член на БРП, а во Битола обласниот политички началник Ќурчиев. Во една ненадејна средба пред денешната зграда за дефектни деца, секретарот на МК на КПЈ-Стив Намов немајќи друг избор, наместо лична карта извадил револвер и на место го усмртил Ќурчиев. Иако Партијата не била за примена на индивидуален терор, сепак го оправдала Стив зошто за него тоа бил единствен излез од безизлезната ситуација. Што знаете бугари за овој? Изменето од mungos80 - 24.Јануари.2010 во 20:08 |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
10 Април 1942 година
Убиството на Вангел Тодоровски-Мајоро Фашистичката полиција успеала во текот на априлската провала да го открие илегалниот стан на Вангел Тодоровски-Мајоро, т.е. куќата на Михајло Василевски, која се наоѓала во близина на денешната осмолетка „Д-р Трифун Пановски“, бивша улица „Рила “ бр. 5, а во која куќа била сместена партиската техника на МК на КПЈ-Битола. Со техниката раководел Мајоро, кој подолго живеел илегално кај синот на сопственикот на куќата на Вангел Василевски. Тука Мајоро умножувал летоци, прогласи, повици, билтени, куси информации исл. Се случувало да умножи и по 200 летоци наменети за градот и битолските села. Ноќта спроти 10 Април трповиот началник Петар Стојчев и цивилниот агент Трајко Панов, заедно со неколку полицајци ја блокирале куќата. Во зорите на 10 Април влегле во куќата, при што Мајоро им пружил отпор, т.е. го ликвидирал Петар Стојчев, а ранил еден од агентите. Потоа, борејќи се за живот и смрт со еден агент Мајоро од в грб бил убиен со шмајзер од еден бугарски униформиран полицаец. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
8 Април 1942 година
Трагедијата на Орде Чопела Самопрегорниот комунист од Варош, прилепско Орде Чопела по директива на партијата дошол во Битола каде станал член на МК и раководел со Воениот комитет во истиот. Чопела работел неуморно. Тој во врска со подготовките за исфрлање на нов партизански одред ги посетил селата Братиндол, Ѓавато, Лера и Ротино. Во сите села одржал долги состаноци со членовите на КПЈ на кои им укажал на низа потребни мерки во нивната илегална работа, собрал сведенија за сокриеното оружје, храна, облека и слично, ја испитал спременоста на комунистите и сл. По извршената ревизија Орде Чопела се вратил во Битола, баш во моментот кога беснеела големата априлска провала. Наскоро, на 8 Април 1942 година, бил блокиран еден квартал на градот, т.е.улицата и станот во кого престојувал штотуку дојдениот од ревизија во Први Реон Орде Чопела. По куса борба Чопела бил ранет, а потем измачуван и убиен во затворот. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Тоа и јас прашувам - зарем кумановскиот одред кој изгина вечерта на кревањето на востание не е пример за борба за слобода - мора ли тој одред да е дивизија
![]() |
||
![]() |
||
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Па треба да одговорат . Колкав број на убиени Македонци би бил доволен за да можат слободно да кажат дека македонскиот народ дигнал востание , гинел за да формира држава Македонија и сл. Само во Бугарија , од формирањето на ВМРО ( 1919 ) до неговото растурање , дојдено е до бројка од приближно 4 000 убиени Македонци , во мегусебни пресметки . Кој нормален , кој Македонец би давал проценка дали е тоа многу , малку , недоволно , “ поголема бројка “ и слично ? ![]() Изменето од eptendosadno - 24.Јануари.2010 во 19:18 |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Која е потребата - зар еден Македонски живот за слобода не вреди па се потребни четирицифрени или десетцифрени бројки на жртви
![]() |
||
![]() |
||
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Da se okozite od baranje pak nema da najdete podatoci za pogolem broj zaginati se do sremski front. Јас ја барам бројката која ќе го задоволи твоето поимање на терминот “ поголем “ . Па бидејки бројките за тебе се релативна работа , дискусијата во однос на лецитирање на убиени е завршена . |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
![]() |
||
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Тоа нема врска со текстот на Гоцев во кој се наведува дека “ се затворени декларирани Бугари “ . Јас не ја гледам причината зашто тие илјадници , илјадници декларирани Бугари не се тоа и денес , вчера . |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
![]() |
||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Фашистичката организација „Браник“ беше легална, што значи формирана и финансирана од окупаторската бугарска фашистичка власт. Формираа многубројни партиски и политички организации меѓу кои и фашистички и националистички насочени кон младината. Такви организации беа: „Браник“, „Легионер“, „Отец Пајси“, „РНБ-Иде“ и други. Нивната задача беше бугарска асимилација и идеолошка фашизација на тогашната млада генерација. Нејзината организациска структура се состоеше од војводства и од дружини. Војводствата беа во центрите на административната поделба на државата. Во Македонија, во таканаречените новоослободени краишта, постоеше обласна дирекција со седиште во Скопје. На чело на војводството беше назначен (ако помнењето не ме изневерило) бугаринот Минов,а Е.Г. беше негов најблизок соработник и назначен за дружиник на сите средни училишта во Скопје. Додека во секое одделно средно училиште постоеја дружиници кои му беа подредени на Е.Г., што значи дека тој беше висок фашистички капо.
http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=12024&PID=1499027 |
||
![]() |
||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Версиjата на Ефтим Гашев:
...Веднаш потоа, како државна политика, во Македонија почна формирањето на големобугарски фашистички организации, како „Браник“, „Отец Паисиј“, „Сојуз на бугарските национални легионери“, „Ратници за напредок на бугарштината“ и други. Браник во Скопје беше формирана на почетокот од 1942 год. како државна младешка големобугарска фашистичка организација, со тенденција за што помасовно зачленување во истата, при што се применуваа и најразлични методи. Нормално, Македонското национално движење „Бунт“ во „Браник“ и во другите фашистички организации го гледаше својот и идеолошки непријател против кого требаше да го насочи своето дејствување. За таа цел од раководителите на“Бунт“, Трајко Попов и Борислав Градишки, ми беше поставена мошне деликатна, но и одговорна задача, да се зачленам во „Браник“ и таму деструктивно да дејствувам меѓу средношколците. Оваа задача тешко ми паѓаше. Бидејќи, да се експонирам, а на таков начин и да се компромитирам пред своите другари пријатели, значеше јавно да се спротивставам на сопственото политичко и национално его. Но, целта беше повозвишена, под сопствен ризик да дејствувам за македонската кауза. Меѓу самарот, јаремот и остенот Сега вервате ли на овоj човек? |
||
![]() |
||
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Dali e eden ili poveke i dali e mnogu ili malku e relativno. Ovde zborime za prenaduvanosta na zaslugite ili nezaslugite na NOB vo MK. Nas ne ucea deka epten bile zasluzni, a sega izleguva deka ne bilo bas taka. Se raboti za toa da sekoj eden znae sto se slucuvalo, a ne da bide lazen deka bilo vaka ili onaka. |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2627282930 39> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |